Контакт

Македонија

(Видео) Заев: Од држава со многу проблеми до позитивен пример кој другите сакаат да го следат

Објавено пред

Со бројните содржини предвидени со програмата за чествување на 8 септември – Денот на независноста на Република Северна Македонија, која оваа година се одвива под слоганот „Боите на независноста“, во Градскиот парк во Скопје, на локацијата Школка, започна одбележување на овој наш голем државен празник.

Пред присутните гости и граѓани се обрати претседателот на Владата, Зоран Заев, кој порача дека земјата мошне напредувала, додавајќи дека државата е пример за сите останати.

„Целосна посветеност на стратешките цели на земјата – влез во НАТО и ЕУ, но и натамошно чекорење на патот на безбедна, стабилна, сигурна, мирна и пријателска земја, во која сите заеднички ќе се борат против сиромаштијата и корупцијата, против загадувањето и за подобра економска состојба“ побара Заев од секој поединец во земјава, но и од политичките чинители, земјоделците, бизнисмените, жените.

Тој нагласи дека јазикот се користи слободно секаде, дека нашиот идентите е потврден и зајакнат.

„Овие мостови кои ги градиме денес се крвоток на нашата заедничка иднина. Ова место како да има некаква симболика со своето име. Дваесет и осум години по независноста, оваа наша земја конечно се отвора. Македонскиот бисер од школката почнува силно да сјае. Од држава со многу проблеми, сега сме позитивен пример кој другите сакаат да го следат. Гордост европска. Пријатели сме со сите, ја зајакнуваме соработката. Не треба да им подлегнеме на емоциите. Ако рационално размислиме, ништо не губиме. Од нас зависи колку ќе постигнеме во иднина. Најголемите проблеми се зад нас а патот ни гарантира подобро утре“, рече Заев.

Македонија

Вело родео турнеја низ пет града во земјава

Објавено пред

Традиционално, од 16-22 септември се одржува Европската недела на мобилност.
Почнувајќи од 2002 година во овој период се врти вниманието на јавноста во обидот на подобрување на јавното здравје и квалитетот на животот преку промовирање на одржлив урбан транспорт. Кампањата нуди можност на сите засегнати страни да се вклучат со практични решенија за справување со секојдневните урбани предизвици.
Оваа година, 2118 градови од над 50 држави низ Европа се приклучуваат кон активно одбележување на оваа недела, која се одржува под мотото: „Пешачи со нас“.

Здружението на граѓани- „Еко логик“ почнувајќи од 16, па се со 22 септември ќе организира Вело родео турнеја и тоа во следните градови:

– 16.09 Koчани, 11:30-13:30 часот
– 17.09 Делчево, 12:00-14:00 часот
– 18.09 Неготино, 12:00-14:00 часот
– 19.09 Велес, 11:00-13:00 часот
– 21.09 Скопје, 11:00-14:00 часот

Централниот настан во Скопје, ќе биде исполнет со следните активности: вело полигон (бавна трка, баланс, безбедност, вештини, сигнализација, контрола, тргнување итн.), вело меморија, не лути се човече,  еко квиз, сложувалка, работилница за поправка на велосипед, креативна работилница и други изненадување за најмладите.

Настанот е од отворен карактер и право на учество имаат сите ученици кои имаат желба да возат велосипед, како и активно и едукативно забавуваат. На тој начин, учениците ќе ја пренесат пораката за придобивките од возење велосипед.

Во сите градови, каде ќе биде реализирана Вело родео турнејата, присутните ќе имаат можност да се пријават на акциите на локалните групи за чистење, на штандот „За чисто како дома исто“ – кампања за поддршка на еко-активизмот на Делегацијата на Европската Унија.

Вело Родео е дел од проектот „Вело Училишта“, проект поддржан од Швајцарската Агенција за развој и соработка.Настаните Вело Родео имаат за цел развивање на вештините и способностите за безбедно возење велосипед. Вело Родео како дел од Вело Училишта е поддржан од Делегација на ЕУ во земјава.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пет лица за затруле со храна, затворен ресторанот во Брвеница

Објавено пред

Пет лица за затруле со храна, по што е затворен ресторанот во тетовското село Брвеница, со цел да се спречи понатамошно ширење на евентуалното труење со храна.

Денеска по добиената телефонска дојава од страна на ЈЗУ-ЦЈЗ Тетово, во врска со труењето со храна во ДПТУУ-Бакал Бакеро експорт импорт ДООЕЛ село Брвеница, Тетово, Државниот санитарен и здравстен инспекторат од Тетовo извршил вонреден координиран инспекциски надзор со претставници од ЈЗУ ЦЈЗ Тетово и инспектори од Агенција за храна и ветеринарство од Гостивар.

,,Општата санитaрно-хигиенска состојба во објектот е на задоволително ниво, во објектот има уредни санитарни книшки за 11 вработените со извршен санитарен преглед во рок како и потврда за извршен ДДД од овластена установа исто така во рок. Од страна на ЦЈЗ Тетово во соработка со ДСЗИ се земени брисеви од раце од 5 затекнати вработени лица при надзорот како и 6 брисеви од нежива средина – прибор, работни површини, опрема.

Надзорот од страна на ДСЗИ е направен по епидемиолошка индикација, односно заради тоа што на 14.09.2019 година во вечерните часови, пет лица со симптоми на труење со храна побарале лекарска помош во ЈЗУ УК Инфективни болести и фебрилни состојби, а кои согласно епидемиолошката анкета конзумирале храна во текот на денот во ресторанот ДПТУУ-Бакал Бакеро експорт импорт ДООЕЛ од Брвеница, Тетово.

Со цел да се превенира натамошно ширење на евентуално труење со храна, објектот како потенцијален извор на заразна болест, од страна на ДСЗИ ПО Тетово записнички и со службена лента е забранет и затворен за употреба се до добивање на резулати од земените примероци и спроведување на потребни санитарно-хигиенски и противепидемиски мерки”, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

Зеќири, Костадинов и Жерновски на традиционален пикник во Трново

Објавено пред

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зеќири, членот на ИО на СДСМ, Костадин Костадинов и членот на ЦО на СДСМ, Андреј Жерновски денеска присуствуваа на традиционалниот социјалдемократски пикник во комплексот „Трновски ветар“ во општина Крива Паланка.

Зеќири, Костадинов и Жерновски го искорстија присуството да зборуваат со граѓаните за повеќе актуелни теми, но и да ги слушнат нивните потреби, коментари и предлози.

,,На повеќе од една година до истекот на мандатот, „Парите кај граѓаните“ еден од петте носечки столбови на програмата на СДСМ од 2016 година, ,,За живот во Македонија”, е целосно исполнет.Радиодифузната такса е укината, воведена е дневна евтина тарифа на струјата, казните се намалени, воведени се фер даноци и зголемени се субвенциите, а со повратот на 15 отсто од ДДВ, секое семејство добива приход плус на крајот од годината.

Со тоа се оствари заложбата на СДСМ што повеќе пари да завршуваат назад кај граѓаните и да се подобрува нивниот животен стандард.Веќе извесно е дека до крајот на мандатот ќе бидат исполнети целите и од останатите столбови на програмата, како што се минимална плата од 16.000 денари, просечна плата од 30.000 денари, доволно лекови за сите во секое време, дигитални услуги, како и судство и правна држава ослободени од партиски притисоци.СДСМ останува со граѓаните, продолжуваат непосредните средби на кои се решаваат проблемите и се креираат мерки и политики од интерес на државата и граѓаните”, беше истакнато на средбите.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион8 часа

Седумдесет Црногорци во банка имаат по повеќе од милион евра

Во банките во Црна Гора на крајот на август депозит поголем од еден милион евра имале 71 граѓанин, соопшти Централната...

Регион10 часа

Брнабиќ и нејзината партнерка прошетаа со Парадата на гордоста низ Белград

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ прошета со нејзината партнерка на Парадата на гордоста и најави дека Белград ќе се кандидира...

Македонија12 часа

Пет лица за затруле со храна, затворен ресторанот во Брвеница

Пет лица за затруле со храна, по што е затворен ресторанот во тетовското село Брвеница, со цел да се спречи...

Македонија16 часа

Загина македонски планинар кој паднал во провалија на Олимп

При пад во провалија загина македонски планинар на планината Олимп во Грција. Според информациите, тој бил дел од деветчлена група...

Македонија17 часа

Привршуваат подготовките за рушење на дивоградбите во Охрид

За поефикасна координација на акцијата за уривање на охридските дивоградби денеска се одржа средба на градоначалнкот Константин Георгиески со министерот...

Свет18 часа

Демонстрантите во Хонгконг бараат Велика Британија да изврши притисок врз Кина

Учесниците во протестите во Хонгконг денеска се собраа пред британскиот конзулат, каде од поранешниот колонијален владател со овој регион побараа...

Македонија19 часа

Претстои недела во која Скопје ќе се фокусира на алтернативниот и еколошки транспорт

Град Скопје од 16. до 22. септември со програма која опфаќа содржини за граѓаните од сите возрасти, и годинава ќе...

Европа20 часа

Хан бара земјите членки да дадат повеќе пари за буџетот на ЕУ

Идниот европски комесар за буџет и администрација, Јоханес Хан, инсистира на буџетски план со дополнителни трошоци за земјите членки, но...

Европа21 час

Сноуден: Нѐ следат на секој чекор

Погрешно би било подемот на политичарите како Доналд Трамп, Борис Џонсон или десничарската Алтернатива за Германија, да го гледаме само...

Култура1 ден

Отворено јубилејното 40. издание на „Браќа Манаки“

Вечерва во Битола почна 40. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Фестивалот го отвори претседателот на држвата,...

Македонија1 ден

Целосно завршен процесот за разрешување на Катица Јанева

Советот на јавни обвинители на вечерашната вонредна седница едногласно ја разреши специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, која е третоосомничена за...

Спорт1 ден

Победнички старт за Вардар во Лигата на шампионите

Европскиот првак Вардар со победа ја започна одбраната на титулата во Лигата на шампионите. Во Монпелје, дуелот на победниците во...

Европа1 ден

Околу 25.000 луѓе протестираа за еколошки транспорт на Саемот за автомобили во Франкфурт

Илјадници демонстранти се собраа денес, поради Саемот за автомобили во Франкфурт (IAA), истакнувајќи ги своите барања за зголемување на еколошкиот...

Топ2 дена

Во „порше“ кај Куманово пронајдени 16 мигранти

Шеснаесет мигранти од кои две деца биле пронајдени при полициска контрола на автопатот Куманово – премин Табановце, во раните утрински...

Македонија2 дена

(Видео) Собранието ја разреши Катица Јанева

Со 102 гласа ,,за”, и ниту еден глас ,,воздржан” и ,,против” пратениците денеска донесоа одлука за разрешување на специјалната јавна...

Македонија2 дена

Стотина пожарникари и волонтери ги гаснеа пожарите во Прилепско, зафатени се 400 хектари шума

Пожарите кои вчера избувнаа на територијата на општина Прилеп се ставени под контрола. Во нивното гаснење учествуваа Територијалната противпожарна единица...

Свет2 дена

(Видео) Дронови нападнале нафтени постројки во Саудиска Арабија, предизвикувајќи пожари

Саудиска Арабија соопшти дека две големи нафтени постројки во земјата биле нападнати од дронови, што предизвикале пожари. Пожарите избувнаа во...

Спорт2 дена

УЕФА: Во преодниот рок се потрошени четири милијарди евра

Европските клубови во летниот преоден рок на трансфери потрошиле 3,98 милијарди евра, објави Европската фудбалска унија (УЕФА). УЕФА наведува дека...

Свет2 дена

(Видео) Сноуден проговори за неговиот живот во Русија: Тајно се оженив и не стравувам дека можат да ме убијат на улица

Поранешниот американски разузнавач и свиркач Едвард Сноуден, кој избега во Русија, вели дека благодарение на неговите откритија, тој сега живее...

Свет2 дена

Иранка се запали со бензин откако била фатена дека се облекува како маж за да гледа фудбал

Иранка се запали со бензин откако била приведена поради тоа што се облекувала како маж за да може да влезе...

Досие