Контакт

Македонија

Затворен патот Дебар-Маврово поради дупка длабока 10 метри

Објавено пред

Огромна дупка се отвори на патот Маврово-Дебар.

dobivaj vesti na viber

Најверојатно, ова е последица на лизгање на земјиштето, а зафаќа една цела коловозна лента. Според информациите од АМСМ, дупката е со длабочина од околу 10 метри. Очевидци велат дека поради навременото превенирање од полицијата, избегнат е несреќен случај бидејќи патот е фреквентен.

Засега, патот ќе остане целосно затворен за сообраќај, поради опасност дупката да се прошири и на другата сообраќајна лента. Сообраќајот од и кон Дебар се пренасочува преку Струга. Местото го обезбедува полицијата, а на терен се чекаат екипи на ЈП „Македонијапат“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Спасовски: Денес се исплаќа бонус плата за вработени во МВР за остварени над 150 часа прекувремена работа

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информираше дека денеска се исплаќа бонус плата за вработени во МВР коишто оствариле над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво за 2022 година.

dobivaj vesti na viber

„Откако го преземав раководењето со МВР, како приоритет се воспостави редовната исплата на бонус плати за над 150 изработени часови прекувремена работа на годишно ниво, како гарантирано право на вработените во МВР согласно Колективниот договор”, истакна министерот Спасовски, нагласувајќи ја исплатата на претходните бонус плати.

„Така, во периодот од 2017 до 2022 исплатени се бонус платите за 2017 и 2018, за коишто не беа обезбедени и исплатени средства од претходното раководство на МВР, а продолживме и со редовна исплата на бонус платите за 2019, 2020 и 2021 година, за што вкупно беа обезбедени и издвоени 561.773.133 денари или 9.060.857 евра, средства од Буџетот на МВР предвидени за остварување на ова право на вработените”, истакна Спасовски

Благодарение на спроведените одговорни економски политики и како резултат на домаќинското работење, беше зголемена просечната плата, а со тоа растеше и поединечниот износ на бонус платите во МВР.

„Колку за илустрација, ако бонус платата во 2017 година поединечно изнесуваше 22.928 денари, во 2023 година можеме да се пофалиме со бонус плата за 2022 година во поединечен износ од 31.859 денари, што претставува зголемување на износот од безмалку 40%”, истакна Спасовски, додавајќи дека за актуелното раководство на МВР императив е подобрувањето на статусот на вработените во МВР, а во насока на етаблираниот концепт „Задоволна полиција – безбедни граѓани”, бидејќи веќе покажа одлични резултати во гарантирање на безбедноста на граѓаните и државата и во борбата против секаков вид криминал.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Сите партии што ѝ мислат добро на земјата ќе изберат интеграција во ЕУ, а не изолација

Објавено пред

По 17 години чекање, нашата држава ги започна и води преговорите со ЕУ. Скрининг процесот што се одвива на официјален македонски јазик тече согласно предвидената динамика и наскоро ќе заврши, соопшти СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Сега, нашата држава е исправена пред сериозна одлука, да го продолжи европскиот пат преку носење на потребните реформи за што е потребна вклученост на сите политички субјекти. Сите партии што и мислат добро на државата и на граѓаите, ќе изберат интеграција во ЕУ, а не изолација.

Време е и Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се надминат себеси и барем еднаш во овие 30 години независна Македонија да поддржат одлука со која што државата ќе се интегрира во ЕУ. Изборот е едноставен: на едната страна е напредок и интеграција во ЕУ, на другата страна е изолација, нови поделби и кавги со соседите.

Мицкоски мора да одлучи дали ќе се приклучи на европскиот блок или ќе остане во антиевропскиот блок предводен од Левица“ порачаа од владејачката партија.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да одбере уставни измени и предавство или национално единство и фер шанса

Објавено пред

Уставни измени и предавство или национално единство и фер шанса, Ковачевски да одбере, а народот избира единство и фер шанса, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Неточно е тврдењето на власта дека ако не прифатиме уставни измени државата ќе влезе во изолација, бидејќи ме може да влеземе некаде каде веќе се наоѓаме. Македонија со СДС е веќе во изолација, затоа што владеат со криминал, и прават предавства на секој чекор.

СДС секоја година тврдат дека сме почнале преговори со ЕУ, а преговори никаде нема. Па така 6 години откако еве почнавме преговори, а всушност седејќи во чекалницата на ЕУ најлесно им е да кажат дека уставните измени ако не се донесат нема да влеземе во ЕУ, со кои всушност нема ниту преговори.

Шест години Македонија ја ограбуваат и ги лажат народот СДС и ДУИ“ велат од партијата.

Оттаму додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена на пакт за национално и државно единство со сите некриминализирани сегменти во државата од било која провиниенција само за ДУИ после 20 години власт да отиде во опозиција.

„Кога ДУИ ќе заминат во опозиција, ќе и се раздени на Македонија. Потребен е пакт за национално и државно единство, за да се избориме низ силните предизвици кои надоаѓаат и да се бориме за фер шанса, каква што ја имале и другите држави од Централна и Источна Европа кога пристапувале во ЕУ“ порачаа од опозициската партија.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ50 минути

Бегајќи од полиција излетал од патот со полн автомобил мигранти: приведени двајца тетовци

Синоќа на регионалниот пат Удово – Демир Капија, кај место викано „Раскрсница Удово“, полицијата привела две лица кои со автомобил...

Топ1 час

МВР со детали за експлозијата во Чаир: Го разнеле банкоматот, но не ги земале парите

Четири лица се обиделе со експлозив да ограбат банкомат во Бутел. Настанот се случил утринава околу три часот. Тие ја...

Македонија2 часа

Разнесен банкомат во Чаир

Утрово во Чаир е разнесен банкомат. Според информациите, со експлозив бил разнесен банкомат на НЛБ банката, кај „Алпи“ на улица...

Свет2 часа

(Видео) Зеленски го свика Советот за безбедност: „Ова е доказ дека Русите се терористи“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на Твитер објави видео од уништената брана Нова Каховка, нарекувајќи ги руските сили во Украина „терористи“....

Регион2 часа

Ердоган го постави својот портпарол за шеф на државната разузнавачка служба

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го назначи својот портпарол Ибрахим Калин за шеф на Националната разузнавачка агенција (МИТ). Ова го...

Свет2 часа

(Видео)Разнесена клучна брана кај Херсон, го снабдува Крим со вода: наредена итна евакуација

Украинската јужна оперативна команда рано утринава извести дека руските сили ја разнеле хидроцентралата Каховка. На социјалните мрежи се споделуваат видеа...

Македонија11 часа

На нож дочекано разрешувањето на кардиохирургот Јовев: „Не вирее професионалец овде“, „Меџити, добар ли си со глаата?!“

Разрешувањето на кардиохирургот Сашко Јовев од функцијата директор на Кардиологија наиде на бурни реакции во јавноста, како од фелата, така...

Македонија14 часа

Мицкоски: Ќе дојдам на лидерска и ќе кажам не за уставни измени по бугарски диктат

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашната дебата во Велес насловена како „Развојни политики за стабилна економија“ се осврна за...

Топ15 часа

МВР со информации за несреќата кај „Борис Трајковски“: повредени се две лица

Две лица се повредени во сообраќајната несреќа на булеварот 8-ми Септември во близина на спортскиот центар Борис Трајковски. Според информациите...

Македонија16 часа

Останува во притвор првиот уапсен за двојното убиство во чаршиското кафуле „Шиша бар“

Притворот на скопјанецот осомничен за двојното убиство во чаршиското кафуле „Шиша бар“ е продолжен на 30 дена. Од Обвинителството за...

Македонија18 часа

(Видео) Функционерите во хотел, фракционерите под шатор на дожд – две роденденски прослави на ДУИ

Додека функционерите за роденденот на ДУИ се собраа во хотелот „Александар палас“ во Скопје на дебатата „Европски фронт“, фракционерите се криеја под шатор...

Регион18 часа

Пукање во Љубљана, две лица убиени, главниот град на Словенија под полициска опсада

Истрели одекнале во Љубљана околу 15 часот, јавува N1 Словенија. Како што соопштија од полициската управа во Љубљана, две лица...

Македонија20 часа

Меџити за разрешениот Јовев: Тој е кадар на Венко, нема да има директори што спијат, ова е само почеток

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, го разреши кардиохирургот Сашко Јовев од функцијата директор на Кардиологија и предводник на тимот што...

Македонија20 часа

Силувал шестгодишно девојче, ресенец искористил можност додека жртвата си играла со неговата внука

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против жител на Ресен против кого е поднесена пријава за...

Македонија21 час

(Видео) Дамева против сите во Судскиот совет: Ниту треба ниту сум морала да знам за судските постапки на мојот сопруг, дома не разговараме за тоа

Експретседатеката на Судскиот совет, Весна Дамева, на денешната седница повторно е во центарот на вниманието на колегите, кои инсистираа да...

Македонија22 часа

(Видео) Условни казни за директорите Бесими и Етеми за пожарот во тетовската болница, докторот е ослободен

Ексдиректорот на болницата во Тетово, Флорин Бесими и поранешниот економски директор на болницата Артан Етеми се огласени за виновни за...

Македонија24 часа

(Видео) Нови циркуси во Судскиот совет – хајки, нервоза, довикувања и расправии

Нови расправии и обвинувања во Судскиот совет. Точка на дневен ред е судирот на интереси на експретседателката Весна Дамева за...

Македонија1 ден

Жирафата Каспер пцовисала од салмонела во скопската Зоолошка градина

Жирафата Каспер пцовисала од инфекција со салмонела, дознава „Макфакс“. Според патохистолошката анализа до која дојдовме, Факултетот за ветеринарна медицина констатирал...

Свет1 ден

Гори енергетска централа во Белгород, дрон фрлил бомба, тврди руски гувернер

Гувернерот на рускиот град Белгород соопшти дека во тој регион избувнал пожар во енергетска централа. Вјачеслав Гладков, гувернерот на Белгород,...

Вести1 ден

Србите десетти ден околу општинските згради во Косово, ситуацијата не се смирува

И денеска Србите се собираат во близина на зградите на локалната самоуправа на северот од Косово, каде што се спречени...