Контакт

Македонија

(Видео) Заев: Новите снимки за Нешкоски само потврдуваат како владеел Груевски

Објавено пред

Новообјавените разговори за убиството на Мартин Нешкоски само потврдуваат како владеела претходната гарнитура и како се обиделе да скријат убиство, изјави премиерот Заев на прашање дали чувствува одговорност за обајвувањето на бомбите и насилните протести што се случија.

„Велат – триесетка со кромид да му дадете, тоа потврдува дека влијаеле во судството. Таму има уште многу разговори и јасно во сите се гледа дека се обидуваат да скријат убиство и да монтираат притвор и тоа го потврдувам“, рече Заев.

„И мене ми доаѓаше да ја кршам оградата на Владата затоа што се однесуваа како богови и одлучуваа за човечки судбини“, додаде Заев на прашање дали чувствува одговорност за сечење и монтирање на материјалите и за инцидентите по објавувањето на бомбата за Нешкоски.

Македонија

ДОМ: Новиот правилник поттикнува развој на зелената економија

Објавено пред

Новиот правилник донесен од Агенцијата за храна и ветеринарство овозможува фармерите и малите производители на храна од животинско потекло директно да ги пласираат своите производи до крајниот потрошувач, со почитување на одредените хигиенски критериуми, велат од ДОМ.

Партијата ги поддржува активностите кои Агенцијата во соработка со експертите и граѓанските здруженија ги планира за носење на ваков правилник и за малите производители на храна од растително потекло, со што верува дека ќе се комплетира поддршката на локалните производители на храна.

„Тоа придонесува за развој на зелената економија и отворање нови зелени работни места. Директно влијае на економското јакнење на локалните производители, поттикнување на традиционалниот начин на производство на храна, поголема понуда на овие производи и развој на руралниот и еко-туризмот. Најголеми се придобивките за локалното население, особено во недоволно развиените подрачја со што се создаваат можности за рамномерен регионален развој. Дополнително, со користење на локално произведена храна се намалува потребата од транспорт што влијае на намалување на аерозагадувањето и климатските промени“, велат од ДОМ во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

Следната среда неработна за граѓаните од православна верoисповед

Објавено пред

Согласно со Законот за празниците на РМ, 28 август 2019 година (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), е неработен ден за граѓаните од православна верoисповед, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Воедно од таму им го честитаат верскиот празник на граѓаните од православна верoисповед во Република Северна Македонија.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Сончево и топло време со температури до 38 степени

Објавено пред

Времето денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19 степени, а максималната од 31 до 38 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе достигне до 16 степени, а дневната до 36 степени.

Во следните денови продолжува периодот на стабилно и топло време, а зголемување на облачноста ќе има од петок. В недела и понеделник претежно во северните делови ќе има услови за појава на краткотарен пороен дожд и појава на грмежи.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

Скопјанец загина при пад на кран кај зградата на ФФМ, оштетени се и две возила

Скопјанец на возраст од 56-години загинал при работен зафат на зградата на ФФМ во попладневните часови на 20 август. Како...

Регион3 часа

Опозицијата во Албанија го обвини Рама дека украл милијарда евра

Лидерот на албанската опозиција, Љуљзим Баша, во нова видеопорака на социјалната мрежа „Фејсбук“ го обвини албанскиот премиер, Еди Рама, за...

Свет3 часа

Преродба на големата осумка, Трамп и Макрон ја поканија Русија на Г7

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го одобри предлогот на Емануел Макрон да ја покани Русија на самитот Г7 во САД в...

Македонија4 часа

Сончево и топло време со температури до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе...

Регион4 часа

Помпео ѝ се закани на Атина со санкции поради иранскиот танкер

САД ќе преземат сѐ што е можно за да спречат иранскиот танкер да достави нафта во Сирија, изјави американскиот државен...

Македонија5 часа

На Богородица и Табановце се чека до 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од Автомотосојузот на Македонија. На граничните премини...

Hitech15 часа

„Фејсбук“ ќе престане да ве следи на интернет, но ќе мора да го побарате тоа

Социјалната мрежа „Фејсбук“ објави дека ќе ја промени својата досегашна политика и ќе им овозможи на корисниците да ги гледаат...

Македонија22 часа

(Видео) Јанева по распитот за „Рекет“: Сведок сум и не чувствувам вина

Катица Јанева, по распитот кај обвинителката Вилма Русковска, рече дека таа засега е сведок во случајот „Рекет”. Таа најави дека...

Македонија1 ден

ОЈО отфрли иницијатива на антикорупциската за вработување судски соработник, застарело делото

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање на иницијативата за кривично гонење поднесена од Државната...

Македонија1 ден

Спасени две лица што заталкале на Шар Шланина

Полициски службеници спасија двајца браќа на Шар Планина што заталкале упатувајќи се со мотоцикли кон Титов Врв по што планирале...

Македонија1 ден

Почнува трансформацијата на ординациите по општа медицина во ординации по семејна медицина

Специјалистите по семејна медицина од денеска може да почнат постапка за трансформација на своите ординации по општа медицина во ординации...

Македонија1 ден

Изгаснати пожарите кај селата Љубин и Кондово

Локализирани се пожарите што избувнаа вчера кај селата Љубин и Кондово, соопшти полицијата. До пожарот на потегот помеѓу селата Љубин и...

Свет1 ден

Епстејн потпишал тестамент два дена пред самоубиството

Новите судски податоци покажуваат дека милионерот Џефри Епстејн, кој беше вклучен во педофилија, потпишал тестамент само два дена пред самоубиството...

Свет1 ден

Макрон по средбата со Путин: Иднината на Русија е врзана за Европа

По средбата со рускиот претседател Владимир Путин во тврдината Брегансон, францускиот претседател Емануел Макрон истакна дека иднината на Русија е...

Свет1 ден

Коалициската влада на Џузепе Конте пред распаѓање

Италијанскиот премиер Џузепе Конте се очекува, денеска, во 15 часот, по локално време, да поднесе оставка пред Сенатот. Доколку Конте...

Свет1 ден

Британија најави укинување на слободата на движење

Во случај на тврд брегзит или брегзит без договор, на 31 октомври, Велика Британија најави дека ќе ја укине слободата...

Македонија1 ден

На дел од граничните премини задржување до 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, соопшти АМСМ во утринскиот извештај. На граничните премини...

Регион2 дена

Според Мета, Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија

Албанскиот претседател Илир Мета вели дека „Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија“. Во изјавата што...

Свет2 дена

Литванија со јод ќе се бори против радијацијата

Литванската влада соопшти дека ќе купи повеќе од четири милиони таблети јод во вредност од 900.000 евра, бидејќи соседна Белорусија...

Регион2 дена

Меркел: Европа ќе биде целосно обединета кога Западен Балкан ќе се приклучи на ЕУ

Европа ќе биде целосно обединета кога Западен Балкан ќе влезе во Европската Унија, рече германската канцеларка Ангела Меркел. Таа ја...

Досие