Контакт

Македонија

Захариева: Можно е до октомври да биде донесена одлуката за почеток на преговори со ЕУ за Северна Македонија и Албанија

Објавено пред

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева изјави дека е можно до октомври да биде донесена одлуката за почеток на преговорите за влез во Европската Унија на Северна Македонија и Албанија.

„Сите држави, дури и оние, кои се скептични кон проширувањето, поддржаа европска перспектива за земјите од Западен Балкан, како еден од најголемите двигатели за реформите и демократизација во регионот, како и безбедноста и стабилноста“ рече Захариева.

Таа вели деке не може да биде сигурна дали ќе биде донесена одлуката за двете земји заедно.

„Решението е не подоцна од октомври, Советот да се врати на дискусија на оваа тема и да се препорача да започнат преговорите“ дополни Захариева.

Таа, сепак, подвлекува дека ќе биде историска грешка ако сега не започнат преговори и двете земји.

Македонија

Заев на средба со европскиот комесар Аврамопулос: Реформите во безбедносниот сектор се успешно спроведени

Објавено пред

Претседателот на Владата, Зоран Заев, придружуван од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вечерва се сретна со европскиот комесар за миграции, внатрешни работи и државјанство, Димитрис Аврамопулос, придружуван од амбасадорот на ЕУ во земјава, Самуел Жбогар.

На средбата се поздравени успешните политики на МВР и на Владата во делот на јакнење на капацитетите и соработката со ЕУ за справување со илегална миграција и за направените безбедносни реформи. Констатирано е дека нашата држава ги исполни бараните стандарди од ЕУ и порачано е нашата држава да го задржи лидерството во реформскиот процес. Пренесена е пораката дека Република Северна Македонија ја има поддршката од Европската комисија којашто потврди дека нашата држава заслужува отворање на преговарачкиот процес.

На средбата, заеднички е констатирано дека европските интеграции се важни, како за стабилноста на нашата земја, така и на регионот.

„Работиме на спроведувањето на реформите и очекуваме да бидат вреднувани постигнатите резултати, како дома, така и во добрососедските односи. Почетокот на преговорите на Република Северна Македонија со ЕУ ќе овозможи проширување на соработката во борбата со криминалот и корупцијата, што ќе има резултати и на регионално ниво“, рече премиерот Заев.

На состанокот, претседателот на Владата, Заев, се заблагодари на европскиот комесар, Аврамопулос за изразената поддршка за напредокот и интеграциските перспективи на Република Северна Македонија.

Европскиот комесар Димитрис Аврамопулос е во Скопје за дводневниот Министерски форум ЕУ – Западен Балкан за правда и внатрешни работи, организиран под покровителство на финското претседателство со ЕУ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Царовска: Со социјалната реформа 22.374 деца земаат детски додаток

Објавено пред

Министерката за труд и социјална политика и потпретседателка на СДСМ, Мила Царовска, денеска беше во посета на Шуто Оризари, кадешто се сретна со граѓаните и дискутирааа за актуелните реформи и случувања во областа на трудот и социјалната политика.

„Нашите граѓани веќе ги чуствуваат придобивките од социјалната реформа и земаат во просек за 300% зголемена помош. Во споредба со претходниот систем, дури 20 пати се зголемува бројот на сиромашни деца на кои им следува помош од државата. Конкретно, од почетокот на социјалната реформа 22.374 деца земаат детски додаток, а 8.678 деца добиваат детски додаток. Гарантиран минимален приход примаат 27.387 граѓани, а над 2.000 возрасни лица веќе користат социјална пензија, којашто за првпат ја воведовме“, истакна Царовска.

Таа исто така информираше за предлог-законот за неевидентирани лица во матична книга на родени, којшто Владата го усвои на последната седница.

„Го решаваме долгогодишниот проблем на лицата неевидентирани во матична книга на родени. Овие луѓе премногу долго живееа на маргините на нашето општество. Со новиот Предлог-закон кој го утврдивме на Влада им овозможуваме право на здравствена, социјална заштита и редовен работен однос, а децата конечно ќе можат да се вклучат во образованиот процес“, дополни таа.

На денешната средба со граѓаните од Шуто Оризари се дискутираше и за активните мерки за вработување, кои се дел од Оперативниот план, за којшто оваа година се издвоени 1,1 милијарди денари.

Прикажи повеќе...

Македонија

Димитров на средба со Аврамопулос: Северна Македонија не отстапува од европскиот курс

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денес оствари средба со eврокомесарот за миграција, внатрешни работи и државјанство, Димитрис Аврамопулос, кој престојува во земјата по повод учеството на министерскиот форум ЕУ-Западен Балкан за правда и внатрешни работи, во Скопје, на 18 и 19 ноември 2019 година.

На средбата беа разменети мислења за актуелни случувања во земјата и регионот по исходот на октомврискиот европски совет, како и за тековните прашања во самата ЕУ. Соговорниците се осврнаа и на заедничките современи предизвици, кои наметнуваат потреба од заедничка соработка и дејствување, со особен акцент на миграцијата, а во тој контекст стана збор и за потпишувањето на статусниот договор за соработка на Северна Македонија со Европската агенција за гранична и крајбрежна стража.

Министерот Димитров повтори дека и покрај искреното жалење што не се постигнал консензус за донесување одлука за почеток на преговорите на ЕУ со Северна Македонија во октомври, земјата не отстапува од европскиот курс, од реформите и градењето на добрососедските односи и регионалната соработка.

Еврокомесарот Аврамопулос изрази задоволство од постигнувањата на земјата во однос на европската интеграција. Северна Македонија покажа големи заложби и напори во справување со безбедносните ризици и предизвици што произлегоа од миграциската криза, а за кои ЕУ е особено благодарна и ќе продолжи да соработува со земјата и понатаму.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Три лица убиени во пукање во супермаркет во САД

Најмалку три лица се убиени во пукање во супермаркетот „Волмарт“ во Данкан, Оклахома, објавија американските медиуми. Од локалната полиција наведоа...

Македонија4 часа

Османи се сретна со Тимоние: „Процесот на интегрирање во ЕУ не е запрен“

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска оствари средба со францускиот амбасадор во земјата, Кристијан Тимоние, на која главна...

Економија6 часа

Бензините поевтинуваат

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, додека цената на дизелот ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија...

Македонија10 часа

(Видео) Таткото на Боки 13 осуден на шест месеци затвор

Миле Јовановски, таткото на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, е осуден на казна затвор во траење од шест месеци,...

Македонија10 часа

Серија земјотреси ја погодија Битола

Вчера и денеска регистрирани се серија земјотреси со епицентри во пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин во Грција, соопшти Сеизмолошката опсерваторија...

Економија10 часа

(Видео) Финансии дава 33.000 евра за маркетинг-стратегија за „МојДДВ,#МојаНаграда“

Министерството за финансии одвои половина милион евра за награди за скенирање сметки во рамки на акцијата „Мој ДДВ“. Предвидени се...

Македонија11 час

Завршни зборови во „Тврдина 2“, в среда втора пресуда за Горан Грујевски

Во кривичниот суд во Скопје в среда судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ треба да ја изрече по вторпат пресудата за ексначалникот на...

Свет12 часа

Ноќ на насилство во Хонг Конг: големи судири меѓу демонстрантите и полицијата

Полицијата во Хонг Конг употреби солзавец и гумени куршуми за да приведе стотици антивладини демонстранти кои се обидоа да излезат...

Свет13 часа

(Видео) Пукање во Калифорнија – застрелани десет лица додека гледале фудбал

Во масовно пукање на забава во Калифорнија се застрелани десет лица, од кои четворица починале. Пукањето се случило околу 18...

Економија14 часа

Првпат во историјата глобалниот долг надминува 250 милијарди долари

Комбинираните долгови на националните влади, претпријатија и домаќинства на глобално ниво се зголемиле за 7,5 милијарди долари во текот на...

Македонија15 часа

Приватните специјализанти на протест, бараат повисоки плати

Кофинансираните приватни специјализанти најавија протест за денеска пред Министерството за здравство за да побараат повисока плата и поради тоа што...

Екологија1 ден

Џиновска панда од Вашингтон ќе патува за Кина со приватен лет

Беи Беи, џиновската панда во Националната зоолошка градина Смитсонијан во Вашингтон неделава патува за Кина – и тоа со приватен...

Свет1 ден

Трамп: Бајден е поспан и бавен, но е подобар од бесно куче

„Џо Бајден е нешто подобар од бесно куче“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп критикувајќи го неговиот политички ривал. Трамп на...

Европа1 ден

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра.Ова го изјави градоначалникот Луиџи Бруњаро откако плоштадот Свети Марко во...

Свет1 ден

Папата организираше ручек за 1 500 бездомници

Папата Франциско организираше ручек за 1 500 бездомници и лица во неволја. Римокатоличката црква денеска го одбележува денот на сиромашните, а...

Македонија1 ден

Франција е за влез на Балканот во ЕУ, но со нова постапка во седум етапи

Земјите од Западен Балкан треба да влезат во Европската унија, но преку нов, постепен процес на пристапување во седум фази,...

Свет1 ден

Русија ѝ ги враќа запленетите воени бродови на Украина

Русија започна да ги враќа украинските воени бродови запленети на 25. ноември минатата година во Керчкиот проток, соопштија руските власти....

Свет1 ден

(Видео) Бојно поле на улиците на Хонгконг, полицаец погоден со стрела

Полицаец од Хонгконг денеска бил погоден со стрела в нога, отакако полицијата употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои...

Македонија1 ден

Во републичка акција, за една вечер казнети 203 возачи под дејство на алкохол

За откривање на возачи под дејство на алкохол, полициските сектори од цела држава, спровеле акција која траела синоќа од 22...

Регион1 ден

Српскиот министер за здравство: Животот на Вучиќ беше во опасност

Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, денеска во изјава за „Танјуг“ нагласи дека претседателот на државата, Александар Вучиќ, имал хронични,...

Досие