Контакт

Македонија

Заев со честитки за владата на Санчез: Очекуваме ратификација на протоколот за НАТО

Објавено пред

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, му упати честитки на шпанскиот премиер Педро Санчез, кој денеска успеа да добие мнозинство за да формира Влада.

„Честитки за добиеното мнозинство за формирање Влада. Шпанија продолжува прогресивно, што ќе овозможи стабилност и правичен развој на Европа“, напиша Заев во совјата твитер-порака до Санчез.

„Очекуваме навремена ратификација на нашиот НАТО протокол и се радуваме што наскоро ќе бидеме 30 сојузник во НАТО“, додава лидерот на СДСМ.

Шпанскиот парламент денеска донесе одлука да му додели нов владин мандат на лидерот на социјалистите Педро Санчез, со тоа ставајќи крај на политичкиот ќор-сокак во земјата кој траеше скоро една година.

Санчез е избран со тесно мнозинство од 167 гласови „за“ и 165 „против“, со 18 воздржани, пренесе агенцијата АП.

Неговата Социјалистичка партија ќе ја предводи левичарската коалиција со партијата Подемос (Можеме).

Санчез (47) беше на чело на привремената влада од почетокот на минатата година.

Неговата партија лани победи во два наврата, но со недоволно мнозинство за да формира влада.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Советот за безбедност заседава во Вилата Водно за ситуацијата со Ковид-19

Објавено пред

Во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“ започна деветтата седница на Советот за безбедност на којашто се разговара за актуелната ситуација со пандемијата на Ковид -19 на територијата на Република Северна Македонија и мерките и активностите на надлежните институции.

На седницата, покрај редовните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски присуствува и министерот за здравство Венко Филипче.

Со цел справување со заразата, во моментов на сила се неколку мерки како намален капацитет на превозот на патници на 50%, скратено работно време на угостителските објекти до 23 часот, како и забрана за групирање на повеќе од 4 лица по 23 часот. Од денеска сите граѓани, освен оние кои спортуваат на отворено, децата под 6 години и некои други исклучоци, ќе мора да носат маски и на отворено.

За неносење на маска на отворено предвидена е парична казна од 20 евра. Мерките за носење на маска не важат за лица помлади од шестгодишна возраст и за лица со посебни потреби и пречки во развој. Забрането е групирање на јавен простор, паркови, јавни површини или било која површина на отворено, а казната е 500 евра.

Прикажи повеќе...

Македонија

Царовска: Развиваме концепт за целосна промена на наставните материјали

Објавено пред

Министерката за образование и наука Мила Царовска, денеска присуствуваше на презентација на резултатите од студијата –„Однесувања поврзани со здравјето кај адолесцентите на училишна возраст во Северна Македонија”, изработена од Коалицијата Маргини.

На презентацијата се зборуваше како стереотипите и дискриминацијата во содржините на учебниците влијаат врз однесувањето на младите, но и во самите училишни средини, семејството и другарување со врсниците.

„Министерството за образование веќе развива концепт за целосна и суштинска промена на наставните и дидактичките материјали за основно и средно образование кои поттикнуваат или ја засилуваат родовата нееднаквост и содржат стереотипи. Потребата од воведување на целосно нов систем за изработка на наставни материјали е резултат на постојаните реакции од јавноста, но и самите наставници за квалитетот на учебниците, долгите постапки за нивно одобрување, како и честите повлекување на учебници поради стереотипи, предрасуди, грешки и недоследности. Со воведувањето на целиот концепт од идната учебна година очекувам надминување на овие долгогодишни проблеми”, рече Царовска.

Резултатите од истражувањето нудат исклучително значајни информации, статистики и анализи за дефинирањето на родовите разлики и нееднаквости со мноштво фактори, ставови, однесувања, практики и здравјето на младите во државата. Но со нивните релации со општеството, родителите, и училиштето, со искуствата на врсничко, семејно и сексуално насилство, како и нивното ментално здравје.

Податоците користени во оваа публикација се добиени во 2018 година, на национален примерок од 4.685 ученици, на возраст на 11, 13 и 15 години, со настава на три наставни јазика, македонски, албански и турски. Истражувањето е спроведено според стандардизиран истражувачки протокол, во 149 основни и средни училишта, од сите региони во земјата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Здружение за заштита на правата: МВР нема воспоставено систем за заштита на вработените од коронавирус

Објавено пред

„Министерството за внатрешни работи продолжува да ги крши правата на вработените, десет дена по одлуката на Владата нема воспоставено систем за заштита на вработените од коронавирусот. Претставки со ваква содржина беа доставени изминатите денови до Здружението за заштита на работничките права (ЗЗРП)“, соопшти Здружението.

„Во претставките се наведува дека и покрај големиот број на заразени од коронавирусот во државата, од кои сериозен процент отпаѓаат на Министерството за внатрешни работи, се уште не направена реорганизација на работниот процес во насока на заштита на здравјето на вработените. Како пример се посочуваат нисокото ниво на хигиена, слабиот пристап до средства за дезинфкција, но и присуството на дури и до десет луѓе, групирани во простории каде што се задржуваат повеќе од 8 часа во текот на денот. Ваква состојба е детектирана во службите во рамки на Бирото за јавна безбедност, но и во рамки на Министерството за внатрешни работи, покажуваат претставките доставени до Здружението за заштита на работничките права (ЗЗРП)“, се наведува во соопштението.

„Прашуваме, кој е одговорен за големата бројка на заразени во Министерството за внатрешни работи и кој ќе сноси одговорност за евентуалното понатамошно галопирачко ширење на инфекцијата.
Воедно, го повикуваме Министерството за внатрешни работи, во најбрз можен рок да направи реорганизација со која ќе обезбеди соодветни услови за работа на вработените во оваа институција.Напоменуваме дека, секое непочитување на одлуките на Владата од страна на одговорните лица на институциите повлекува кривична одговорност и ги повикуваме вработените во оваа значајна институција своите права да ги бараат пред надлежните судски органи во државата.
Министерството за внатрешни работи има обврска да го заштити и чува здравјето на граѓаните, а тоа подразбира заштита и чување пред се на здравјето на своите вработени. Здравјето на населението е најважно и тука нема никакви компромиси, согласно законските прописи сите институции и организации имаат обврска на вработени да им овозможат работа во услови кои се сигурни и безбедни за нивното здравје“, велат од Здружението за заштита на работничките права.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

(Видео) Советот за безбедност заседава во Вилата Водно за ситуацијата со Ковид-19

Во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“ започна деветтата седница на Советот за безбедност на којашто се разговара за актуелната ситуација...

Економија1 час

АЕК ќе спроведува физибилити студија за влијанието на 5G мрежата врз здравјето на луѓето

Агенцијата за електронски комуникации наскоро ќе распише меѓународен тендер за избор на компанија која ќе изработи физибилити студија за влијанието...

Македонија1 час

Задолжителна самоизолација од закажувањето тестирање за Ковид-19, казните се 50 евра

Со новите законски измени, самоизолацијата е задолжителна при тестирање за Ковид-19 од закажување на тестот или самото тестирање, па се...

Свет1 час

Во нападот во Ница убиени се три лица, една жена е обезглавена

Во нападот што се случи во Ница, за кој се сомнева дека е терористички, убиени се три лица со нож,...

Македонија3 часа

МОН најави реформа на учебниците по честите реакции за грешки и стереотипи во нив

Министерството за образование и наука формира работна група која развива концепт за целосна и суштинска промена на учебниците за основно...

Македонија4 часа

Стапија во сила новите мерки – забрането е групирање по 22 часот, казната е 500 евра

Од денеска забрането е групирање на отворено на повеќе од четири лица по 22 часот, а казната за непочитување на...

Свет4 часа

Едно од ретките места во светот без коронавирус ги забележа првите два случаја

Маршалските Острови, едно од последните места во светот каде што немаше коронавирус, ги забележаа првите два позитивни случаја, пишува Би-би-си....

Македонија4 часа

Од денеска маските се задолжителни на отворено

Собранието синоќа со 53 гласови „за“, 26 воздржани и ниту еден глас против ги изгласа измените во Законот за заштита...

Македонија4 часа

Седница на Советот за безбедност за состојбата со коронавирусот во Македонија

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“, со почеток во 11 часот, ќе се одржи седница на Советот...

Европа14 часа

(Видео) Од петок карантин во цела Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон прогласи каратин од петок што ќе трае најмалку до 1 декември. „Бранот се рашири низ цела...

Македонија15 часа

Славјанка Петровска позитивна на коронавирус, качила температура додека била на седница во Собранието

Актуелната пратеничка во Собранието од СДСМ и поранешна дополнителна заменичка на министерот за внатрешни работи во техничката влада Славјанка Петровска...

Македонија15 часа

Во Скопје рекорден број новозаразени, Аеродром надмина 700 активни случаи

Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани рекордни 422 нови случаи на Ковид-19, а во тој период починале тројца...

Македонија17 часа

Рекордни 870 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа 14 лица

Во последните 24 часа во Македонија 14 лица починаа од коронавирус, а потврдени се 870 нови случаи од  2.647 тестирања,...

Свет18 часа

Германија воведе строги мерки: рестораните, кината и баровите ќе бидат затворени 4 недели

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека германските власти се согласиле на четиринеделен делумен карантин. Во овој временски период затворени...

Македонија21 час

МОН го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение

Министерството за образование и наука го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение поради несоодветна и дискриминирачка содржина. „Во...

Македонија22 часа

Пауновски: Нови вработувања ќе има в година, дотогаш ќе се снаоѓаме

Државниот пазарен инспекторат добил од Владата ветување дека в година ќе им бидат одобрени бараните 20 нови вработувања. Директорот на...

Македонија22 часа

Поради контакт со Спасовски, само едно лице е во изолација

Државниот санитарен и здравствен инспекторат издал само едно решение за изолација на лице што било во контакт со министерот за...

Македонија23 часа

Пожарникарите протестираа пред канцеларијата на Шилегов

Пожарникарите на мирниот протест пред канцеларијата на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, порачаа дека не се откажуваат од своето барање...

Македонија23 часа

Поранешениот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, осуден на шест години затвор

Поранешениот шеф на кабинетот на ексдиректорот во УБК, Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, е осуден на шестгодишна затворска казна во случајот...

Македонија23 часа

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – совет во учебник по македонски за шесто одделение

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – ова е совет во учебник по македонски за шесто одделение....

Досие