Контакт

Македонија

За Бугарија, непринципиелна е одлуката да се избрише „Иван Михајлов“ од Регистарот

Објавено пред

Бугарското Министерство за надворешни работи ја оцени како непринципиелна и тенденциозна одлуката на македонските власти за бришење на бугарското здружение „Иван Михаилов“ во Битола од Централниот регистер.

dobivaj vesti na viber

Министерството изрази силна загриженост поради, како што велат, доследните активности на Северна Македонија за ограничување на правата на здружување и слободно изразување на бугарската заедница.

„Институциите во Скопје не изнесоа никакви вистински аргументи за оспорување на регистрацијата на бугарските здруженија. Тие ја донесоа својата одлука единствено и само со еднострано и тенденциозно ставање на имињата на здруженијата во искривен, историски и идеолошки контекст“, изјави бугарскиот заменик-министер за надворешни работи, Костадин Коџабашев.

Тој не се согласува со оценките и квалификациите за името „Иван Михајлов“ и, според него, обвинувањата за антисемитизам се особено неосновани.

Бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ вчера беше избришан од Централниот регистар со одлука на Министерството за правда. Клубот имаше рок да се преименува во согласност со измените во Законот за здруженијата и фондациите.

Со законот се забранува основање организации, што во нивното име, програма, цели и дејности поттикнува и повикува на воена агресија, разгорување на национална, расна, верска омраза или друга нетрпеливост, нетолеранција, геноцид, екстерминација, ширење и поддршка, поттикнување и одобрување фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх.

Претходно, Комисијата за употреба на имиња на личности даде негативно мислење за употреба на името Иван Михајлов. Од тука образложија дека името на бугарскиот клуб претставува провокација за националните чувства на македонскиот народ, со оглед на тоа што се работи за личност блиска со фашистичка идеологија, кој со своето дејствување ја негирал посебноста на македонскиот народ, а истовремено предизвикува нетрпеливост, нетолеранција и омраза во македонското општество.

Бугарскиот клуб веќе најави дека правдата ќе ја бара во Меѓународниот суд за човекови права.

Македонија

Таткото на Вања осомничен за помош при грабнување, останатите четворица и за две убиства на свиреп начин, Обвинителството отвори истрага

Објавено пред

Доцна вечерва Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против пет лица за грабнувањето на 14 – годишната Вања Ѓорчевска и нејзиното убиство и за убиството на 74-годишниот Панче Жежовски.

dobivaj vesti na viber

„Четворица како соизвршители сториле две кривични дела – грабнување од член 141 од Кривичниот законик, како и две убиства на свиреп начин, едно на малолетно лице и едно од користољубие. Петтиот осомничен им помогнал при извршување на кривичното дело – грабнување на малолетно лице“, соопштија од Обвинителството.

За четворица осомничени, кои веќе се наоѓаа во 48-часовен притвор, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка вечерва достави предлог за определување мерка притвор. Судијата  го продолжи притворот на четворицата за 30 дена.

„Постои основано сомнение дека на 22 ноември, четворица од осомничените, по претходен договор и заедно, извршиле грабнување на лице од неговиот дом во Велес со намера да го присилат да го даде неговиот автомобил ’цитроен’ за тие да го искористат за грабнување на малолетно лице во Скопје. Откако влегле во неговиот дом, физички го нападнале, го врзале и со автомобил го однеле во близина на селото Рудник, каде со учество на дејствие на извршување и со друг особен придонес кон извршување на делото, од користољубие и на свиреп начин го лишиле од живот со истрел од огнено оружје од еден од осомничените. На 27 ноември четворицата осомничени, помогнати од петтиот, извршиле грабнување на малолетно лице со намера да присилат член на  нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп на детето. Притоа го искористиле и одземениот автомобил. Подоцна на свиреп начин и со умисла ја лишиле од живот жртвата, а со претходно купен бензин го запалиле автомобилот Цитроен“, стои во соопштението од Обвинителството.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на вонредна прес-конференција вечерва соопшти дека во Турција е уапсен Љупчо Палевски-Палчо, првоосомничен за грабнувањето и двојното убиство, кој според исказите на останатите уапсени, бил организатор и извршител на двете убиства.

Прикажи повеќе...

Македонија

Полицијата го пронајде и мобилниот телефон на Вања

Објавено пред

Пронајден е мобилниот телефон на 14-годишната Вања Ѓорчевска која беше киднапирана пред својот дом и свирепо убиена за помалку од три часа.

dobivaj vesti na viber

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на денешната вонредна прес-конференција беше прашан дали е пронајден телефонот, на што кусо одговори „да“.

Кобниот ден, на 27 ноември, Вања утрото во 7:27 часот го напуштила домот, со цел да стигне на час во училиштето Песталоци. Од она што досега е познато, киднаперите минута подоцна ја фатиле на приземјето, и’ ги врзале рацете и ја ставиле во вреќа за спиење. Потоа ја турнале во „цитроенот“ кој бил украден од втората жртва, велешанецот Панче Жежовски. Со возилото се упатиле кон улицата Партизански одреди, а веќе во 7:35 часот, телефонот на Вања бил исклучен и последен пат лоциран во близина на „Броз кафе“, кај „Силбо“. Дента во 10 часот, Вања е убиена.

Прикажи повеќе...

Македонија

Оперативен извор на македонската полиција во Баликесир клучен за апсењето на Палевски

Објавено пред

Турската полиција го уапсила Љупчо Палевски-Палчо, осомничен за двојно убиство, откога директен оперативен извор на македонската полиција го лоцирал и известил за неговита намера да тргне кон Истанбул. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва извести дека нашите служби од секторот за меѓународна соработка стапиле во директен контакт со оперативниот извор во Баликесир откако добиле известување дека Палевски влегол во Турција.

dobivaj vesti na viber

„Во Турција оди во градот Баликесир и нашите служби од секторот за меѓународна полициска соработка стапуваат во контакт, директно не само со власите, со полицијата, туку стапуваат во контакт со еден нивен оперативен извор кој што за многу кратко време ни врати повратна информација дека лицето се наоѓа во Баликесир и ни кажа за неговите намери дека од тука практично сака да замине во Истанбул. Таму останува, во Баликесир. Се подготвува најмува такси-возач за да оди во Истанбул и тука е практично симулирањето дека ќе оди, оти повторно се враќа назад во градот. Денеска попладнево од страна на колегите од турската полиција е уапсен додека се движел пешки по еден од автопатите, меѓутоа во Баликесир“, рече министерот Спасовски.

Оперативниот извор во Турција им јавил и дека Палевски симулира дека оди за Истанбул.

„Крајната дестинација му била Истанбул, според сознанијата од нашиот извор кој што ние го имавме таму, директен. Затоа земал такси и практично знаевме од изворот дека земал такси да оди во Истанбул, излегол од Баликесир, тргнал кон Истанбул и за кратко време се вратил пак назад во Баликесир. Тоа е таа симулација, веројатно мислел дека на тој начин нема да биде откриен“, објасни министерот Спасовски.

Тој вечерва се заблагодари на сите кои работеле на случајот, посебно на колегите од „пријателска Турција“, „пријателска Србија“, од Република Бугарија, но и од Хрватска која самоиницијативно направила проверки и ја известила македонската полиција дека Палевски не е кај нив.

Министерот Спасовски рече дека детали околу апењето, изјавите на Палевски по апсењето ќе се споделат кога ќе биде донесен кај нас, а на екстрадицијата ќе работи Министерството за правда.

Палевски е осомничен дека е организатор и извршител на убиствата на 14 – годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Таткото на Вања осомничен за помош при грабнување, останатите четворица и за две убиства на свиреп начин, Обвинителството отвори истрага

Доцна вечерва Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против пет лица за грабнувањето на 14 –...

Македонија5 часа

Оперативен извор на македонската полиција во Баликесир клучен за апсењето на Палевски

Турската полиција го уапсила Љупчо Палевски-Палчо, осомничен за двојно убиство, откога директен оперативен извор на македонската полиција го лоцирал и...

Македонија6 часа

(Видео) Прострелна рана, а не задушување е причината за смртта на Вања, Спасовски откри дека се најдени два пиштоли

Четиринаесетгодишната Вања починала од прострелна рана, но на крајот точниот наод ќе го покаже обдукцијата, рече министерот за внатрешни работи,...

Македонија6 часа

Палевски одел пеш по автопат во Баликесир кога бил уапсен, претходно најмил такси за да симулира дека оди во Истанбул

Од Скопје, преку Белград и Бугарија до Турција. Љупчо Палевски-Палчо кој е осомничен за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и...

Македонија7 часа

(Видео) Спасовски потврди: Љупчо Палевски-Палчо е фатен во Турција

Љупчо Палевски-Палчо е фатен во Баликесир, Турција, изјави вечерва на прес-конференција, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Спасовски го нарече Палевски...

Македонија7 часа

(Видео) Вонредна прес-конференција на Оливер Спасовски за двојното убиство

Прес-конференција на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за двојното убиство.

Македонија8 часа

Осомничените за убиството на Вања и Панче донесени во Кривичен со избричени глави и затворски одела, се бара продолжување на притворот

Четворица осомничени за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски беа донесени во Кривичниот суд вечерва, каде судија...

Македонија8 часа

Детали за бегството на Палевски: влегол и излегол од Бугарија во саботата – дента кога МВР јави дека има уапсени

Првоосомничениот за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, избегал од Македонија, преку Србија, па низ Бугарија се упатил кон Турција. Според...

Македонија10 часа

Нов приведен за убиството на Вања, го возел Палчо во Бугарија па во Турција

Приведено е уште едно лице за помагање на првоосомничениот во случајот со двојното убиство, Љупчо Палевски-Палчо, да ја напушти државата....

Топ10 часа

Пукање во центарот на Куманово

Пукање имало попладнево во центарот на Куманово, потврди кумановската полиција. Според привичните информации, во пукањето едно лице се здобило со...

Топ12 часа

Затвореник од „Шутка“ итно префрлен на клиника каде што починал

Гостиварец кој бил во затворот Скопје во Шуто Оризари почина на комплексот клини Мајка Тереза. „На 04.12.2023 во 07.43 часот...

Македонија14 часа

САД му забрани влез на Кочо Анѓушев и семејството, поради вмешаност во корупција

Соединетите Држави го означуваат Кочо Анѓушев, поранешен вицепремиер на Северна Македонија, како генерално неподобен за влез во Соединетите држави, поради...

Македонија15 часа

Таткото на убиената Вања и денес негира дека кажал на грабнувачите кога таа ќе излезе од дома, заврши распитот

И на денешниот распит кај јавен обвинител Александар Ѓорчевски, таткото на убиеното 14-годишно девојче негира дека дал информации кога и...

Македонија15 часа

За градоначалникот обид за киднапирање во Карбинци, за полицијата покана за кафе за ученичка

Министерството за внатрешни работи демантира дека утрово имало обид за киднапирање двајца ученици во основното училиште „Страшо Пинџур“ во Карбинци,...

Македонија17 часа

Каратист од Велес, е еден од осомничените за убиството на Вања

Пет лица се осомничени за убиството на Вања Ѓорчевска, а меѓу нив е и каратист од Велес. Велешкиот спортист Боре...

Македонија18 часа

(Видео) Ковачки: До убиството на Вања можеби немало да дојде, ако Спасовски не направил пропусти во истрагата

Оливер Спасовски вчера ја излажа македонската јавност, а МВР под негово раководство е испреплетено односно поврзано со криминогени структури, истакнува...

Македонија18 часа

„Денеска ја очекуваме првата кривична пријава, се соочуваат со најмалку 10 години затвор“, вели обвинителот Бубевски

Обвинителот Гаврил Бубевски во утринската програма на српската ТВ Нова изјави дека на осомничените за убиството на тинејџерката Вања и...

Топ19 часа

Спречен обид за шверц на 50 тони дизел гориво, декларирано како базно масло

Царинските службеници на Ќафасан спречија обид за шверц на 50 тони дизел гориво декларирано како базно масло, а кое било...

Топ20 часа

(Видео) Тешка сообраќајна незгода кај Соборна, возило излета од булевар и турна столб

Сообраќајна несреќа во центарот на Скопје направи хаос во движењето на возилата. Автомобилот марка „голф“ излетал од булеварот, при што...

Македонија20 часа

30-дневен притвор за Љупчо Палевски, од денот кога ќе биде уапсен, определи Кривичниот суд

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје, донесе решение со...