Контакт

Македонија

„Зачекори напред! Изборот е твој“ – граѓански организации почнаа информативна кампања за референдумот

Објавено пред

Граѓанската иницијатива „Зачекори напред“ почна информативна кампања преку која во наредните три недели ќе ги информира граѓаните за придобивките и предизвиците од зачленувањето во Европската Унија и НАТО.

Под слоганот „Зачекори напред! Изборот е твој“, граѓански организации преку јавни и медиумски активности ќе се обидат на граѓаните да им ја доближат Европската Унија и нејзините политики, како и да одговорат на многуте прашања поврзани со тоа што треба да направи Македонија на патот кон ЕУ и НАТО и што ќе добие со евро-атлантската интеграција.

Кампањата ќе содржи разни аудиовизуелни материјали (ТВ-спотови, анимации, фотофакти и др.), кои ќе се објавуваат на телевизиите, радиостаниците, социјалните мрежи, а ќе бидат поставени и билборди. Истовремено, ќе се организираат низа медиумски и јавни дебати, директни средби со граѓаните, промоции на книги и др.

Во рамките на кампањата ќе бидат објавени и две изданија на весникот „ЕУрека“, кој ќе биде бесплатен и ќе биде достапен на најфреквентните места во државава. Редакцијата на весникот ја сочинуваат Сашо Кокаланов, Ида Протуѓер, Среќко Поповски, Владимир Мирчески, Горан Наумовски и Јован Постолоски.

Првиот број на „ЕУрека“ е објавен денеска, а вториот број ќе биде објавен по 22 септември.  Електронската верзија на „ЕУрека“, како и сите информации и материјали поврзани со кампањата се достапни на интернет-страницата: www.zacekorinapred.mk.

Носители на граѓанската иницијатива се: Фондацијата „Отворено општество – Македонија“, Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ, „Евротинк“ – Центар за европски стратегии, „НВО Инфоцентар“, Младински образовен форум (МОФ), „Цивил“ – Центар за слобода, ЕСЕ – Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените, Рурална коалиција, Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување / ХЕРА и Центарот за современи уметности.

Македонија

Сиљановска: Се случи политички земјотрес кој е предупредување за пораз на СДСМ на изборите

Објавено пред

,,Не треба да сте експерт за да заклучите дека во историјата на европските избори не се случило за 18 месеци да загубите 40 отсто од гласовите или околу 200 илјади. Тоа е предупредување за пораз, не само на претседателските, туку и на идните предвремени парламентарни избори, изјави кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска Давкова.

За изборните резултати, рече дека не се само за враќање на ВМРО-ДПМНЕ, туку за претседател.
,,Погледнете ги резултатите во главниот град, ќе го видите земјотресот политички”, рече таа.

Сиљановска додаде дека власта ја пречекорува линијата меѓу државата и партијата. ,,Кампањата не е место кадешто треба да се појавуваат премиерот, министерот за одбрана, а уште помалку министерот за внатрешни работи, бидејќи тие се и мој премиер и мои министри. Иако не се парламентарни избори тие треба да се однесуваат технички. Значи пречекорена е линијата меѓу државата и партијата”, рече Сиљановска.

Сиљановска додаде дека ќе се обиде да ги придобие и гласовите на апатичните оние кои не излегле да гласаат, како и на ,,Бојкотирам” со кои веќе имала една средба во Штип, каде им порачала дека ја разбира болката за промената на името во Северна, но дека од улица не може да се добие битката.

Сиљановска ја осуди изјавата на косовскиот министер кој ги повика Албанците да гласаат за нејзиниот противкандидат како мешање во внатрешните работи.

,,Немам ништо против добрососедски односи со Косово, но ваквата изјава е невообичаена. Низ призма на едно од основните начела на ОН за немешање во внатрешните работи, изборниот процес е внатрешно прашање на која било земја. Убедена сум дека граѓаните Албанци знаат кому да го доверат својот глас”, додаде таа.

Прикажи повеќе...

Македонија

Акција за чистење диви депонии во Скопје

Објавено пред

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје утре, 24 април, со почеток во 10 часот, ќе започне масовна акција за чистење диви депонии.

Акцијата ќе се одвива истовремено во сите скопски општини, во неа ќе учествува администрацијата на Претпријатието и општините, студентите од сите скопски универзитети, претставници од невладиниот сектор, како и средните и основните училишта.
Целта е подигнување на јавната свест за штетноста од несовесното постапување со отпадот и опасноста од создавањето диви депонии што директно ја загрозуваат животната околина и претставуваат закана за здравјето на граѓаните.

Почетокот на масовната акција за чистење диви депонии ќе биде означен утре во 10 часот пред хотелот ВИП, спроти МТВ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Северна Македонија или Македонија? Караџовски и Адеми расправаa како да ја пишува државата на извештајот

Објавено пред

Членовите на Судскиот совет го изгласаа годишниот извештај за работата за 2018 година, но претходно претседателот Зоран Караџовски и членот Селим Адеми дискутираа што да пишува во извештајот, Република Македонија или Република Северна Македонија.

Дилемата ја отвори Караџовски, кој почна дискусија за името на државата што треба да го пишува на извештајот.

„Да не кажам дека кога сум се родил јас, таа држава не се викала Северна Македонија“, рече Караџовски појаснувајќи дека промените настанале во 2019 година, а извештајот е за претходната година.

„Во заблуда сте. Не сте ја смениле сè уште таблата на влезот. Сигурен сум дека и печатите не се сменети. До крај ја браневте Република Македонија. Јас, Селим Адеми, сум член на Судскиот совет на Република Северна Македонија, иако бев избран од Собранието на Република Македонија“, рече Адеми.

Претходно, 12-те члена на Советот назначија в.д. претседатели на 10 основни судови во државата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Северна Македонија или Македонија? Караџовски и Адеми расправаa како да ја пишува државата на извештајот

Членовите на Судскиот совет го изгласаа годишниот извештај за работата за 2018 година, но претходно претседателот Зоран Караџовски и членот...

Топ2 часа

Мицкоски: Не е до чистката, туку проблемот е до тој што треба да исчисти

По најавите на премиерот Зоран Заев дека власта ја примила пораката од граѓаните и дека ќе следуваат кадровски промени, лидерот...

Топ2 часа

Поднесено обвинение против родителите чии деца загинаа во пожар во Велес

Против мајката и таткото, чии деца во јуни минатата година загинаа во пожар во куќа во Велес, е поднесено обвинение...

Македонија3 часа

(Видео) Таткото на Саздовски: Родителите да кажат каде е третиот осомничен, кој е во бегство

Ни една мајка не треба да го закопа својот син, казната е толкава колку што е предвидено во законот. Не...

Македонија4 часа

(Видео) По 19 години затвор за убијците на Никола Саздовски

Кривичниот суд во Скопје им одреди по 19 години затвор на Бесим Беља и Скендер Демири, кои на 29 јуни...

Свет4 часа

Евакуирана Сиднејската опера поради истекување гас

Стотици луѓе се евакуирани денес од Сиднејската опера и околината поради истекување гас, а раководството на куќата објави дека настапите...

Регион5 часа

Убиецот на бугарската телевизиска новинарка осуден на 30 години затвор

Бугарскиот суд го осуди Северин Красимиров на 30 години затвор за силување и убиство на телевизиската новинарка Викторија Маринова. Телото...

Свет5 часа

(Видео) Базен на врвот на висококатница се излеа за време на земјотресот во Манила

Филипините вчера ги погоди силен земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтер поради што се тресеа многу згради, а...

Свет5 часа

Најмалку 11 жртви и 24 исчезнати во земјотресот во Филипини

Најмалку 11 лица загинаа, 24 исчезнати, а повеќе од 80 се повредени во земјотрес со јачина од 6,1 степен, кој...

Топ16 часа

(Видео) Дац му подари метла на Заев, премиерот возврати – чистка ќе има

Актерот Драган Спасов Дац на вечерашната трибина на СДСМ во Карпош му подари метла на премиерот Зоран Заев, порачувајќи му...

Европа19 часа

Курц ја осуди песната во која мигранти се споредуваат со стаорци

Aвстрискиот канцелар, Себастијан Курц, побара од помалиот партнер во владејачката коалиција, десничарската Партија на слободата на Австрија, да се дистанцира...

Избори 201920 часа

(Видео) Поништено гласањето на избирачко место во Ѓорче Петров, имало вишок гласачки ливчиња во кутијата

Три гласачки ливчиња повеќе во кутијата од бројот на гласачи нотира Државната изборна комисија во едно избирачко место во општина...

Свет21 час

Кои се жртвите во Шри Ланка: Деца, познати готвачи, келнери, политичари…

Во терористичките напади во Шри Ланка загинаа најмалку 290 луѓе, а повеќе од 500 се повредени. Меѓу нив, повеќето луѓе...

Избори 201922 часа

ОБСЕ: Изборите беа добро спроведени, но потребна е реформа на изборното законодавство

Во првиот круг на претседателските избори гласачите беа во можност да се информираат пред да го направат својот избор помеѓу...

Македонија24 часа

(Видео) Николоски го наклеветил Вице Заев, но нема да му плати 30 илјади денари отштета

Судијката од Основниот суд Скопје 2, Кети Германова, заедно со двајца судии поротници, донесе пресуда со која утврди дека потпретседателот...

Избори 201924 часа

(Видео) Јанушев: Со постигнатите резултати ВМРО-ДПМНЕ би освоила 53 пратенички мандати, а СДСМ – 41

Вчера се потврди дека кај граѓаните има апатија поради криминалот, корупцијата и сиромаштијата, порача генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев,...

Избори 20191 ден

(Видео) Пендаровски: Не сум изненаден од резултатот, ја разбрав пораката на граѓаните

Претседтелскиот кандидат Стево Пендаровски вели дека не е изненаден од резултатите од гласањето и дека ја разбрал пораката на граѓаните....

Избори 20191 ден

Река: Нема да тргуваме со гласовите

Од изборниот штаб на претседателскиот кандидат Блерим Река, по вчерашните повикувања и на двајцата кандидати, Силјановска и Пендаровски, кои се...

Свет1 ден

Локална исламистичка група одговорна за нападите во Шри Ланка

Владата на Шри Ланка објави дека зад оргнизираните напади на цркви и хотели на Велигден стои екстремистичката група Нешенел Товид...

Топ1 ден

Убиени татко и неговиот осумгодишен син во Слупчане

Татко и неговиот осумгодишен син се пронајдени мртви во автомобил во близина на кумановското село Слупчане. Според информациите од кумановското...

Досие