Контакт

Македонија

Заедничка изјава на министрите за надворешни работи на шесте земји од Западен Балкан

Објавено пред

Министрите за надворешни работи на шесте земји од Западен Балкан, во присуство на министрите на другите земји учесници во Берлинскиот процес, претставници на институциите на Европската Унија и Советот за регионална соработка, одржаа состанок во Скопје, со кој се означи почетокот на заедничкото претседателство со Берлинскиот процес на Република Северна Македонија и Република Бугарија за 2020 година.

Во рамките на состанокот беше потпишана заедничка изјава, која ја пренесуваме во целост.

1. Надоврзувајќи се на Финалната декларација од Самитот во Загреб во 2000 година, Агендата на Самитот од Солун во 2003 година, Декларацијата и Агендата на приоритети од Самитот на ЕУ за Западниот Балкан од Софија во 2018 година, и земајќи ги предвид досегашните заложби за реформирање на нашите општества и овозможување на поцврста регионална соработка во светло на европската интеграција, ја повторуваме нашата постојана заложба за придржување кон, и промовирање на основните европски вредности: демократијата, владеење на правото, и почитта кон основните права, кои се истовремено и главните двигатели на економската интеграција, но и суштинската основа која поттикнува регионалнo помирување и стабилност.

2. Како интегрален дел од европскиот континент, и имајќи го предвид нашето заедничко минато но и заедничка иднина, го реафирмираме нашиот стратешки интерес за станување земји членки на ЕУ, додека градиме мирољубив, стабилен, и економски просперитетен регион во рамките на силна и обединета Европа. Со ова, одново потврдуваме дека обликувањето на нашите демократии во согласност со европските вредности и стандарди е во наш сопствен интерес, но и наша одговорност.

3. Адресирајќи ги најпрвин „основите“ – како што се независното судство, борбата против организираниот криминал и корупцијата, реформата на јавната администрација, стабилното управување со економијата, слободата на изразувањето и слободата на медиумите, заштитата на човековите права и малцинствата, како и добрососедските односи – ја зајакнуваме нашата сопствена политичка и економска стабилност и се приклонуваме кон останатиот дел од европскиот континент. Овие основи ќе станат уште поважни за време на преговорите за членство.

4. Ја подвлекуваме важноста на зајакнувањето на демократските институции, на зајакнувањето на инклузивноста во демократскиот процес, и се заложуваме да преземеме натамошни реформи за да осигураме дека принципите на поделба на власта, спреги и кочници, како и слобода на изразувањето и заштитата на правата на лицата кои се припадници на малцинствата, вклучително и Ромите, се почитуваат и во пракса. Признаваме дека на овој пат се потребни поцврсти мерки.

5. Ја изразуваме нашата подготвеност за проактивен ангажман со цел директен придонес кон остварувањето на визијата за посилна Унија во глобалниот свет; негувајќи го европскиот начин на живот, заштитен од виталната и отпорна европска демократија; просперитетни економии кои осигуруваат и општествена еднаквост и напредок; визијата за климатски-неутрален континент; и за користење на најдоброто од модерната технологија на денешната дигитална ера.

6. Движејќи се напред, регионот треба силно да ја демонстрира својата зрелост, и да здобие и промовира сопствеништво, инклузивност, како и амбиција да создава додадена вредност за сите. Нашиот регион бил, и ќе биде доверлив партнер во справувањето со заедничките предизвици на Европската Унија, врз база на автентична волја за реформи и испорачување на конкретни резултати.

7. Конфигурацијата на шесте земји од Западниот Балкан (WB6) веќе постигна многу, и произведе редица успешни и просперитетни регионални иницијативи, како на пример – Регионалната економска област, Заедничкиот пазар за електрична енергија, Регионалната спогодба за роаминг меѓу WB6, итн. Сега е време за дополнително продлабочување на опсегот на соработката меѓу земјите од регионот и да ја засилиме ориентацијата кон резултати.

8. Во насока на ова, се обврзуваме за дополнителнa примена на Регионалната економска област, врз основа на правилата на ЦЕФТА и правилата и принципите на ЕУ, согласно Спогодбите за стабилизација и асоцијација (SAAs). Доколку регионот не работи заеднички, тогаш ни пристапувањето кон ЕУ нема да функционира. Регионалната соработка е услов без кој не се може, доколку сакаме да го забрзаме нашите процеси за пристапиување кон ЕУ.

9. Во оваа смисла, го поздравуваме обновениот фокус на ЕУ кон нашиот регион и ги поддржуваме тековните размислувања и разговори во насока на подобрување на пристапниот процес, особено во контекст на Комуникацијата на Европската Комисија од 5 февруари 2020 година за унапредување на пристапниот процес. Веруваме дека ова внесува нов политички квалитет, го обновува кредибилитетот на процесот, а додава и нова динамика и предвидливост. Во таа насока ја потенцираме важноста да се комплетира визната либерализација за сите WB6 во најскор можен рок. Исто така, во исчекување сме и на разгледувањата на Советот за ова прашање, како и за позитивна одлука за започнување на преговори за членство со Албанија и Северна Македонија на Европскиот Совет во март.

10. Приоѓајќи им на обновените заложби со добра волја, веруваме дека тие ќе ги зајакнат кредибилитетот и довербата, и ќе придонесат кон еден подинамичен, попристаплив, и пообјективен пристапен процес, од заеднички бенефит за ЕУ, за земјите членки, како и за земјите кандидати за членство во ЕУ и другите потенцијални кандидати. Ова ќе доведе и до de facto пристапување кон ЕУ.

11. Гледајќи го пристапниот процес како инструмент со којшто се надминува јазот во стандардите меѓу земјите членки и земјите аспиранти; тој ја обезбедува и основата, но и алатките кои ќе дозволат здрав натпревар, нудејќи поттик за зајакнат реформски ангажман. Инсистирањето на внимателни, мериторни и објективни критериуми од една, и јасно признавање на напредокот во реформите од друга страна, ќе го придвижи процесот напред и ќе ја зачува вредноста на прогресивните промени.

12. Нашите напори за интегриран регион можат да ни дадат дополнителен мотив за нашата европска интеграција. Сакаме да испратиме силна и јасна политичка порака за важноста од кредибилен процес на проширување, и за важноста на остварлива ЕУ перспектива за целиот регион, како и да подвлечеме дека нашите напори за зајакната регионална соработка се условени и од заеднички, одлучни напори за забрзан европски процес за пристапување. Пробивот на овој пат е неопходен, што e можно поскоро.

13. Го делиме ставот дека Берлинскиот процес (БП) и другите регионални иницијативи не се замена за проширувањето на ЕУ. Овие иницијативи служат за консолидација и одржување на динамиката на процесот на интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ. Го поздравуваме Заедничкото претседателство на Република Бугарија и Република Северна Македонија, модел кој за првпат употребен во рамките на Берлинскиот процес, што нуди јасни перспективи за засилена регионалнa сопственост.

14. Поврзаноста и понатамошното спроведување на Регионалната економска област остануваат клучни компоненти на Берлинскиот процес. Го поздравуваме јасниот фокус на Заедничкото претседателство, придвижуван од желбата за „продлабочување наспроти проширување“, како и за негување на сеопфатен пристап кон меѓусебното поврзување (connectivity). Ова има за цел да ја подобри економската кохезија и поврзаност во регионот од секој аспект (транспорт, непосредна комуникација (people-to-people), нови технологии, дигитална интеграција, енергија, економија, млади, животната средина, образование итн.).

15. Исто така, ги поздравуваме и зацртаните приоритети на Заедничкото претседателство. Напорите за промовирање на засилена регионална интеграција, поврзаност, и олеснето движење на производи, услуги, капитал и луѓе ќе ги одржат нашите економии витални, а нашите индустрии компетитивни. Овој процес треба да биде воден од принципот на вклученост на сите, што претставува додадена вредност на целиот процес. Продолжуваме со поддршката за континуирана соработка со цел создавање на најсоодветни инструменти кои водат кон конвергенција меѓу ЕУ и регионот, на политички, економски, и правен план, како и на планот на граѓанското општество.

16. Обративме внимание и на размислувањата и дискусиите на Тинк-тенк форумот (ТТФ), ко-организиран од Институтот за демократија „Социетас Цивилис “– Скопје, и Канцеларијата на Европскиот совет за надворешни односи во Софија, кој се одржа пред министерскиот состанок. По нашата интеракција со претставниците од тинк-тенк заедницата, ќе го продолжиме дијалогот со регионалните граѓански организации, имајќи ја предвид нивната улога во креирање на јавни политики, како и во процесот на носење одлуки поврзани со ЕУ.

17. Во насока на испорачување конкретни резултати за Самитот во Софија во 2020 година, ги поддржуваме плановите на Заедничкото претседателство за остварување на поблиска соработка со сите наши партнери, вклучително и европските институции, Советот за регионална соработка, учесниците во Берлинскиот процес, меѓународните финансиски институции, како и останатите релевантни чинители и засегнати страни во процесот. Стремејќи се кон синергија и комплементарност, остварувањето на поблиска соработка со хрватското и германското претседателство со Советот на Европската Унија ќе биде од круцијална важност, со цел да се зачува европската перспектива за Западниот Балкан да се одржува високо на агендата на ЕУ, со што ќе се обезбедат опипливи резултати во однос на одржлива стабилност, мир, и просперитет во регионот.

Македонија

Сончево со мала облачност, попладне локален дожд и грмежи

Објавено пред

Времето денеска ќе биде сончево со мала, а на југозапад со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

На последниот ден од летото, минималните температури ќе се движат од 8 до 12 степени, а максималните од 23 до 29 степени. Во Скопје минимална температура до 10 степени, максимална до 29 степени.

Попладне во западните делови ќе има услови за појава на локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прикажи повеќе...

Македонија

Денеска ќе се одлучува дали ќе има дневен престој во училиштата

Објавено пред

Комисијата за заразни болести денеска на состанок ќе расправа за воведување целодневен престој во училиштата.

Директорот на Здравствен дом Скопје, Виктор Исјановски, истакна дека на состанокот ќе бидат разгледани ставовите на Министерството за здравство, министерот Венко Филипче, како и членовите на Комисијата. Тој посочи дека конечната одлука, сепак, зависи од епидемиолошката слика и од условите и критериумите, кои треба да се исполнат за воведување на целодневна настава.

Одговарајќи на новинарски прашања, Исјановски навести дека е можно затворање на градинките доколку дојде до влошување на состојбата со коронавирусот.

„ Да, можно е повторно затворање на градинките“, рече Исјановски и додаде дека е можно и да се преземат одредени мерки и да се дадат насоки од Комисијата кон Владата.

Со одлука на Владата, од оваа среда сите родители кои досега беа ослободени со мерките поради коронавирусот, како и хронично болните се враќаат на своите работни места.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре сончево време со температура до 29 степени

Објавено пред

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Утрото ќе биде доста свежо, минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени, информира УХМР.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 28 степени.

Од вторник следува период со повремено зголемување на облачноста и со слаб до умерен јужен ветер. Во попладневните и вечерните часови, и претежно во западните делови ќе има појава на локален дожд и ретки грмежи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

Денеска ќе се одлучува дали ќе има дневен престој во училиштата

Комисијата за заразни болести денеска на состанок ќе расправа за воведување целодневен престој во училиштата. Директорот на Здравствен дом Скопје,...

Свет13 часа

САД постигнаа нов рекорд со повеќе од еден милион тестови дневно

САД поставија нов рекорд со повеќе од милион тестови за коронавирус за еден ден, но експертите велат дека им требаат...

Македонија15 часа

Четири лица починаа од коронавирус, потврдени се 178 нови случаи

Во последните 24 часа од коронавирус во Македонија починаа четири лица, а потврдени се 178 нови случаи од 1.368 тестови,...

Македонија17 часа

Родилка и нејзиното бебе починаа на Клиниката за гинекологија, внатрешна контрола го испитува случајот

Родилката која заедно со нејзиното бебе вчера попладне починаа на Клиниката за гинекологија не знаела во која недела е од...

Регион20 часа

(Видео) Пронајдена трета жртва по ураганот во Грција, маж загинал кога врз него паднал покрив

Ураганот Јанош, кој ја погоди Грција, ја однесе и третата жртва во Тесалија во централниот дел на земјата, објавија денеска...

Македонија21 час

Холштајн: Во интерес на Бугарија е да не го блокира проширувањето на ЕУ во овој регион

Билатералните проблеми не треба да бидат дел од преговарачката рамка за проширување на ЕУ, изјави германската амбасадорка во земјава, Анке...

Македонија23 часа

Пендаровски до Вартоломеј: Нашите православни христијани да бидат еднакви со другите во светот

Претседателот Стево Пендаровски, по повод почетокот на Новата црковна година, упати писмо до Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов...

Македонија23 часа

Комисијата одлучува за целодневна настава

Комисијата за заразни болести вчера и денеска ја разгледува можноста за воведување целодневна настава во основните училишта од 1 октомври....

Култура23 часа

Лауреатот на Златна камера 300, Камински со порака на „Браќа Манаки“: Едвај чекам да се видиме во Македонија

На синоќешниот настан за одбележување на 41. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој се одржа во...

Економија23 часа

СДСМ: Владата помага со 550 милиони евра, следува четвртиот пакет антикризни мерки

Владата им помага на граѓаните и стопанството со 550 милиони евра, следува четвртиот пакет антикризни мерки, велат од СДСМ преку...

Свет1 ден

Пакет со отров испратен до Доналд Трамп

Пакетот, кој содржи отровен рицин, е испратен до претседателот Доналд Трамп, пренесува „Си-ен-ен“.Двајца полицајци го пријавиле случајот. Извршени се два...

Свет1 ден

Борис Џонсон: Доаѓа вториот бран на епидемијата

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека вториот бран на епидемија на коронавирус пристигнува во Велика Британија. Говорејќи во центарот за...

Култура2 дена

„Браќа Манаки“ во Битола – годинава без црвен тепих, но традицијата продолжува

Претседателот Стево Пендаровски вечерва, во Пациото на НУ Завод и музеј Битола, присуствуваше и се обрати на 41. Издание на...

Свет2 дена

Хаос во Лондон поради рестриктивните мерки: судири меѓу полицијата и демонстрантите

Полицијата во Лондон се судри со демонстрантите против рестриктивните мерки насочени кон спречување на ширењето на коронавирусот. Повеќе од 1.000...

Топ2 дена

Едно лице загина во возило кое излета на патот Неготино – Кавадарци, повредени уште тројца од семејството

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци во координација со ОВР Неготино, изврши увид на лице место, каде денеска во...

Регион2 дена

Стотици луѓе на Парадата на гордоста во Загреб, бараат промена на Уставот

Стотици луѓе се собраа на плоштадот Свети Марко во Загреб, каде се одржува 19. Парада на гордоста. Учесниците на Парадата...

Македонија2 дена

Шестмина починати и 140 нови случаи на Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1397 тестирања, а регистрирани се 140 нови случаи на...

Регион2 дена

(Видео) Ураганот донесе поплави и однесе два животи во Грција

Медитеранскиот ураган Јанос, кој ја погоди централна Грција денеска, однесе два животи, предизвикувајќи поплави и материјална штета. Two dead, one...

Спорт2 дена

Ѓоковиќ кршеше рекети, судијата го нарекуваше Федерер, но влезе во полуфинале

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ со судни маки успеа да се пласира во полуфиналето на Мастерсот во Рим, откако...

Македонија2 дена

(Видео) Како ќе изгледа враќањето на училиште: на секое дете ќе му се мери температура, маските ќе се вадат само за време на оброкот

Министерството за образование и наука во соработка и со поддршка на УНИЦЕФ И УСАИД, изработи видео во кое на јасен...

Досие