Македонија
Заев пред амбасадорите на земјите членки на ЕУ: Во дијалогот со Бугарија имаме црвени линии за кои не се преговара

Во просториите на Владата вчера се одржа редовниот годишен состанок на шефовите на дипломатските мисии на државите членки на ЕУ во земјата, на која премиерот Зоран Заев ги информира амбасадорите за актуелните и најважни активности во процесот за интеграција на земјата во ЕУ.
Како што информираат од владината прес-служба, пред амбасадорите, предводени од шефот на делегацијата на ЕУ, Дејвид Гир, Заев детаљно го образложил континуитетот на реформските процеси додавајќи дека членството на Северна Македонија во ЕУ нема алтернатива и дека е важно да се продолжи дијалогот со Бугарија во духот на меѓусебно почитување.
„Истовремено, остануваме цврсто определени за одредени прашања, кои се наши црвени линии, како што е македонскиот идентитет и македонскиот јазик, за нив не преговараме“, нагласил Заев.
За време на дебатата премиерот ја поздравил изразената поддршка за проширувањето од страна на амбасадорката на Португалија, Вирџинија Пина, додавајќи дека е многу важен ставот на португалското претседателство дека почетокот на преговорите со Северна Македонија е меѓу приоритетите.
Премиерот воедно изразил благодарност за поддршката на Брисел за вклучување на земјите од Западен Балкан во набавката на вакцини против Ковид-19 и изразил очекување дека ќе има забрзување на оваа постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Вакцинацијата со руската вакцина во Македонија ќе почне в среда

Вакцинацијата со руската вакцина „спутник в“ во Македонија ќе почне в среда, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Вакцините ќе пристигнат утре на скопскиот аеродром.
„Ги добивме од руската компанија сите потребни документи, и во текот на викендов, многу веројатно е дека во среда ќе почне вакцинацијата, а утре ќе пристигнат на аеродромот во Скопје во 14 часот“, кажа Филипче.
Тој претходно најави дека првин ќе пристигнат 3.000 вакцини од Русија.
Филипче кажа дека од кинеската вакцина се очекуваат 200.000 дози, а една одредена количина може да дојде наскоро, но не се знае кога точно.
Од руската вакцина се очекуваат, исто така, вкупно 200.000 дози. На прашање колку вакцини имаме договорено на хартија, Филипче рече дека станува збор за 2,2 милиони договорени дози.
Македонија
(Видео) Ѓорчев: Кенија, Руанда, Судан, Гамбија и Сенегал набавија вакцини, фијаско на Заев и Филипче

Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ ги обвини премиерот Зоран Заев и министерот за здравство, Венко Филипче, за фијаско со набавката на вакцини и побара оставка од нив.
„Со набавката на вакцини се случува дебакл и фијаско. За една година, за една цела година колку што имаа можност да нарачаат и да набават вакцини, тие само добија една кутија милостина со просење, и ништо повеќе. Ќе ви прочитам неколку примери од земји кои што вчера добија огромни количини на вакцини. Еве ги примерите: Вчера Кенија доби еден милион вакцини од „АстраЗенека“, Руанда 340.000 вакцини, Судан 800.000, Гамбија 36.000 вакцини, Сенегал 324.000 вакцини. Пред неколку дена Молдавија доби 21.000 вакцини од ЕУ“, рече Ѓорчев.
Тој обвини дека владата на Зоран Заев и Венко Филипче не добила ништо.
„Одговорноста е голема, одговорноста ја плаќаат граѓаните со животи. Секој ден во Македонија се умира, а веќе имаме и ситуација каде што 10-15 животи дневно, 10-15 човечки души, 10-15 семејства веќе речиси и да не се вест за Зоран Заев и неговите министри. Тоа е неподнослива леснотија на умирањето. Од тие причини веднаш и час поскоро треба да си поднесат оставка. Ова што се случува со вакцините во Македонија, со немањето на имунизација е катастрофа, дебакл и фијаско кое што секој ден граѓаните на Македонија го плаќаат со изгубени животи“, рече Ѓорчев.
Македонија
Казнети 650 лица за неносење маска

Полицијата вчера казнила 650 лица за неносење маски.
„Во текот на изминатото деноноќие (05/06.03.2021) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 650 прекршоци“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од таму апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“