Контакт

Македонија

ЛДП предлага по 2.400 денари од државата за здрава исхрана на секој редовен студент

Објавено пред

По 120 денари дневно или 2.400 денари месечно се предвидува за здрав студентски оброк со новиот предлог-закон за субвенциониран студентски оброк, за секој редовен студент во Македонија, изјави Моника Зајкова, потпретседателка на ЛДП.

„Ние како партија заедно со нашата младина  сакаме да придонесеме студентите повеќе да не јадат нездрава, брза храна и да ги поттикнеме здравите навики, односно да им создадеме услови здраво да се хранат и тоа да биде субвенционирано од државата. Воедно ќе ги стимулираме и малите бизниси, односно ќе се поттикне економијата. Затоа очекувам сите политички субјекти во државата да го поддржат предлогот“, истакна Зајкова.

Од партијата предлагаат правото на субвенциониран студентски оброк да го уживаат студентите кои се државјани на Република Северна Македонија и се запишани како редовни на додипломски студии, на државните или на приватните универзитети. Правото на субвенциониран оброк студентите ќе може да го користат секој работен ден од  8 до 20 часот, но не и во периодот од 1 јули до 14 септември во годината, како и за време на државни, верски празници и во неработни денови.

„Поаѓајќи од концептот за субвенциониран студентски оброк кој со години веќе се имплементира во Словенија, во законот предвидовме право на  студентите за значително пониска цена да можат да се хранат во рестораните коишто ќе потпишат договор со Министерството за образование и наука за субвенционирање на студентскиот оброк. Во законот е предвидено дека под субвенциониран  студентски оброк се подразбира приготвена храна, но со Правилник за субвенциониран студентски оброк донесен од Министерството за образование и наука детално ќе биде уредено што оброкот вклучува, како и дека од субвенција се исклучени газираните пијалаци и  брзата храна, како бургери, бели пецива, тостови, конзервирана храна…“ вели Зајкова.

Износот ќе се исплаќа на давателите на услуги коишто услужиле студент, на почеток на тековниот месец за претходниот месец, по изготвена фактура од нивна страна доставена до Министерството за образование и наука. Давателите на субвенциониран студентски оброк ќе ги избира Министерството за образование и наука преку спроведување постапка за јавна набавка во согласност со одредбите од Законот за јавни набавки.

Македонија

Починаа 14 лица, регистрирани 404 новозаразени

Објавено пред

Денеска се регистрирани 404 нови случаи на Ковид 19, оздравени се 182 пациенти, а починаа 14 лица.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.524 тестирања, а регистрирани се 404 нови случаи на ковид-19 во: Скопје- 172, Куманово-15, Дебар-4, Штип-8, Прилеп-25, Тетово-41, Струга-4, Велес-6, Битола-4, Охрид-11, Кавадарци-5, Гостивар-20, Гевгелија-9, Струмица-29, Крива Паланка-2, Кочани-18, Пробиштип-3, Берово-6, Виница-2, Делчево-4, Свети Николе-2, Кичево-3, Ресен-2, Неготино-9.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 182 оздравени пациенти од: Скопје-107, Куманово-4, Штип-9, Прилеп-10, Тетово-11, Струга-4, Битола-3, Охрид-1, Гостивар-1, Гевгелија-5, Струмица-4, Радовиш-6, Кочани-6, Пробиштип-1, Македоснки Брод-1, Пехчево-2, Валандово-3, Свети Николе-1, Кичево-3.

Починати се 14 лица, пациенти од Прилеп (77г), Куманово (76 и 66г), Крива Паланка (65г), Скопје (80г), Гевгелија (51г), Кочани (83г), Струга (66г), Битола (68г), Ресен (52 и 83г), Виница (67г), Берово (67г), Тетово (59г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 26394, бројката на оздравени пациенти е 18430, на починати е 897, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 7067. Денеска се евидентира еден контролен тест, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 11201, активни 3388
• Куманово 2095, активни 310
• Дебар 319, активни 57
• Штип 1529, активни 190
• Прилеп 1054, активни 302
• Тетово 1897, активни 395
• Струга 771, активни 80
• Велес 488, активни 136
• Битола 525, активни 171
• Охрид 593, активни 159
• Кавадарци 411, активни 158
• Гостивар 1096, активни 140
• Гевгелија 317, активни 169 (16 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 47 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 705, активни 419
• Крива Паланка 201, активни 74
• Радовиш 199, активни 74
• Крушево 21, активни 1
• Кочани 632, активни 210
• Пробиштип 155, активни 25
• Демир Хисар 71, активни 10
• Македонски Брод 98, активни 3
• Пехчево 57, активни 9
• Берово 185, активни 49
• Валандово 92, активни 42
• Виница 162, активни 58
• Делчево 226, активни 128 (47 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 34, активни 8
• Свети Николе 447, активни 69
• Кичево 475, активни 122
• Ресен 222, активни 53
• Неготино 116, активни 58 (17 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1524 теста се преку: ИЈЗ-797, ЦЈЗ Скопје-48, Авицена-225, Биотек-107, МАНУ -119, Жан Митрев (Филип Втори) -114, Систина со PCR метода -102 , лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-3, ГАК-9, Синлаб-0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 233.137 тестирања на Ковид -19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 134 пациенти. На кислородна поддршка се 92 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 5 деца и 8 позитивни мајки, 2 мајки суспектни на ковид-19, нема хоспитализирани деца суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 46 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 52, а во болницата во Штип се 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и Кавадарци се хоспитализирани 298 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 167
• Гази Баба – 420
• Аеродром – 656
• Карпош – 522
• Центар – 507
• Кисела Вода – 395
• Ѓорче Петров – 276
• Бутел – 140
• Шуто Оризари – 25
• Студеничани – 7
• Сарај – 21
• Арачиново – 10
• Илинден – 61
• Сопиште – 27
• Чучер Сандево – 14
• Петровец –20
• Зелениково – 8
• Странец – 22
• Нераспределен- 90

Прикажи повеќе...

Македонија

Угостителски објект во Франгово работел по 23 часот

Објавено пред

Угостителски објект во струшкото село Франгово синоќа не ја почитувал одлуката за ограничено работно време.

СВР Охрид во соработка со Државниот пазарен инспекторат вчера реализирал контроли по угостителските објекти, а во врска со одлуката на Владата за ограничување на работното време до 23 часот.

„Непочитување на оваа одлука е регистрирана во угостителски објект во струшкото село Франгово, сопственост на Л.Ј. од истото село“, информираа денеска од полицијата.

Против него од инспекторите на Државниот пазарен инспекторат бил изготвен записник и соодветна пријава.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев: Обединетите Нации се симбол за глобалниот мир и безбедност

Објавено пред

Годинава Организацијата на Обединетите нации одбележува значаен јубилеј – 75 години од основањето. По тој повод, премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи напиша дека ОН денес се симбол за глобалниот мир и безбедност.

„И покрај множеството предизвици, ОН го наметнаа принципот на дијалог и почитување при превенирањето и решавањето на предизвиците и низ начелата на соработка и солидарност, покренуваат иницијативи за надминување на горливите светски проблеми. Денес кога се соочуваме со пандемијата од КОВИД-19, најголемата закана по Втората светска војна, ОН преку Светската здравствена организација повторно има централна улога координирајќи ги меѓународните активности за заштита“, напиша Заев.

Годинава Организацијата на обединетите нации одбележува значаен јубилеј – 75 години од основањето. Формирана во 1945…

Posted by Zoran Zaev on Saturday, October 24, 2020

Во насока на поддршка и поттикнување на универзалните човечки вредности, Заев вели дека Владата ја реафирмирала својата посветеност кон реализација на Агендата 2030 на Организацијата на обединетите нации, која обезбедува универзална рамка за зајакнување на колективната акција кон заедничките цели и предизвици за заеднички просперитет.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

Починаа 14 лица, регистрирани 404 новозаразени

Денеска се регистрирани 404 нови случаи на Ковид 19, оздравени се 182 пациенти, а починаа 14 лица. Министерството за здравство...

Регион21 минута

На Балакнот денеска рекордни бројки на заразени со коронавирус

Дел од државите на Балканот денеска регистрираа рекордни бројки на заразени со коронавирус од почетокот на пандемијата. Во Србија рекордни...

Свет32 минути

(Видео) Трамп гласаше на претседателските избори во САД

Претседателот на САД, Доналд Трамп гласаше на претседателските избори во САД. „Само што гласав! Голема чест“, напиша Трамп на социјалните...

Свет2 часа

Американските компании продолжуваат со тестирање на вакцината против Ковид-19

Фармацевтската компанија „Астра Зенека“ ќе продолжи со клиничките испитувања на својата експериментална вакцина против Ковид-19 во САД, откако доби одобрение...

Македонија4 часа

Филипче најави проширување на болничките капацитети и надополнување на кадарот

Прширување на болничките капацитети и надополнување на кадарот најави министерот за здравство Венко Филипче, кој денеска ги посети болниците во...

Македонија5 часа

Почина Амди Бајрам

Поради кардиоваскуларни проблеми, почина Амди Бајрам, експратеникот и претседател на Сојуз на Ромите. Тој починал на приватна клиника во Скопје....

Економија5 часа

(Видео) Компаниите кои се потешко погодени од кризата ќе добијат поголема финансиска поддршка

Со измените на Законот за поддршка на исплата на плати, компаниите кои се потешко погодени од кризата, ќе добијат поголема финансиска...

Регион7 часа

Грција воведе дополнителни мерки, вклучително и полициски час во Атина и Солун

Поради зголемувањето на ширењето на Ковид-19, Грција воведе дополнителни мерки, вклучително и полициски час во Атина и Солун. Мерките стапуваат...

Македонија8 часа

Георгиевски во Софија: Историската комисија има направено големо поместување

Претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски при својата посета во соседна Бугарија оствари средби со министерката за надворешни работи, Екатерина...

Свет8 часа

СЗО работи на насоки за употреба на Ремдесивир

Светската здравствена организација објави дека работи на развој на упатства за употребата на лекот Ремдесивир за третман на пациенти со...

Македонија9 часа

Активни 6.861 случаи на заразени со коронавирус во земјата

Во моментов бројот на активни случаи со коронавирус во земјата изнесува 6.861 лице, откако вчера потврдени 518 новозаразени, 200 оздравени...

Македонија9 часа

Ноќва почнува зимското сметање на времето

Со поместување на часовникот за еден час наназад, од ноќва почнува зимското сметање на времето, со што времето во 3...

Македонија21 час

Филипче: Лабораториите за тестирање работат во три смени

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче информира дека силниот есенски бран ги оптерети лабораториите за тестирање, но се работи...

Македонија22 часа

518 нови случаи на Ковид-19 во земјава, починаа девет лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2367 тестирања, а регистрирани се 518 нови случаи на...

Регион22 часа

Бугарскиот премиер во самоизолација

Бугарскиот премиер Бојко Борисов е во самоизолација по контактот со заменик министерот за градежништво, Николај Нанков, кој беше позитивен на...

Македонија23 часа

(Видео) Северна Македонија и САД потпишаа меморандум за безбедност на 5G технологии

Премиерот Зоран Заев и потсекретарот за економски раст, енергија и животна средина во Владата на САД, Кеит Крач, потпишаа меморандум...

Македонија24 часа

(Видео) Заев – Хоти: Ако има потреба повторно ќе се воведат ПЦР тестови на граница

Северна Македонија и Косово традиционално позитивниот политички дијалог наскоро ќе го потврдат со прва заедничка седница меѓу Владите на двете...

Македонија1 ден

Мицкоски: Ако Заев се откаже од Гоце Делчев и јазикот, идната влада на ВМРО ќе ја поништи одлуката

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ  Христијан Мицкоски, на денешниот протест, како што наведуваат, против „мафијата, за правда и слобода“, нагласи дека доколу...

Топ1 ден

Тепачка со ножеви и пиштоли меѓу две семејства во Кондово, двајца завршиле во болница

Две лица се повредени во тепачка меѓу две семејства во Кондово, во која биле употребени нож и пиштол. Како што...

Македонија1 ден

Свадба со 200 гости во Арачиново, полицијата најави пријави

Државниот пазарен инспекторат и полицијата растурија свадба во Арачиново со 200 гости и најавија кривични пријави за непочитување на мерките...

Досие