Контакт

Македонија

Започна караван во кој ќе се делат пакети за учениците од помалубројните заедници

Објавено пред

Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) денеска го започна караванот, во кој ќе посети повеќе од 60 основни училишта во месец ноември, од сите региони на државата, а во кои учат ученици на јазиците на помалубројните заедници во Македонија. Во овој караван ќе се поделат над 7.000 ученички сета за учениците од прво до трето одделение, надополнетии со маски и дезинфекциски средства, согласно мерките за заштита од Ковид-19. Пакетите се пакувани во Црвениот крст.

Оваа активност е предвидена во рамките на проектот „Зајакнување на демократијата преку унапредување и заштита на правата на заедниците“, кој е директно поддржан и финансиран од страна на Европската Унија.

Караванот започна денеска од Основното училиште „Тефејуз” во општина Чаир, каде наставата се одвива на турски јазик.

Заменик-директорот Џелал Хоџиќ, заедно со Фрејк Јанмат – претставник на Делегацијата на ЕУ во Скопје, како и Илхан Рахман заменик-министер во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, поделија 400 училишни сетови на учениците од прво до трето одделение.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Стефоска: Да ги сакаш своите соседи, како што се сакаш себе си, е радикален чин

Објавено пред

Министерката за култура, Ирена Стефоска на прес-конференција на Владата на новинарското прашање како го коментира вчерашното интервју на премиерот Заев, таа одговори: „Би сакала да ги употребам зборовите од синоќешниот говор на новоизбраниот претседател на САД,Бајден: „Да ги сакаш своите соседи, како што се сакаш себе си, е радикален чин“.

„Но, овој просец не е лесен. Историјата не подучува дека сите ние мораме да се соочуваме со своето минато. Како што, на пример, пред 50 години германскиот канцелар Вили Брант при посетата на Полска, клекна пред Споменикот на хероите во Варшавското гето. На тој начин, побара прошка и се извини за злосторствата на нацистите во Втората светска војна и така го отвори патот на процесот на простување. За жал, кај нас на Балканот, овие процеси се движат многу бавно, а и ние како земја никогаш не сме постигнале ништо лесно“.

Истовремено, кога ќе се сетам низ што се помина минативе години премиерот и сите ние заедно, не можам како човек тоа да го фрлам во вода. Како историчарка, се разбира, имам и свои видувања на темата и отворена сум за тематска прес-конференција ако сакате. Јас сум професионален историчар и во моментов сум и министерка за култура.

Убедена сум дека премиерот сака да ја истурка, буквално, земјата да оди напред, но и покрај сите негови напори, тој не може да и помогне на нашата сосетка Бугарија, бидејќи бугарското општество мора, како и секое друго, самото да се справува со темните страни од своето минато. Има многу примери како тоа се случувало, како се работи на справување со минатото. Од друга страна, во секоја национална историја има разни страни – бели, темни, светли, и секој си е одговорен за соочување и справување со сопственото минато. Но, тоа не може да биде пречка, услов за нашите евроинтеграции да биде историјата или идентитетски прашања. Бидејќи, ако тоа е така, а не смее да биде така, немаше да постои Европската Унија. Билатерални спорови од секаква природа имало меѓу земјите – членки на ЕУ. Така што, убедена сум дека сите заедно со поддршка и на нашите пријатели од Брисел, процесот на нашето интегрирање ќе продолжи“, рече министерката за култура, Ирена Стефоска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Црвенковски: Го замрзнувам членството, изјавите на Заев направија огромна штета

Објавено пред

Поранешниот претседател и основачот и долгогодишен претседател на СДСМ, Бранкo Црвенковски во јавно обраќање до раководството и членовите на СДСМ повикува да се оградат од изјавите на Зоран Зоран во врска со Бугарија, кои според него, ќе предизвикаат тешки и долгорочни последици за македонскиот народ и држава.

„Почитувани сопартијци, во изминативе 7 години се решив да не бидам на каков било начин присутен во политичката јавност во Македонија. За таквото однесување имав повеќе причини, а во оваа прилика ќе ги споменам двете најголеми. Додека СДСМ беше во опозиција и водеше тешка битка со режимот, не сакав на било кој начин да давам дополнителен повод за напади кон раководството на СДСМ, дека се мои марионети или дека спроведуваат политики под мое влијание.

Сакав партијата да биде ослободена од какво било бреме од претходните владеења на СДСМ со државата. Во периодот после формирањето на Владата на чело со СДСМ, не излегов во јавност за да не се доведам во ситуација да се конфронтирам или јавно да критикувам некои политики и постапки на мојата партија. А такви ситуации имаше во повеќе наврати. Таквиот мој став ќе продолжеше и во иднина ако не се случеше скандалозното интервју на премиерот и претседател на нашата партија Зоран Заев. Ставовите и тезите искажани во тоа интервју предизвикаа и ќе предизвикуваат тешки и долгорочни последици за македонскиот народ и македонската држава“, вели Црвенковски.

Според него, направена е огромна и непоправлива штета. „Она што може и мора да се направи е да се стави јасно на знаење дека ставовите на Заев не се ниту ставови на целата Влада, ниту на целиот државен врв. Се обраќам до вас почитувани сопартијци за да ви укажам на посебната одговорност што ја има нашата партија. Зоран Заев е претседател на СДСМ и наша е задачата да ја намалиме штетата колку што е можно повеќе. Ако нема никаква реакција ставовите на Заев ќе станат ставови застапувани од целиот СДСМ, а бидете убедени тоа ќе има катастрофални последици по партијата и што е уште полошо по државата. Реакциите на пооделни видни членови во медиумите и на социјалните мрежи се добредојдени, но не и доволни. Затоа, почитувани мои сопартијци, повикувам под итно да се свика Централниот одбор на партијата и на таа седница да се донесе заклучок дека искажаните ставови на Заев не се ставови ниту на ЦО ниту на СДСМ во целина. Да се реафирмираат уште еднаш ставовите на СДСМ за македонскиот национален идентитет, македонскиот јазик, македонската историја, карактерот на антифашистичката борба и АСНОМ. Почитувањето и спроведувањето на таквите заклучоци да биде задолжително и без релативизрање за секој член на раководството на партијата и секој државен функционер предложен од СДСМ“, вели тој.

До одржувањето на таква седница на ЦО, Црвенковски најавува дека го замрзнува неговото членство во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Шахпаска: Состојбата во градинките е стабилна како резултат на почитување на мерките против Ковид-19

Објавено пред

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска оствари средба со директорите на детските градинки, на која се разговараше за предизвиците со кои се соочуваат во време на пандемија, важноста од строгото почитување на Протоколот за превенција и заштита од ширење на вирусот како основен заштитен механизам и други прашања важни за непречено функционирање на детските градинки.

На средбата која заради пандемијата од Ковид-19 се одржа онлајн и на која учествуваа околу 70 директори, се дојде до констатација дека состојбата во градинките е стабилна како резултат на почитување на мерките за заштита од ширење на вирусот.

„Воспитувањето и образованието на најмладите во општеството е работа која бара голема посветеност и вистинска грижа. Од страна на Министерството ја имате целосната поддршка во работата и продолжуваме заеднички да работиме на решавање на сите предизвици кои произлегуваат од секојдневието и обезбедување на безбеден престој на вработените и децата во градинките. Ако ги почитуваме мерките за заштита од Ковид-19, обезбедуваме безбедни градинки и за вработените и за децата“, истакна министерката Шахпаска.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

Црвенковски: Го замрзнувам членството, изјавите на Заев направија огромна штета

Поранешниот претседател и основачот и долгогодишен претседател на СДСМ, Бранкo Црвенковски во јавно обраќање до раководството и членовите на СДСМ...

Македонија1 час

Заев: Фашистичката окупација била присутна, но не можете за цел народ да кажете дека бил окупатор

Македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се на маса за преговори, вели премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања поврзани...

Македонија2 часа

На Клиниката за уво, нос и грло од денеска ќе се примаат пациенти заразени од коронавирус

Во текот на денешниот ден ќе се отвори и ковид-центарот на Клиниката за уво, нос и грло, каде што ќе...

Македонија4 часа

Ѓоргиев за „Дојче веле“: Историските прашања да не се користат како политичка алатка

Генерално, погрешен е пристапот историските прашања да се користат како политичка алатка, изјави македонскиот историчар Драги Ѓоргиев, претседател на македонскиот...

Топ6 часа

Запленета марихуана во Струшко, приведен дилер од Албанија

Полицијата вчера заплени марихуана во Струшко и приведе дилер од Албанија по претходно добиени оперативни сознанија. Од МВР информираат дека...

Македонија6 часа

Пендаровски: Постои дилема дали државниот врв настапува единствено во спорот со Бугарија

Спорот со Бугарија може да се реши само ако доследно се почитуваат и македонскиот и бугарскиот народ и со избегнување...

Македонија6 часа

Опозицијата бара оставка од Заев поради вчерашното интервју

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од премиерот Зоран Заев поради ставовите изнесени во интервјуто за бугарската новинска агенција „Бгнес“. Од ВМРО-ДПМНЕ...

Свет7 часа

Меркел: Задолжително маски и на отворено

Германската канцеларка, Ангела Меркел, објави дека ограничувачките мерки против коронавирусот ќе бидат продолжени најмалку до 20 декември, а можеби и...

Свет7 часа

Трамп одобри помилување на својот поранешен советник за национална безбедност

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го одобри помилувањето на својот поранешен советник за национална безбедност, генерал Мајкл Флин, што медиумите го...

Македонија18 часа

Мицкоски повика на предупредувачки протест за одбрана на македонските црвени линии

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи повика на натпартиски протест за одбрана на црвените линии во преговорите со...

Македонија19 часа

1.288 новозаразени од Ковид-19, починаа 39 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.349 тестирања, а регистрирани се 1.288 нови случаи на...

Македонија20 часа

Кај Тумбе Кафе има околу 10.000 гранати од Првата светска војна, уништувањето ќе почне во декември

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека во декември ќе започне уништувањето на неексплодираните гранати од Првата светска војна...

Свет20 часа

Кинески експерти тврдат дека коронавирусот не потекнува од Кина

Кинескиот државен весник „Пиполс дејли“ тврди, повикувајќи се на изјави на кинески експерти, дека коронавирусот не потекнува од Вухан, град...

Меѓународен21 час

Почина Диего Армандо Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона (60) почина од срцев удар во родната земја, јавуваат тамошните медиуми. Легендарниот фудбалер починал...

Македонија1 ден

Заев: Бугарија не е фашистичка земја, туку наш пријател

Бугарија не е фашистичка земја, таа е наш пријател, вели претседателот на Владата, Зоран Заев, во интервју за бугарската новинска...

Македонија1 ден

Судот го опомена Бојан Јовановски, одбиено е барањето за изземање на судијката

Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, го одби барањето на обвинетиот Бојан Јовановски за изземање на судијката Софче Гаврилова-Ефремова од...

Македонија1 ден

Се очекува зелено светло од Пендаровски за војниците од утре да почнат да ги обезбедуваат болниците

Припадниците на Армијата ќе може уште утре да бидат распределени во здравствените институции, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. „Вчера,...

Култура1 ден

Eкипата на „Медена земја“ тврди: На Атиџе ѝ обезбедивме дом, храна и лекови – здружението „Бекирлија“ и донациите ќе бидат затворени

Екипата на „Медена земја“ реагира по тврдењата што се појавија во јавноста дека Атиџе Муратова е заборавена од сите, без...

Европа1 ден

(Видео) Автомобил удри во оградата на канцеларијата на Меркел

Автомобил управуван од непознато лице удрил во оградата на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин. Деталите за оваа...

Свет1 ден

Сингапур го искорени коронавирусот

Некогаш имаше најголема стапка на Ковид-19 во Југоисточна Азија, но кога во вторникот пријави 14 дена без нови локални случаи,...

Досие