Македонија
За ДУИ, однесувањето на претседателот на Уставниот суд е неприфатливо и скандалозно, бараат итна оставка
„ДУИ силно ги осудува последните случувања во Уставниот суд, каде што моноетничките интервенции во повеќеетничка држава создаваат опасен преседан. Одлуката за продолжување на процесот на процена на уставноста, и покрај бојкотот од судиите од албанската и турската заедница, претставува загрижувачки показател за недостиг на почит кон еднаквоста и меѓуетничката хармонија“, истакнуваат од оваа партија.
Според ДУИ, реакцијата на претседателот на Уставниот суд на прес-конференцијата ја означува кулминацијата на неприфатливоста.
„Прашан од новинар за недостигот на албанскиот јазик на таблата зад него, и покрај фактот што Законот за употреба на јазиците е во сила, претседателот изјави дека „знае оти законот е во сила, но не му се допаѓа“. Таквата изјава е скандалозна и целосно неприфатлива.
Лице што отворено изразува несогласување со законите во сила и применува двојни стандарди на толку важна позиција како претседател на Уставниот суд не може да биде достојно за да продолжи со должноста. Неговото однесување ја поткопува не само довербата на граѓаните во институциите туку и основните принципи на демократијата и меѓуетничката еднаквост“, напоменуваат од партијата на Ахмети во реакцијата.
Поради овие причини, како што додаваат, ДУИ повикува на итна оставка на претседателот на Уставниот суд.
Ваквите случувања, сппоред нив, не треба да се толерираат под никакви околности, а институциите треба да дејствуваат за да ги гарантираат почитувањето на законот и вредностите на меѓуетничката еднаквост.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски со претседателот на републиканците ја следеше инаугирацијата во Вашингтон
Премиерот Христијан Мицкоски ја следеше инаугирацијата на Трамп заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли.
„Заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли во ВИП ложата во Вашингтон ги следиме инаугуративните активности на новиот американски претседател, Доналд Трамп“, објави Мицкоски на Фејсбук.
Премиерот денеска присуствуваше на балот во Вашингтон, кој се одржа пред назначувањето на новиот претседател на САД, Доналд Трамп, и на кој присуствуваа видни политички личности од повеќе земји од светот, како и познати бизнисмени.
Скопје
Нормализиран сообраќајот од средно Водно до св. Пантелејмон
Сообраќајот на патниот правец Р 2138 од средно Водно до св. Пантелејмон од 11.00ч. е нормализиран.
Регионалниот ЦУК (РЦУК) Скопје извести претходно дека од Општина Карпош вчера добиле информација дека патот меѓу Пантелејмон (Горно Нерези) и Средно Водно не беше безбеден за движење со моторни возило и апелираа истиот да не се користи поради голомразица.
Од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопштија од АМСМ.
Македонија
Мицкоски со Гренел: Се бориме за секој интерес на Македонија
За време на посетата на САД, во Вашингтон, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски оствари повеќе активности и средби со истакнати личности од американскиот политички, општествен и економски живот.
Тој се сретна и со Ричард Гренел, нов претседателски пратеник за специјални мисии и политика.
За средбата Мицкоски истакна:
„Разговаравме за актуелните случувања, за предизвиците со кои се соочуваме како држава и нашето остварување на стратешките интереси врзани со членството во Европската Унија. Воедно побарав поголемо ангажирање од нашите стратешки партнери на тој план, како и искористување на потенцијалите на економски план. Се бориме за секој интерес на државата.“, посочи Мицкоски.