Македонија
Заев: 80 отсто повисоки стипендии за поддршка на студентскиот стандард

Премиерот Зоран Заев и министерката за образование и наука, Мила Царовска, денеска се обратија пред студентите и професорите на Природно-математичкиот факултет во Скопје по повод новата академска година и првиот академски час и им посакаа успешна академска година и висока мотивираност во остварувањето на академски успеси.
На настанот присуствуваа и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Никола Јанкуловски, и деканот на Природно-математичкиот факултет, Александар Скепаровски.
Во оваа пригода премиерот Зоран Заев истакна дека Владата и Министерството за образование и наука остануваат посветени на градењето квалитетно високо образование и продолжуваат со креирањето програми и политики за поддршка на студентскиот стандард и за современи услови за настава, како и за спроведување на научноистражувачките проекти на факултетските институти.
„Значително ја променивме политиката за стипендирање студенти со цел да се излезе во пресрет на што повеќе млади, со повисоки месечни износи со кои студентите навистина ќе ја почувствуваат поддршката што државата им ја обезбедува во текот на образовниот процес. Па, така, за повеќето од категориите студентски стипендии, месечните износи се зголемени, некаде и над 80 %. Ве поттикнувам да ги прифатите овие можности, кои во голема мера ќе ви го олеснат студирањето“, порача Заев.
Тој истакна дека од оваа година почна и поддршката на студентите со субвенционираниот студентски оброк.
На студентите на Природно-математичкиот факултет во Скопје премиерот Зоран Заев им порача дека со својот академски избор направиле чекор кон квалитетно и меѓународно валоризирано образование, на високообразовна институција, која е дел од европската академска мрежа „Еразмус“.
Премиерот им посака успешна академска година на студентите и професорите на сите факултети во земјата и истакна дека е особено важно што со почетокот на оваа академска година наставата и другите активности се враќаат во амфитеатрите, кабинетите и во лабораториите на студентските кампуси со задолжителното почитување на протоколите за организирање и спроведување на наставата и другите академски активности во услови на пандемија.
Министерката за образование и наука, Мила Царовска, на студентите им посака успешна академска година и посветено студирање, кое ќе ги подготви за предизвиците што ги очекуваат понатаму во животот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Приведен крадец од Битола, одземеното вратено на сопственикот

Вчера од страна на полициски службеници од полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола на стариот пат Прилеп – Битола бил лишен од слобода А.М. (38) од Битола, кој управувал патничко возило”опел” со битолски регистарски ознаки.
Тој е осомничен за извршена тешка кражба во РЕК Битола, од каде се одземени ролни железо од Рудникот Брод, сопственост на РЕК Битола.
Пронајдените предмети се вратени на сопственикот, а по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.
Македонија
Спасовски: Лажните дојави за бомби се од група од Македонија и ќе одговараат за тероризам

Набргу група македонски државјани ќе добијат кривични пријави за тероризам и ќе одговараат за лажните дојави за бомби во училиштата и други објекти, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Коментирајќи ги обвинувањата на опозицијата дека фаворизира одредени криминални групи, Спасовски тврди дека нема селекција во борбата против криминалот.
– За нас беше многу важно безбедноста на граѓаните, учениците на наставниот кадар да биде на највисоко можно ниво и во тој дел апсолутно не е променето ништо со протоколите, значи безбедноста мора да се сочува на едно високо ниво. Веќе поднесовме една кривична пријава против еден малолетник и практично навлегуваме во една група на лица коишто учествувале во праќањето на дојавите по електронски пат и токму користењето на VPN адреси итн и сме во позиција за која за многу скоро време целата таа група ќе биде комплетно разоткриена, – вели Спасовски во интервјуто.
На прашањето зошто било потребно толку време да се разоткрие групата и да се направат нови безбеносни протоколи во училиштата Спасовски вели дека „за секоја работа треба да има добра подготовка“.
– Индикативно е како од моментот на донесувањето на новите протоколи од утредента имаме сериозно намалување или престанување на дојавите. Тоа само укажува дека интензивно се работеше не само кон подготовка на процедурата, туку и во делот на истрагите. И ние само ја детектиравме таа криминална група која се занимаваше со ваквите дојави, за голем дел од дојавите за поголем временски период и за повеќе институции во коишто беа дојавите. Секако дека постои и другата тенденција, а тоа е геостратешките интереси коишто се испреплетуваат во државата, – вели Спасовски за РСЕ.
Тој е дециден дека дојавите за бомбми потекнуваат од македонски државјани.
Македонија
65 пијани возачи санкционирани на територија на СВР Битола

Во текот на изминатата вечер (25/26.03.2023) во периодот од 23.00 до 05.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, се вели во соопштението оттаму.
При контролата биле санкционирани 65 возачи.Од нив 7 на територија на Битола, 50 во Прилеп, по 2во Ресен и Крушево,3 Македонски Брод и еден во Демир Хисар. За време на контролата биле санкционирани и 51 други видови прекршоци.
Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови, па оттука од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.