Контакт

Македонија

За палење петарди и ракети казни од 200 до 500 евра

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека неовластената употреба на пиротехнички средства е казнива согласно Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, Законот за заштита од експлозивни материи и Кривичниот законик на Република Македонија. Неовластената употреба на пиротехнички средства (петарди, палење ракети и други пиротехнички средства) со кои се нарушува јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните се казнува со глоба во износ од 200 до 500 евра.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат законските прописи и да соработуваат со полицијата, доколу забележат лица кои продаваат пиротехнички средства и да ги пријават на полициски службеници лично или преку бесплатниот телефонски број 192. Апелираме особено до малолетниците да не употребуваат петарди, бидејќи тие претставуваат опасност за нивното здравје, соопшти МВР.

Македонија

Сугарески: Ќе се гради експресен пат Битола – Меџитлија

Објавено пред

Развојот на Пелагонискиот регион е многу значаен за целата држава и заради тоа во овој момент инвестираме преку 18 милиони евра во рехабилитација на патиштата. Периодов нашиот фокус е ставен на подготовки за изградба на експресен пат од Битола до Меџитлија и изградба на автопат од Прилеп до Битола, истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при денешниот увид во рехабилитацијата на регионалниот пат Битола – Демир Хисар.

Како што потенцираше министерот Сугарески, градежните активности низ целата држава се одвиваат со засилен интензитет и се очекува силен скок на реализација на капиталните инвестиции во вториот и третиот квартал.

,,Капиталните инвестиции се врвен приоритет. Во ресорот транспорт тие се реализираат со добра динамика. Имаме преку 30% реализација во патиштата, преку 36% во гасоводот, во делот на комуналната сфера исто така има силен интензитет на реализација, така да реално очекувам втор и трет квартал да имаме голем скок на капиталните инвестиции“, изјави Сугарески.

Во однос на изградбата на експресен пат Битола-Меџитлија, министерот нагласи дека во тек е изработка на проектната документација која се очекува да биде готова наредната година, по што веднаш ќе се започне со изградба. Што се однесува на автопатското решение од Прилеп до Битола, се очекува оваа година ЈП за државни патишта да распише јавен повик за изработка на проектна документација.

Министерот Сугарески истакна и дека изградбата на магистралниот гасовод од Неготино до Битола се одвива со забрзано темпо, со што очекувањата се до крајот на годината овој крак да биде завршен.Директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов истакна дека рехабилитацијата на патниот правец Битола – Демир Хисар се одвива со силно темпо и ќе се заврши во месец август, а инвестицијата е во вредност од 1 милион евра.

„Покрај овој пат, оваа есен ќе продолжиме со рехабилитација на останатиот пат од Битола до Кичево. Ќе го реконструираме и постоечкиот пат од Битола до Меџитлија, а отприлика овој период следната година ќе заврши проектирањето за изградба на нов експресен пат. Исто така, ќе се реконструира уште еден многу значаен патен правец за овој регион, регионалниот пат Битола – Тополчани – Прилеп, а во тек е и јавен повик за поставување на заштитна ограда на обиколницата на Битола. Генерално, можам слободно да кажам дека оваа Влада досега најмногу вложува во Пелагонискиот регион“, изјави Зоран Китанов, директор на ЈП за државни патишта.

Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска истакна дека ова е пример како треба да соработуваат локалната и централната власт и потенцираше дека развојот на Пелагонија директно зависи од инвестициите што Владата ги реализира во овој регион.

Прикажи повеќе...

Македонија

Општина Аеродром ќе го преиспита договорот со маркетинг-агенцијата за комуникација со граѓаните

Објавено пред

Општина Аеродром ја известува јавноста дека врз основа на јавниот интерес и принципите за рационалност и економичност, ќе го преиспита сукцесивниот договор со приватната маркетинг-агенција.

„Иницијалната потреба за зајакнување на капацитетите за информирање и едукација на граѓаните ќе биде преиспитана исклучиво врз точно одредување на јавниот интерес и критериумите за одговорни јавни комуникации“, се навадува во соопштението од Општината.

Како што велат од таму, тоа значи одговорно трошење на парите на граѓаните, економичност и рационалност, интегритет во јавните комуникации преку отворено, транспарентно, објективно и релевантно комуницирање со граѓаните.

Информираат и дека граѓаните ќе бидат известени за одлуката и за натамошното постапување.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев: Ниту една земја членка на ЕУ не е против отворањето преговори со Северна Македонија

Објавено пред

Ниту една земја членка на Европската Унија не е против отворањето преговори со Северна Македонија, изјави премиерот Зоран Заев на новинарско прашање кои земји вчера на Советот на министрите за надворешни работи на ЕУ биле против отворањето преговори со Северна Македонија.

„Порано имаше земји против и ГАК (Совет за општи работи на Унијата) не носеше вакви заклучоци. Нема ниедна земја против. Напоменувам – нема земја против отворањето преговори за да може ГАК да донесе ваков заклучок и да му го предложи на Европскиот совет, така што имаме консензуална одлука“, рече Заев.

Тој апелира до граѓаните да се радуваат за оваа историска одлука за нашата земја. Заев рече дека преговорите ќе почнеле во јуни ако не биле изборите за Европскиот парламент.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, претходно на „Твитер“ објави дека против отворање на преговорите вчера гласале Франција, Холандија, Германија, Данска, Луксембург, Белгија и Шпанија. Според него, 12 земји членки биле „за“ преговори: Полска, Унгарија, Словачка, Чешка, Италија, Словенија, Хрватска, Бугарија, Романија, Естонија, Латвија, Литванија. Другите, меѓу кои и Грција, биле воздржани.

Министрите за надворешни работи на Европската Унија вчера не се согласија за доделувањето датум за почеток на преговорите за Северна Македонија, но и за Албанија. Тие се договорија најдоцна до октомври да се навратат на ова прашање.

„Потврдувајќи ги своите заклучоци од 26 јуни 2018 година, Советот силно го поздравува историскиот преспански договор, како и договорот за добрoсоседски односи со Бугарија, и се осврна на препораките на Комисијата за отворање пристапни преговори со Република Северна Македонија врз основа на нејзината позитивна оценка за постигнатиот напредок и исполнувањето на условите утврдени од Советот. Поради ограниченото време на располагање и важноста на предметот, Советот ќе се врати на ова прашање со цел да се постигне јасна и суштинска одлука што е можно побргу и не подоцна од октомври 2019 година“, се наведува во заклучокот на Советот за општи работи на Унијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет26 минути

Кашоги е жртва на намерна, претходно испланирана егзекуција – покажа независната истрага на ОН

Саудискиот новинар Џамал ​​Кашоги е жртва на намерна, претходно испланирана егзекуција, заклучи специјалниот известувач на Обединетите нации, Агнес Каламард, по...

Екологија1 час

Арктичкиот вечен лед се топи 70 години порано од очекувањата на научниците

Пермафрост или трајно замрзнатата почва во канадскиот дел на Арктикот почнала да се топи 70 години порано од прогнозите на...

Македонија1 час

Заев: Ниту една земја членка на ЕУ не е против отворањето преговори со Северна Македонија

Ниту една земја членка на Европската Унија не е против отворањето преговори со Северна Македонија, изјави премиерот Зоран Заев на...

Топ2 часа

Откриени злоупотреби со службени возила во општина Велес, полицијата поднесе пријави

Поранешен градоначалник и поранешен претседател на Советот на Општина Велес се обвинети за злоупотреба на службената положба. Според велешкото Обвинителство,...

Свет2 часа

Русија претстави доказ дека терористите се обидуваат да добијат биолошко оружје

Меѓународните терористи се обидуваат да добијат пристап до нуклеарно и биолошко оружје, а и до токсични хемикалии за да ги...

Свет4 часа

Во земјотресот во Јапонија повредени 26 лица

Најмалку 26 лица се повредени, од кои едно критично, кога земјотрес со јачина од 6,7 степени го погоди во вторникот...

Свет5 часа

(Видео) Запленети 16,5 тони кокаин во Филаделфија вреден една милијарда долари

Американските власти открија 16,5 тони кокаин во товарен брод „МСЦ Гајан“ во пристаништето во Филаделфија. Станува збор за една од...

Македонија17 часа

Заев очекува формален почеток на преговорите со ЕУ до крајот на годинава

Задоволни сме од денешниот заклучок на Советот на министри, но тој ќе значи целосен успех во октомври, кога ќе се...

Свет18 часа

Трамп на „Твитер“ најави масовни апсења на мигранти

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на „Твитер“ најави масовни апсења на мигранти. Иронично за објавата на Трамп е дека големите миграциски...

Топ20 часа

Маж и жена од Тетово сексуално експлоатирале 15-годишно девојче

Жена од Тетово и нејзиниот сосед сексуално експлоатирале 15-годишно девојче. Тие договарале сексуални услуги на интернет и го носеле девојчето...

Македонија20 часа

ЕУ не определи датум за почеток на преговори со Северна Македонија

Министрите за надворешни работи на Европската Унија на Советот за општи работи на Унијата во Луксембург не се согласија околу доделувањето...

Европа22 часа

(Видео) Меркел, поради дехидрација, неконтролирано се тресеше на пречекот на Зеленски

Германската канцеларка, Ангела Меркел, изгледаше како да не ѝ е добро и нејзиното тело неконтролирано се тресеше додека денеска во...

Македонија1 ден

Грујевски наредил опремата за прислушување да се сече на парчиња

Ни беше кажано од Горан Грујевски дека опремата за следење на комуникациите ќе ја исечка на парчиња од 5 сантиметри,...

Македонија1 ден

УБК прислушувала од аероклубот во Центар

Сведокот Сашо Трајковски во продолжението на сведочењето за предметот за масовното прислушување на СЈО – „Таргет – Тврдина“, рече дека,...

Свет1 ден

ОН: Светското население ќе порасне на 9,7 милијарди до 2050 година

Населението во светот старее и иако бројот на жители расте со побавно темпо, сепак се очекува негово зголемување од сегашните...

Регион1 ден

(Видео) Тројно убиство во Белград, жртвите биле мачени и фрлени во септичка јама

Во текот на изминатата ноќ по пријава на граѓани, српската полицијата открила три тела во септичка јама зад шопинг-центар во...

Македонија1 ден

Сведок на СЈО: Знаевме каде и како Мијалков и Грујевски се логираат за да прислушуваат

Сашо Трајковски, инженер во поранешната УБК, сведок на СЈО во предметот „Таргет – Тврдина“, во исказ пред судот рече дека...

Спорт1 ден

Мишел Платини уапсен за доделување на СП во 2022 на Катар!

Поранешниот претседател на УЕФА и легенда на францускиот фудбал, Мишел Платини, е уапсен во Нантер, предградие на Париз, поради одлуката...

Свет1 ден

(Видео) Во земјотресите во Кина загинаа 12, а повредени се 134 лица

Бројот на загинати во двата силни земјотреса во Кина се искачи на 12, а бројот на повредени на 134. Спасителите...

Свет1 ден

(Видео) Четворица повредени, пукотници и стампедо на прослава во Торонто

Четири лица се ранети при пукање на прославата на првата шампионска титула во НБА-лигата на Торонто репторс на плоштадот „Нејтан...

Досие