Македонија
Заедничка седница со косовската влада на 25 јануари

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, одржа работен состанок со вицепремиерката на Косово, Албулена Балај Халимај. Груби на прес-конференција рече дека со неговата колешка разговарале за заедничката владина седница меѓу нашите две земји што ќе се одржи на 25 јануари следната година.
„Разговаравме за предлог-договорите што беа предложени од министрите на нашите две влади, а кои се многубројни. Овие предолг-договори ќе поминат и разгледуваат од техничките и политичките групи кои свечено на 25 јануари следната година да бидат потпишани од министрите и да бидат свечено презентирани за време на заедничката меѓувладина седница што ќе се одржи во Скопје“, изјави Груби.
Груби исто така информираше дека со косовската вицепремиерка разговарале и за одржувањето состаноци на техничките групи со цел да се комплетираат до крајот на оваа година сите текстови на договорите што ќе треба да бидат потпишани.
Халимај за време на заедничката прес-конференција му истакна на Груби дека е задоволна што гледа една влада којашто има добра волја да соработува со Република Косово, потенцирајќи дека косовската страна е исто така многу заинтересирана за потпишување договори кои се во интерес на нашите земји, но исто така и на нашите граѓани.
„Досега има околу 20 договори кои се очекува да бидат потпишани и за кои ќе се разговара на ниво на експерти, техничко ниво и потоа и од политиката. Постојат многу договори што беа потпишани претходно со Република Северна Македонија и кои беа и сè уште се успешни. Она што вреди да се спомене на оваа меѓувладина седница важна точка е потпишувањето на договорот за граничните премини кои ќе станат One Stop Shop или едношалтерски систем “, рече Балај Халимај.
Двајцата вицепремиери оценија дека Република Северна Македонија и Република Косово имаат и ќе продолжат да одржуваат добри билатерални односи и дека целта на двете земји е интеграција во Европската Унија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Арсовски: Дали дел од 200.000 евра од ФИТР завршиле кај советник на СДСМ од Град Скопје?

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ го прашува директорот на Фондот за иновации, Коста Петров, дали дел од 200.000 евра од ФИТР завршиле кај советник на СДСМ од Град Скопје.
„Јавно прашуваме да ни одговори Коста Петров или кој било од СДСМ, дали едната од агенциите која земала од овие 200.000 евра за тендерот Бригада Дизајн, нејзино челно лице е Бојан Ивановиќ, имено советник од редовите на СДСМ во Град Скопје?“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Тој и вчера се осврна на оваа тема, коментирајќи дека Петров трошел 200 илјади евра за себепромоција, склучувајќи договор со две маркетинг агенции за да снима интервјуа и спотови во Фондот за иновации со државни пари.
Петров ги отфрли обвинувањата, тврдејќи дека видеата се направени во негова продукција и не се реализирани во рамките на договорите со маркетинг агенциите кои се споменуваат од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
Според Арсовски, тоа што Петров во своја одбарана вели дека договорот го склучил неговиот претходник, укажува дека ги трга рацете оти има нешто сомнително во овој тендер што, сепак, е склучен во период кога СДСМ е на власт. Арсовски нагласува и дека ако Коста Петров не ги користи услугите на овие две агенции и снима со сопствена продукција, како што тврди, зошто досега како директор не го не го ревидирал истиот договор и да го поништи да спаси 200.000 евра на граѓаните да не завршат непотребно во нечии џебови.
Македонија
(Видео) СДСМ го обвини Апасиев за ширење на говор на омраза на социјалните мрежи

Скандалозна, екстремна и заканувачка порака испрати лидерот на Левица, на својот фејсбук профил кој подоцна го избриша, истакна портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Како што рече во пораката пишувало: „Децата крв ќе ви плукаат”, што е говор на омраза и е неприфатливо, особено оти доаѓа од претставник на народот во Собранието.
„За целиот период откако Левица е дел од Собранието, освен омраза, поделби, закани и популизам, не понудија ништо друго. Ниту еден единствен проект, ниту идеја, ниту предлог во интерес на граѓаните и државата. Самопромоција, со евтин популизам и ништо повеќе – и секогаш на линија со политиканството, блокадите, деструкциите на ВМРО ДПМНЕ. Исто како и ВМРО ДПМНЕ, со апсурдни амандмани се обидоа да ја блокираат финансиската поддршка на граѓаните и компаниите погодени од Ковид кризата, исто како ВМРО ДПМНЕ и Левица се противат на спроведување попис“, рече Кузеска.
Македонија
Полицијата растури две домашни забави во Скопје, приведени се 13 лица

Приведени се 13 лица на две домашни забави во Скопје, бидејќи не ги почитувале мерките за заштита од Ковид-19.
Од полицијата соопштија дека синоќа околу 3 часот по полноќ, влегле во стан на улицата Рајко Жинзифов, каде имало гласна музика и не се почитувале мерките за заштита од вирусот. Полициските службеници, врз основа на судска наредба, извршиле контрола во станот, сопственост на С.Г.(34) од Скопје. Притоа, во станот бил затекнат сопственикот и уште седум лица, на возраст од 25 до 33 години.
Во истиот период, во координација со Јавен обвинител, во стан на улицата Елисие Поповски Марко биле затекнати пет 20-годишници кои правеле забава. Од нив четворица се од Скопје и еден од Битола.
Сите 13 лица се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, информираат од полицијата.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира