Македонија
Засега нема услови за укинување на сертификатите, велат од Комисијата за заразни болести

На денешната седница членовите на Комисијата за заразни болести утврдиле дека засега нема услови за укинување на сертификатите оти трансмисијата е на високо ниво, а состојбата дополнително ја отежнуваат зимските месеци со сезонски настинки и грипови, информира Злате Мехмедовиќ, кој од денеска е и официјален портпарол на ова советодавно тело.
Тој смета дека ако сега се укинат сертификатите, тоа дополнително ќе го оптовари здравствениот систем и рече дека оваа мерка, која е контрапродуктивна, нема да се разгледува додека состојбата е таква како што е во моментот.
Проширената комисија за заразни болести ќе се состанува еднаш неделно, а доколку има потреба, и почесто. Нејзин претседател од денес е Александар Петличковски, актуелен директор на Институтот за имунобиологија, а досегашниот директор Жарко Караџовски останува член.
Инаку, Мехмедовиќ, по првиот состанок на проширената Комисија, рече дека тој ќе го сноси најтешкиот дел.
„Надградувањето на Комисијата е во насока на тоа да се подобри квалитетот и да се подобри комуникацијата што ја имаме со граѓаните, пред сѐ, за да може да имаме сериозни образложенија што ќе одат во насока на тоа да нема повеќе забуни во однос на препораките што се носат од Комисијата за заразни болести. Во насока на тоа, по покана од министерот за здравство, прифатив да бидам лице што еве ќе го сноси најтешкиот дел од оваа Комисија за заразни болести, а тоа е да комуницира со вас новинарите и да пренесеме една слика како се носат препораките и што значат тие за граѓаните“, посочи Мехмедовиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Компании
Финални Намалувања и најубавото лето досега со Фешн груп

Месец Август секогаш со себе ги носи најубавите летни попусти на сите фаворити од колекциите пролет-лето ‘22!
И оваа сезона вашите омилени брендови од Fashion group со неодоливи дополнителни попусти кои се причина плус за уште едно неверојатно шопинг искуство во нашите продавници и online shop!
Пред завршување на летната сезона и почеток на новата, сега е совршено време да си ги набавиме сите парчиња што толку ги посакувавме по цени како никогаш досега.
Финалното сезонско намалување е како создадено за нова тренди чанти од Guess по неодолива цена, најубавите street style комбинации од SuperDry, безвременските парчиња од Mango за целото семејтво и чевлите од Geox кои ќе ве одведат на најубавите летни дестинации со кои ќе ја заокружиме најстилската летна сезона досега.
Мажите и овој пат уживаат во класиците на нивниот апсолутен фаворит брендот Boss.
Како и досега така и овојпат, брендовите Bitsiani и Dan John ќе ви ја олеснат потрагата за вашиот изглед да не остане незабележан на најубавите настани кои толку многу ги сакаме.
Ве очекуваме во продавниците на Fashion&Friends и online shop заедно да ги создадеме сите модерни и кул комбинации сега на дополнителни намалувања!
Воедно, овој период од годината е совршена прилика да ги подготвите вашите најмили со сите удобни и кул комбинации од Okaidi, за сите предизвици кои ги очекуваат!
И за крај не заборавајте да ги пронајдете сите Women’secret костими за капење сега на супер попуст со кои ќе заокружиме уште едно модерно и тренди лето со Fashion Group!
ПР
Македонија
ЈП „Градски паркинг“ – Скопје ги стави во функција новите смарт апарати за контрола на паркирање

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје набави нови 70 апарати (смарт телефони), кои ќе се користат за контрола на паркирањето, односно наплатата на паркирање, како и проверка на правилно, или неправилно паркирање. Денес овие апарати им беа презентирани на вработените контролори кои ќе раководат со нив и истите се пуштени во функција.
За разлика од старите апарати кои беа досега во функција, новите смарт телефони се со побрз андроид оперативен систем и со повеќе перформанси и истите се прилагодливи на нови технологии, односно надградба на целосниот систем.
Преку нив може да се врши контрола за тоа дали возилото е соодветно паркирано, дали се почитуваат местата обележани за лица со попреченост, или станбени сопственици кои имаат обезбедено паркинг простор.
Македонија
Маричиќ смета дека Македонија не изгубила време и е напредна во процесот за пристапување во ЕУ

Македонија не изгубила време и е напредна во процесот за пристапување во Европската Унија. Ова е ставот на вицепремиерот Бојан Маричиќ кој пак додава: „ Далеку сме од тоа да ја завршиме работата“. Не сакаше да лицитира со години кога Македонија ќе биде примена во унијата. Вели дека е оптимист тоа да биде во 2027 година.
„Ако ги гледате извештаите на ЕК, ќе видиме дека државата анализирано по кластери стои добро со државите кои разговараат 10 години. Значи не сме изгубиле време. Далеку сме од тоа да ја завршиме работата. Но, сме со цел да ја исполниме во реален рок. Најоптимистички, рамката за претпристапна помош завршува во 2027 година, а ние треба да се бориме таа да важи за што помалку држави, а пристапните фондови за повеќе држави. Не е добро да се лицитира со години, но нам ни е целта првото наредно проширување, кога и да се случи, С. Македонија да биде дел од тоа проширување. Тоа е достижно ако работиме во имплементација на стандардите на ЕУ“, кажа Маричиќ.
Прашан кога ќе бидат достапни пристапните фондови, кои важат за државите кои преговараат за Европската Унија, Маричиќ не одговори. Тој наместо одговор на ова прашање кажа: „До фондовите кои важат за државите членки, ќе имаме пристап кога ќе станеме држава членка“.