Македонија
За три дена регистрирани 159 новозаразени со коронавирус, пријавени се 3 починати лица
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 06.05 до 08.05.2022) биле направени 2.777 тестови, а регистрирани се 159 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 79, Битола – 29, Прилеп – 9, Охрид – 8, Куманово, Кавадарци и Велес – по 5, Кичево – 4, Тетово и Ресен – по 3, Штип и Гевгелија – по 2, Гостивар, Струга, Радовиш, Богданци и Кратово – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (159), регистрирани се 25 реинфекции.
Регистрирани сe 225 оздравени пациенти од: Скопје – 137, Битола – 40, Прилеп и Охрид – по 9, Делчево – 6, Кавадарци – 5, Штип – 4, Гостивар – 3, Тетово, Струмица и Демир Хисар – по 2, Кичево, Ресен, Струга, Неготино, Берово и Виница – по 1.
Во текот на изминатите 3 дена (од 06.05 до 08.05.2022), пријавено е едно починато лице од Охрид (82 г), починат во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин дополнително регистрирани се 2 починати лица од Скопје (58г и 83г). Едно лице е починато во домашни и едно во болнички услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 27.04.-29.04.2022 година.
Направени се 2.777 тестови преку: ИЈЗ-229, ЦЈЗ Скопје-118, ЦЈЗ Битола-103, ЦЈЗ Прилеп-25, ЦЈЗ Тетово-15, ЦЈЗ Куманово-49, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–100, Жан Митрев (Филип Втори)-48, Авицена-85, Биотек-107, Систина-65, лабораторија Лаор-100, Синлаб-9, Ремедика-9, Плодност-40, Генеа-10, Никоб Лаб-219, ВФВ Медикал-44, Ели МедикаПлус-27, Ројал Медика–4, Спектра-ММ-9, Рапид Лаб–13, ЖанМитрев Струмица–7, Нова Лаб Дијагностика–5, Рамус-9, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 1.327.
Досега во земјата се направени вкупно 2.030.368 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.298, бројот на оздравени пациенти е 300.433, на починатие 9.287, а бројот на активни случаи изнесува 578.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 145858, Активни 245
Куманово 16646, Активни 13
Битола 15473, Активни 127
Прилеп 14171, Активни 26
Тетово 13463, Активни 14
Кавадарци 10654, Активни 16
Велес 9776, Активни 15
Гостивар 9591, Активни 13
Охрид 8867, Активни 25
Струмица 8066, Активни 12
Штип 8030, Активни 9
Кичево 5631, Активни 10
Кочани 5078, Активни 4
Струга 4720, Активни 4
Гевгелија 4408, Активни 7
Неготино 3679, Активни 1
Ресен 2730, Активни 13
Свети Николе 2624, Активни 0
Радовиш 2530, Активни 2
Крива Паланка 2413, Активни 0
Делчево 1979, Активни 3
Дебар 1674, Активни 1
Берово 1660, Активни 5
Валандово 1488, Активни 3
Виница 1393, Активни 2
Пробиштип 1267, Активни 2
Богданци 1020, Активни 1
Кратово 966, Активни 2
Крушево 926, Активни 0
Демир Хисар 832, Активни 2
Македонски Брод 736, Активни 0
Демир Капија 593, Активни 0
Македонска Каменица 523, Активни 0
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 347, Активни 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одрони на неколку патни правци
ЦУК извести дека преку единствениот број за Итни повици Е-112 добиена е дојава за одрон на патот кај Калиманци, на регионалниот пат Македонска Каменица-Виница, 5 километри пред влезот на Македонска Каменица.
За настанатата состојба известени се ЈП за оддржување на регионалните и магистралните патни правец и екипите се излезени на терен за да го саниррат одронот, додаваат од ЦУК.
Исто така добиена е дојава за одрон на патен правец село Удово-Демир Капија.
„Точната локација е 2-3 километри после село Удово во правец спрема Демир Капија. За настанатата состојба известени се ЈП за оддржување на регионалните и магистралните патни правец и екипите се излезени на терен за да го санираат одронот“, соопшти ЦУК.
Македонија
Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука
Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ во Скопје, наместо во саботи, ќе се надомести во работни денови.
Дополнувањето на нереализираните наставни часови ќе го планираат и организираат директорите на училиштата и ќе се реализира со подолг престој на учениците во денови од работната недела, во рамки на шестчасовното работно време на наставниците, велат од МОН.
Од Министерството потсетуваат дека наставната година за учениците од средните училишта трае до 10 јуни, додека за учениците од основните училишта до 17 јуни.
„Потребно е да го зачуваме најдобриот интерес на учениците, а тоа подразбира тие во целост и квалитетно да ја совладаат предвидената наставна материја“, додаваат од МОН.
Македонија
Со супервештачење ќе се бара вина кај лекарите за родилката од Дебар, која, по породувањето, се врати дома без јајчник, матка и бубрег
Судот нареди да се направи супервештачење за родилката од Дебар, Јалдз Веапоска, на која по породување во струшката болница ѝ беа извадени јајчник, бубрег и матка. Наредбата за супервештачење доаѓа откога судот доби целосно спротивни вештачења од Обвинителството и од одбраната. Вештачењето од Институтот за судска медицина, приложено од Обвинителството, посочи одговорност кај лекарите од струшката болница, а вештачењето нарачано од одбраната, кое го направи вештакот Драге Дабески, заклучи дека лекарите ѝ го спасиле животот на родилката.
„Со супервештачењето верувам дека, конечно,. вистината ќе излезе на виделина и правдата ќе биде задоволена. Вештакот на одбраната не најде лекарска грешка, ме убедува дека со вадење три органи по породувањето со царски рез, ми го спасиле животот иако вештачењето од Судска медицина покажа дека лекарите имаат вина. Јас здравјето не можам да си го вратам, органите ми се извадени и функционирам како половина човек, но очекувам супервештачењето на лекарите да им покаже дека има лекарска грешка и на пациентите да им порачам дека не треба да молчат, треба да се охрабрат и да се борат за вистината“, вели Вепоска за „Макфакс“.
Се пожали дека секое судење дополнително ја исцрпува, а извадените органи ја ограничуваат во мајчинството, во работата и во секојдневниот живот.
„Здравјето целосно ми е нарушено. Освен физички, имам и психички проблеми, се лекувам и од тоа. Особено тешко ги поднесувам судењата, ми треба време да закрепнам од нив. Работам со скратено работно време оти немам сила за осумчасовна работа. Како мајка не можам да им се посветам на децата онака како што треба оти постојано имам здравствени проблеми, еве сега тукушто ја испив терапијата“, рече Веапоска по денешното судење.
Судијата Јодран Јованов, кој го побара супервештачењето, е трет судија што го добива нејзиниот случај откога претхдните двајца се пензионираа. Следното рочиште е закажано за 3 јуни кога Вепоска очекува да биде готово и супервештачењето.
За извадените органи по породувањето со царски рез на Веапоска, обвинети за несовесно лекување се гинекологот Мухамед Асани, кој во 2020, кога беше направено породувањето, беше директор на болницата, син му Блертон Асани и докторката Лилјана Јовановска.