Македонија
Запалени стрништа во Кочанско, огнот се приближил до бензинска пумпа и куќи

Државен инспектор за животна средина и инспектор за земјоделство ги лоцираа парцелите на кои гореа стрништа во Кочанско, а на сопствениците ќе им биде изречена соодветна санкција.
Од Инспекторатот наведуваат дека поради силниот ветер, огновите се приближиле до куќи, лозја, овошни насади и до една бензинска пумпа.
„Покрај загрозувањето на човечки животи и материјална штета, црниот и густ чад од запалениот органски отпад на нивите го загадуваше и воздухот, а саѓите се разнесуваа на голема далечина“, соопшти ДИЖС.
Од таму велат дека казните за физичките лица кои палат стрништа се мали и несразмерни за штетите кои ги причинуваат, а потребна е и едукација за граѓаните и систем за собирање на отпад од нивите, како и посеопфатна контрола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ѓуровски: Партиите да замолчат и да ги тргнат рацете од одбраната и безбедноста

По денешните реакции од политичките партии и државните институции во врска со постапката за издавање на НАТО безбедносен сертификат, со став во јавноста излезе универзитетскиот професот Марјан Ѓуровски.
„ Се што имавте политичките партии во државата кажавте, сега Брисел зборува, вие има да замолчите и слушате и партиските активисти да си ги соберете зошто конечно нема место за нашите и вашите. Кога Вие досега не направивте декриминализација, ветинг и департизација-тоа ќе го направат партнерите од НАТО“, порача Ѓуровски.
„ Најдобро ќе биде политичките партии да ги тргнат рацете од одбраната и безбедноста, зошто ќе си ги изгорат прстите. Двете македонски политички партии како и албанските партии во изминатите 29 години кумуваат на партизацијата и политизацијата на одбранбено-безбедносниот систем “ додаде докторот по безбедносни и одбранбени науки, Ѓуровски.
Според него „време е за воспоставување на јасни правила на игра и работа во Воената служба за безбедност и разузнавање, како и регулирање на партиското ангажирање на офицери и професионални војници. Професорот Ѓуровски нагласува дека за НАТО безбедносните сертификатите нема место за политички мегдан.
Македонија
Заев: Поддршката за јасната перспектива на Северна Македонија како членка на ЕУ е најсилната мотивација за нашите реформи

Во Владата се одржа редовниот годишен состанок на шефовите на дипломатските мисии на земјите членки на ЕУ во нашата земја на која премиерот Зоран Заев ги информираше амбасадорите за актуелните и најважни активности во процесот за интеграција на земјата во Европската Унија.
Премиерот Заев на состанокот истакна дека, имајќи предвид дека членството на Северна Македонија во ЕУ нема алтернатива за нас е важно, да го продолжиме дијалогот со Бугарија, во духот на меѓусебно почитување и во имплементацијата на договорот за пријателство преку поинтензивна меѓу-секторска соработка.
„ Истовремено остануваме цврсто определени за одредени прашања, кои се наши црвени линии, како што е македонскиот идентитет и македонскиот јазик, за нив не преговараме“, додаде премиерот Заев.
За време на дебатата, Заев ја поздрави изразената поддршка за проширувањето на ЕУ од страна на амбасадорката на Португалија, Вирџинија Пина, при што додаде дека е многу важен ставот на Португалското претседателство дека почетокот на преговорите со Република Северна Македонија се меѓу приоритетите и дека Португалија ќе направи се првата меѓувладина конференција со Северна Македонија да се одржи во првата половина на 2021 година.
Премиерот Заев ги сподели и очекувањата од сеопфатниот Економски и инвестициски план за Западен Балкан на Европската Комисија, кој ќе мобилизира финансирање до 9 милијарди евра за инвестиции во областите на транспорт, енергија, зелена и дигитална транзиција, за да создаде одржлив раст и работни места, поттикнувајќи го економскиот развој на земјата во постковид периодот што следува.
Претседателот на Владата Заев на состанокот со ЕУ амбасадорите изрази благодарност за поддршката на Брисел за вклучување на земјите од Западен Балкан во набавката на вакцини против КОВИД-19, и изрази очекување дека ќе има забрзување на оваа постапка како знак на континуитетот и солидарноста во справувањето со пандемијата.
„ Едногласната поддршка на амбасадорите на земјите членки на ЕУ за јасната перспектива на Северна Македонија како членка на ЕУ на состанокот е најсилната мотивација за нашите реформи за да ги донесеме европските вредности дома“, рече премиерот Заев на редовниот годишен состанок со шефовите на дипломатските мисии на земјите членки на ЕУ во нашата земја што денеска се одржа во Владата на Република Северна Македонија.
Македонија
Матурантите ќе го бојкотираат почетокот на второто полугодие

Средношколскиот сојуз ги повика матурантите да го бојкотираат почетокот на второто полугодие кое стартува во четврток. Како образложение го наведуваат неприфаќањето на нивните барања за намалување на бројот на предмети кои треба да се полагаат на државната матура оваа година, од четири на два.
Првиот задолжителен предмет да биде Мајчин јазик, а вториот изборен да биде предмет што е поврзан со понатамошни студии на Универзитет, како и Проектна задача на матурата. Исто така бараат изменетиот материјал и наставната програма за државната матура што се учеле од далечина, да бидат презентиран до март месец.
„ Одлуката за бојкот дојде откако образовните институции, односно Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар (ДИЦ) не беа подготвени да соработуваат за нашите барања да бидат прифатени и истите успешно да се спроведат. Ги повикуваме сите матуранти да ни се приклучат!“ се наведува во објавата на сојузот.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира