Македонија
Заев-Јанковиќ: Соработката продолжува на највисоко ниво, Македонија прави импресивни чекори на патот кон НАТО и ЕУ

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска во посета го прими новоименуваниот шеф на Канцеларијата за врски на НАТО во Македонија, Зоран Јанковиќ, со кој разговара за аспектите на одбраната на реформите во безбедносниот сектор и членството на Македонија во НАТО.
Претставникот на НАТО, Јанковиќ, ги поздрави храбрите чекори што актуелната Влада ги презема во поглед на имплементирање на реформите и подготвеноста на земјата да стане дел од алијансата.
Тој исто така изрази уверување дека успешната соработка со македонската Влада ќе продолжи истакнувајќи дека тој и експертите во Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје се отворени за континуирана соработка на
највисоко ниво.
На средбата премиерот Заев го запозна претставникот на НАТО со политичките настани во земјата истакнувајќи дека неговото стапување на должност е во време кога граѓаните на Македонија ја пишуваат својата историја и дека политичките прашања се затворени и земјата е подготвена да продолжи кон исполнување на евро-атлантските аспирации.
Тој истакна дека Владата и граѓаните на Македонија се посветени на исполнување на реформите, кои се значајни за евроинтеграциите и за влез во НАТО. Нагласи дека земјата останува посветеноста да го одржи континуитетот на процесите, кои веќе забрзано ги исполнува, меѓу кои и учеството на Македонија во операциите, мисиите, предводени од НАТО, оценувајќи ги како важен дел за безбедноста на државата, за регионот и пошироко, за исполнување на конечната цел – во 2019 да станеме членка на НАТО.
Премиерот Заев истакна и дека во таа насока се и договорите за добрососедство и пријателство склучени со Бугарија и Грција, како и одржувањето добри односи и немањето отворени прашања со сите соседи на Република Македонија, што е основа за ширење на идејата за зајакнување на безбедноста на сите држави во регионот и пошироко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ: За рангирањето на Шангајската листа ВМРО-ДПМНЕ нека се обрати кај татиниот асистент Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ е последната партија која може да зборува за образование, откако 11 години истото систематски го уништуваше, реагира СДСМ.
„За рангирањето на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ и други универзитети на Шангајската листа ВМРО-ДПМНЕ нека се обрати кај нивниот претседател Христијан Мицкоски.
Мицкоски е професор на Машинскиот факултет при УКИМ, на тој ист факултет магистрирал и докторирал, а на истиот тој факултет професор бил и неговиот татко.
Мицкоски своевремено бил асистент кај сопствениот татко, што е врв на непотизам.
Ете така Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги замислуваат реформите во високото образование, градење кариера преку непотизам, роднински и пријателски врски.
Христијан Мицкоски е симбол на непотизам, а неговата ВМРО-ДПМНЕ симбол на деструктивност и дејствување на штета на интересите на граѓаните и државата“, се наведува во реакцијата на СДСМ.
Македонија
Кочоска Димитриеска: СДСМ е здружена криминална банда со ДУИ

„Министерката за култура воопшто не се огради, не пак да го осуди настанот. Повторно морам да кажам, зборуваме за потрошени пари на граѓаните на Република Македонија и најголем дел од нив преку таа прослава и исвиркувањето на некој начин се навредени нашиот идентитет, нашиот јазик“, изјави потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска-Кочоска одговарајќи на новинарско прашање за немањето осуда од страна на власта за исвиркување на македонскиот јазик за време на прославата за Рамковен.
Димитриеска Кочоска која присуствуваше на присуствуваше на протестот на оризопроизводителите во Оризари посочи како да очекуваме да не почитуваат нашите соседи, кога самите не се почитуваме и додаде дека СДСМ не го осудува ова однесување затоа што треба да си го осудат коалициониот партнер со кој се заедно во криминалите.
„Треба да излезат и да го критикуваат коалициониот партнер, а тоа е ДУИ. Но тоа е една здружена криминална банда која заради криминал и корупција ќе ги премолчи сите работи. Оттука министерката за култура нема храброст да искоментира што било“ рече Димитриеска-Кочоска.
Македонија
Бугарските историчари прогласија победа: „Ќе продолжиме да ги браниме позициите и за јазикот, браќата Миладиновци и Гоце Делчев“

Двегодишната битка за одбрана на позицијата на Бугарија во историските спорови со Северна Македонија ја достигна првата победа. Ова се наведува во ставот на бугарската Национална платформа „За Македонија“ во која членуваат бугарски професори – историчари и лингвисти.
Оттука предлозите на историската комисија ги оценуваат како победа за бугарската историска наука. Велат дека колегите во Скопје официјално го препознале очигледното, кое и тие многу добро го знаеле.
„Цар Самуил е бугарски цар, учениците на Кирил и Методиј на покана на кнезот крстител Борис-Михаил го шират својот збор низ целото бугарско кралство, Преслав и Охрид се бугарски книжевни центри. Сето тоа треба да биде запишано во детските учебници во Северна Македонија“, велат бугарските историчари.
Сметаат дека кон победата придонела посетата во јуни на Европскиот парламент во Стразбур на говорниците на Националната платформа „За Македонија“ професорите Николај Овчаров, Ана Кочева, Пламен Павлов и Спас Ташев, претставници на Бугарската академија на науките и Универзитетот Велико Трново „Св. Кирил и Методиј“.
„Ќе потсетиме дека токму во тоа време се слушаа гласови од владата на Четирикратната коалиција дека ‘доста е со оваа историја’, ‘да им свртиме грб на историските проблеми’ итн. Но, нашите гласови се слушнаа и беа вградени во т.н. француски предлог, прифатен во двете земји. Се надеваме дека и во иднина ќе продолжиме да ги браниме бугарските интереси во споровите за јазикот и за личности како браќата Миладиновци и Гоце Делчев“, наведуваат тие.