Контакт

Македонија

Заменет нееколошкиот систем за греење во училиштето „Свети Климент Охридски“ во Бутел

Објавено пред

Денес, во Општина Бутел почна со имплементација и на третата мерка од Планот за чист воздух, која се однесува на замена на нееколошкиот систем за греење во ООУ „Св. Климент Охридски“.

Училиштето го посетија градоначалникот на општината, Велимир Смилевски, и заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули.

Како што беше посочено, системот за затоплување на училиштето, кој моментно се користи, покрај тоа што е нееколошки, е застарен и во многу лоша состојба, а датира од 1971 година.

Новиот систем за греење ќе користи природен гас како гориво. Со новопоставениот систем ќе се опслужуваат училишната зграда, спортската сала и помошен објект за деца од предучилишна возраст.

 

Македонија

(Видео) Ѓорѓиевски: Секоја година Спасовски трошел по 4 милиони евра за своите и потребите на неговиот шеф

Објавено пред

Четири милиони евра годишно плаќале граѓаните за да ја задоволат патолошката желба за политичка одмазда на најнеспособниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и неговиот ментор Зоран Заев, обвини на прес-конференција Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Четири милиони евра од буџетот се исплаќани годишно како штета по изгубените судски процеси кои се водени за незаконските смени и деградирања во МВР. Наместо 60-тина супермодерни возила за итна медицинска помош или 200 полициски возила, секоја година Оливер Спасовски четири милиони евра трошел за да ја задоволи сопствената и потребата на неговиот шеф да се изживуваат со сите оние кои не размислувале криминално како нив двајца.

Правдата е бавна, но жртвите на политичкото изживување во МВР ја дочекале. Време е правдата да го стигне и лично Оливер Спасовски. Јавното обвинителство мора да покрене постапка против техничкиот премиер за расипничкото трошење на народните пари. Парите кои се истрошени заради нечија лична или партиска одмазда мора да бидат вратени во буџетот на Република Македонија.

Оливер Спасовски, Зоран Заев и СДСМ водени од тесно партиски интереси направиле ршум во Министерството за внатрешни работи, непосредно пред формирањето техничка влада. За дваесетина дена во декември, заклучно со 25 биле издадени 1.050 решенија, а само во последната недела 1.198 решенија за прераспределување. Овие решенија во најголем дел се спротивни на Законот за внатрешни работи, колективниот договор и правилникот за начинот на распоредување и унапредување во рамките на Министерството.

Заради ваквото работење и партизирање се доведовме до дереџе како држава, криминалците слободно да хараат по улиците, а полицијата да биде нем сведок и статистичар на криминал.

СДСМ ја искористи полицијата за да создаде коалиција со подземјето и криминалот да помине неказнето во нашата земја.
Ова мора да престане. Одговорност мора да има по 12 април. Оливер Спасовски и Заев се директни виновници за сите порази, криминали и неуспеси во нашата земја?“ порача Ѓорѓиевски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дуковски: Ова е дискриминација, најболниот во случајов е во притвор, а двајца се со поблаги мерки

Објавено пред

Бранителот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски, по денешното рочиште посочи дека е дискриминација што неговиот клиент и првообвинет во „Рекет“ сè уште е во притвор.

„Дали не ви личи на дискриминација, двајца се со поблаги мерки, а најболниот во овој предмет е со судски притвор. Секогаш истите образложенија, семејна состојба, опасност од бегство. Не знам што ќе одлучи Апелациониот суд за притворот, но не ми е јасно зошто се продолжува притворот“, рече Дуковски.

Тој го дообјасни Јовановски, дека бараат меѓународна медицинска еваулација на досега извадените документи и прегледите.

„Дадени се во неколку странски земји, во Србија и во други земји, согласно ЗКП имаме право да го дадат своето мислење. Ете тоа е евалуација од друга земја“, рече Дуковски.

За наводниот криминал на Вилма Руисковска од четири милион евра, посочи да се праша Бојан Јовановски.

„Јас не знам, тоа може да го прашате ќе ви објасни детално за тоа Бојан Јовановски“, рече Дуковски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Евакуиран цел „Сити мол“ по дојава за бомба

Објавено пред

Поради дојава за бомба, вработените и посетителите во трговскиот центар „Сити мол“ во моментов се евакуирани. Им било соопштено да го напуштат трговскиот, по што многу брзо во паника луѓето почнале да трчаат кон излезите.

Поради инцидентот, околу трговскиот центар има голем метеж, полициски возила, а автобусите се пренасочуваат.

На лице место има брза помош и противпожарни екипи.

Од „Сити мол“ пријавиле во полиција дека имаат дојава за поставена бомба. На местото се испратени единици за антитероризам коишто го проверуваат трговскиот центар, велат од МВР за „Макфакс“. Истрагата е во тек.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија50 минути

Евакуиран цел „Сити мол“ по дојава за бомба

Поради дојава за бомба, вработените и посетителите во трговскиот центар „Сити мол“ во моментов се евакуирани. Им било соопштено да...

Македонија1 час

Затворена порнографската група на „Телеграм“, избришани се сите членови

Повеќе не постои порнографската група на „Телеграм“ во која имаше над 7.000 членови, а се постираа фотографии и видеа од...

Македонија1 час

Обвинение против негувателката која малтретираше дете во игротека во Аеродром

Скопското основното јавно обвинителство поднесе обвинение против негувателката која на 21 ноември минатата година беше забележана како малтеретира двегодишно дете...

Македонија2 часа

(Видео) Лила Филиповска дала 25 илјади евра донација и 8 илјади евра позајмица за 1ТВ

„Не сме скарани, но не сме повеќе пријатели со Боки 13”. Вака го почна сведочењето водителката Лила Филиповска за случајот...

Македонија3 часа

Судијка сведочи во „Рекет“: Боки 13 доаѓа од просечно семејство, но неговата финансиска состојба брзо се подобри

Апелациската судијка Мери Дика-Георгиевска сведочи пред судот за случајот „Рекет“ каде што обвинети се Бојан Јовановски и ексшефицата на СЈО,...

Македонија3 часа

Напладне запираат вонредните мерки за загадувањето, се укинува и бесплатниот јавен превоз

Град Скопје ги известува граѓаните дека денеска од 12 часот се укинуваат вонредните мерки меѓу кои сe и бесплатниот јавен...

Свет3 часа

Австралиски научници на чекор од откривање вакцина против коронавирусот

Научници од Австралија соопштија дека во лабораторија успешно развиле верзија на новиот коронавирус, што би можело да го забрза создавањето...

Регион4 часа

Српски стилист уапсен поради педофилија

Полицијата во Нови Сад го уапсила стилистот и диџеј Срѓан Швељо под сомнение дека сексуално вознемирувал и злоупотребувал малолетни лица,...

Свет5 часа

Турција го отфрли планот на Трамп: Ова е кражба на палестинската земја

Турција го отфрли мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток како обид за анексија на палестинска земја....

Регион5 часа

Сасоли: Регионот и ЕУ имаат заедничка судбина, итно е потребен нов поттик за проширување

Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, по средбата со спикерите на парламентите од западниот Балкан повика на нов поттик за...

Регион5 часа

Србија ќе забрани увоз на автомобили со Евро 3-мотори

Во Србија се подготвува забрана за увоз на стари автомобили со Евро 3-мотори, која може да стапи во сила во...

Економија6 часа

Без работа 3,5 милиони Руси

Во декември во Русија имало речиси 3,5 милиони невработени. Тоа е 4,6 проценти од економски активната популација, покажуваат прелиминарните податоци...

Македонија16 часа

Земјотрес со јачина од 4,5 степени почувствуван во земјата

Земјотрес со јачина од 4,5 степени вечерва беше почувствуван во земјата и регионот. Епицентарот, како што јавуваат медиумите од регионот,...

Македонија18 часа

(Видео) Јовески: Потребно ни е силно, професионално и одговорно обвинителство

Државниот јавниот обвинител, Љубомир Јовески, смета дека треба да има силно, професионално и одговорно обвинителство, да не се задоволуваат дневнополитички...

Македонија18 часа

Владата бара од инспекторите да извршат увид на градбите во Охрид и Струга

Владата на денешната седница го задолжи Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам да изврши надзор над изградбата на градби од...

Македонија20 часа

Жбогар: Да продолжат реформите, законот за Јавното обвинителство да се донесе пред да се распушти Собранието

Евроамбасадорот Самуел Жбогар порача дека земјава треба да продолжи со реформите во клучните области и дека новиот закон за Јавното...

Спорт20 часа

За 24 часа милион ипол луѓе се потпишаа Коби да е на новото лого на НБА

Повеќе од 1.5 милиони луѓе за помалку од 24 часа се потпишаа на он-лајн петицијата силуетата на Коби Брајант да...

Македонија21 час

„Анима мунди“: Ужас на скопските улици, се превезува распнат коњ

Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ објави вознемирувачка фотографија на распнат коњ како со камион го превезуваат на скопските...

Македонија21 час

Откриени креаторите на „Јавна соба“, МВР ќе ги достави доказите до Обвинителството

Министерство за внатрешни работи, сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика, во координација со СВР Скопје изврши идентификација на сопственикот...

Македонија23 часа

Вештак во судењето за Ласкарци: Човечкиот фактор пресуден за несреќата

Првата реакција и обидот за сопирање кај возачот настанала во првата секунда, кога ја кренал ногата за гас и ја...

Досие