Контакт

Македонија

Почнуваат со работа мобилните екипи, пасоши ќе се издаваат и во конзулатите

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес, на посебна средба со вработените дипломати и конзуларни референти, кои се членови на мобилните екипи за патни исправи, за лично да им ги врачи решенијата со кои тие итно се упатуваат во државно-конзуларните претставништва. Нивната мисија ќе биде реализацијата на акцискиот план за 2020 година, кој делумно беше пасивизиран поради појавата на светската пандемија.

„Нашите државјани во странство се наоѓаа во тешка ситуација подолго време поради недостиг на легални документи, ваша задача е да вложите и дополнителен напор со цел за време на вашите посети на конзуларните претставништва да дојдете и до последниот граѓанин што има потреба од нашите конзуларни услуги“, посочи Османи на средбата.

Министерството за надворешни работи ќе продолжи со напорите за да се усогласи со наложените мерки и услови од страна на државите што се потребни за непречено и ефикасно функционирање на мобилните екипи, кои од 2 октомври до 9 ноември оваа година почнуваат со реализација на акцискиот план. Екипите почнуваат со посета на Загреб, Виена и на Минхен, а потоа, според распоредот, се упатуваат и во другите центри каде што има потреба. Во однос на точниот редослед на услуги од мобилните екипи, сите граѓани што аплицирале за издавање патна исправа, ќе бидат известени од страна на нашите ДКП.

За начинот на реализацијата и термините за тековната година, како и државите во кои е предвидена оваа активност, македонските државјани повеќе информации може да добијат на страницата на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија.

Македонија

Џафери: Со реториката и позитивниот дух, Амди Бајрам се истакнуваше од сите колеги пратеници

Објавено пред

Со големо жалење ја примив тажната вест дека мојот долгогодишен и драг колега Амди Бајрам го напуштил овој свет, пишува претседателот на Собранието, Талат Џафери, во телеграма по повод смртта на поранешниот пратеник.

„Дозволете од свое лично име и од името на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија да изразам длабоко сочувство за оваа голема загуба. Господинот Амди Бајрам како долгогодишен пратеник и претставник на ромската заедница во Република Северна Македонија учествуваше во носењето на голем број значајни и стратешки одлуки за земјата. Тој беше достоен претставник на својата етничка заедница и направи голем број на работи за нивното општествено напредување.

Со својата реторика и позитивен дух се истакнуваше од сите колеги пратеници и ќе остане секогаш запаметен.

Моето сочувство оди и до семејството на нашиот поранешен колега Амди Бајрам сигурен дека тагата за вашата голема загуба е неизмерна. Дозволете уште еднаш да Ви го искажам своето сочувство, нека почива во мир“, пишува Џафери во телеграмата.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Тој имаше комплексна здравствена состојба“, изјави министерот Филипче за смртта на Амди Бајрам

Објавено пред

Амди Бајрам имаше комплексна здравствена состојба со многу хронични болести, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

Запрашан дали е направен посмртен тест за коронавирус со оглед на тоа што Бајрам неодамна имаше свадбена веселба во Турција, министерот рече дека се’ уште нема такви информации.

„Таа информација штотуку стигна. Имав претходни сознанија дека тој имаше навистина комплексна здравствена состојба со многу други хронични болести, меѓутоа во однос на она што денеска се случува навистина немам други информации“, изјави Филипче во посета на болницата во Струмица.

Поранешниот пратеник и претседател на Сојуз на Ромите, Амди Бајрам, почина на приватна клиника во Скопје поради кардиоваскуларни проблеми. Посмртно се очекува да му биде земен брис за коронавирус.

Прикажи повеќе...

Македонија

Филипче не планира да поднесе оставка, ја повика опозицијата да ја тргне политиката настрана

Објавено пред

Министерот за здравство, Венко Филипче, не чувствува одговорност за да поднесе оставка која од него ја бара опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче по тој повод рече дека од почетокот на кризата работат професионално.

„Не внесовме политиканство во одлуките“, дециден е министерот.

Тој вели дека голем дел од предлозите на ВМРО-ДПМНЕ немаат медицинска логика, па оттука им порача да ја држат политиката настрана.

„Имаа шанса да помогнат, но за жал одмогнаа и тогаш кога требаше да се потпише заемот. Сега сите 16 ковид центри ни доцнат. Да не се слушеше тогаш таа блокада од тогашната заменичка министерка за финансии, сега сите ковид-центри ќе беа инсталирани во целата држава“, истакна Филипче, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Општата болница во Струмица.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија50 минути

Филипче најави проширување на болничките капацитети и надополнување на кадарот

Прширување на болничките капацитети и надополнување на кадарот најави министерот за здравство Венко Филипче, кој денеска ги посети болниците во...

Македонија2 часа

Почина Амди Бајрам

Поради кардиоваскуларни проблеми, почина Амди Бајрам, експратеникот и претседател на Сојуз на Ромите. Тој починал на приватна клиника во Скопје....

Економија2 часа

(Видео) Компаниите кои се потешко погодени од кризата, ќе добијат поголема финансиска поддршка

Со измените на Законот за поддршка на исплата на плати, компаниите кои се потешко погодени од кризата, ќе добијат поголема финансиска...

Регион4 часа

Грција воведе дополнителни мерки, вклучително и полициски час во Атина и Солун

Поради зголемувањето на ширењето на Ковид-19, Грција воведе дополнителни мерки, вклучително и полициски час во Атина и Солун. Мерките стапуваат...

Македонија5 часа

Георгиевски во Софија: Историската комисија има направено големо поместување

Претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски при својата посета во соседна Бугарија оствари средби со министерката за надворешни работи, Екатерина...

Свет5 часа

СЗО работи на насоки за употреба на Ремдесивир

Светската здравствена организација објави дека работи на развој на упатства за употребата на лекот Ремдесивир за третман на пациенти со...

Македонија6 часа

Активни 6.861 случаи на заразени со коронавирус во земјата

Во моментов бројот на активни случаи со коронавирус во земјата изнесува 6.861 лице, откако вчера потврдени 518 новозаразени, 200 оздравени...

Македонија6 часа

Ноќва почнува зимското сметање на времето

Со поместување на часовникот за еден час наназад, од ноќва почнува зимското сметање на времето, со што времето во 3...

Македонија18 часа

Филипче: Лабораториите за тестирање работат во три смени

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче информира дека силниот есенски бран ги оптерети лабораториите за тестирање, но се работи...

Македонија19 часа

518 нови случаи на Ковид-19 во земјава, починаа девет лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2367 тестирања, а регистрирани се 518 нови случаи на...

Регион19 часа

Бугарскиот премиер во самоизолација

Бугарскиот премиер Бојко Борисов е во самоизолација по контактот со заменик министерот за градежништво, Николај Нанков, кој беше позитивен на...

Македонија20 часа

(Видео) Северна Македонија и САД потпишаа меморандум за безбедност на 5G технологии

Премиерот Зоран Заев и потсекретарот за економски раст, енергија и животна средина во Владата на САД, Кеит Крач, потпишаа меморандум...

Македонија21 час

(Видео) Заев – Хоти: Ако има потреба повторно ќе се воведат ПЦР тестови на граница

Северна Македонија и Косово традиционално позитивниот политички дијалог наскоро ќе го потврдат со прва заедничка седница меѓу Владите на двете...

Македонија21 час

Мицкоски: Ако Заев се откаже од Гоце Делчев и јазикот, идната влада на ВМРО ќе ја поништи одлуката

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ  Христијан Мицкоски, на денешниот протест, како што наведуваат, против „мафијата, за правда и слобода“, нагласи дека доколу...

Топ22 часа

Тепачка со ножеви и пиштоли меѓу две семејства во Кондово, двајца завршиле во болница

Две лица се повредени во тепачка меѓу две семејства во Кондово, во која биле употребени нож и пиштол. Како што...

Македонија1 ден

Свадба со 200 гости во Арачиново, полицијата најави пријави

Државниот пазарен инспекторат и полицијата растурија свадба во Арачиново со 200 гости и најавија кривични пријави за непочитување на мерките...

Регион1 ден

Во Словенија 1.656 нови случаи на коронавирус – се затвораат рестораните, хотелите, трговските центри

Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 1.656 нови случаи на коронавирус, нешто помалку од претходниот ден. Бројот на...

Македонија1 ден

(Видео) Георгиевски за „Бгнес“: Сакаме зближување со Бугарија, Гоце Делчев нè обединува

И покрај „длабоката држава“ во Македонија, ние сакаме зближување со Бугарија, Гоце Делчев нè обединува, вели лидерот на ВМРО-Народна партија,...

Свет1 ден

Истражување: Лекувањето на Ковид-19 со крвна плазма дава слаби резултати

Употребата на таканаречената конвалесцентна плазма или антитела од крвта на пациенти кои оздравеле од Ковид-19 како потенцијален третман за хоспитализирани...

Македонија1 ден

Казнети рекордни 557 возачи за еден ден во Скопје

Полицијата вчера казнила рекордни 557 возачи во Скопје, од кои 93 за пречекорена брзина. Министерството за внатрешни работи во текот...

Досие