Контакт

Македонија

Почнува полагањето на лекторскиот испит по македонски јазик, пријавување од 1 до 10 мај

Објавено пред

Советот за македонски јазик и Министерството за култура на Република Македонија ја известуваат јавноста дека сите заинтересирани за полагање на испитот за добивање лекторска лиценца по македонски јазик ќе може да се пријават за полагање на испитот од 1 до 10 мај 2018 година.

Барањето за полагање на испитот за добивање лекторска лиценца по македонски јазик може да се преземе ТУКА.

Потребната документација и деталите за начинот на пријавување и полагање може да се пронајдат на следната врска на страницата на Министерството за култура.

Заинтересираните треба да го достават барањето за полагање испит за добивање лекторска лиценца и потребните документи преку архивата на Министерството за култура, најдоцна до 10 мај 2018 година. Полагањето на испитот ќе се одвива на крајот на месец мај 2018, за што јавноста и кандидатите ќе бидат дополнително известени.

Министерството за култура и Советот за македонски јазик во изминатите неколку месеци спроведоа повеќе акции, со кои започна практичното спроведување на измените на Законот за употреба на македонскиот јазик што беа усвоени во Собранието на РМ на крајот на 2017 година а стапија во сила на почетокот на оваа година. Со измените и дополнувањата на Законот, по четири години застој, како што велат од Министерството,  се разреши проблемот и се откочи постапката за полагање на лекторскиот испит, која беше оневозможена со досегашната регулатива за начинот на полагање донесена во 2013 година, а лекторска лиценца оттогаш нема добиено ниту еден лектор.

 

 

 

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

ДОМ: Итни мерки против аерозагадувањето, наместо само препораки

Објавено пред

Во услови на енормно аерозагадување, со концентрации на ПМ10 честички неколку пати над дозволеното ниво, предложените предупредувања и препораки од градот Скопје не се доволни, порача ДОМ.

Зелената партија бара веднаш да се спроведат следните итни мерки:

1. Намалување за 50% на согорувачките процеси во индустриските капацитети
2. Стопирање на сите градежни активности во градските средини
3. Интензивни инспекциски контроли од страна на државниот и локалните инспекторати за животна средина
4. Забрана за движење на тешки возила во градовите и ниво упатување на обиколници
5. Забрана за движење на возила под Еуро 4 стандард во градскиот сообраќај
6. Бесплатен градски превоз и зголемена фрекфенција на автобуси
7. Редовно миење на улиците, собирање на сметот и одржување на јавната хигиената.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов изнајмил опрема за чистење снег од 1 милион евра

Објавено пред

Петре Шилегов во име на Град Скопје склучил договор за изнајмување на опрема за чистење на снег за 2020 и 2021 година во висина од 1 милион евра, изјави денеска Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ.

Според договорот кој го потпишал Шилегов, вели Колариќ, станува збор за изнајмување на 15 машини, кои имаат обврска за чистење од 40 часа месечно, а се што ќе биде над тоа ќе се плаќа дополнително од страна на градот.

„Петре Шилегов наместо да ги троши парите на граѓаните за чистење на снегот кој не падна можеше да купи 5 нови машини за чистење на снег кои ќе бидат во сопственост на градот и ќе можат да бидат користени повеќе години. Шилегов не работи домаќински. Шилегов го раскрчмува едноставно градот“, рече Колариќ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Термалните камери на скопскиот аеродром ќе детектираат симптоми за коронавирусот

Објавено пред

Нема простор за паника кога во прашање е коронавирусот, посочи министерот за здравство, Венко Филипче, по состанокот со Комисијата за заразни болести. Тој потенцираше дека Македонија нема директни летови со Кина, регионот каде е епицентарот на коронавирусот, што значи дека луѓето кои доаѓаат од таму веќе поминале неколку скенери, на различни аеродроми.

„Станува збор за вирус кој има многу слични симптоми како грипот, може да помине со лесна и средна форма, но има и тешки форми кои предизвикаа смрт кај пациенти. Тоа се пред се, постари пацинети со намален имунитет и со хронични заболувања. Во однос на пристигнување на вирусот преку робата, епидемиолозите сметаат дека тоа практично е невозможно. Ние ќе превземеме превентивни мерки. Патниците од летовите од Истанбул и Дубаи, кои имаат врска со Кина, ќе се скенираат со термалната камера. Нашиот аеродром согласно последните евалуации, има највисоко ниво за детекција и рано препознавање, рана изолација, доколку кај евентуалните пациентите се најдат вакви симптоми. Ќе бидат активирани и лекарски екипи кои ќе прават преглед. Се очекува и лажно позитивни резултати, бидејќи е сезона на грипови“, потенцираше Филипче.

Утре ќе биде објавен и телефонски број, каде можат да се јават лица кои сметаат дека ги имаат симптомите на корона вирусот, со цел да не се јавуваат кај матичните лекари, туку кај стручните медицински екипи кои ќе бидат ангажирани.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 минути

(Видео) Успешно полета најдолгиот патнички авион во светот

Компанијата Боинг извести дека вчера успешно е завршен пробнот лет на нивниот нов модел на авион „боинг 777Х“, најголемиот двомоторен...

Регион17 минути

Туристите кои од Вухан стигнаа во Хрватска планираат да продолжат во БиХ

Кинеските туристи од градот Вухан кои пристигнале во Хрватска, планираат да ја посетат Босна и Херцеговина, пренесува „Индекс.хр“. Според информациите...

Македонија2 часа

Термалните камери на скопскиот аеродром ќе детектираат симптоми за коронавирусот

Нема простор за паника кога во прашање е коронавирусот, посочи министерот за здравство, Венко Филипче, по состанокот со Комисијата за...

Култура3 часа

Љума и Даут од „Медена земја“ добитници на престижната ASC награда за најдобра кинематографија

Самир Љума и Фејми Даут од „Медена земја“ се добитници на наградата за најдобра кинематографија за Документарен филм на 34...

Свет4 часа

Бројот на загинати од земјотресот во Турција се искачи на 31 лице

Бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес што ја погоди Турција во петокот се искачи на 31 лице, додека спасувачите се...

Регион4 часа

Автобус со кинески туристи од Вухан стигна во Хрватска

Во Хрватска пристигна автобус со кинески туристи од градот Вухан, епицентарот на епидемијата на коронавирусот, дознава хрватскиот портал „Индекс.хр“. Според...

Свет4 часа

Потврден прв случај на новиот корона вирус во Канада

Прв случај на новиот корона вирус е потврден во Канада, соопшти Владата во земјата. Здравствениот систем во Торонто бил известен...

Свет16 часа

Москва: Седум кинески државјани пренесени во болница за заразни болести

Седум кинески државјани од хотел во Москва се пренесени во болница за заразни заболувања, поради сомнение дека имаат акутна вирусна...

Регион19 часа

Нов земјотрес во Турција

Не престанува да се тресе земјата во Турција. Нов земјотрес ја потресе земјата за помалку од 24 часа. Земјотрес со...

Свет20 часа

Шји Џјинпинг: Ситуацијата е сериозна, ширењето на вирусот забрзува

Ширењето на новиот корона вирус се забрзува, предупреди денеска кинескиот претседател, Шји Џјинпинг, по состанокот на Политбирото на Комунистичката партија,...

Топ22 часа

Нова жртва на иста измама – ѝ рекле да даде пари или синот ќе лежи во затвор поради сообраќајка

„Син ти направи сообраќајна несреќа во која загина дете. Да ни дадеш пари и ќе средиме тој да не лежи...

Македонија23 часа

(Видео) Мицкоски: Ќе продолжиме со разговорите за законот за Јавното обвинителство

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања денеска кажа дека ќе продолжат со разговорите за законот за Јавното...

Македонија1 ден

Дескоска: Жалам што ВМРО-ДПМНЕ избега од разговорите за законот за Јавното обвинителство

Министерката за правда, Рената Дескоска на социјалните мрежи напиша дека жали што преговарачката тројка на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јавното...

Топ1 ден

Возило прегази 10-годишно дете на булевар во Скопје

Синоќа на булеварот „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ патничко моторно возило управувано од 32-годишниот Д.Д. од Скопје удри во дете пешак на...

Свет1 ден

(Видео) Вознемирувачки снимки по земјотресот во Турција, луѓето панично бегаат на улиците

Бројот на загинати во силниот земјотрес што ја погоди Турција порасна на 21 лице, а над 900 се повредени. Земјотресот...

Свет1 ден

Проширен регионот што е во карантин во Кина, пријавени нови 15 смртни случаи поради вирусот

Дополнителни 15 смртни случаи се пријавени во кинеската провинција Хубеи, со што бројот на починати од новиот коронавирус се зголеми...

Свет1 ден

Австралија и Малезија потврдија први случаи на заразени со коронавирусот

Австралија и Малезија ги потврдија првите случаи на новиот коронавирус на нивната територија, додека од Кина стигна информација дека досега...

Европа1 ден

Во Франција потврден трет случај на новиот корона вирус

Во Франција е потврден трет случај на новиот смртоносен корона вирус, што се први пријавени случаи од ова заболување на...

Македонија1 ден

Пендаровски и Спасовски со сочувство до турскиот народ поради земјотресот

Претседателот Стево Пендаровски и техничкиот премиер, Оливер Спасовски, преку социјалните мрежи изразија сочувство до турскиот народ поради силниот земјотрес во...

Свет1 ден

(Видео) Во земјотресот во Турција загинаа 20, повредени се 920 лица

Бројот на загинати од силниот земјотрес што вчера го погоди источниот дел на Турција се искачи на 20, со 920...

Досие