Контакт

Македонија

Заев: СПМ остана до крајот на средбата, таа е за ЕУ и НАТО

Објавено пред

СПМ остана до крајот на лидерската средба, таа, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, е за ЕУ и НАТО, изјави премиерот Заев на прашањето дали со тоа што од партијата на Љубисав Иванов – Ѕинго останале до крајот на состанокот во Клубот на пратениците, значи дека се окрупнува владејачкото мнозинство со уште една партија. Заев додаде дека не знае како тие ќе гласаат во Собранието.

Од Социјалистичката партија присутен беше пратеникот Љупчо Димовски. Оваа партија сè уште не е официјално излезена од коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, но подогло време во медиумите се говори дека е можно да се приклучи кон владејачкото мнозинство.

Инаку, СЈО веќе води постапка за Љупчо Димовски за крвавиот четврток, а за синот на пратеничката од СПМ, Владанка Авировиќ, Василије Авировиќ, во петок треба да има пресуда за случајот „Труст“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Алијанса за Албанците: Бегството на Никола Војминовски покажува дека затворите се изградени само за Албанците

Објавено пред

Неодамнешното бегство на Никола Војминовски и амнестијата на другите осуденици за 27 април покажува дека затворите се изградени само за Албанците, и осудените Македонци или треба да избегаат или да се амнестираат бидејќи таква била постојаната традиција на правосудниот систем во Македонија, секогаш со два стандарда, еден за Македонците и друг за Албанците, реагираат од Алијансата за Албанците во врска со информациите дека Војминовски, кој е осуден за обидот за убиство на Зијадин Села, избегал.

„Дека Македонија станува земја на чуда и дека тука има сé освен правда и владеење на правна држава, говори и бегањето на едниот од напаѓачите на лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, осуден на 13 години затвор за убиство во обид, Никола Војминовски, кој иако осуден за тешко кривично дело му се дозволи да остане во домашен притвор, наводно поради здравствени причини, каде што државните институции и МВР потклекнуваат пред криминалците и корумпираните“, велат од Алијансата за Абланците.

Овие бегства, велат од таму, координирани и поддржани од страна на власта СДСМ-ДУИ со помош на МВР и политизираните судови, по Законот за амнестија и бегството на Груевски, ја убиваат и последната надеж во Македонија дека некогаш ќе може да се врати правдата и дека криминалот во Македонија не се санкционира, туку честопати се охрабрувана, па дури и се наградува.

„Оваа власт која дозволува бегство на криминалец осуден на 13 години затвор за убиство во обид не може да ја заштити слободата на никого бидејќи криминалот и корупцијата длабоко метастазирале во политичкиот менталитет на сите влади, па и на сегашната“, велат од партијата.

Од таму упатуваат апел до Владата, Министерство за внатрешни работи, судовите и обвинителството да ја вршат својата работа во согласност со законот, да ги санкционираат сторителите на кривични дела или во спротивно ќе се сметаат како соработници во криминалот и ќе сносат морална и кривична одговорност.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Власта и опозицијата се договорија – Антикорупциска ќе има увид во банкарските сметки на функционерите

Објавено пред

Прашањето за директен увид во сметките на носителите на јавни функции е затворено, Државната комисија за спречување  корупцијаа ќе има право до директен пристап до банкарските сметки на функционерите, но и во над 60 други бази на податоци, изјави Снежана Калеска-Ванчева, пратеничка од СДСМ и коалицијата.

Таа рече дека од 40 амандмани кои беа доставени од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ прифатени се 20 коишто, како што рече, се во функција на зајакнување на текстот на Законот за спречување корупција.

Калеска-Ванчева рече дека не било прифатено да се дозволи воспоставување паралелен систем, односно орган што беше предлог од страна на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, преку барањето за формирање  национален совет.

Таа уверува дека Македонија ќе добие силна и независна институција за борба против корупцијата по европски стандарди.

„Пратеничката група на СДСМ и коалицијата остана доследна во одбраната на европските стандарди за воспоставување ефикасни механизми за спречување и борба против корупцијата. Македонија создава институција која никогаш повеќе нема да дозволи да се повторат криминалите од минатата власт“, рече Калеска-Ванчева.

Прикажи повеќе...

Македонија

На жителите од отсечените села на Скопска Црна Гора со хеликоптер им е доставена храна

Објавено пред

Центарот за управување со кризи (ЦУК), во координација со АРМ и со припадници на Црвениот крст денеска со хеликоптер на Армијата им доставија прехранбени продукти и други неопходни средства на жителите на селата Танушевци, Брест и Малино Маало.

„Екипите на тимовите што ги координираше ЦУК до овие населени места, кои се отсечени поради обилните снежни врнежи, пристигнаа со хеликоптер на АРМ и остварија контакти со населението и заради утврдување на нивните потреби од здравствени интервенции“, соопштија од Владата.

Во акцијата учествувале и стручни лица од ЕВН Македонија заради проверка на далноводот, за санирање на проблемите со електричната енергија.

Овие три села на Скопска Црна Гора речиси една недела се отсечени по обилните снежни врнежи.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 минута

Путин под силно обезбедување доаѓа во Србија

Рускиот претседател Владимир Путин денеска треба во притигне во долгонајавуваната посета на Белград. Како што е најавено на белградскиот аеродромот...

Свет33 минути

Исчезната германска туристка пронајдена мртва во австралиската дивина

Телото на една германска туристка, која исчезна претходно овој месец, било пронајдено во средата во пеколно жешката австралиска пустелија, соопшти...

Свет1 час

Планот на САД за Блискиот Исток: 90 отсто од Западниот Брег за Палестина и поделен Ерусалим

Планот за мирно решавање на кризата на Блискиот Исток, кој го подготвува администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, ќе биде...

Регион10 часа

Ципрас ја доби довербата од Парламентот

Со 151 глас, Владата на грчкиот премиер, Алексис Ципрас, ја доби довербата во Парламентот по дебатата која траеше два дена....

Европа12 часа

Преживеа Владата на Тереза Меј

Владата на британската премиерка Тереза Меј вечерва ја доби довербата од Парламентот. 306 пратеници гласаа против Меј, а 325 за неа....

Македонија13 часа

(Видео) Власта и опозицијата се договорија – Антикорупциска ќе има увид во банкарските сметки на функционерите

Прашањето за директен увид во сметките на носителите на јавни функции е затворено, Државната комисија за спречување  корупцијаа ќе има...

Македонија16 часа

Избега еден од осудените напаѓачи на Села, распишана е потерница

Никола Војминовски, кој е осуден на 13 и пол години затвор за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села на...

Економија16 часа

И официјално заврши стечајот за „Фени“, апелација ги одби жалбите

Судот во Велес денес соопшти дека е правосилно одобрен планот за реорганизација на „Фени индустри“ од Кавадарци со што и...

Македонија16 часа

Меѓународна криминална група осомничена за кражби од сефови во македонски банки

Обвинителството отвори истрага против седум лица, и тоа четворица државјани на Украина и по еден државјанин од Молдавија, Казахстан и на...

Македонија18 часа

(Видео) Анкета: Џабе ни е јазикот кога младите си заминаа во странство

„Џабе ни е двојазичност кога младите континуирано бегаат од државата. Заев само зборува, зборува на празно, каде е таа плата...

Македонија18 часа

Три илјади анкетни листови за имотот на функционерите заглавени во антикорупциската комисија

Повеќе од 60 претставки за корупција и триесетина предмети за судир на интереси стојат во фиоките на Државната комисија за...

Македонија18 часа

(Фото) Олимпија фати морбили

Посине споменикот на мајката на Александар Македонски, Олимпија, која се наоѓа на плоштадот Карпошово востание. На спомениците на Олимпија и...

Македонија19 часа

Скопјани принудувале малолетничка на проституција

Обвинителството отвори истражна постапка за трговија со дете кога било пријавено дека двајца скопјани принудувале 16-годишно девојче да врши полови...

Македонија20 часа

(Видео) Лашкоска: СДСМ нема намера да донесе квалитетен закон за спречување корупција

СДСМ нема намера да донесе квалитетен закон за спречување корупција. Сака насилнички со ЕУ-знаме да го протурка без дебата. Третпат...

Македонија20 часа

Претседателот на грчкото собрание смета дека договорот од Преспа е историски моќен

Претседателот на грчкиот парламент, Никос Вуцис, рече дека пратениците со јасно мнозинство треба да го изгласаат преспанскиот договор, бидејќи, како...

Македонија20 часа

Цаноски бара 40 милиони евра отштета за уривањето на „Космос“

На денешното судско рочиште за предметот на СЈО, ТНТ, за уривањето од политичка омраза на комплексот „Космос“, бизнисменот Фијат Цаноски...

Македонија22 часа

Братот на Заев, Вице, го тужи Александар Николоски за клевета

Во Основниот суд Скопје 2 се одржа подготвителното рочиште за тужбата за клевета на братот на премиерот Заев, Вице Заев,...

Македонија22 часа

Путин: Постои надворешен притисок за зачленувањето на Македонија во НАТО

Кога станува збор за ситуацијата на Балканот, тогаш може да се каже дека тука сериозен дестабилизирачки фактор претставува политиката на...

Регион23 часа

Романија ја претстави програмата за претседавање со ЕУ

Романската премиерка, Виорика Данчила, вчера пред Европскиот парламент ги презентира приоритетите на романското претседателство со Европската Унија. „Првата фаза ќе...

Вести23 часа

Грчкиот парламент ќе гласа недоверба на владата на Алексис Ципрас

Денеска во грчкиот парламент продолжува седницата на чиј дневен ред е една точка – недоверба на владата на Алексис Ципрас....

Досие