Контакт

Македонија

(Видео) Заев: Обвинителството ќе каже дали Катица Јанева е злоупотребена или има докази против неа

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев изјави дека не се слушнал со Катица Јанева по шпекулациите дека специјалната обвинителка контактирала со високи функционери пред да ѝ се одземе телефонот.

„Јавното обвинителство е должно да каже дали се злоупотребува Катица Јанева во процесот или има докази против неа“, смета Заев.

Додека не се докаже дека е инволвирана во случајот, рече Заев, стојам зад неа.

„Верувам во правосудниот систем, конечно, функционора, имаме правна држава, се покажува дека законот важи за сите. Верувам дека секој што се огрешил и има докази, ќе одговара“, рече Заев.

На новинарско прашање премиерот рече дека не може да потврди на кого мисли новинарот Бранко Героски во своите колумни кога зборува под псевдоними за функционери.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Спасовски на средба со Црногорската заедница: Не постојат големи и мали заедници, сите се дел од концептот „Еднакво општество за сите“

Објавено пред

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, ги посети претставниците на Црногорската заедница во земјава, каде беше пречекан од претседателот на заедницата, Борис Попивода. На средбата покрај останатите претставници на Црногорската заедница, присуствуваше и амбасадорката на Република Црна Гора во нашата земја, Марија Петровиќ.

„Денеска сме тука да покажеме дека секоја заедница во нашата држава е од особена и подеднаква важност. Не постојат големи и мали заедници, како што не постојат големи и мали градови. Секој е важен. Црногорската заедница во Северна Македонија е особено ценета и ја има целосната поддршка од Владата. Ние сме пријателски народи и нашите држави немаат отворени прашања“, рече премиерот Спасовски.

Премиерот Спасовски истакна дека оваа посета и средба е дел од концептот на Владата, со кој се покажува дека сите заедници се важни во градењето на општество со еднакви права за сите граѓани и се покажува дека европски вредности за почитување, солидарност и неправењето разлика меѓу луѓето од различни етнички заедници се имплементираат и е остварен концепт за живеење на сите граѓани.

На средбата од претседателот на Црногорската заедница, Попивода, и присутните членови беше поздравен придонесот на Владата кон создавање услови за учество на заедницата во граѓанскиот концепт на државата и исполнување на нивните цели за напредок, како и негувањето на црногорските културни и духовни вредности, негувањето и развојот на црногорскиот јазик, книжевноста и фолклорните традиции.

На средбата соговорниците искажаа очекувања за целосна интеграција на двете држави во Европската Унија, преку блиска и доследна соработка со меѓународните партнери и беше истакната поддршката за членството на Северна Македонија во НАТО и потенцирана обединетоста на двете држави, Северна Македонија и Црна Гора во напорите за создавање стабилен регион и остварување на заеднички перспективи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Лила Филиповска ќе сведочи за „Рекет“

Објавено пред

Предметот „Рекет”, против обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева, денеска ќе продолжи со испрашување  четворица нови сведоци на Јавното обвинителство за организиран криминал. Водителката и блиска пријателка на Боки 13, Лила Филиповска е повикана да сведочи на утрешното рочиште за случајот „Рекет“

Според најавата, за денеска се предвидени да сведочат и Сања Димовска, Агапи Дика и Весна Костовска.

Досега како сведоци исказ дадоа поранешните обвинители од СЈО, Елизабета Јосифовска, Лиле Стефанова и Бурим Рустеми, бизнисменот Јордан Камчев, неговата сопруга Ана Камчева, сметководителката во приватните фирми на Камчеви, новинарот Христијан Баневски од 1ТВ и други.

Судењето за „Рекет” пред кривичниот суд го води судијката Васка Николовска-Масевска, додека обвинението го застапува обвинителката Вилма Рускоска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Османи на средба со главниот државен ревизор во пресрет на изборите

Објавено пред

Делегација на Секретаријатот за европски прашања, предводена од заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, ќе остварат работна средба со претставници на Државниот завод за ревизија предводени од главниот државен ревизор Максим Ацевски.

Средбата е дел од серијата институционални посети на вицепремиерот Османи на институциите задолжени за спроведување на изборите, а со цел остварување на обврската за фер, слободни и компетитивни избори како дел од европската агенда на државата.
Средбата ќе се одржи во просториите на ДЗР во 12 часот, по што со почеток во 12:45 часот Османи и главниот државен ревизор Ацевски ќе имаат заеднички изјави за медиумите.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет15 минути

Абас за предлогот на Трамп: Ерусалим не е на продажба

Палестинците го отфрлија новиот мировен план на американскиот претседател Доналд Трамп, опишувајќи го како „заговор“. Планот предвидува палестинска држава и...

Свет2 часа

Турција го отфрли планот на Трамп: Ова е кражба на палестинската земја

Турција го отфрли мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток како обид за анексија на палестинска земја....

Регион2 часа

Сасоли: Регионот и ЕУ имаат заедничка судбина, итно е потребен нов поттик за проширување

Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, по средбата со спикерите на парламентите од западниот Балкан повика на нов поттик за...

Регион2 часа

Србија ќе забрани увоз на автомобили со Евро 3-мотори

Во Србија се подготвува забрана за увоз на стари автомобили со Евро 3-мотори, која може да стапи во сила во...

Економија2 часа

Без работа 3,5 милиони Руси

Во декември во Русија имало речиси 3,5 милиони невработени. Тоа е 4,6 проценти од економски активната популација, покажуваат прелиминарните податоци...

Македонија13 часа

Земјотрес со јачина од 4,5 степени почувствуван во земјата

Земјотрес со јачина од 4,5 степени вечерва беше почувствуван во земјата и регионот. Епицентарот, како што јавуваат медиумите од регионот,...

Македонија15 часа

(Видео) Јовески: Потребно ни е силно, професионално и одговорно обвинителство

Државниот јавниот обвинител, Љубомир Јовески, смета дека треба да има силно, професионално и одговорно обвинителство, да не се задоволуваат дневнополитички...

Македонија15 часа

Владата бара од инспекторите да извршат увид на градбите во Охрид и Струга

Владата на денешната седница го задолжи Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам да изврши надзор над изградбата на градби од...

Македонија16 часа

Жбогар: Да продолжат реформите, законот за Јавното обвинителство да се донесе пред да се распушти Собранието

Евроамбасадорот Самуел Жбогар порача дека земјава треба да продолжи со реформите во клучните области и дека новиот закон за Јавното...

Спорт17 часа

За 24 часа милион ипол луѓе се потпишаа Коби да е на новото лого на НБА

Повеќе од 1.5 милиони луѓе за помалку од 24 часа се потпишаа на он-лајн петицијата силуетата на Коби Брајант да...

Македонија17 часа

„Анима мунди“: Ужас на скопските улици, се превезува распнат коњ

Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ објави вознемирувачка фотографија на распнат коњ како со камион го превезуваат на скопските...

Македонија18 часа

Откриени креаторите на „Јавна соба“, МВР ќе ги достави доказите до Обвинителството

Министерство за внатрешни работи, сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика, во координација со СВР Скопје изврши идентификација на сопственикот...

Македонија20 часа

Вештак во судењето за Ласкарци: Човечкиот фактор пресуден за несреќата

Првата реакција и обидот за сопирање кај возачот настанала во првата секунда, кога ја кренал ногата за гас и ја...

Македонија21 час

(Видео) Чулев: Спасовски последниот ден делел решенија и во 12 навечер

Само во последните две години МВР потрошило над 4 милиони евра за судски постапки од вработени кои тужеле главно за...

Македонија22 часа

Филипче: Состојбата е под контрола, нема причина за паника за коронавирус во нашата држава

Состојбата е целосно под контрола, во овој момент нема ниту една причина за некаков ризик или паника за коронавирус во...

Македонија23 часа

Рустеми: Јанева бараше да се утврди штетата во „Поштенска банка“ и да се затвори истрагата

Обвинителот Бурим Рустеми од поранешното СЈО сведочеше денеска пред судот за случајот „Рекет“ каде обвинети се Бојан Јовановски и ексшефицата...

Топ23 часа

Се судрија автобус и автомобил на автопатот Куманово-Табановце, дваесетина луѓе повредени

Дваесет и едно лице се тешко повредени во сообраќајна несреќа што синоќа се случила на автопатот Куманово-Граничен премин Табановце, помеѓу...

Култура23 часа

Тимот на „Медена земја“ на настан пред „оскарите“ во друштво со големите холивудски ѕвезди

Тимот на „Медена земја“ беше дел од настан во театарот „Долби“ во Холивуд организиран од американската Академија за филмски уметности и...

Свет1 ден

Откриено што се случувало во хеликоптерот на Брајант во последните моменти пред несреќата

Кошаркарската легенда Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа во неделата наутро по локално време откако леталото во кое беше ѕвездата...

Свет1 ден

Трамп денеска ќе го објави мировниот план за Блискиот Исток

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека денеска ќе го претстави мировниот план за Блискиот Исток, кој претходно го најави како...

Досие