Контакт

Македонија

Заев: Писмото е светлина за секој човек и никој не смее да биде исклучен од ова основно човеково право

Објавено пред

Со промоција на инклузивната сликовница-буквар со наслов „Буква по буква – азбука” создадена во три форми на азбука (кирилица, знаковниот јазик и брајовата азбука), со кои луѓето без и со попреченост комуницираат меѓу себе, беше одбележан празникот на сесловенските учители и просветители Светите браќа Кирил и Методиј.

Премиерот Зоран Заев истакна дека оваа сликовница, како дел од проектот „Правото да читаш не е посебна потреба“ на здружението на граѓани „Свет на различни и еднакви“ е револуционерна новина кај нас, којашто ги задоволува потребите на сите читатели и овозможува да ја читаат деца со и без попреченост на видот, но и возрасни лица со оштетен вид да можат самите да им читаат на своите деца и внуци.

Со оваа сликовница, децата и возрасните без пречки во видот имаат ретка можност, покрај своето да го запознаат и брајовото писмо, кое го употребуваат децата и возрасните кои не можат да гледаат.

„Посебна симболика претставува што оваа промоција се одржува на Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј, кои, пред нешто повеќе од 12 века, спроведоа неколку мисии во Мала Азија и Европа, откако претходно ја создадоа глаголицата на која ја преведоа Библијата за да го шират словото Христово на јазик близок на словенските народи. Нивната мисија на обединување на словенските со другите народи на Европа пред нешто повеќе од 1.150 години, покрај христијанизацијата на словенските народи, имала и извонредно и единствено историско-културолошко и епохално просветителско значење”, рече премиерот Заев.

„Писмото и описменувањето е светлина за секој човек и никој не смее да биде исклучен од ова основно човеково право кое секоја напредна заедница мора да им го обезбеди на сите свои сограѓани без исклучок. Затоа оваа, како и претходната книга на македонски и на албански јазик, со празнична содржина под наслов „Новогодишна сказна“, исто така напишана и на Брајовото писмо, ја сметам за исклучително значаен придонес на авторката Гордана Симоновска-Момироска и на издавачите кои стојат зад овој благороден потфат“, оцени Заев.

„Тоа го сметам за заедничко вложуваме во вистински вредности. На овој начин оставаме белег на нашето време што ќе ја збогати литературата за деца и млади со нови разиграни, ведри и поучни инклузивни изданија кои ќе влезат во многу домови, градинки, училишта, библиотеки и ќе останат во трајно наследство за детската книжевна ризница“, рече Заев, додавајќи дека проектите се со цел, алатките кои описменуваат да бидат подостапни до сите кои сакаат правилно да го говорат македонскиот јазик и како поттик кон сите кои сакаат да творат на македонски јазик“, нагласи премиерот.

Во присуство на повеќе соработници на проектот, покрај премиерот Зоран Заев, се обратија и претседателката на Здружението „Свет на различни, а еднакви“ и поетеса и авторка на букварот, Гордана Симоновска-Момироска и рецензентот и промотор, Горјан Петрески.

На денешниот настан по повод одбележувањето на празникот 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј и на кој беа прочитани дел од со стиховите на книгата „Буква по буква по буква –азбука“ и на кој поетесата Симоновска-Момироска му го предаде како подарок на премиерот Заев првото издание на инклузивната сликовница „Буква по буква –азбука“ присуствуваа и министерките за образование и наука Мила Царовска, за култура Ирена Стефоска, за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, министрите за надворешни работи и здравство, Бујар Османи и Венко Филипче, како и многубројни соработници на проектот и љубители на пишаниот збор.

Македонија

Пристигна нова пратка од 12.870 вакцини на „Фајзер“, потврди Министерството за здравство

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека денеска пристигна нова пратка од вкупно 12.870 дози вакцини на „Фајзер“ во државата. Станува збор за редовната пратка која ја добиваме секој понеделник од кои 8.190 дози се од билатералниот договор со производителот „Фајзер“, а 4680 во рамките на програмата „Тим Европа“ (Team Europe), велат од здравство.

Во текот на утрешниот ден се очекува да пристигнат 20.000 вакцини на „Астра зенека“.

Оваа донација, велат од ресорното министерство е многу значајна за нас.

Од таму упатуваат благодарност до грчкиот народ и до амбасадорот на Република Грција во нашата земја, Русос Кундурос.

Пристигнувањето на новите дози на вакцини се одвива навремено и согласно ова имунизацијата има одличен тек, потенцираат здравствените власти.

Прикажи повеќе...

Македонија

Процесот на европската интеграција на РСМ, во фокусот на средбата меѓу Заев и Радев

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев, денеска, во завршницата на Самитот на НАТО во Брисел оствари средба со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев.

На средбата, на која присуствуваа и заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, како и министерот за одбрана на Република Бугарија, Ѓеорги Панајотов во фокусот на разговорот беше перспективата за постигнување на реален исчекор во процесот на европската интеграција на Република Северна Македонија.

Претседателот на Република Бугарија Румен Радев ја подвлече принципиелната и континуирана поддршка за иднината на Република Северна Македонија во ЕУ, како и очекувањето на Бугарија за непосреден и активен политички дијалог низ кои ќе бидат разрешени отворените прашања во меѓусебните односи.

И Румен Радев и Зоран Заев го истакнаа позитивниот знак во односите меѓу двете земји, што шефовите на државите на Република Бугарија и на Република Северна Македонија го постигнаа со нивната заедничка посета во мај на Рим и Ватикан, за да им оддадат почит на светите браќа Кирил и Методиј, е нагласено во соопштението од кабинетот на Заев.

На средбата била истакната и заедничката волја за постигнување одржливи резултати во градењето добрососедски односи меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија, за исполнување на очекувањата на граѓаните во двете земји.

Билатералното партнерство во областа на безбедноста и одбраната, и можноста за проширување на соработката во областа на воената обука и размената на кадети меѓу двете земји, беше исто така дел од темите за кои во Брисел разговараа претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и претседателот на Република Бугарија Румен Радев.

На средбата беше договорена посета на премиерот Заев на Софија, која е предвидена да се случи оваа недела.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев-Јанша: Поддршката на двете земји е влог во европската иднина на Северна Македонија

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев, на маргините на Самитот на НАТО во Брисел, оствари средба со премиерот на Република Словенија, Јанез Јанша, информираат од неговиот кабинет.

На средбата, на која присуствуваа и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, премиерот Заев, во свое име, во име на Владата и на народот на Северна Македонија, изрази благодарност за континуираната поддршка на Словенија за процесот за евроинтеграцијата на нашата земја, која уште еднаш беше реафирмирана на последната сесија на процесот Брдо-Бриони со декларацијата за важноста за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, стои во писменото соопштение.

Премиерот Заев ги оценил како извонредни напорите на претседателството на Португалија со Европскиот Совет и понудениот предлог да се деблокира пристапниот процес за нашата земја и истакнал дека предложените решенија ги имаат потребните елементи да продолжи дијалогот Скопје-Софија и да се одржи првата меѓувладина конференција со ЕУ како чекор кон исполнување на безусловната препорака за почеток на преговорите со Северна Македонија.

Во однос на билатералните односи, како заеднички интерес на оваа средба, двајцата премиери изразиле подготвеност да ги забрзаат подготовките и за првата заедничка седница на владите на двете земји, од која се очекува да биде поттикнат потенцијалот од економските врски, како и интересот и подготвеноста на деловните заедници на Северна Македонија и Словенија за подинамична соработка.

На средбата беше истакнато задоволството што интересот за инвестиции на словенечката деловна заедница е насочен кон поттикнување соработка во областа на банкарскиот систем, земјоделството, животната средина, енергијата, дигитализацијата, туризмот, особено во користењето на термалните води, што се совпаѓа и со интересите на Северна Македонија за стратешки развој во овие области, пишува во владиното соопштение.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Заев од НАТО Самитот 2021: Трансатлантското семејство е силно како никогаш порано

Премиерот Зоран Заев, заедно со лидерите на земјите членки на НАТО, учествуваше во централниот работен дел на годинешниот Самит на...

Свет10 часа

Бајден: Напад врз една членка на НАТО е напад врз секого

Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Брисел рече дека колективната одбрана на НАТО, принципот дека нападот врз една членка се...

Свет12 часа

Земјите од НАТО заеднички ќе се бранат и од напади во вселената

Проширувањето на членот 5 од договорот за основање на НАТО, кој денеска ќе биде продолжен, им овозможува на членките на...

Македонија12 часа

Четири нови случаи на Ковид-19, починал 66-годишен скопјанец

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.337 тестирања, а регистрирани се четири нови случаи на...

Европа13 часа

Во Германија најнизок број на новозаразени во последните 9 месеци

Во Германија е регистриран најмал број на новозаразени од коронавирус на дневно ниво во последните девет месеци, па официјалните лица...

Економија14 часа

Од полноќ се зголемуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,15%...

Македонија15 часа

Груби и Мерко за рушењето на платформите во Струга: Зелената агенда е веќе во акција

Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби, заедно со министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, и...

Регион15 часа

Хрватска ги промовира ковид-автобусите

Министерот за здравство на Хрватска, Вили Берош, и директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Цапак, промовираа вакцинација со...

Македонија15 часа

Бројот на ковид-пациенти во македонските болници падна под 100

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во...

Македонија17 часа

Кризниот штаб предлага да се укине полицискиот час, на свадба да може да има повеќе од 100 гости

Кризниот штаб ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести, меѓу кои е и укинување на полицискиот час од среда,...

Свет17 часа

Кавалери од ЕМА реагира дека погрешно е цитиран: „Вакцината на ‘Астра зенека’ е добра за сите возрасти“

Марко Кавалери, шеф на работната група за коронавирус во Европската агенција за лекови, рече дека вакцината на „Астра зенека“ има...

Македонија18 часа

Македонија првпат на самит на НАТО како полноправна членка

Во Брисел денеска се одржува самит на НАТО на кој Македонија ќе го има своето прво учество како полноправна членка...

Спорт1 ден

Ангеловски: Нема разочарување, имаме уште два натпревари!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски по натпреварот со Австрија изјави дека репрезентацијата не успеала да се соземе...

Спорт1 ден

Пандев: За нас ова е големо искуство, жал ми е за навивачите

Фудбалската репрезентација на Македонија безмалку 80 минути имаше нерешен резултат во дуелот со Австрија, но во последните минути Австријците со...

Спорт1 ден

Македонија со пораз од Австрија на стартот на ЕП

Замените на австрискиот селектор Фода – Грегорич и Арнаутовиќ беа кобни за македонскиот национален тим во првиот меч на едно...

Македонија2 дена

За првпат по 9 месеци, во Македонија нема починат од коронавирус

За прв пат по 2 септември 2020, во Македонија не е забележан ниту еден смртен случај од Ковид-19, во изминатото...

Европа2 дена

ЕМА: „Астразенека“ да не се дава на постари од 60 години

Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека треба да се избегнува вакцината „Астразенека“  за лица над 60 години, поради стравувања...

Топ2 дена

Полицаецот по кој се трагаше е пронајден починат во водите на Брегалница

Во возило во водите на Брегалница е пронајдено е телото на 51 годишниот полицаец Т.С. од Делчево, кој беше пријавен за...

Македонија2 дена

Османи: Ќе вложам напори во среда да бидам во Скопје за да се обратам пред Комисијата

Ќе ги вложам сите напори да ја прекинам тековната дипломатска офанзива за во среда на неколку часа да бидам во...

Спорт2 дена

Селекторот Ангеловски емотивен: Вие сте моите херои!

Пред денешното деби на Македонија на Европското првенство, на натпреварот во Букурешт против Австрија, селекторот Игор Ангеловски на Инстаграм сподели...

Досие