Контакт

Македонија

За укинување на притворот на Јовановски ќе одлучува судијата кој ѝ одобри на Јанева да оди во куќен притвор

Објавено пред

Судијата Зоран Димитриевски, кој одлучи Катица Јанева да излезе од притвор и да оди во куќен притвор, сега заедно со уште двајца судија од Апелација ќе одлучува дали првообинетиот во „Рекет“, Бојан Јовановски, ќе добие поблага мерка за обезбедување присуство.

Дуковски смета дека советот од Кривичниот суд го продолжил врз основа неважни факти. Тој ги потсети судиите дека тие претходно донеле одлука Јанева да оди во куќен притвор, а истите проблеми ги има и неговиот клиент. Адвокатот на Јовановски вели дека има нееднаквост во постапката бидејќи за шест месеци неговиот клиент секој трет ден се носи во болница.

„Има несериозен пристап за продолжување на притворот од страна на кривичниот совет. Брутално се крши начелото за пресумција на невиност бидејќи советот нема задача да носи одлука според степенот на кривичното дело, а во тек е главна расправа. За ова ќе паднат на испит на Правниот факултет. Не може ако некој одлучил да се жени или мажи, тоа да биде отежителна околност. Не е ниту точно дека Јовановски нема имот. Јовановски за шест месеци се носеше 55 пати во болница, односно секој трет ден. Беше хоспитализиран седум дена во болница. И пак е вратен во затворот“, рече Дуковски презентирајќи ја документацијата за здравствената состојба.

Вишото обвинителство, пак, дало негативно мислење за укинување на мерката притвор на Бојан Јовановски бидејќи во целост се исполнети условите за продолжување на мерката.

Кривичниот суд при определување на притворот посочил дека поблага мерка за Јовановски не може да се изрече поради предвидената казна, но и материјалниот и семејниот статус на првообвинетиот во „Рекет“.

„Основаноста произлегува од видот и карактерот на кривичното дело, казна што се заканува, соочување за можноста ефективна казна затвор, со што постои реална опасност од бегство. Материјалните и семејните околности исто така се земени предвид. Тој нема недвижен имот на негово име, често патува во странство“, пишува во изреката од пресудата за продолжување на куќниот притвор од страна на Кривичниот суд.

Македонија

Владата ќе доделува субвенции за инвертер-клими на граѓаните од Битола, Кичево, Тетово и Скопје

Објавено пред

На денешната седница Владата ја разгледа и усвои Информација за спроведување на еколошката мерка за субвенционирање на граѓаните со високоефикасни инвертер клима-уреди за потребите на домаќинствата во општините Битола, Кичево, Тетово и на Градот Скопје, а кои користат енергетски неефикасни уреди за греење во нивните домаќинства кои влијаат на зголемување на концентрација на РМ10 и РМ2.5 со предлог-одлуката за формирање комисија за спроведување и следење на имплементирањето на мерка, и го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање редовно да ја информира Владата за текот и спроведувањето на постапката.

Прикажи повеќе...

Македонија

Одобрени средствата за ААВМУ за мониторинг на изборите во медиумите

Објавено пред

Владата ја усвои одлуката за одобрување средства од буџетот на Република Северна Македонија во износ од 5.277.000 денари на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, за следење на изборните активности во 2020 година.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ѓонул Бајрактар ќе ја замени Рашела Мизрахи

Објавено пред

Ѓонул Бајрактар, кој пред формирањето на техничката Влада беше заменик-министер за труд и социјална политика, ги презема овластувањата и одговорностите во раководењето со Министерството за труд и социјална политика. Ваквата одлука на Владата следува кога Собранието викендов ја разреши Рашела Мизрахи од функцијата технички министер.

„Во согласност со Законот за организација и работа на органите на државната управа, во делот 4, што го уредува раководењето со органите на државната управа и нивни меѓусебни односи, се вели дека заменикот го заменува министерот во случај кога тој е отсутен или кога поради болест и други причини не е во можност да ја врши својата функција, со сите негови овластувања и одговорности во раководењето“, соопштија од Владата.

Мизрахи беше разрешена по барање на техничкиот премиер, Оливер Спасовски, поради тоа што ексминистерката држеше прес-конференции пред табла на која пишуваше Република Македонија. Според Спасовски, Мизрахи не го почитувала Уставот и ги ставила партиските над државните интереси.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Ѓонул Бајрактар ќе ја замени Рашела Мизрахи

Ѓонул Бајрактар, кој пред формирањето на техничката Влада беше заменик-министер за труд и социјална политика, ги презема овластувањата и одговорностите во...

Македонија4 часа

Брисел го потврди ставот дека преговори со Северна Македонија и Албанија треба да има пред самитот во Загреб

Европската комисија (ЕК) го повтори ставот дека пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија треба да почнат што е можно...

Македонија4 часа

(Видео) Поради недостиг на обрасци, можно е МВР да забрани поднесување барања за пасоши

Во Министерството за внатрешни работи размислуваат да забранат поднесување барања за пасоши поради недостигот од обрасци за кој техничкиот министер...

Регион4 часа

Милановиќ даде заклетва – ќе ја обединува Хрватска и ќе гради добри односи со соседите

Зоран Милановиќ денеска напладне и официјално стана новиот, петти по ред, претседател на Хрватска по давањето на свечената заклетва и...

Свет5 часа

Објавен таен документ на холандските разузнавачи за падот на малезискиот авион во Украина

Во јавноста е објавен таен документ од холандската разузнавачка служба за истрагата на падот на малезискиот авион на летот „МХ17“,...

Македонија5 часа

(Видео) Чулев: Спасовски набавил полициски чизми што не ги задоволувале критериумите за квалитет

Поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, одобрил набавка на 3.000 чифта полициски чизми што не исполнувале четири од предвидените...

Македонија6 часа

Мицкоски пак го кани Заев на ТВ-дуел за да ги соочат аргументите

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повторно го повика лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на ТВ-дуел за да ги соочат...

Македонија7 часа

(Видео) Судот ја исклучи јавноста од судењето за „Рекет“, Јовановски и Јанева беа против

Обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева се побунија на барањето од обвинителката Вилма Русковска јавноста да не ги слуша снимките...

Регион7 часа

Вучиќ најави дека парламентарните избори ќе ги распише на почетокот на март

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, најави дека ќе ги распише парламентарните избори во Србија на почетокот на март. „На почетокот на...

Свет9 часа

Три жртви во невремето во Велика Британија

Бројот на загинатите во невремето Денис, кое ја зафати Велика Британија, се искачи на три лица кога е пронајдено телото...

Регион9 часа

Рама: Помошта од донаторите ги надмина сите очекувања

Албанскиот премиер, Еди Рама, изјави дека сумата собрана на донаторската конференција во Брисел за обнова на неговата земја по разорниот...

Економија10 часа

Поскапеа цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Свет10 часа

Бројот на смртни случаи од коронавирус порасна на 1.868 лица, почина и директорот на болницата во Вухан

Бројката на смртни случаи од коронавирус во континентална Кина порасна на 1.868 лица, што е 98 повеќе во однос на...

Македонија21 час

Николоски: Бараме да се прикажат целосните снимки каде што Јанева се среќава со Заев

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ,Александар Николоски, вечерва одржа вонредна прес-конференција во врска со објавените ПИ-мерки за случајот „Рекет“, за кој тој вели...

Македонија22 часа

(Видео) Заев: Судии, обвинители, поротници – ослободете се, ниту Мицкоски, ниту ВМРО-ДПМНЕ не ви можат ништо

„Сите предмети ќе имаат правна разрешница врз основа на фер и траспарентни постапки. На обвинетите ќе им се суди врз...

Македонија23 часа

(Видео) Спасовски – Лајен: Напредoкот на Северна Македонија е импресивен и ги исполни високите очекувања

Техничкиот премиер Оливер Спасовски во рамките на програмата за учество на донаторската конференција „Заедно за Албанија“, што ја организира Европската...

Македонија1 ден

Јанева пред апсењето одела во СЈО, салони за убавина и адвокатски канцеларии

Во кривичниот суд на судењето за случајот „Рекет“ беше презентиран извештајот за тоа каде се се движела ексшефицата на СЈО...

Топ1 ден

Пронајдено безживотно машко тело на Шар Планина

Планинар од тетовско планинарско друштво, кој се движел на тој терен со група планинари, пријавил дека над тетовското с. Вејце,...

Македонија1 ден

Таткото на обвинетата сведочеше на судењето за убиството на Пино – Ангела криела дека Фуркан ѝ е дечко

На денешното рочиште за убиството на Пино Секондо, таткото на обвинетата Ангела, Златко Ѓорѓиевски, сведочеше како сведок на одбраната. Обвинителката...

Македонија1 ден

Јовановски двапати бил во куќата на Јанева – снимки од тајното следење пуштени на судењето за „Рекет“

Од посебните истражни мерки што биле спроведувани од 21 јуни 2019 година кон обвинетиот Бојан Јовановски и осудениот Зоран Милески...

Досие