Контакт

Македонија

Заев од Ростуше: Се ориентираме кон обновливи извори на енергија и чиста животна средина

Објавено пред

Денес претседателот на Социјалдемократскиот сојуз Зоран Заев од општина Маврово-Ростуше порача дека зелената агенда е во пол ек и останува приоритет на Владата предводена од СДСМ и коалицијата.

dobivaj vesti na viber

“Зелената агенда веќе е во полн ек. Таа носи чисти извори на енергија, нови милионски инвестиции и најважно, ја штити животната средина.
Токму тука во Маврово-Ростушe ќе инвестираме во поставување канализациска мрежа со пречистителна станица во Маврови Анови. Така се работи домаќински и одговорно. Во следниот период целиот фокус го насочуваме за да ја заштитиме оваа прекрасна природа која привлекува илјадници домашни и странски туристи во текот на целата година. На Маврово-Ростушe му треба континуитет на добрите политики и проекти”, рече Заев.

Тој посочи дека како што се развива државата, како што се развиваат општините, така ќе се насочуваат кон унапредување на енергетскиот сектор, ориентирајќи се кон обновливите извори на енергија.

“Нашата држава денес не троши милиони евра на скап увоз на струја. Тие пари ги вложуваме во поддршка на граѓаните и бизнисите и ете како се обезбедува егзистенцијата на луѓето – на дело. Произведуваме струја од сонцето, од ветрот, а наскоро и од отпадот. Поставуваме канализациски системи и пречистителни станици за да ги заштитиме водите и почвата. Токму ова се европските стандарди што со Најдоброто ги носиме во секоја општина како и тука во Маврово Ростуша. Затоа на 17ти да гласаме за Најдоброто, да гласаме за број 12”, додаде Заев.

Македонија

Беџети од „Огнената група“: Од денеска ќе делуваме како фракција, ќе имаме наши ставови

Објавено пред

Членовите на таканареченета „Огнена група“ најавија дека ќе делуваат како фракција. Градоначалникот на општина Сарај и дел од Огнената група, Блерим Беџети рече дека внатре во ДУИ немале реални можности за дебата  и се исцрпени сите можности.

dobivaj vesti na viber

„Од денеска ние ќе имаме наши ставови, бидејќи ќе делуваме како фракција во рамки на ДУИ. Исцрпени се сите можности да дебатираме за реални проблеми. Ќе продолжиме со нашите активности, со партиските бази, со членството и оттука ги повикувам сите членови да не поддржат и да разговараме за разликите што ги наметна оваа власт која ги узурпира органите на одлучување кои се надлежност на партијата“, посочи Беџети.

Средбата на ДУИ се уште не е завршена, додека пак членовите на „Огнената група“ ја напуштија седницата на Централното претседателство на ДУИ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ване Цветанов по кривичната побегна, се жали дека е жртва на политичка репресија

Објавено пред

Поранешниот претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата Ване Цветанов избегал од Македонија откако пред четири месеци против него беше поднесена кривична пријава за злоупотреба на над 75 000 евра. Тој бегството го пријави  во телевизиско интервју вчеравечер за бугарската телевизија Нова.

dobivaj vesti na viber

„Жртва сум на политичка репресија. Сакав да го спроведам бугарскиот модел за контрола над регистрираните ревизори, но Владата не сакаше да го практикува бугарскиот модел. Без разлика што Бугарија потроши време и ресурси. Не се чувствувам виновен, но знам дека ќе ме казнат во Македонија благодарение на политичкиот дослух на мојот случај. Во обвинителството во моментов и да сакаат не можат да ми дадат помалку од 3 години“, вели Цветанов.

На прашањето на новинарот дали ќе се врати во Македонија, тој рече дека тоа што го  направил е избор и нема враќање назад.

Министерството за внатрешни работи претходно поднесе кривична пријава против Цветанов за злоупотреба на службена положба и овластување, со што го оштетил државниот буџет за 75.000 евра. Цветанов се товари дека вршел незаконски јавни набавки и ја ангажирал невенчаната сопруга Дунавка Трифуновска и со државни пари оделе на заеднички службени патувања.

Прикажи повеќе...

Македонија

Кампања „МВР за граѓаните“: Преку партнерство меѓу полицијата и заедницата до зголемена безбедност

Објавено пред

Во текот на денешниот ден Министерството за внатрешни работи преку претставници од Македонскиот полициски синдикат и секторите за внатрешни работи со своите оддели за превенција продолжија со активности во врска со кампањата „МВР за граѓаните – заедница, доверба, одговорност“, чија цел е доближување до граѓаните на суштината, вредностите и карактеристиките на концептот – полициско работење со заедницата. Важноста на градењето партнерство помеѓу полицијата и граѓаните, како и механизмите за контрола врз полицијата што придонесуваат за зголемување на нејзиниот кредибилитет и интегритет беа дел од темите на кои граѓаните имаа можност низ непосредни средби да поразговараат со полициските службеници во Кавадарци, Крива Паланка, Гостивар, Кочани, Валандово, Струга, Прилеп и Скопје.

dobivaj vesti na viber

Во текот на разговорите со жителите на овие градови, полициските службеници и портпаролите на Секторите за внатрешни работи ја потенцираа важноста на полицијата во државата и во заедницата како институција задолжена за безбедноста на граѓаните и општеството.

Покрај гарантирање на редот, мирот, безбедноста и владеењето на законите, полицијата работи на сузбивање на криминалот и води бескомпромисна борба со сите криминогени појави во општеството, па акцентот на средбите беше ставен и на превентивните мерки за зголемување на сигурноста на граѓаните, како и на почитувањето на основните права и слободи за граѓаните и обезбедувањето граѓански услуги.

Главната порака на кампањата пред граѓаните кои изразија забележителен интерес за овие активности е дека полициското работење во заедницата значи градење на партнерство кое се базира на доверба меѓу полицијата и граѓаните, а планската соработка придонесува за спречување криминалот со краен резултат зголемена безбедност и подобар квалитет на живеење.

Инаку, досегашните реформи и вложување во полицијата од актуелното раководство се наградени со висока доверба од страна на граѓаните, значително зголемена во последниве неколку години, а според нивните оценки полицијата стана една од трите најтранспарентни институции во државата. Така, активната транспарентност на МВР од просечни 59.5% во 2016, во 2022 достигна високи 91.7%, што претставува скок за 32.2%, поминувајќи три нивоа, од крајно затворена институција до многу добра активна транспарентност.

Кампањата „МВР за граѓаните – заедница, доверба, одговорност“ започна минатиот викенд во осум градови на Секторите за внатрешни работи и ќе продолжи во следните два викенди низ поголем дел од градовите во државата, при што полицијата преку делење едукативен материјал и непосредни разговори со граѓаните одблиску ќе ја презентира улогата на полицијата во заедницата.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ16 минути

По трагедијата во Прага каде почина матурант, професори и студенти се враќаат од екскурзијата во Хрватска

Матурантот од средното училиште „Мате Балоте“ од Пореч во Хрватска, кој загина на матурска екскурзија во Прага, е 17-годишен ученик...

Македонија1 час

Беџети од „Огнената група“: Од денеска ќе делуваме како фракција, ќе имаме наши ставови

Членовите на таканареченета „Огнена група“ најавија дека ќе делуваат како фракција. Градоначалникот на општина Сарај и дел од Огнената група, Блерим...

Македонија2 часа

Ване Цветанов по кривичната побегна, се жали дека е жртва на политичка репресија

Поранешниот претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата Ване Цветанов избегал од Македонија откако пред четири месеци против...

Регион3 часа

Бугарите повторно на гласање: Петти вонредни избори за неполни две години

Во Бугарија денеска владее изборен молк бидејќи во недела се одржуваат петтите вонредни избори за неполни две години. Никаков вид...

Македонија4 часа

Војната во ДУИ на дневен ред во Мала Речица, опција е и разрешување на „огнените“ од партиските функции

Војната помеѓу двете групи во ДУИ, може да заврши и со разрешување на „огнените“ од функциите во партијата. Ова се...

Македонија4 часа

Тинејџерките биле најдени близу „Бит Пазар“; МВР: Биле во близина на продажен објект

Полицијата ги пронајде двете исчезнати малолетнички, Аниса Ајро и Мелиса на подрачјето на Бит Пазар. Во моментот кога биле затекнати,...

Македонија7 часа

Арсовска ќе го враќа споменикот на Ќосето пред судовите во Скопје

Градоначалничката Данела Арсовска почнува со постапка за враќање на споменикот на Андон Лазов-Ќосето пред судовите во Скопје. Од општина Центар,...

Свет8 часа

Сторми Даниелс: Не се плашам да се соочам со Трамп на суд, сум го видела гол

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп повеќе не е недопирлив, изјави порно ѕвездата Сторми Даниелс во петокот вечерта во своето прво...

Македонија9 часа

Георгиевски: Со донираното оружје за Украина, се врши големо обезоружување на нашата држава

ВМРО-Народна партија ја поддржува политиката на поддршка на Украина, но исто така апелира дека се врши големо обезоружување на нашата...

Економија9 часа

Работниот час најевтин во Бугарија, а најскап во Луксембург

Најниски трошоци за работната сила во Европската Унија има во Бугарија и Романија, а највисоки во Луксембург. Како што објави...

Свет10 часа

(Видео) Торнадо однесе покрив за време на концерт во САД

Едно лице загина, а десетици се повредени кога покривот на концерт на хеви метал бенд во Илиноис се урна при...

Македонија10 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Лицето кое јавно се заканува на Мицкоски и неговите деца е поддржувач на Ковачевски, а добил благодарница од Пендаровски

Заканите кон семејството и децата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се акт на вандализам и варварско водење на политиката...

Топ23 часа

Исчезнати две тинејџерки од Скопје, полицијата трага по нив

Исчезнати се две тинејџерки од Скопје. Полицијата од вчера трага по 12-годишната Аниса Ајро и 15-годишната Мелица К. Двата случаи...

Свет23 часа

Путин потпиша нова руска глобална стратегија, насочена е против Западот

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша нов руски стратешки документ чија цел е ограничување на „западната доминација“. Во документот се...

Македонија1 ден

Влада: Платите нема да се зголемат 78%, разгледуваме можност за намалување на коефициентите

Одлуката на Уставниот суд со која се укинуваат одредби од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани...

Македонија1 ден

„Го жалам Ковачевски, работи во интерес на ДУИ“ – Хајредини не ги штеди ниту Ахмети, ниту Груби, ниту Османи: aјдуци на власт

Дали се задоволени албанското его и решавањето на меѓуетничките односи во државата, дали со поставувањето премиер Албанец ќе биде ставен...

Македонија1 ден

(Видео)Побарајте помош ако имате напнатост и несоница по лажните вести за киднапирање и труење ученици

Анксиозност, нерасположеност, социјално изолирање од другите и чувство на срам иако не направиле ништо лошо се очекувани последици од лажните...

Македонија1 ден

Болните од цистична фиброза го потсетија Ковачевски: Рековте лек ќе има за сите

Болните од цистична фиброза се уште го чекаат лекот. Тие ги потсетија надлежните на ветувањата, дека лек ќе има за...

Македонија1 ден

Османи: Политичарите треба да бидат последни на листата за зголемување на платата

Политичарите треба да бидат последни што ќе добијат поголема плата, изјави денеска Министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Според него,...

Топ1 ден

Обвинителството за убиството во Капиштец: Осомничениот пукал неколкупати, па продолжил да го удира со кундакот по главата

Скопското Обвинителство го заврши увидот на самото место во казиното во кое утрово се случи убиство во Капиштец, при што...