Контакт

Македонија

За три дена регистрирани 72 случаи на ковид, починаa 4 лица

Објавено пред

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 7.10.2022 до 9.10.2022):

dobivaj vesti na viber

Направени се 871 тест, а регистрирани се 72 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 60, Куманово – 3, Битола и Велес – по 2, Прилеп, Охрид, Струмица, Струга и Ресен – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (72), регистрирани се 18 реинфекции.

Регистриран e 161 оздравен пациент од: Скопје – 116, Битола – 7, Куманово, Прилеп и Кичево – по 4, Велес, Охрид, Кавадарци, Неготино и Кратово – по 3, Тетово, Штип, Гевгелија и Берово – по 2, Струмица, Гостивар и Виница – по 1.

Во текот на изминатите 3 дена (07.10 – 09.10.2022) не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин, пријавени се 4 починати лица, од Скопје (96г, 80г и 73г) и од Кавадарци (58г). Од пријавените лица, 3 се починати во домашни и едно лице во болнички услови. Лицата за починати се пријавени во период од 14.9.2022 до 6.10.2022 год.

Направени се 871 тест преку: ИЈЗ-93, ЦЈЗ Скопје-83, ЦЈЗ Битола-14, ЦЈЗ Прилеп-9, ЦЈЗ Тетово-5, ЦЈЗ Куманово-15, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–1, Институт за микробиологија–35, Жан Митрев (Филип Втори)-13, Авицена-18, Биотек-30, Систина-20, лабораторија Лаор-5, Синлаб-6, Ремедика-3, Плодност-6, Генеа-4, Никоб лаб-31, ВФВ Медикал-5, Ели медика плус-3, Спектра-ММ-6, Рапид Лаб–1, Жан Митрев Струмица–0, Нова лаб дијагностика–1, Рамус-4, ГМ Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 460.

Досега во земјата се направени вкупно 2.174.086 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.391, бројот на оздравени пациенти е 333.504, на починати е 9.548, а бројот на активни случаи изнесува 339

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје      161776, Активни   238
Куманово    18231, Активни    15
Битола      17955, Активни    18
Прилеп      15505, Активни    12
Тетово      14470, Активни    9
Кавадарци   12087, Активни    6
Велес 10804, Активни    7
Охрид 10313, Активни    8
Гостивар    10275, Активни    0
Струмица    8781, Активни     5
Штип  8760, Активни     6
Кичево      6075, Активни     1
Кочани      5544, Активни     0
Струга      5172, Активни     1
Гевгелија   4881, Активни     2
Неготино    4146, Активни     3
Ресен 3030, Активни     1
Радовиш     2836, Активни     1
Свети Николе      2795, Активни     1
Крива Паланка     2660, Активни     0
Делчево     2183, Активни     0
Берово      1875, Активни     1
Дебар 1812, Активни     0
Валандово   1600, Активни     0
Виница      1478, Активни     0
Пробиштип   1299, Активни     0
Кратово     1129, Активни     1
Богданци    1101, Активни     0
Крушево     1038, Активни     1
Демир Хисар 929, Активни      0
Македонски Брод   800, Активни      2
Демир Капија      628, Активни      0
Македонска Каменица     534, Активни      0
Пехчево     519, Активни      0
Дојран      370, Активни      0

Македонија

(Видео)Томовски: Собрани се 845 идеи од граѓани и истите ќе бидат преточени во буџетски проекти за реализација за 2023 година

Објавено пред

„Во текот на изминатиов викенд, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, заедно со нивните стручни тимови беа дел од проектот „Биди дел од промените што носат иднина”. Тие, ги отворија вратите на општините за граѓаните, кои во огромен број дојдоа и дадоа допринос за креирање на општинските буџети. Како резултат на исцрпни разговори, со илјадници граѓани ширум Македонија, во сите општини каде градоначалниците се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, собрани се над 800 идеи за проекти, или поточно 845 идеи кои ќе бидат разгледани и добар дел преточени во буџетски проекти, и за истите ќе бидат предвидени средства за нивна реализација“ рече денеска на прес-конференција Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Тој напомена дека „од јануари до декември 2023 година, оние проекти кои ќе бидат прифатени и за кои ќе има финансиска сила и можности ќе се реализираат! Следува година на изградба на училишни и културни сали, училишта, градинки, улици, водоводни и канализациони системи, паркови и обнова на веќе постоечки инфраструктурни објекти“.

„Оваа акција ја спроведовме за заедно со граѓаните, да го трасираме патот за развој на секое населено место. Само граѓаните кои живеат во населените места ширум државата, знаат што е најпотребно за нивната непосредна околина. Затоа нема повеќе луѓе во кабинети да одлучуваат како ќе се трошат нивните пари, туку тие самите“ рече Томовски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Јапонија донира нов ехо апарат вреден 54.094 евра во општата болница Куманово

Објавено пред

Амбасадорот на Јапонија, Н.Е. Савада Хиронори, присуствуваше на церемонијата за комплетирање на GGP-проект во Јавната Здравствена Установа (ЈЗУ) Општа болница Куманово.

dobivaj vesti na viber

Церемонијата беше организирана од страна на градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, и директорката на ЈЗУ Општа болница Куманово, Снежана Захариева, во знак на благодарност за донацијата.

Со овој проект, Јапонија овозможи ЈЗУ Општа болница Куманово да добие нов Canon кардиолошки ехо апарат, во вкупен износ од 54.094 евра.

„Во изминатата година, со донираниот ехо апарат, секој месец се прават 40-50 прегледи на пациенти“, вели д-р Захариева.

„Со помош на новиот ехо апарат, пациентите од 6 општини во северо-источниот регион добиваат навремена дијагноза и прецизна терапија“, рече амбасадорот Савада.

Во текот на посетата, амбасадорот Савада имаше кратка средба со градоначалникот на Општина Куманово, Димитриевски, и директорката на ЈЗУ Општа болница Куманово, Захариева. За време на средбата тие разговараа за можностите за идна соработка.

Преку GGP, досега, Јапонија финансираше над 60 проекти во здравствениот сектор во вкупна вредност од повеќе од 3 милиони евра конкретно во медицинска опрема, реновирање на клиники и возила за брза помош. Дополнително, Јапонија во последните две години ги опремува јавните здравствени установи со медицинска опрема во вредност од 813.000 евра како итна помош за COVID-19, дел од Програмата за економски и социјален развој и дополнителна нефинансиска помош понудена во лекови за 100 пациенти со КОВИД-19.

Преку проектите од програмата за мали грантови (GGP), Јапонија има финансирано реновирање и набавка на опрема за повеќе од 73 училишта и градинки, 64 здравствени установи и обезбеди 34 специјализирано возило за управување со отпад и комунални услуги за 51 општинa.

Прикажи повеќе...

Македонија

Тупанчески-Маленица во Загреб: Хрватска преку своите искуства ќе го помогне евроинтегративниот процес на Македонија

Објавено пред

Зајакнувањето на билатералната соработка помеѓу Македонија и Хрватска во делот на правосудството како и градењето на капацитетите за водење на преговорите во делот на Поглавјето 23: „ Правосудство и темелни права”, беа главните теми на кои во Загреб разговараа министерот за правда Никола Тупанчески и министерот за правда и администрација на Хрватска, Иван Маленица.

dobivaj vesti na viber

На средбата се разменија мислења за прашања преку кои нашата држава може да извлече практични и корисни искуства од Хрватска значајни за евроинтегративниот процес.
„ Хрватска е добар пример за следење во однос на исполнувањето на конкретните задолженија во правосудството за зачленувањето на нашата држава во Европската Унија.Поглавјето 23 е едно од најобемните и сложени поглавја, а брзината и времетраењето на преговорите во оваа област дирекно влијаат врз напредокот на преговарачкиот процес”, рече Тупанчески.

Хрватскиот министер Иван Маленица посочи дека во наредниот период ќе се интензивира соработката и дијалогот меѓу двете држави во насока на наоѓање решенија базирани на европските вредности.

На средбата се разговараше и за искуството на Хрватска за ветингот во правосудниот систем,сузбивањето на организираниот криминал и корупција, како и за имплементацијата на билатералните договори меѓу двете држави и закондавната агенда. Тупанчески и Маленица имаа свои обраќања и на Загребско-скопскиот колоквиум кој се одржа на Правниот факултет во Загреб.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија24 минути

Јовановски: Ова не е бавча на Арсовска, граѓаните треба да ѝ се лутат на неа

Ленин Јовановски од „Слобода превоз“ кажа дека блокадите не само што остануваат, туку и ќе ги прошират сè додека не...

Македонија39 минути

Весна Дамева е нова претседателка на Судскиот совет

Весна Дамева е нова претседателка на Судскиот совет. Дамева беше избрана со десет гласа за и еден против. Од гласањето...

Македонија54 минути

Герасимовски поднесе оставка од функцијата директор на Академијата за судии и обвинители

Судијата Зоран Герасимовски поднесе оставка од функцијата в.д. директор на Академијата за судии и обвинители, а поради конфликт на интереси,...

Свет1 час

Меркел: Ако Путин ја нападнеше Украина во 2008 година, ќе ја прегазеше

Ангела Меркел пред околу една година ја напушти функцијата германска канцеларка како хероина на слободниот свет. На прошталната церемонија на...

Македонија2 часа

Охрид меѓу петте најпотценети градови на Балканот

Угледниот магазин „Форбс“ објави листа на петте најпотценети градови на Балканот. Балканскиот Полуостров, опремен со живописни плажи, прекрасни планини и...

Македонија2 часа

Дојави за бомби во училишта во Кавадарци

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска околу 07 часот во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека на електронска адреса...

Свет3 часа

(Видео) Експлозија на руски аеродром: Се запали резервоар за гориво, има загинати и повредени

Три лица загинаа во експлозија на резервоар за гориво на аеродромот во близина на рускиот град Рјазан. Шест лица се...

Европа3 часа

Макрон: Имам директен контакт со Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека одржува редовни разговори и директен контакт со рускиот претседател Владимир Путин. „Секогаш одржувам редовни...

Економија3 часа

На сила стапија ограничувањето на цената на руската нафтата и забраната за увоз во ЕУ

Денеска стапи на сила ограничувањето на цената на руската нафта од 60 долари за барел договорено од ЕУ, Г7 и...

Свет4 часа

Убиен чеченски блогер во Шведска, голем критичар на Кадиров

Познатиот чеченски антирежимски блогер Тумсо Абдурахманов е убиен во Шведска, потврди чеченското опозициско движење 1ADAT. Според извештаите, Абдурахманов бил убиен...

Свет4 часа

Дојава за бомба во авион за Бристол, летот пренасочен кон Прага

Летот на компанијата „Изиџет“ од Краков, Полска, до Велика Британија безбедно слета откако беше пренасочен кон Прага поради извештаи за...

Македонија4 часа

Блокирани клучните крстосници во Скопје поради протест на превозниците

Поради протестот на приватните автобуски превозници, денеска во Скопје од раните утрински часови има посебен сообраќаен режим. „Министерството за внатрешни...

Македонија22 часа

Османи смета дека уставните измени треба што побрзо да стигнат во Собранието и темата да биде затворена

Темата за уставните измени треба што побрзо да биде отворена во Парламентот вели министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој...

Регион23 часа

Остри реакции во Бугарија по ветото од Холандија

Најавата на Холандија дека одлучила да го блокира приемот на Бугарија во Шенген зоната без гранична контрола предизвика остри реакции...

Свет1 ден

Огромна победа за жените во Иран, укината полицијата за морал, можеби ќе падне и задолжителниот хиџаб

По неколкумесечните протести во кои загинаа повеќе од 300 луѓе, Иран одлучи да попушти и да ја укине моралната полиција....

Економија1 ден

Бо Буџетот за следната година 800 милиони евра капитални инвестиции

Капиталните инвестиции во Буџетот за 2023 се проектирани на 800 милиони евра. Владејачкиот СДСМ коментира дека буџетот за наредната година...

Економија1 ден

Бислимоски: Домаќинствата со 16,32 проценти помала потрошувачка на струја

Домаќинствата за 16,32 проценти ја намалиле потрошувачката на електрична енергија во скапа (висока) тарифа откако се воведени блок тарифите, покажуваат...

Македонија1 ден

Најстудено на Попова Шапка, снег во Маврово

Утрово најстудено е на Попова Шапка (минус еден степен), а најтопло во Гевгелија (9 степени). Управата за хидрометеоролошки работи соопшти...

Свет1 ден

Трамп повика на укинување на американскиот устав по објавата на интерните мејлови на Твитер

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп повика на укинување на Уставот на САД со цел да се сменат резултатите од претседателските...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Предложени 458 проекти низ општините, граѓаните за првпат одлучуваат за што ќе се трошат нивните пари

„Огромна заинтересираност и предложени 458 проекти од страна на граѓаните за само еден ден низ општините каде градоначалниците се од...