Контакт

Македонија

Закажувањето судења за Јанкулоска не е дискриминација, двајца членови на Комисијата со издвоени мислења

Објавено пред

Гордана Јанкулоска, Титаник, СЈО

Двајца членови на Комисијата за заштита од диксриминацијата не се согласуваат со мислењето на мнозинството дека кривичниот суд и судијката Добрила Кацарска се однесувале дискриминаторски кон обвинетата ексминистерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во предметот „Тенк“.

Комисијата, по поднесена претставка од Јанкулоска против кривичниот суд и судијката Добрила Кацарска на 27 август утврди вознемирување кон обвинетата врз основа на пол и политичка припадност, а во областа „социјална сигурност и здравствена заштита, како и правосудство и управа“. Со ваквото мислење не се согласиле членовите на Комисијата Ирфан Дехари и Беким Кадриу. Според нив, во мислењето на мнозинството има големи недостатоци.

„Пред сè, во диспозитивот на мислењето се утврдува вознемирување спрема подносителот на претставката, а во образложението, мнозинството од Комисијата се обидува да констатира ‘нееднаква положба’ на подносителот, што пак не е конститутивен елемент на вознемирувањето. Ако се утврди вознемирување, потребно е да се дадат аргументи за несакано однесување кое има за цел или за последица создавање на заканувачка, непријателска, понижувачка или застрашувачка средина. Нееднаквиот третман пак, е конститутивен елемент на дискриминацијата, а не на вознемирувањето.Значи, мнозинството од Комисијата не прави разлика и ги меша концептите на дискриминацијата, од една страна и вознемирувањето, од друга“, се наведува во издвоеното мислење на двајцата членови на Комисијата.

Исто така, тие наведуваат дека во образложението во ниту еден момент не се даваат аргументи за постоење на вознемирување по основ на политичка припадност.

На крај, стои во издвоеното мислење, мнозинството од Комисијата ги меша концептите „област на дискриминација” и „дискриминаторска основа” кога тврди дека подносителката на претставката била вознемирена „во областа на пол и политичка припадност”.

„Да појасниме, полот и политичката припадност се основи на дискриминација, а не области. Во продолжение на диспозитивот, вознемирување се утврдува во областа ‘социјална сигурност и здравствена заштита, како и правосудство и управа’. Да појасниме и ова дека во Основниот суд Скопје 1 не се даваат услуги од социјалната сигурност или здравствената заштита за да се тврди постоење на дискриминација во оваа област. Затоа, во конкретниот случај може да станува збор само за областа ‘правосудство и управа’, нешто што беше кажано и на самата седница на Комисијата“, пишува во документот.

Во врска со тоа дали постои вознемирување по основ на пол односно бременост, затоа што во судски предмет каде подносителот на претставката е обвинета, се закажани повеќе рочишта во текот на еден месец, членовите во издвоеното мислење укажуваат:

„Прво, треба да се признае дека судијата која го води предметот, ја издвои постапката спрема обвинетата само поради нејзина бременост. Исто така, после породување, судијата не закажа рочиште во рок од 60 дена после породувањето, за да може обвинетата (тука-подносителот на претставката) да се грижи за своето новороденче и да ги остварува нејзините права како родилка и мајка. Со тоа, мора да се признае понежниот пристап што судот и судијата го имаат спрема обвинетата, како бремена жена, мајка и родилка. Ова не се спомнува никаде во Мислењето на мнозинството, а што оди во спротивен правец од тврдењето дека постои вознемирување. Второ, што е уште позначајно, никаде во нашето законодавство нема одредби кои би го спречиле судот да закажува рочиште само заради бременост на обвинетата. Спротивно, има случаеви кога спрема обвинети кои се бремени се изречени мерки на претпазливост, дури и притвор, што не е случај во овој предмет“.

Според подносителите на издвоеното мислење, закажувањето на рочишта нанапред, не значи по дефиниција вознемирување на обвинетата. Спротивно, велат тие, правото на судење во разумен рок бара судот постапката да ја спроведе без одложување и на лицето против кого се води постапката да му биде судено без неоправдано одложување.

Претседателот на кривичниот суд, Иван Џолев, за „Mакфакс“ изјави дека досега во судот не се стигнати издвоените мислења.

Македонија

Претпладне сончево, попладне врнежи од дожд

Објавено пред

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста од запад ќе се зголемува, а кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд, информира УХМР.

Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде и на места ќе бидат поинтензивни. Од пладне ќе дува умерен, а по должината на Повардарјето повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 23 степени.

Утре претпладне ќе има локални врнежи од дожд, а преку денот ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. В среда ќе настапи преодно стабилизирање на времето. Од четврток до недела ќе биде значително потопло, но во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално со поинтензивни процеси.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Пендаровски во водство со 4.606 гласа, според последните податоци од ДИК

Објавено пред

Стево Пендаровски е во водство со 4.606 гласа, според последните податоци од Државната изборна комисија (ДИК). Од обработени 98,8 избирачки места, кандидатот за претседател на СДСМ и коалицијата освоил 323.846 гласа или 42,85 отсто од гласовите.

Гордана Силјановска-Давкова, кандидатката од ВМРО-ДПМНЕ, според последните податоци од ДИК, освоила 319.240 гласа или 42,24 отсто од гласовите.

На изборите од досега обработените податоци гласеле вкупно 755.816 гласачи, а одѕивот е 41,82 отсто.

На шестите по ред претседателски избори досега се избројани 32.828 неважечки ливчиња.

„Денешниот ден помина во мирна атмосфера, без посериозни забелешки од набљудувачите, организиравме фер и коректен изборен ден. Во вториот круг влегуваат Силјановска и Пендаровски“, рече доцна синоќа Оливер Деркоски, претседател на ДИК, и најави официјални резултати за денес или во наредните денови доколку има потреба од приговори или прегласувања.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Дука нов градоначалник на Дебар, во Охрид и во Ново Село ќе има втор круг

Објавено пред

Хекуран Дука, кандидатот на ДУИ за Дебар, победи на локалните предвремени избори што се одржаа вчера заедно со претседателските. Дука освои 50,9 отсто од гласовите, а неговиот противкандидат Арбен Аголи од Алијансата за Албанците освои 46,77 отсто од гласовите.

Вчера се бираше градоначалник и во Охрид и во Ново Село. Таму ниту еден од кандидатите не успеаја да соберат 50 отсто од гласовите и на 5 мај ќе се одржи втор круг.

Во Охрид во вториот круг влегуваат кандидатите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Констатин Гоергиевски (13.037 гласа) и Митре Милошевски (10.614 гласа).

Во Ново Село кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ, Николчо Стоилков, води со 2.753 гласа наспроти кандидатот на СДСМ, Никола Ангелов, со 2.693 гласа.

Во Дебар и Охрид се одржаа предвремени локални избори поради смртта на поранешните градоначалници Ружди Љата и Јован Стојановски.

Ексградоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев, пак, даде оставка од, како што рече, морални причини кога беше осуден на 18 месеци затвор за шверц на цигари. Апелациониот суд му ја намали казната на 6 месеци.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет37 минути

Локална исламистичка група одговорна за нападите во Шри Ланка

Владата на Шри Ланка објави дека зад оргнизираните напади на цркви и хотели на Велигден стои екстремистичката група Нешенел Товид...

Топ1 час

Убиени татко и неговиот осумгодишен син во Слупчане

Татко и неговиот осумгодишен син се пронајдени мртви во автомобил во близина на кумановското село Слупчане. Според информациите од кумановското...

Избори 20192 часа

Пендаровски во водство со 4.606 гласа, според последните податоци од ДИК

Стево Пендаровски е во водство со 4.606 гласа, според последните податоци од Државната изборна комисија (ДИК). Од обработени 98,8 избирачки...

Избори 20192 часа

Дука нов градоначалник на Дебар, во Охрид и во Ново Село ќе има втор круг

Хекуран Дука, кандидатот на ДУИ за Дебар, победи на локалните предвремени избори што се одржаа вчера заедно со претседателските. Дука...

Свет2 часа

Ден на Земјата – што може секој поединец да направи за да ја заштитиме нашата планета?

Додека голем број граѓани од католичка вероисповед од Европа и светот го празнуваат првиот ден од Велигден, 22 Април исто...

Топ3 часа

Еден мотоциклист загина, а друг тешко повреден во сообраќајна несречќа на патот Скопје-Велес

Еден мотоциклист загина, а друг е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера на автопатот „Пријателство“, во атарот...

Вести3 часа

Бројот на жртви во терористичките напади во Шри Ланка се искачи на 290

Бројот на жртви во терористичките напади во цркви и хотели во Шри Ланка порасна на 290, а бројот на повредени...

Избори 201912 часа

Зекири: Горчлива победа, граѓаните знаат да наградат, а и да казнат

Пратеникот од СДСМ Мухамед Зекири, по завршување на првиот круг од претседателските избори на кои во тесно водство е кандидатот...

Избори 201913 часа

Дерковски: Силјановска освои 309.799, Пендаровски – 310.751 и Река – 75.519 гласа

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, соопшти дека се обработени 96,92 отсто од гласовите, при што гласале 41,92 отсто...

Избори 201913 часа

Пендаровски: Едвај чекам да се фатам за работа од позиција шеф на државата

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во своето обраќање во медиумскиот центар оцени дека првиот круг од претседателските избори минал во демократски...

Избори 201913 часа

Заев прогласи победа на Стево Пендаровски

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, прогласи победа на Стево Пендаровски во првиот круг од претседателските избори. Тој рече дека од 98,28...

Избори 201913 часа

Мицкоски: Ја победивме хотел-коалицијата

„Победивме, но целосно не ги поразивме“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференцијата по првиот круг од претседателските избори....

Избори 201914 часа

Силјановска: Ако на моите се додадат гласовите на Река, приказната е јасна

Не сум човек што потонува во триумфализам, знам дека допрва следува битката, но мислам дека ако ние добивме толкав број...

Избори 201914 часа

Адеми: Максимално сме фокусирани за победа во вториот круг

Портпаролот на изборниот штаб на ДУИ, Арбер Адеми, не сакаше да го коментира резултатот од изборите во однос на албанското...

Избори 201916 часа

Јанушев: Водиме во голем број места

„Радувај се Македонијо, правдата доаѓа. ВМРО-ДПМНЕ победува. Гордана ќе биде“, со овие зборови генералниот скеретар на партијата, Игор Јанушев, ја...

Избори 201917 часа

(Видео) Бајрами: До ОЈО и МВР нема пристигнато никаква пријава за случајот во Студеничани

Претседателот на Комисијата за следење изборни нерегуларности при Јавното обвинителство на РСМ, обвинителот Џелал Бајрами, по затворањето на гласачките места...

Избори 201917 часа

МВР: Гласач под дејство на алкохол оштетил кутија, четворица ги фотографирале ливчињата

Во текот на изборниот ден регистрирани се четири фотографирања на гласачки ливчиња, а сторителите се приведени. Гласач во Новаци, пак, под...

Избори 201917 часа

Претседателските избори со најмал одѕив досега

Според податоците од досегашните изборни процеси, неизбежен е впечатокот дека опаѓа одѕивот на македонските граѓани во првиот круг од претседателските...

Избори 201917 часа

Одѕивот до 18.30 часот 39,71 проценти

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека одѕивот на првиот круг од претседателските избори до 18.30 часот изнесува 39,71 проценти, односно...

Свет22 часа

(Видео) Уапсени седум лица за терористичките напади во Шри Ланка, бројот на жртви се искачи на 200

Уапсени се седум лица, осомничени за бомбашките напади на неколку локации во земјата. Зад нападите би можела да стои локална...

Досие