Контакт

Македонија

Заев ќе го бара мандатот за состав на Влада од Иванов

Објавено пред

 

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, партија која на изборите одржани на 11 декември обезбеди 49 мандати, собра 67 потписи од пратеници во Собранието, а се очекува во понеделник да ги достави до Претседателот Ѓорге Иванов, и да побара мандат за формирање нова влада.

„Следува период каде ќе се посветиме на поставување на квалитетна владина програма која ќе ја реализираат одговорни политичари, кои ќе водат реална политика, таква каква што избраа граѓаните на Македонија“, соопштија од СДСМ по изборот на Заев за мандатар за состав на влада.

Откако ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не успеаја да формираат Влада, Иванов рече дека мандатот ќе го даде на онаа партија која ќе собере 61 потпис, или просто парламентарно мнозинство.

Лидерот на СДСМ ги доби потписите од БЕСА (5 мандати) и од Алијансата за Албанците (3 мандати). Зијадин Села од Алијансата, пред почетокот на седницата на Централното претседателство на партијата, рече дека тие се подготвени да бидат дел од владата, но ако бидат прифатени точките од заедничката платформа на партиите на Албанците.

Партијата на Али Ахмети, ДУИ, му даде поддршка на лидерот на СДСМ во потписи од десет пратеници, но се уште нема одлука дали ќе партиципира во власта. ДУИ во понеделник решава дали ќе учествува во влада со договор за коалицирање или преминување во опозиција со поддршка на малцинска влада.

Од кабинетот на Иванов пак велат дека нема никаква официјална најава дека некој ќе го побара мандатот од Претседателот./крај/мф

Најново

Спорт6 часа

(Видео) Бод за Јувентус на Сардинија

Фудбалерите на Каљари и Јувентус ремизираа 1:1 (1:0) во натпреварот од шестот коло на италијанската Серија А. Вечерва, Каљари не...

Спорт7 часа

Хамилтон по трката во Сингапур завршил на медицински прегледи

Луис Хамилтон мораше да помине медицински прегледи по завршувањето на трката во Формула 1 за Големата награда на Сингапур. Луис...

Спорт7 часа

(Видео) Винисисус како Калимеро: Нема правда, само јас секогаш добивам картони

Винисиус му се извини на Реал Мадрид и се пожали на двојните стандарди на судиите по бизарното исклучување во минималната...

Спорт7 часа

(Видео) Милан ремизираше со Сасуоло

Во средбата од шестото коло од Серија А на стадионот Мапеи во Реџо Емилија, Сасуоло и Милан одиграа без победник...

Спорт8 часа

(Видео) Сити со играч повеќе победи на „Енфилд“

Фудбалерите на Манчестер Сити победија во Ливерпул со 3:0 во дербито на шестото коло од Премиер лигата, прво за „граѓаните“...

Свет8 часа

Зеленски: Русија продолжи да ја напаѓа енергетската инфраструктура по најавата за примирје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека продолжила со нападите врз украинската енергетска инфраструктура веднаш по најавата на американскиот...

Македонија9 часа

Од утре променливо облачно со повремени врнежи од дожд и засилен северозападен ветер

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, следува период на променливо облачно време, наместа со повремени врнежи од дожд....

Свет9 часа

Полската полиција уапси маж осомничен за планирање напад врз премиерот Доналд Туск

Полската полиција уапси маж кој упатувал закани и планирал напад врз полскиот премиер Доналд Туск, соопшти министерот за внатрешни работи...

Црна хроника9 часа

МВР го откри мотоциклистот што возеше на едно тркало во Скопје, немал возачка дозвола

МВР го идентификуваше мотоциклистот кој на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје возел на едно тркало и го загрозувал сообраќајот. Против...