Контакт

Македонија

Заев: Не треба да го одложуваме пописот, ќе разговараме со директорот за термините

Објавено пред

Пописот не треба да го одложиме, изјави премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање.

Тој најави дека следната недела ќе оди на состанок со директорот на Државниот завод за статистика, со цел да бидат утврдени соодветни термини.

„Првичниот планови беа пописот да се одржи помеѓу 1 и 30 април. Може да се спроведе и во мај, но и на есен идната година. Да не прејудицираме, ќе разговарам со директорот, но сметам дека не треба да се откажуваме од спроведувањето на пописот идната година“, рече Заев.

Вчера директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, изјави дека април поради изборите е непогоден термин за пописот и треба да се пролонгира. 

Македонија

На „Максим Горки“ засадени 18 јапонски цреши

Објавено пред

На улицата ,,Максим Горки” денеска беше засаден дрворед од 18 висококвалитетни повеќегодишни садници од видот јапонски цреши, како донација од вработените во локалната канцеларија на Европската банка за обнова и развој во Република Северна Македонија.

„Благодарност до вработените во локалната канцеларија на ЕБОР за овој хуман гест кој значи многу за Град Скопје. Интензивно работиме на зголемувањето на зелените површини во Скопје, а оваа есен посебно внимание посветивме на обновување на постојните и формирање на нови дрвореди кои му се потребни на нашиот град“ истакна во своето обраќање градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

„Ме радува фактот што дополнително многу општествено одговорни компании покажаа интерес за донации во делот на градското зеленило, што е само уште еден доказ дека сé повеќе се крева свеста за значењето на зелените површини за животната средина во градот“ нагласи Шилегов.

„Овие убави дрвја ја симболизираат нашата релација со градот, и придонесуваат за подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје. Ова е приоритет за ЕБОР, кој веќе има инвестирано во поддршка на плановите на Градот за почист јавен превоз и работи со градските и општинските власти на Акцискиот план за Зелен град, кој воедно ќе понуди систематски решенија за нови инвестиции и политики – изјави Анди Аранитаси, директор на ЕБОР Северна Македонија.

Град Скопје во рамките на есенската сезона на садење предвидува уредување на повеќе нови зелени површини, и обновување на неколку стари зелени површини на различни локации во градот. Во текот на изминатиот период е оформен дрворед пред објектот на Пошта, а се засадуваат и нови садници на плочникот пред ГТЦ.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Попот е задоволен од пресудата за таткото на Боки 13

Објавено пред

Попот Виктор Стојчев, кој е оштетен во предметот каде што таткото на Бојан Јовановски, Боки 13, Миле Јовановски беше осуден на казна затвор во траење од шест месеца, рече дека нема да ја коментира пресудата, но дека правдата е задоволена.

„Правдата е задоволена. Сторителот ќе биде казнет. Пресудата не би ја коментирал”, рече Стојчев, кој ќе бара отштета во граѓанска постапка од татко му на Боки 13.

Попот кажа дека неговото семејство три години било под стрес и закани од семејството Јовановски и им се заблагодари на медиумите за интересот.

Судијката Александра Ристеска го осуди Јовановски бидејќи со умисла тешко телесно го повредил попот Виктор Стојчев на 7 јануари, за Божик 2017 година. Одбраната има право на жалба до Апелациониот суд. Јовановски денеска не дојде да ја чуе пресудата.

Според обвинението, Миле Јовановски на Божик го нападнал попот Виктор Стојчев. Расправијата за паркинг почнала кога попот обидувајќи се да го паркира џипот, но не можел да влезе во дворот, бидејќи возилото на Јовановски било паркирано пред влезот.

Татко му на Боки првин почнал да го удира попот со тупаници, а потоа продолжил да го удира надвор од возилото. Јовановски тврдеше дека бил испровоциран од попот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дескоска се сретна со еврокомесарката за правда: Позитивна одлука за почеток на преговори ќе го приближи Западен Балкан кон ЕУ

Објавено пред

Министерката за правда, Рената Дескоска, се сретна со еврокомесарката за правда, потрошувачи и родова еднаквост, Вера Јурова, со којашто разговараше за реформските процеси што се одвиваат во нашата држава.

На средбата министерката Дескоска изрази жалење за недонесувањето одлука за отворање на преговорите со Република Северна Македонија и покрај тоа што препораките на ЕУ коишто стоеја пред нас беа исполнети.

Дескоска потенцираше дека, сепак, таквата одлука не го стопираше процесот на реформи во нашата држава, кој пред сè се одвива поради интересот на нашите граѓани. Министерката за правда истакна очекување дека ЕУ ќе ја преиспита својата одлука за отворање на преговорите и напомена дека тоа ќе биде одлука со која ќе го приближи Западен Балкан кон ЕУ, се вели во соопштението.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Таткото на Боки 13 осуден на шест месеци затвор

Миле Јовановски, таткото на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, е осуден на казна затвор во траење од шест месеци,...

Македонија1 час

Серија земјотреси ја погодија Битола

Вчера и денеска регистрирани се серија земјотреси со епицентри во пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин во Грција, соопшти Сеизмолошката опсерваторија...

Економија2 часа

(Видео) Финансии дава 33.000 евра за маркетинг-стратегија за „МојДДВ,#МојаНаграда“

Министерството за финансии одвои половина милион евра за награди за скенирање сметки во рамки на акцијата „Мој ДДВ“. Предвидени се...

Македонија2 часа

Завршни зборови во „Тврдина 2“, в среда втора пресуда за Горан Грујевски

Во кривичниот суд во Скопје в среда судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ треба да ја изрече по вторпат пресудата за ексначалникот на...

Свет4 часа

Ноќ на насилство во Хонг Конг: големи судири меѓу демонстрантите и полицијата

Полицијата во Хонг Конг употреби солзавец и гумени куршуми за да приведе стотици антивладини демонстранти кои се обидоа да излезат...

Свет4 часа

(Видео) Пукање во Калифорнија – застрелани десет лица додека гледале фудбал

Во масовно пукање на забава во Калифорнија се застрелани десет лица, од кои четворица починале. Пукањето се случило околу 18...

Економија5 часа

Првпат во историјата глобалниот долг надминува 250 милијарди долари

Комбинираните долгови на националните влади, претпријатија и домаќинства на глобално ниво се зголемиле за 7,5 милијарди долари во текот на...

Македонија6 часа

Приватните специјализанти на протест, бараат повисоки плати

Кофинансираните приватни специјализанти најавија протест за денеска пред Министерството за здравство за да побараат повисока плата и поради тоа што...

Екологија16 часа

Џиновска панда од Вашингтон ќе патува за Кина со приватен лет

Беи Беи, џиновската панда во Националната зоолошка градина Смитсонијан во Вашингтон неделава патува за Кина – и тоа со приватен...

Свет16 часа

Трамп: Бајден е поспан и бавен, но е подобар од бесно куче

„Џо Бајден е нешто подобар од бесно куче“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп критикувајќи го неговиот политички ривал. Трамп на...

Европа18 часа

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра.Ова го изјави градоначалникот Луиџи Бруњаро откако плоштадот Свети Марко во...

Свет19 часа

Папата организираше ручек за 1 500 бездомници

Папата Франциско организираше ручек за 1 500 бездомници и лица во неволја. Римокатоличката црква денеска го одбележува денот на сиромашните, а...

Македонија22 часа

Франција е за влез на Балканот во ЕУ, но со нова постапка во седум етапи

Земјите од Западен Балкан треба да влезат во Европската унија, но преку нов, постепен процес на пристапување во седум фази,...

Свет23 часа

Русија ѝ ги враќа запленетите воени бродови на Украина

Русија започна да ги враќа украинските воени бродови запленети на 25. ноември минатата година во Керчкиот проток, соопштија руските власти....

Свет24 часа

(Видео) Бојно поле на улиците на Хонгконг, полицаец погоден со стрела

Полицаец од Хонгконг денеска бил погоден со стрела в нога, отакако полицијата употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои...

Македонија1 ден

Во републичка акција, за една вечер казнети 203 возачи под дејство на алкохол

За откривање на возачи под дејство на алкохол, полициските сектори од цела држава, спровеле акција која траела синоќа од 22...

Регион1 ден

Српскиот министер за здравство: Животот на Вучиќ беше во опасност

Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, денеска во изјава за „Танјуг“ нагласи дека претседателот на државата, Александар Вучиќ, имал хронични,...

Европа1 ден

Британскиот принц Ендрју негира дека злоупотребувал малолетничка на имот на осуден педофил

Британскиот принц Ендрју првпат во интервју за Би-би-си, одговори на прашања за наводната поврзаност со осудениот педофил Џефри Епстајн, при...

Македонија1 ден

Десет лица приведени при контроли во седум скопски локали

Викендов, во периодот од 23 до 04 часот наутро од страна на скопската полиција, Управата за јавни приходи, Државниот пазарен...

Европа2 дена

Годишнина од протестите на Жолтите елеци, во Париз приведени 105 лица

Француската полиција денеска употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите кои се собраа во Париз на одбележувањето...

Досие