Контакт

Македонија

Захариева: Властите во Македонија ќе направат сѐ што можат Бугарите таму да се сѐ помалку

Објавено пред

И Европа и ние ќе го следиме пописот во РСМ и очекуваме да се спроведе според сите европски стандарди и правила, рече Екатерина Захариева, до неодамна заменик-премиер и министер за надворешни работи во интервју за бугарски медиуми.

Скопје го одложи пребројувањето поради проблеми со Албанците, додаде Захариева.

„Пред четири години виновна им беше Грција, две години подоцна виновни им беа други две држави, Холандија и Франција, сега виновна е Бугарија. Скопје не треба да бара надворешни причини за недостигот на реформи во државата“, вели таа.

На прашањето дали Бугарија треба да реагира ако на пописот малку луѓе се изјаснат како Бугари, Захариева вели дека дури откако Бугарија реагирала на низа случаи на нарушување на правата на лицата со бугарска самоопределба, постојат луѓе кои веќе даваат одредени писмени сигнали, но страв сè уште има.

„Тогаш кога не можете да најдете работа или да ја загубите работата само затоа што сте се определиле како Бугари, кога без никаква причина ве посетуваат агенти од националната безбедност, тогаш кога таблиците на автомобилот  ќе бидат оштетени само затоа што се бугарски, кога има притисок повеќе од 80 години, стравот е разбирлив. Но, откако ја видоа поддршката од Софија и видоа дека Бугарија нема да продолжи да молчи, дел од нив престанаа да се плашат. Сепак, страв сè уште има. Видовте што се случи со претставникот на Евровизија, тоа беше јавно пред очите на целиот свет. Така што се надевам дека Скопје нема да има образ да го негира тоа“, вели Захариева.

Поради тој страв, како што вели, Захариева не очекува на пописот сите коишто имаат бугарски пасоши да се изјаснат како Бугари и смета дека властите во Македонија ќе направат сè што можат Бугарите таму да се сè помалку.

„Ние немаме претензии за тоа како тие себеси ќе се наречат. Проблемот со правото на самоопределување не е наш туку е нивен. Тие имаат проблеми со луѓето кои живеат таму и се чувствуваат и Македонци и Бугари.

Бугарија никогаш немала проблем со нивното право на самоопределување. Немаме претензии и не сме барале промена во нивниот Устав. Имаме проблем со јазикот на омраза кон сè  што е поврзано со Бугарија, заради фалсификување на историјата“, изјави таа.

Според неа, подобро е Република Северна Македонија и Албанија да одат заедно на патот кон европските преговори, но тука функционира принципот на сопствени заслуги. Пред три години, Скопје се обиде да се оддели од Албанија, но сега кога Тирана официјално не го побара тоа, сè повеќе се зборува за отцепување на Албанија од РСМ, коментира Захариева.

Македонија

Средба на Пендаровски со Ердоган – Односите меѓу двете земји се пријателски и цврсти

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Анталија оствари средба со Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, во рамки на неговата работна посета на Турција, а по повод учеството на Самитот на Претседатели на држави и влади на членките на Процесот за соработка на земјите од Југоисточна Европа и учеството на Анталија дипломатскиот форум.

Претседателите Пендаровски и Ердоган на средбата изразија задоволство од долгогодишното партнерство меѓу двете држави и од позитивниот тренд во развојот на билатералните односи и соработката во повеќе сфери од заемен интерес.

Пендаровски како што информираат од неговиот кабинет посочил дека и во услови на пандемија одржувањето редовен политички дијалог покажува дека односите меѓу двете земји се пријателски и цврсти. Тој искажа благодарност за укажаната целокупна турска медицинска помош која пристигнуваше во нашата земја уште од првите мигови по прогласувањето на пандемијата. Во тој контекст, претседателот Пендаровски се заблагодари и за 30.000 вакцини, коишто беа испорачани неодамна.

На средбата, Пендаровски нагласил дека македонскиот интерес за развој на односите и соработката со Турција е константен, а кон тоа придонесува и блискоста на двата народа.

Во овој контекст, претседателот Пендаровски истакна дека Турција за Северна Македонија претставува еден од најважните економски партнери и дека сме подготвени за целосно подигнување на нивото на соработка, како во трговските врски, така и во делот на турските инвестиции во нашата земја.

Пендаровски изразил очекување дека во наредниот период двете држави ќе се фокусираат што е можно повеќе на економската соработка, како битен сегмент не само за подобрување на севкупните односи, туку и полесно надминување на економските последици предизвикани од Ковид-19.

На средбата било констатирано дека, како сојузници во НАТО, кои имаат и обврска да ги промовираат вредностите на Алијансата, Северна Македонија и Турција делат заеднички погледи во однос на потребата од зачувување на мирот и стабилноста во регионот, преку градење на добрососедски односи и унапредување на регионалната соработка. Притоа, претседателот Пендаровски посочи дека имаме и заеднички погледи во однос на потребата да се избегнуваат конфликтите и предност да се дава на дијалогот како средство за решавање на отворените прашања.
Соговорниците разговарале и за предизвиците поврзани со миграцијата од Блискиот Исток и Северна Африка, при што претседателот Пендаровски ја истакнал важната улога на Турција, подвлекувајќи дека со својот придонес во справувањето со ова прашање, Турција е значаен фактор кој ја чува стабилноста на сите земји на Балканската миграциска рута.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре променливо и нестабилно време, со услови за дожд

Објавено пред

Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 34 степени. УВ=7

Во Скопје, се очекува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Во наредните денови според УХМР во претпладневните часови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално со поинтензивни процеси, особено во сабота. Температурите ќе бидат во пораст, а особено топло се очекува во почетокот на наредната седмица кога на места температурите ќе надминуваат 35 степени.

Прикажи повеќе...

Скопје

Посебен сообраќаен режим за верскиот празник Задушница во главниот град

Објавено пред

Поради верскиот празник Задушница на 18.06. и 19.06.2021 (петок и сабота) во периодот од 06.00 до 16.00 часот на гробиштата во Бутел, Камник и во Ѓорче Петров, каде се очекува зголемен интензитет на сообраќајот, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во посочените реони.

МВР ги информира граѓаните дека сообраќајот ќе се одвива во една насока (кружно) односно сите возила ќе се упатуваат по улица „Александар Урдаревски“, во продолжение по локален пат за с.Мирковци, до влезот за гробиштата на ул.„Боца Иванова“ и излегување на ул.„Александар Урдаревски“.

По потреба сообраќајот ќе биде пренасочен и на гробишта Ѓорче Петров по ул.„Црногорска“, а на гробиштата „Камник“ по ул.„Јужноморавски бригади“ и ул.„Роман Каскалиевиќ“.

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Пендаровски-Борел: Се очекува исчекор за пристапните преговори со ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Република Турција, денеска оствари средба со потпретседателот на Европската Комисија и...

Македонија2 часа

Заев се сретна со Радев: Имаме обврска да градиме пријателството меѓу нашите братски народи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров...

Македонија3 часа

(Видео) Украина-Македонија 2:1

Првиот гол за македонската репрезентација во натпреварот со Украина го постигна фудбалерот Езгјан Алиоски. Во 54-та минута Трајковски успеа да...

Македонија4 часа

Десет нови случаи на Ковид-19, нема починати

Во последните 24 часа се направени 3.529 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на Ковид-19, и тоа од: Скопје,...

Македонија5 часа

Наместо пресуда, повторно судење на Мијалков за „Тортура“

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, и шестемина поранешни припадници на полициската единица „Алфа“, денеска требаше да ја слушнат пресудата...

Македонија7 часа

Бројката на хоспитализирани поради Ковид-19 падна на 90 лица

Вкупно 90 лица сомнителни и потврдени на Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија, и тоа 26 во Скопје и 64...

Топ8 часа

Двајца браќа истепале полицајци во Струга

Двајца браќа со тупаници и шлаканици нападнале полицајци во Струга.  Поради опасност од бегство, судот им определи притвор на напаѓачите....

Македонија9 часа

(Видео) Запленети над 2.000 стебла марихуана во Виена во заедничка акција на македонската и австриската полиција

Во заедничка акција на македонската и австриската полиција запленети се над 2.000 стебла марихуана во околината на Виена, а приведени...

Македонија9 часа

(Видео) Борисов на средбата со Заев: Убеден сум дека Радев ќе ви каже дека ништо не може да се направи

Поранешниот премиер на Бугарија и актуелен претседател на партијата ГЕРБ, Бојко Борисов, на средбата со премиерот, Зоран Заев, рече дека...

Спорт10 часа

Ангеловски: Наша цел е пласман во втората фаза

Македонија е подготвена за најважниот натпревар на ЕП. Македонија, од 15 чадот ќе игра против Украина. Ова е дуел на...

Македонија10 часа

(Видео) Заев од Софија: Решението е околу нас, мора да го најдеме

Два пријателски и братски народа секогаш мора да разговараат и да бараат решение, изјави премиерот Зоран Заев на почетокот на...

Свет23 часа

Путин и Бајден согласни дека никогаш не смее да дојде до нукеарна војна во светот

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Џо Бајден, излегоа со заедничка изјава за прашањата на стратешката стабилност....

Свет23 часа

(Видео) Бајден: Мојата агенда не е против Русија, туку за американскиот народ

Американскиот претседател Џо Бајден на прес-конференција по состанокот со рускиот претседател Владимир Путин изјави дека неговата агенда не е против...

Свет1 ден

(Видео) Путин: Преговорите беа добри, амбасадорите се враќаат

Рускиот претседател Владимир Путин на прес-конференцијата по самитот со неговиот американски колега Џозеф Бајден рече дека преговорите биле „добри“. Toj...

Европа1 ден

EMA даде позитивна оценка на клиничките испитувања на „спутник В“

Европската агенција за лекови (ЕМА) објави позитивен извештај за резултатите од клиничките испитувања на руската вакцина „спутник В“ против коронавирус,...

Македонија1 ден

Заев: Изгубен е Мицкоски, ако некој го најде, нека го врати во ВМРО-ДПМНЕ

Премиерот Зоран Заев реагира на обвинувањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека македонскиот идентитет е изгубен и дека утре...

Македонија1 ден

Регистрирани 15 нови случаи на Ковид-19, нема починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.802 тестирања, а регистрирани се 15 нови случаи на...

Македонија1 ден

Отфрлена пријавата за Џафери и за пратениците што се појавија во Собрание заболени од коронавирус

Основното јавно обвинителство Скопје ги отфрли кривичните пријави поднесени од ВМРО-ДПМНЕ и Левицата против претседателот на Собранието, Талат Џафери, и...

Македонија1 ден

ЕУ ја стави Македонија на листата безбедни земји за патување

Европската Унија одлучи да ја стави Република Северна Македонија на списокот на земји што се безбедни за патување, пренесуват европските...

Свет1 ден

Борел: Три принципи во новата стратегија на ЕУ кон Русија

Новата надворешнополитичка стратегија на ЕУ кон Русија ќе се заснова на три принципи: одбивање, воздржаност и соработка, изјави високиот претставник...

Досие