Контакт

Македонија

Заев: Партиите да се подготват за избори на 12 април

Објавено пред

Политичките партии да се подготват за предвремените избори на 12 април, бидејќи постапката околу ратификацијата за членството во НАТО се очекува да биде завршена до 11 февруари, кога се распушта Собранието, истакна денеска премиерот Зоран Заев.

Тој по поставувањето на првиот електричен столб од новиот далековод од Штип кон Пробиштип, изрази очекување дека дотогаш ќе биде завршена ратификацијата за Протоколот за НАТО.

„Шпанија ќе одржи избори на 10 ноември и има закажано конституирање на Парламентот на 3 декември. Тоа значи дека го имаме цел декември, цел јануари, и десетина дена од февраури, па постои соодветно време да се реализира. Не сакам да испратам никаква порака до било која политичка партија и потенцијални кандидатски листи за изборите да не се подготвуваат“, вели Заев.

Шпанија, Франција и Холандија се трите земји кои се уште го немаат ратификувано Протоколот за НАТО. По нив, и Македонија ќе треба да го ратификува Протоколот во Собранието. Премиерот Заев вчера во изјава за медиумите рече дека 12 април како датум за одржување на предвремените парламентарни избори треба да се задржи, но се остава можност за да се случат какви било промени поради ратификацијата на протоколот за прием во НАТО. Тој посочи дека не смееме да дозволиме да нема парламент кога ние треба да го ратификуваме протоколот.

Македонија

Филипче: Главна причина за зголемување на бројката на заболени е непочитување на мерките

Објавено пред

Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција истакна дека главната причина за зголемување на бројката на заболени со ковид-19 се должи на непочитување на мерките за заштита. Тоа се групирање, семејни собири и прослави, свадби кои се забранети и слични настани, но и генерално опуштање на граѓаните.

„ Ризикот кој го носи есента е сериозен аларм, дека мора и натаму да делуваме за да го заштитиме и јавното здравје и здравствениот систем. Повторно ќе кажам нема да дозволиме оние кои не ги почитуваат мерките да ги изложуваат на ризик критичните, ризични групи граѓани, но и сите останати кои може да бидат жртви на вирусот, а видовме дека коронавирусот може да биде фатален буквално за секој еден од нас. Заради оваа состојба веќе започнавме, а уште повеќе во следните денови ќе ги засилиме контролите за спроведување на мерките и протоколите кои се веќе на сила. Сите инспекторати и институции кои се задолжени за спроведување на мерките интензивно ќе работат и апелирам состојбата да се сфати сериозно. Апсолутно е недозволиво, покрај сите најави за ризиците коишто ги носи овој период, сериозен дел од граѓаните и натаму да не ги почитуваат мерките. Недозволиво е сериозен дел и од бизнисите пред се во угостителскиот сектор да не ги почитуваат превентивните мерки“, рече министерот Филипче.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Заев ги претстави заменик-министрите во Собранието

Објавено пред

Претседателот на Владата, Зоран Заев, во Собранието на седницата на која се гласа за заменик-министрите ги предложи следните кандидати:

– Башким Хасани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за одбрана,

– Назим Буши, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за внатрешни работи,

– Димитар Ковачевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за финансии,

– Агим Нухиу, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за правда,

– Илхан Рахман, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците,

– Фатмире Исаки, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за надворешни работи,

– Зоран Маневски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за економија,

– Трајан Димковски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,

– Илир Хасани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за здравство,

– Арафат Шабани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за образование и наука,

– Енвер Хусејин, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за труд и социјална политика,

– Зоран Димитровски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за локална самоуправа,

– Седат Сулејмани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за култура,

– Александар Бајдевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за информатичко општество и администрација,

– Беким Реџепи, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за транспорт и врски и

– Христина Оџаклиеска, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Премиерот Заев на говорницата им се обрати на пратениците истакнувајќи увереност дека предложените кандидати, совесно и со најголема посветеност и одговорност, ќе ги извршуваат своите работни обврски во согласност со законот и определбите на Владата за остварување на нејзината програма и за остварување на стратешките интереси на Република Северна Македонија од интерес на граѓаните.

Тој додаде дека со предлогот за избор на заменик-министрите доставен до Собранието на Република Северна Македонија се доставени и биографиите на предложените кандидати.

„Со именувањето на заменик-министрите во Владата го комплетираме системот на ефикасни и силни институции со полн капацитет и легитимитет, кои ефикасно ќе работат во справувањето и надминување на последиците од пандемијата со Ковид-19 како еден од првите наши приоритети. Убеден сум дека со еднакво силен ангажман заменик-министрите ќе се посветат и на остварувањето на другите приоритети, како што се создавањето услови за нов циклус динамичен економски раст, одржлив развој, ефикасна правна држава и силни институции. Секако, максималнa посветеност очекуваме и во модерно образование, стабилно општество, внатрешна кохезија и сите други сегменти на општественото живеење“, рече премиерот Заев.

Во своето обраќање премиерот Заев се осврна на стратешките цели на нашата земја, зголемувањето на активностите како членка на НАТО и максимално вклучување во процесите за успешен почеток и завршница на преговорите по поглавја за членство во Европската Унија, како и во политиките за добри меѓуетнички и меѓусоседски односи.

Изложувајќи ги резултатите од претходните три години кога Владата покажа дека е можно да се обезбеди повисок економски раст и да се создаваат нови работни места, паралелно со континуиран раст на платите, премиерот Заев повтори дека и покрај здравствено-економската криза, која ја засегна нашата држава, како и другите државите во светот, Владата ќе продолжи во остварување на заложбите за раст на минималната плата на 20.000 денари и 34.000 денари, просечна плата до крајот на четиригодишниот мандат. Премиерот Заев исто така најави дека набргу ќе завршат консултациите и ќе биде објавен четвртиот пакет-мерки за помош на македонската економија.

„Најавивме и ќе испорачаме мандат на ред, правда и ефикасност. Мандат на прочистување на правосудството и неселективно владеење на правото. Силен ефикасен правен систем и силната посветеност во борбата против корупцијата и криминалот се исклучително важни за државата, за нејзините граѓани“, рече премиерот Заев истакнувајќи ги приоритетите во насока на остварување на нашиот процес за интеграција во Европската Унија и почнување на преговорите и отворање на првите поглавја, кои најчесто се однесуваат токму на владеење на правото.

Обраќајќи им се на пратениците при образложувањето на предлог-листата за заменик-министри во Владата, премиерот Заев истакна дека Владата и во новиот мандат продолжува со почитување и воведување целосно нови стандарди во водењето на институциите покажувајќи дека може да се работи и чесно и одговорно и професионално во име на интересите на државата и заврши:

„Сега е време да доработиме и да сработиме. Да ја исполниме нашата обврска да го испорачаме ветеното. Заедно со вас пратениците, со граѓаните, да продолжиме да пишуваме страници за иднината, на нашата демократија и заедно да го чекориме патот до подобра иднина за сите“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Груби на средба со британската амбасадорка: Етничката застапеност е уставно право и мора да се почитува

Објавено пред

Вицепремиерот и министер за политички систем, Артан Груби, денеска се сретна со британската амбасадорка Рејчел Галовеј, а на средбата, меѓу другото, истакнал дека правичната и соодветна застапеност е уставно право и дека треба да се почитува принципот: „Колку повеќе државата е лојална кон граѓаните, толку повеќе граѓаните ќе бидат лојални кон државата“.

Груби исто така посочил дека патот до неселективна правда и владеење на правото може да се постигне само преку целосна транспарентност и проверка на јавните службеници, судиите и обвинителите.

Тој особено ги издвоил случаите „Сопот“, „Монструм“, „Алфа“ и малиот Алмир за кој рекол дека треба да добијат правична судска разрешница.

На средбата било потенцирано дека Владата останува посветена на остварувањето на своите стратешки цели, односно за исполнување на обврските од членството во НАТО и забрзување на процесот на членство во Европската Унија.

За време на состанокот со амбасадорката Галовеј, Груби изразил и оптимизам дека Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците ќе прикаже добар мозаик на Република Северна Македонија во однос на застапеноста и обележјата на сите етнички заедници.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Пет лица починаа од коронавирус, потврдени се 88 нови случаи во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на...

Македонија3 часа

(Видео) Филипче: Состојбата со вирусот повторно се влошува, ако е потребно ќе има рестрикции

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека за есенва се размислува за воведување на повеќе мерки како...

Македонија4 часа

Мицкоски ги повика граѓаните утре да излезат на протест против неправдата и мафијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на нов протест што ќе се одржи утре во 18.30 часот. Како што порача...

Економија4 часа

(Видео) Бектеши: Субвенциите за етнички вработувања се дел од изгласаната владина програма

Вработувањата кои ќе поттикнат добри меѓуетнички односи се вметнати во Владината програма која е изгласана од Собранието, изјави министерот за...

Свет5 часа

Русија очекува до 15 октомври да регистрира втора вакцина против коронавирус

Русија очекува до 15 октомври да регистрира уште една, втора по ред, потенцијална вакцина против коронавирус, јави агенцијата ТАСС повикувајќи...

Европа7 часа

Шведска нема да ги вакцинира децата против коронавирусот

Шведската влада нема да препорача вакцина против коронавирусот за деца на возраст под 18 години. Според шведските експерти, децата го...

Спорт7 часа

Италијански судија убиен во својот дом

Италијанскиот фудбалски судија Даниеле Де Сантис (33) и неговата девојка Елеонора Манта (30) биле убиени во домот на судијата во...

Македонија7 часа

Училишниот час ќе трае пократко од 40 минути, постои можност и учебната година да заврши порано

Собранието вчера вечерта ги изгласа измените на Законите за основно и средно образование со кои се обезбедува непречено организирање на...

Македонија7 часа

Од почетокот на пандемијата во Македонија починаа 700 лица

Од почетокот на пандемијата досега починаа 700 лица, откако вчера беше потврдена смртта на уште 7 пациенти. Меѓу починатите вчера...

Свет8 часа

„Сите мораме да соработуваме“, порачаа светските лидери на годишнината на Обединетите нации

Светските лидери за време на специјалната сесија на ООН посветена на 75-годишнината од основањето на таа организација се согласија дека...

Македонија8 часа

Собраниска седница за избор на заменик-министри во Владата

Собранието денеска треба да ја одржи 13-тата седница на чиј дневен ред е предлогот за именување на заменик-министри во Владата....

Македонија9 часа

Пендаровски: Неопходни се силни Обединети нации, реформирани и прилагодени на новата реалност

Претседателот Стево Пендаровски преку видеопорака се обрати на настанот на високо ниво, што по повод 75-годишнината од формирањето на Организацијата...

Македонија10 часа

Димитров во прва работна посета на Брисел од формирањето на новата Влада

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, денеска ќе престојува во работна посета на Брисел, што всушност е...

Македонија19 часа

Игор Јанушев се повлече од функцијата

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва избра нови членови на Извршниот комитет на партијата. Генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, се...

Македонија19 часа

(Видео) Мицкоски: Предложив вонреден конгрес на кој јас нема да бидам претседател, но предлогот беше одбиен

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, предложил вонреден конгрес за избор на нов лидер, каде што тој нема да се кандидира,...

Македонија1 ден

Седум лица починаа од коронавирус, потврдени се 45 нови случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 552 тестирања, а регистрирани се 45 нови случаи на...

Свет1 ден

СЗО ѝ се заблагодари на Русија за напорите за развој на безбедна и ефикасна вакцина против коронавирусот

Првата официјално регистрирана вакцина против Ковид-19, развиена од Институтот за епидемиологија и микробиологија при Научноистражувачкиот центар „Гамалеја“, сега се наоѓа...

Македонија1 ден

Пратениците на Беса го напуштија СДСМ во Собранието, но договорот за коалиција не се растура

Четворицата пратеници на партијата Беса од денеска во Собранието нема да дејствуваат како дел од коалицијата со СДСМ туку како...

Македонија1 ден

Станиците Битола 1 и Миладиновци не мерат ПМ10 оти дотраените инструменти биле извор на радијација

Мерните станици се во функција, но дел од инструментите кои ги мерат ПМ10-честичките не работат, велат од Министрството за здрава и...

Македонија1 ден

Драма во Струмица: Роднини насилно го однеле телото на починат пациент, заедно со болничкиот кревет

Роднини и пријатели на пациент кој починал во струмичката болница насилно го зеле телото сосе болничкиот кревет и преку оградата...

Досие