Контакт

Македонија

Започна пролетната кампања за вакцинација на лисиците против беснило

Објавено пред

Агенцијата за храна и ветеринарство почна со реализација на пролетната кампања за вакцинација на лисиците против беснило со авионско фрлање вакцинални мамки од аеродромите во Скопје и Штип.

Со техничка и финансиска поддршка од Европската Унија, во наредниве десеттина дена, на територијата на целата држава ќе бидат фрлени 500 илјади мамки. Вакцинацијата има цел прекинување на пренесување на вирусот на беснило од едно на друго животно и негово елиминирање од носителите, односно од таканаречените резервоари.

„Апелираме до граѓаните во наредните денови исклучително внимателно да се движат во природа, да внимаваат и никако да не ги допираат со раце вакциналните мамки, кои се во кафеава боја и личат на чоколадни коцки. Во нив е сместена пластична капсула во која се наоѓа вакцината во течна состојба. Доколку, сепак, се случи мамката да се допре, рацете да се измијат со обилно количество вода и сапун, а доколку мамката дојде во контакт со устата, задолжително да се побара и лекарска помош“.

По завршување на вакцинацијата, ќе се спроведе контрола за процена на успешноста и на оваа вакцинална кампања.

Оралната вакцинација на лисиците против беснило почна да се спроведува во 2011 година, со по две вакцинални кампањи – пролетна и есенска.

Македонија

ФРОДЕМ: Oднесувањето на академците од Бугарија е недобрососедско и фрустрирачко

Објавено пред

Скандалозниот став на Бугарската академија на науките (БАН) за македонскиот јазик јасно говори за постојано непримерено однесување на поедини академици од нашето соседство кое слободно може да се оцени и како недобрососедско, недобронамерно, фустрирачко и обременото со соништата од минатото, велат од ФРОДЕМ – Фронт за демократска Македонија.

Жално е, смета ФРОДЕМ, што одредени академици се уште верно ѝ служат на една пропадната мегаломанска идеја на политичарите од ХIX век, на нивниот сон за Санстефанска Бугарија.

„Академиците од соседството на крајот на втората декада на ХXI никако да сфатат дека конечно е дојдено времето за да се оградат од ,,памфлетот” на Бугарската академија на науките (БАН) oд месец ноември 1968 година („Историско-политичка информација по македонското прашање“) во која се негира постоењето на македонскиот народ, јазик и култура и да се ослободат од фантазмите ,,Еден народ, a две држави” и ,,Македонија и македонците најромантичен дел од бугарската историја”. Напротив тие уште пожестоко и душмански со квази научни аргументи и само на нив познати факти се обидуваат да го докажат недокажливото. Грубото посегање по туѓата историја и негирање на посебноста на еден древен народ и неговиот јазик укажува на срамење од сопствената историја и обид за промена на истата.

Овој последен нецивилизиран и недобронамерен истап на највисоката научна институција од нашето источно соседство кај сите Македонци и кај целата светска јавност дополнително го зајакнува и потврдува ставот дека станува збор за патолошки порив и ментална состојба во која се наоѓаат некои т.н научни работници потпомогнати од шовинистички задоените и настроени политичари и фалсификатори историчари и лингвисти.
ФРОДЕМ ги потсетува бугарските политичари да ја освежат својата меморија за европското однесување на некои бугарски политичари во текот на средината на минатиот век и да соберат храброст да ја признаат вистина за постоењето и посебноста на македонскиот народ, јазик, култура и историја. Како балканска земjа членка на Европската Униjа и НАТО алијансата, Република Бугариjа има посебната обрска да изгради здрава и траjна основа на билатерални односи со своите соседи.

Со ваквиот негаторски став бугарските антимакедонски кругови ги рушат сите мостови за пријателство и соработка. Никој во Република Македонија и по ниту една цена нема да прифати ваква антимакедонска политика. Затоа упатуваме порака до сите добронамерни граѓани на Република Бугарија да се одважат и ја признаат реалноста дека постои македонски народ, македонски јазик, култура и историја.

Со оние граѓани на нашиот сосед кои немаат желба и сила да ја сфатат реалноста и вистината за Република Македонија и за посебноста на македонскиот народ, македонскиот јазик, култура и историја, ФРОДЕМ сочувствува со нив поради немањето капацитет да досегнат повеќе од тоа што се“, нагласи ФРОДЕМ во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

ОМД го осуди бугарското негирање на македонскиот јазик

Објавено пред

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ја осуди изјавата на Бугарската академија на науките дека македонскиот јазик не постои.

„Членовите на бугарската академија забележаа дека македонскиот јазик е резултат на политичка конструкција, а не на органски јазичен развој. Како резултат, тие тврдеа дека македонскиот јазик не е ништо друго освен „бугарски јазик испишан на српска машина за пишување“. Оваа контроверзна и навредлива изјава е уште еден додаток на долгата линија на понижувачки изјави што го негираат постоење на македонската националност и симболи“, велат од ОМД.

Во текот на изминатите децении, додаваат од таму, а особено од 2017 година, соседите на Македонија започнаа заеднички напор за поткопување на македонската националност преку условување на Европската унија (ЕУ) и членството во НАТО со откажување од тврдењата за македонски идентитет.

„Најновата во низата на антидемократски напади, изјавата на Бугарската академија на науките ја отсликува моменталната бугарска политика за негирање на постоењето на единствен македонски јазик. Крајната цел на оваа политика е да се спречи Македонија да има официјален јазик признат во рамките на ЕУ, штом земјата ќе се приклучи на Унијата. Со оглед на леснотијата со која македонското раководство се предаде на малтретирање од страна на нашите соседи, не би било изненадувачки официјални лица во Скопје да го игнорираат овој скандал“, велат од ОМД.

ОМД ги повикува македонските власти да го осудат овој, како што велат, недоличен чин на Бугарија и да заземат јасен и едногласен став во одбрана на Македонија и нашиот јазик. Покрај тоа, ОМД ја повикува ЕУ да протестира против изјавата на Бугарите, бидејќи, како што велат, негирањето на јазик ја крши нејзината долгогодишна јазична политика.

Прикажи повеќе...

Македонија

Променливо облачно време со локален дожд, а на планините снег

Објавено пред

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд, а на планините со снег, информира УХМР.

Пообилни врнежи ќе има од ноќните часови и во сабота, особено претпладне. Потоа следува период на стабилно и потопло време, од понеделник со услови за магла по одделни котлини.

Извор: УХМР

Максималната температура ќе се движи од 4 до 14 степени. Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне 9 степени.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет30 минути

Борис Џонсон прогласи победа на конзервативците

Британскиот премиер, Борис Џонсон, прогласи победа на својата Конзервативна партија, која освои убедливо мнозинство на изборите што се одржаа вчера....

Свет41 минута

Зеленски: Нема да се случи втора Сребреница

Претседателот на Украина, Володомир Зеленски, изјави дека во Донбас нема да се случи Сребреница, затоа што Украина, како што вели,...

Македонија12 часа

Заев: За да имаме рамноправна држава, мораме да го примениме моделот на една изборна единица

За да имаме рамноправна и демократска држава, во која сите ќе добијат подеднакво, мораме да го промениме законот и да...

Свет12 часа

Џон Саливен именуван за нов амбасадор на САД во Русија

Нов американски амбасадор во Русија ќе биде Џон Саливен, актуелен заменик на американскиот државен секретар. За него гласале 70 сенатори,...

Свет13 часа

Уапсени неколкумина осомничени за убиството на новинарот Павел Шеремет

Украинската полиција уапси неколку лица кои се осомничени за убиството на новинарот Павел Шеремет во 2016 година, но сè уште...

Европа13 часа

Белгија ќе прими 10 деца на припадници на Исламска држава

Судот во Брисел ѝ нареди на белгиската Влада да бидат примени 10 деца родени во Сирија, на припаднички на Исламска...

Свет14 часа

Русија нареди депортирање на вработени во американски универзитет

Судот во Русија нареди депортирање на пет лица вработени на Универзитетот во Бафало во САД поради прекршување на условите за...

Спорт14 часа

Тројца шпански фудбалери добија по 38 години затвор за силување на 15-годишно девојче

Фудбалерите на шпанскиот третолигаш Арандина, Раул Калво (21 година), Карлос Квадрадо (26 години) и Виктор Родригез (24 години) добија по...

Економија17 часа

Возилата кои помалку загадуваат ќе се увезуваат по помали давачки

Доколку возилото помалку загадува, ќе се плаќа понизок данок за увоз. Предлог-законот за данок на моторни возила е во собраниска...

Европа18 часа

Трамп: „Грета – личност на годината? Мислам дека треба малку да олади“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска повторно се сврте кон 16-годишната активистка за заштита на животната средина, Грета Тунберг, оценувајќи го...

Македонија18 часа

(Видео) Костадинов: Апелирам амандманите да се повлечат, со дебата да го смениме изборниот модел

СДСМ апелира амандманите што ги поднесе ДУИ да се повлечат. „Да влеземе во суштинска дебата и, конечно, да го промениме...

Македонија18 часа

Максим Ацевски едногласно избран за нов државен ревизор

Пратениците едногласно со 81 глас го изгласаа Максим Ацевски за нов државен ревизор. Пратениците изборот го поздравија со аплауз, а...

Македонија20 часа

Обвинителството проверува дали самоубиството на 13-годишното девојче од Гостивар е поврзано со секта

Основното јавно обвинителство Гостивар постапува за утврдување на причините за смртта на 13-годишно девојче од Гостивар, чие безживотно тело беше...

Македонија20 часа

Талевски: Само сакавме да ги намалиме цените на превозот за ученици

Повеќе од два часа обвинетиот ексградоначалник на општина Битола, Владимир Талески, одговараше на прашањата на својот адвокат Димитар Дангов за...

Македонија21 час

СДСМ смета дека нема пречка за една изборна единица на изборите во април

Доцна синоќа раководството на СДСМ го усогласило ставот дека се подготвени за една изборна единица на претстојните предвремени парламентарни избори...

Македонија22 часа

В сабота ќе работат и градинките

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 14 декември ќе биде работен и за градинките на територијата на државата....

Свет23 часа

Трамп до универзитетите: Укинете го антисемитизмот ако сакате пари

Американскиот претседател, Доналд Трамп, потпиша извршна наредба за забрана на федералните фондови наменети за универзитетите и колеџите, кои дозволуваат антисемитизам....

Свет23 часа

(Видео) Се запали рускиот разорувач „Адмирал Кузњецов“, тројца повредени

Рускиот носач на авиони „Адмирал Кузњецов“ се запалил додека го поправале на докот во Мурманск, при што повредени се три...

Регион1 ден

Преговорите за влада на Косово без резултати , нема договор за коалиција

Во косовското собрание синоќа се одржа уште една средба на лидерот на Движењето Самоопределување Албин Курти и лидерот на Демократскиот...

Свет1 ден

Санчез доби мандат за формирање влада

Шпанскиот крал Фелипе Шестти му довери на досегашниот премиер Педро Санчез мандат да се обиде да формира влада. Социјалистичката партија...

Досие