Контакт

Македонија

Заев од Брисел: Го очекуваме тоа што ни е ветено

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев допатува во Брисел, каде што вечерва, по покана на потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за безбедносна и надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, ќе присуствува на заедничката работна вечера со лидерите на земјите од Западен Балкан, на која ќе се разговара за актуелни прашања за регионот во контекст на напредокот на земјите во процесот за нивно пристапување во ЕУ.

Во изјавата што ја даде непосредно пред средбата со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за безбедносна и надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, премиерот Заев истакна дека доаѓа со пораките што лидерите на институциите на Европската Унија добро ги знаат, ги разбираат и ги одобруваат.

„Република Северна Македонија ги заврши сите свои обврски што произлегуваат од листата со критериуми за почеток на завршниот преговарачки процес за пристапување во членство на Европската Унија. Тоа Европската комисија го препозна и во своите извештаи за напредокот на земјата до Европскиот совет и до лидерите на земјите членки на ЕУ многу јасно стави до знаење дека земјата има безусловна препорака за почеток на преговорите“, нагласи премиерот Заев.

Тој додаде дека Северна Македонија многу сработи, дека испорача и дека сега е време и ЕУ да го испорача ветеното кон нас и тоа без одлагање. Заев рече дека очекува одлука за прифаќање на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ и со тоа да го официјализираме почетокот на преговорите уште во мандатот на португалското претседателство со Унијата.

„Претставниците на ЕУ знаат и разбираат дека нашиот македонски идентитет и македонскиот јазик не се и никогаш нема да бидат за преговори. Знаат и разбираат дека тоа ниту било ниту треба да биде на европската маса за преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ“, потенцира Заев.

Заев дополни дека Северна Македонија во секој момент е подготвена и има апсолутно добра волја за прашања од билатерален карактер да разговара со Бугарија во секое време без тоа да влијае на нашето пристапување во Европската Унија, велат од неговиот кабинет.

Со лидерите на земјите од Западен Балкан имаме неподелен став, истакна премиерот Заев, дека ЕУ не може да смета дека е целосна без регионот и дека секое одлагање на процесот на вклучување на земјите од Западен Балкан ја доведува во прашање неколкупати повторуваната определба на ЕУ за проширување и кредибилитетот на Брисел меѓу нашите граѓани, стои во писменото соопштение.

Македонија

Утре променливо облачно време со локален пороен дожд

Објавено пред

Времето утре ќе биде променливо облачно, од пладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења и услови за појава на град, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 21 до 30 степени.

Во Скопје, променливо облачно, околу пладне и попладне ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за поинтензивни процеси и појава на град.

Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 28 степени.

И во недела ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време, претпладне со почести сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град.

Во понеделник ќе дува засилен северен ветер, а од вторник ќе има пораст на дневната температура.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев – Брнз: Извршната наредба на Бајден ги штитат САД, Северна Македонија и сојузниците

Објавено пред

Премиерот, Зоран Заев, денеска имаше средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Брнз, при што во фокусот на разговорите беше извршната наредба издадена неделава од американскиот претседател, Џо Бајден, којашто содржи јасни критериуми во делот на санкции за лица кои дејствуваат против демократските вредности, а доаѓаат од Западен Балкан.

На средбата биле потенцирани клучните полиња поради чие загрозување може да настапи санкцијата предвидена со извршната наредба, а истите може да се однесуваат на лица кои ги загрозуваат мирот, безбедноста, стабилноста или територијалниот интегритет на која било област или држава на Западен Балкан, како и оние кои вршат корупција или ги загрозуваат човековите права и демократијата.

„Разговарајќи за извршната наредба, премиерот Заев и амбасадорката Брнз изразија заедничко задоволство што во актот на претседателот Бајден фокусот е ставен и на борбата против корупцијата, што е клучен приоритет и на Владата на Северна Македонија, при тоа истакнувајќи ја штетата што корупцијата и ја нанесува и на надворешната политика, на националната безбедност и економската стабилност, како на САД, така на Северна Македонија и на останатите партнери и сојузници“, соопштија од Владата.

Заев и Брнз заеднички ја констатирале вредноста и ефективноста на извршната наредба на претседателот Бајден особено ако се има предвид дека преку неа може да се оневозможи влез на физички субјекти и лица од Западен Балкан кои се одговорни за корупција, за злоупотреба на јавни или приватни средства за мито или за политички цели, како и за нарушување на мирот, стабилноста и демократијата.

„Премиерот Заев изрази задоволство што на листата на меѓународни договори кои се значајни за регионот, покрај постоечките Дејтонскиoт договор, Резолуцијата 1244 на ООН и Охридскиот рамковен договор, во Извршната наредба е наведен и Договорот од Преспа, како еден од гарантите за безбедноста и стабилноста во регионот“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

Милошоски: Заев, Димитров и Османи да oбјаснат за кои дополнителни анекси се разговара со Бугарија

Објавено пред

Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ ги повика Заев, Димитров и Османи да се појават пред Собранието и да објаснат за кои дополнителни анекси се разговара по однос на Договорот со Бугарија.

„Денес протестот го одржуваме пред Министерството за надворешни работи затоа што ова надворешно-политичко прашање поврзано со можните дополнителни отстапки од Македонија кон Бугарија ги засега и министерот Бујар Османи и премиерот Заев и вицепремиерот Никол Димитров кои што беа личности што пред три години нѐ убедуваа дека сме почнале преговори со ЕУ, а гледаме дека и ден денес тоа не е случај“, рече Милошоски.

Истите тројца, додаде тој, беа промотори на референдумот на кој што ветуваа дека Македонија ќе стане членка на ЕУ, но, како што рече Милошоски, далеку сме од таквата ситуација.

„Затоа повикуваме до институциите особено до Заев, Димитров и Османи да се појават пред Собранието како дом каде што се наоѓаат народните избраници и таму на граѓаните преку пратениците и на јавноста да и објаснат за кои дополнителни анекси се разговара по однос на Договорот со Бугарија и зошто јавноста беше излажана во 2017 година дека Договорот со Бугарија ги решил сите македонско-бугарски спорови и го отвара патот за ЕУ. Гледаме дека тоа не е вистина и сметаме дека таа вистина Заев, Димитров и Бујар Османи им ја должат на граѓаните, на Собранието и на јавноста“, рече Милошоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион38 минути

Србија ја одобри вакцината на „Фајзер“ за деца од 12 до 15 години

Агенцијата за лекови и медицински помагала на Србија ја одобри вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ за деца на возраст од...

Македонија1 час

Заев – Брнз: Извршната наредба на Бајден ги штитат САД, Северна Македонија и сојузниците

Премиерот, Зоран Заев, денеска имаше средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Брнз, при што во фокусот на разговорите...

Македонија3 часа

Андоновска: Системот за вакцинирање со сериозен недостаток, ако се пријавите повеќе пати, се регистрира последното пријавување

Ако веќе еднаш сте пријавени на vakcinacija.mk не се пријавувајте повторно, затоа што се евидентира само датата на вашата последна...

Македонија4 часа

Еко-активистите бараат увид во извештајот за состојбата на исечените дрвја, Богдановиќ тврди дека биле стари и суви

Еко-активистите изразија револтираност од, како што велат, масакрот на дрвјава на улицата „Орце Николов“ во Дебар Маало, направен вчера. Од...

Македонија4 часа

Македонски полицајци ќе се грижат за безбедноста на Европското фудбалско првенство

По повод Европското првенство во фудбал ЕУРО 2020, на кое првпат ќе учествува и македонската фудбалска репрезентација, Министерството за внатрешни...

Македонија5 часа

Продолжен притворот на Орце Камчев

Бизнисменот Орце Камчев останува во затворот во „Шутка“. Кривичниот совет му ја продолжи мерката за нови 30 дена. Судиите сметаат...

Македонија6 часа

САД со поддршка за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ, без одложување

САД изразија поддршка за итен почеток на преговорите за Македонија и Албанија во ЕУ, објави портпаролот на американскиот Стејт департмент,...

Македонија6 часа

Во тек се двете трансплантации на бубрег од починатата донорка

Во моментов на Клиниката за урологија во тек се двете трансплантации на бубрег од 44-годишната пациентка која вчера беше дијагностицирана со...

Топ8 часа

Албански државјанин им дал мито на полицајците, кои во неговиот камион пронајдоа дрога вредна 200.000 евра

Албанскиот државјанин кој вчера беше фатен со голема количина дрога во камион со приколка на патот Прилеп-Градско, претходно им понудил...

Свет8 часа

Кина ја одобри вакцината на „Синофарм“ за деца постари од три години

Вакцината против Ковид-19 на кинеската компанија „Синофарм“, што ја направи Институтот за биолошки производи во Пекинг, доби одобрение за употреба...

Свет9 часа

(Видео) Бајден: Ќе донираме половина милијарда вакцини за сиромашните земји и нема да бараме против-услуга

Американскиот претседател Џо Бајден, кој најави дека САД ќе донираат половина милијарда вакцини против Ковид-19 во 92 земји кои се...

Македонија9 часа

Матурантите го полагаат вториот екстерен испит

Матурантите денеска од 10 часот ќе го полагаат вториот екстерен испит. Гимназијалците и оние од стручното образование, избираа помеѓу предметите...

Македонија9 часа

Успешно извршена четвртата трансплантација на срце

Рано утрово, срцето на 44 годишната пациентка чие семејство несебично ги донираше органите, почна повторно да чука. Министерот за здравство,...

Македонија9 часа

Макрон: Лично сум вклучен да се најде решение со Бугарија

Франција го поддржува процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ, време е да се конкретизира без да се губи...

Спорт20 часа

Пандев: Знаеме дека сите навивачи живеат со нас!

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев во интервју за МТВ пред стартот на Европското првенство, вели дека сите во...

Свет23 часа

Затворска казна за Французинот што му удри шлаканица на Макрон

Судот во Франција денеска го осуди 28-годишниот Дамиен Тарел, кој во вторникот му удри шлаканица на претседателот Емануел Макрон на...

Македонија1 ден

Нови 18 заболени и еден починат од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 2.411 тестирања, а регистрирани се 18 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје – 8,...

Регион1 ден

Европската комисија: Западен Балкан да се стрпи за слободно патување во ЕУ

Европската комисија го поздравува напредокот на земјите од Западен Балкан во однос на епидемиолошката состојба и вакцинацијата, но вели дека...

Македонија1 ден

РТС: Бајден со лидерите на ЕУ ќе разговара и за интеграциите на Македонија и Албанија

Западен Балкан ќе биде една од темите на средбата на американскиот претседател, Џо Бајден, со лидерите на ЕУ следната недела...

Македонија1 ден

Русија протера македонски дипломат од Москва

Русија прогласи дипломат од македонската амбасада во Москва за персона нон грата, во знак на одговор поради протерувањето на рускиот...

Досие