Контакт

Македонија

Првпат изведена афереза на периферни матични клетки кај дете на Клиниката за хематологија

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека на Универзитетската клиника за хематологија, во соработка со Универзитетската клиника за детски болести, денеска се реализира и афереза на периферни матични клетки кај 9-годишно дете, ХЛА ДНК-идентичен донор на матични клетки за сестра што боледува од акутна леукемија и на која ѝ е потребен третман со трансплантација на матични клетки. Со оваа соработка се отвора можност и педијатриски пациенти и донори да бидат лекувани со овие најсофистицирани медицински интервенции.

Од Министерството дополнуваат дека во текот на оваа недела на ЈЗУ Универзитетската клиника за хематологија се реализира меѓународна едукација за клеточна сепарација (афереза) и колекција на периферни матични хематопоетски клетки, донорски лимфоцити и плазмафереза, методи што ќе се користат во третман на болните со малигни и немалигни хематолошки заболувања. Едукацијата ќе ја реализираат лекари специјалисти од Клиниката за хематологија и Клиниката за детски болести со помош на странски експерт. Ова е втора меѓународно акредитирана едукација, која се спроведе на клиниката во изминатиот период со цел да се воведат нови терапевтски методи, кои претходно не се изведувале на Клиниката. Екстракорпорална фотофереза, афереза на периферни матични клетки кај адултни и педијатриски болни и донори, колекција на донорски лимфоцити и плазмафереза се процедури што се применуваат во трансплантациската хематологија за третман на малигните хематолошки заболувања или компликациите по трансплантација, како што се акутен и хроничен тип на графт верзус домаќин болест.

ЈЗУ Универзитетската клиника за хематологија со воведување на новите терапевтски процедури ќе стане еминентен трансплантациски центар по примерот на европските центри за трансплантација на хематопоетски матични клетки, во кој ќе се изведуваат сите процедури врзани за мобилизација, колекција, одредување на квалитетот на графтовите и бројот на ЦД34+ клетки, обработка и криопрезервација на алогените и автологни графтови на матични клетки и следење на имунолошкото закрепнување по трансплантација преку одредување лимфоцитни субпопулации со проточен цитометар, соопшти Министерството за здравство.

Според надлежните, на Клиниката во период од 3 години се реализирани над 150 трансплантации, од кои 6 хаплоидентични трансплантации, 20 трансплантации од несроден донор, најсложени интервенции поради кои во минатото пациентите беа праќани за третман во странски центри. Резултатите од третманот со овие интервенции се идентични со оние од европските центри за трансплантација и се пријавуваат во базата на Европската група за трансплантација на матични клетки (ЕБМТ), во која членува и тимот за трансплантација на Клиниката од 2003 година. На 15 септември 2021 година Клиниката ќе го одбележи своето искуство од 21 година со трансплантација на хематопоетски матични клетки и реализирани 615 трансплантациски процедури, дополнија од Здравство.

Македонија

Реконструирана болницата во Гевгелија, изградена нова хируршка сала

Објавено пред

Претседателот на Владата Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче, заедно со пратеничките Марија Костадинова и Драгица Ѓавочанова и градоначалникот на Општина Гевгелија Сашо Поцков, беа на увид на реконструираната Општа Болница во Гевгелија каде е изградена нова современа хируршка сала со нова медицинска опрема и во центарот за дијабетес и одделот за физикална терапија.

„ Продолжуваме со низата капитални инвестиции во правец на подобрување на здравствените услуги за нашите граѓани кои се спроведуваа и се спроведуваат паралелно со целосната посветеност на здравствените работници во борбата со пандемијата. Вкупната вредност на работите што беа изведени изнесува 375.000 евра и беа опфатени и други значајни дополнувања како што се новиот центар за дијабет, нова комплетно опремена лабораторија, амбуланти за неврологија, урологија и ортопедија, и современи чекални“, истакна премиерот Заев и како особено значајно ја издвои новоизградената современа хируршка сала и набавката на медицинска опрема во вредност поголема од 250.000 евра за салата за хирургија, за центарот за дијабетес и за Одделот за физикална терапија.

Тој дополни дека болницата сега располага и со нов ехо апарат на Одделот за рентген дијагностика и со комплетно реновирани одделенија за хирургија, за нервни болести и за гинеколошко акушерски болести.

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека до крајот на годината оваа болница ќе добие апарат за компјутерска томографија, што многу ќе го олесни пристапот за вакви испитувања.

Прикажи повеќе...

Македонија

Отворена нова градинка во Неготино

Објавено пред

Навистина ми претставува задоволство што денеска ја отвораме 15-та нова детска градинка за само 11 месеци, која ќе згрижи 167 деца од Општина Неготино. Граѓаните од оваа општина ја добиваат најсовремената градинка во државата градена согласно најдобрата пракса за просторно уредување и таа е целосно енергетски ефикасен објект, истакна министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, на денешното отворање на новата детска градинка во Неготино.

„Она што е особено значајно за оваа градинка и сакам да го потенцирам е нејзината инклузивност. Градинката ќе ги опфати и децата во социјален ризик од материјална необезбеденост, децата со посебни потреби и децата од ромските семејства. Затоа што секое дете е важно и секое дете заслужува да има правилен детски развој“, потенцираше министерката.

Градинката „Темјанушка“ е дел од Проектот за подобрување на социјалните услуги, што го спроведува Министерството за труд и социјална политика, со поддршка на Светска банка. Вредноста на Договорот за грант склучен меѓу Министерството за труд и социјална политика и Општина Неготино за нејзината изградба изнесува 69.6 милиони денари.

Прикажи повеќе...

Македонија

Расте бројот на заболени – потврден 81 нов случај на коронавирус во Македонија

Објавено пред

Во последните 24 часа во Македонија е потврден 81 нов заболен со коронавирус, соопшти Министерството за здравство.

Направени се 5.315 тестирања, а најголем број нови случаи има во Скопје – 27 и Тетово – 25.

Во Куманово – 9, Гостивар – 7, Кавадарци, Кичево, Дебар и Пехчево – по 2, Битола, Струмица, Струга, Берово и Валандово – по 1.

Регистрирани сe 12 оздравени пациенти од: Тетово – 5, Скопје – 3, Куманово – 2, Гостивар и Прилеп – по 1.

Не се регистрирани починати пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 976.710 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.380 бројката на оздравени пациенти е 150.362, на починати е 5.493, а бројот на активни случаи изнесува 525.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Расте бројот на заболени – потврден 81 нов случај на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија е потврден 81 нов заболен со коронавирус, соопшти Министерството за здравство. Направени се 5.315...

Македонија5 часа

Две дози вакцина во Македонија примиле над 390.000 граѓани

Прва доза вакцина вчера примиле 3.302 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.545 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 904.583...

Свет5 часа

„Локдаун“ во уште еден град во Австралија

Милиони Австралијци се погодени од новото заклучување, пренесува Би -Би -Си. Властите воведоа тридневно заклучување во југоисточниот дел на Квинсленд,...

Спорт6 часа

Ѓоковиќ поразен – пристигна како најголем фаворит за златниот медал, на крајот не упеа да освои ниту бронза

Олимпискиот турнир во сингл за најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, се претвори во кошмар. Во Токио пристигна како најголем фаворит...

Македонија7 часа

Горан Сугарески разрешен од директорската функција во Царинската управа

Владата го разреши Горан Сугарески од функцијата директор на Царинската управа. „Владата ја прифати одлуката на Комисијата за именување, Горан Сугарески да...

Економија7 часа

Државата ќе им даде 111 милиони денари помош на туристички агенции, ресторани за свадби и ноќни клубови

Владата ќе додели еднократна финансиска помош во висина од 111 милиони денари за 382 лиценцирани туристички агенции, категоризирани ресторани за...

Македонија8 часа

(Видео) Државата ја зголеми наградата за олимпиецот Георгиевски

Владата на 93-та седница ја дополни одлуката за паричната награда за постигнатиот врвен олимписки успех на Дејан Георгиевски на Летните...

Регион21 час

Вишеградската група со поддршка за „Отворен Балкан“, соработката ќе придонесе за регионална стабилност

Земјите од вишеградската група (Унгарија, Чешка, Словачка и Полска) го поздравија формирањето на иницијативата „Отворен Балкан“ (поранешен минишенген) од страна...

Регион23 часа

Српски автобус се преврте во Германија, повредени најмалку 19 лица

Најмалку 19 лица се повредени при превртување патнички автобус на германскиот автопат А13 помеѓу Стааков и Фрајвалде во правец на...

Македонија1 ден

Поради неправилности во работењето, сменет директорот на Националната библиотека „Свети Климент Охридски“

Директорот Фремзим Даути се разрешува од должноста директор на Националната установа, Национална и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ – Скопје...

Македонија1 ден

Илинден на Мечкин Камен без говор на Пендаровски, но првпат со Ахмети

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, нема да оди да го чествува Илинден на Мечин Камен на 2 Август иако шефот...

Македонија1 ден

Пендаровски нема да ги потпише измените на Изборниот законик, смета дека има нелогичности

Претседателот Стево Пендаровски нема да потпише указ за прогласување на измените на Изборниот законик со кој се бараат потписи од...

Македонија1 ден

Двајца починати и 74 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.582 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на...

Македонија1 ден

Фирма казнета со 20.000 евра за испуштање мазут во Вардар

По пријава од граѓани за излеана темна дамка во реката Вардар кај Градско, државен инспектор за животна средина темелно ги...

Топ1 ден

Пешак загина, велосипедист тешко повреден – и во двата случаја возачите што ги удриле побегнале

Пешак во Скопје загина, а велосипедист е тешко повреден во два одделни случаја во кои биле удрени од автомобили, при...

Топ1 ден

Возачот кој усмрти пешак во Куманово бил пијан

Седумдесетгодишниот возач М.П. кој удри во пешаци во Куманово, од кои едниот почина, бил пијан, утврди кумановското обвинителство. Несреќата се...

Свет1 ден

Во Кина се појави ново жариште на коронавирус, најголемо по Вухан

Жариште на Ковид-19 откриено во кинескиот град Нанџинг се прошири во пет кинески провинции и главниот град Пекинг, а кинеските...

Топ1 ден

Во гостилница во Арачиново специјалците уапсија меѓународен наркодилер кој побегнал од затвор

Во акција во угостителски објект во скопско Арачиново, утрово околу 6 часот и 45 минути бил уапсен 43-годишен арачиновец кој...

Свет1 ден

Сè поголем притисок врз невакцинираните војници и државни службеници во САД

Американскиот претседател, Џо Бајден, донесе серија мерки за поттикнување на вакцинацијата во САД, вклучително и задолжителна вакцинација за милиони федерални...

Свет1 ден

Израел почнува со вакцинација со трета доза од вакцината

Израелскиот премиер, Нафтали Бенет, објави дека земјата ќеапочне да дава трета доза од вакцината против коронавирус на лица постари од...

Досие