Контакт

Дијаспора

Заедницата на Македонците од Канада бара да се спречи промената на името

Објавено пред

„Владеење на правото, демократските принципи, човековите права и почитување на волјата на народот“, се вредностите според кои западните земји, наводно, се водат, но сепак тие брутално ги кршат овие вредности со процесот што ѝ го наметнаа на Република Македонија со цел да ги сменат името, идентитетот и историјата на Македонија и на сите Македонци во светот. Ова се однесува и на деловите на Македонија распарчени во 1913 година и поделени меѓу Србија/Југославија (сега независната Република Македонија), Бугарија, Грција и подоцна Албанија.
Македонците нема да го толерираат бришењето на една цела етничка група со цел да се реализираат желбите на нашите угнетувачи и да се задоволат целите на западниот империјализам. Ниту една личност, која тврди дека ги почитува човековите права, не би смеела да го толерира ова, се вели во соопштението на Заедницата на Македонците од Канада.

Тие ги осудуваат секоја употреба на илегалното и наметна име Северна Македонија и расистичкиот израз северни Македонци кога тие се употребуваат место Република Македонија и Македонците.

„Ја осудуваме употребата на осумкракото сонце на знамето, кое беше создадено за да се задоволи нашиот најголем угнетувач – Грција. Ова знаме ќе биде отстрането од сите македонски цркви, објекти и од сите македонски настани во Канада, ги осудуваме сите обиди да се смени името на Македонската православна црква, вклучително и актуелниот обид да се избрише зборот „македонска“ и да се замени со „охридска архиепископија“, ги прогласуваме сите претставници на илегалниот заевистички режим за непожелни пред заедницата на Македонците во Канада, бараме итна одбрана на името на Република Македонија и на македонскиот идентитет од страна на меѓународната заедница, бараме сите македонски политичари веднаш да престанат со своите отстапки пред нашите угнетувачи и бараме македонските политичари да го спречат менувањето на македонското име.
Нема да прифатиме ништо друго, освен почит за нашето вековно македонско име, идентитет, етничка припадност и историја и нема да толерираме никаков обид за нивно поткопување. Нашето име е Македонија“, се вели во соопштението.

Дијаспора

Почина Јордан Костадинов, лидер на ОМО Илинден

Објавено пред

По кратко боледување, во осумдесет и седмата година од животот, почина Јордан Костадинов Иванов во својот дом во Сандански. Јордан Костадинов е роден на 9 ноември 1932 година во село Врапче, Пиринска Македонија.

Јордан Костадинов е македонски национален деец од пиринскиот дел на Македонија, борец за националните права на Македонците во Бугарија и познат на македонската јавност и на Македонците во светот. Како македонски национален активист во периодот до деведесеттите години од минатиот век бил двапати затворан од бугарската власт, секогаш со задолжителен престој во најтешки затворски услови.

Во 1990 е еден од основачите на македонската организација ОМО Илинден и нејзин лидер. Целиот свој живот го посвети за човековите и националните права на Македонците во Бугарија како бескомпромисен и смел борец за македонската кауза. Лично, со неговите соборци од организацијата, во повеќе наврати поведе судска постапка пред Судот за човекови права во Стразбур и повеќепати во Бугарија беше осуден за кршење на човековите права.

Погребот на Јордан Костадинов ќе биде утре во 10 часот.

Прикажи повеќе...

Дијаспора

Млади од САД, Канада и Австралија на студиски престој во земјава

Објавено пред

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Обединетата македонска дијаспора (ОМД) денес (28 јуни 2019 година) информираа за проектот „Родум од Македонија“ (Birthright Macedonia) и го означија почетокот на тринеделниот студиски престој на деветтемина студенти од САД, Канада и Австралија во Македонија.

Анастасија Стојчев (Anastasia Stojcev), Дона Тодоровска (Dona Todorovska), Ерин Велоф (Erin Velloff), Еван Ничов (Evan Nitchov), Никол Крингс (Nikole Krings), Кејли Велоф (Kylee Velloff), Лука Петрушевски (Luka Petrusevski), Марија Аневска (Marija Anevska) и Стефани Таскова (Stefani Taskova) ќе бидат на студиски престој кој е комплементарен на нивните академски цели, на нивната кариера или на нивните општи интереси. Праксата ќе ја обавуваат во кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, во кабинетот на министерот без ресор задолжен за дијаспората, во СОС Детско село, во Центарот за психотерапија и едукација, во Ефект плус, во Бизнис акцелераторот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во компанијата Еуро БПО и во организациите: Институт за демократија „Социетас Цивилис“, Скопје и Македонската асоцијација на млади правници. За време на нивиот престој, тие ќе живеат со семејства-домаќини и одблизу ќе можат да го видат секојдневието и културата на Македонците. МЦМС се погрижи да ги организира и дополнителните активности за време на викендите кога студентите ќе можат да ги посетат значајните културни манифестации што ќе се одвиваат во тој период.

Проектот е осмислен и развиен од Питер Далас, член на Советот на ОМД кој е роден во САД а има потекло од Гевгелија и од Егејска Македонија. Причината за почнувањето на овој проект е неговата загриженост од слабеењето на врските на Македонците со нивните корени. „Врските слабеат особено кај младите од најпрвите генерации Македонци кои живеат во странство заради растечката асимилација. Затоа, сакав да направам нешто за да им помогнеме на Македонците во странство да ја задржат нивната врска со татковината“, рече тој на отворањето на проектот.

„Родум од Македонија“ започна во 2015 година и ова е петта година од неговото спроведување. Дел од учесниците од претходните години го нарекоа престојот во Македонија ‘неверојатно искуство’ што треба да го има секој млад човек со потекло од Македонија. Дел од нив беа трета генерација родена надвор од Македонија, а прва кога се враќа во Македонија по иселувањето.

Примарната цел на „Родум од Македонија“ (Birthright Macedonia) е младите Македонци кои се родени и живеат надвор од државата да го запознаат нивното културно наследство и да воспостават контакти и пријателства меѓу себе и со нивните врсници во Македонија. Покрај тоа, ваквите активности можат да ја зајакнат довербата и да придонесат кон поинтезивна соработка со дијаспората.

Прикажи повеќе...

Дијаспора

(Видео) Заев со дијаспората во Брисел: Сè што правиме е за сегашните и идните генерации

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев, по покана на шефицата на Мисијата на Република Северна Македонија при ЕУ во Брисел, амбасадорката Агнеза Руси, беше гостин на средбата со претставници на дијаспората на нашата земја во Белгија, кои се главно ангажирани како професионалци во европските институциите во Брисел или се вклучени во бизнис-средината на оваа земја.

Премиерот Заев на средбата се заблагодари на поддршката што доаѓа од професионалците од Северна Македонија, кои работат и живеат во Белгија и во институциите на ЕУ и ги запозна со најновите активности од процесот за европската интеграција на нашата земја, како и за пораките што Владата на РСМ ги прими од челниците на Европската комисија.

„Ние сме проевропска Влада и сите политички процеси што ги почнавме, реформите дома и договорите со нашите соседи, пред сè, со Република Бугарија и Република Грција, се крунисани со најдобар извештај за напредокот на нашата земја во европските интеграции. Вие како Европејци, кои својот професионален живот го поминувате тука, најдобро знаете какви се придобивките од членството во ЕУ. Сето ова се прави за сегашните и за идните генерации, а резултатите што ги остваруваме од економските мерки покажуваат дека сме на вистинскиот пат. Да ја обезбедиме сигурната европска иднина на нашата земја и да обезбедиме сигурна и просперитетна држава, со доволно причини да ги задржиме младите и да вратиме дел од оние што си заминаа“, истакна премиерот Заев на средбата со претставниците на нашата дијаспора во Брисел.

Тој го пренесе оптимизмот што непосредно пред средбата со претставниците на дијаспората преовладуваше од неговите средби со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, и со еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, и изрази надеж дека овој оптимизам ќе се преточи во одлука за почеток на преговорите по поглавја за Северна Македонија.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт4 часа

Македонец станува селектор на светските шампиони САД?

Македонецот Влатко Андоновски, тренерот на НВСЛ тимот Рејн ФЦ е главен кандидат да стане нов тренер на светските шампиони во...

Македонија7 часа

Продолжен притворот на Катица Јанева

Судот ѝ го продолжи притворот на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која е осомничена во случајот „Рекет“ на Основното јавно...

Македонија7 часа

Со лажна диплома од Приштина работел како професор по математика во Куманово

Педесет и едногодишен маж со фалсификувана диплома од универзитет во Приштина, Косово, се вработил како професор по математика во основно училиште во...

Македонија10 часа

Ексминистерот за правда, Беџети, одбил да ја потпише екстрадицијата за обвинети во „Монструм“

Ексминистерот за правда од ДУИ, Блерим Беџети, одбивал да го потпише барањето за екстрадиција за двајцата обвинети во „Монструм“, Африм...

Македонија11 час

Случај „Монструм“: во судницата се слушаат разговори во врска со настанот на луѓе блиски до Груевски

Приватни и несуштински разговори беа пуштени во 13 од 25 бомби во судницата за случајот „Монструм“. Во разговорите се слушаат...

Македонија11 час

(Видео) Филипче: Полицајци ќе патролираат кај најкритичните здравствени објекти

Министерот за здравство, Венко Филипче, го поддржа денешниот протест на здравствените работници против насилството врз нив. Тој рече дека почнале...

Македонија12 часа

(Видео) Лекарите на протестот предупредија: Ако не се спречи насилството, ќе престанеме со работа

Медицинските работници, во организација на Асоцијацијата на специјализантите и младите лекари, денеска излезегоа на протест во Клиничкиот центар по повод...

Топ13 часа

Воз прегази маж кај надвозникот на булеварот Србија

Триесет и едногодишен скопјанец загина кога во него удри воз на железничката пруга, пред надвозникот на булеварот Србија. Според информациите,...

Свет14 часа

Би-би-си: Зошто Саудиска Арабија и Иран се лути ривали?

Саудиска Арабија и Иран се два силни соседа и повеќегодишни ривали во борбата за регионална доминација, а неодамнешните напади врз...

Свет15 часа

Макрон испраќа експерти во Саудиска Арабија да испитаат кој го извршил нападот

Франција ќе испрати експерт во Саудиска Арабија, кој ќе помогне во истрагата за нападот на нафтеното постројување во Саудиска Арабија...

Свет15 часа

САД бараат конфискација на приходите од продажбата на книгата на Сноуден

Министерството за правда на САД соопшти дека поднеле тужба против Едвард Сноуден и бараат конфискација на сите приходи од продажбата...

Свет1 ден

Поради лекарски грешки годишно умираат 2,6 милиони луѓе

Околу 2,6 милиони луѓе годишно умираат од ненамерни грешки во амбулантите и болниците низ светот, се вели во анализата на...

Спорт1 ден

Драма во Љубљана! Македонија ја „собори“ и Словенија, остана во игра за осминафинале!

Откако вчера македонските одбојкари ја забележија историската прва победа на едно Европско првенство, денеска повторно на „крилата“ на Никола Ѓорѓиев,...

Регион1 ден

Кучиња намирисаа 11 килограми хероин во возило кај Драч

Албанец од Косово, Агим Сиљејмани (50), кој веќе неколку години живеел во Швајцарија, е уапсен во албанскиот пристаништен град Драч...

Македонија1 ден

Нов пожар во околината на Прилеп, гори шумата над манастирот во село Селце

Нов голем пожар денеска се појави кај село Селце, во непосредна близина на манастирот „Св.Димитрија“. Со пожарот е зафатена густа...

Македонија1 ден

Иванов: Антикорупциска манипулира, закупот е 1.950, а не 4.500 евра

Експретседателот Ѓорге Иванов реагира откако антикорупциската комисија даде препорака до Владата да се раскине договорот за закуп на неговите деловни...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ предлага анкетна комисија за работењето на СЈО

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска до Собранието поднесе предлог-одлука за основање анкетна комисија за утврдување на евентуалното нестручно, несовесно и...

Македонија1 ден

Апелациониот суд ги потврди доживотните затворски казни за „Диво Насеље“

Апелациониот суд Скопје ги одби жалбите на обвинетите во предметот „Диво Насеље“ и во целост ја потврди првостепената пресуда за...

Македонија1 ден

Антикорупциската комисија ќе побара Иванов да ја пресели канцеларијата од „Џеваир“

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе побара од Службата за општи и заеднички работи при Владата (СОЗР) да...

Македонија1 ден

(Видео) Туск: Северна Македонија направи сè што се очекуваше за влез во ЕУ

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, по денешната средба со премиерот, Зоран Заев, изјави дека Северна Македонија направила сè што...

Досие