Контакт

Македонија

Зголемена е популацијата на штркови во Македонија – Македонското еколошко друштво спроведе попис

Објавено пред

Македонското еколошко друштво спроведе пребројување на штрковите на национално ниво.

dobivaj vesti na viber

Овој цензус се спроведе во рамките на 8. европски цензус на штркови, кој се прави на секои 10 години, а во Македонија првпат се спроведе во 2014 година. При истражувањето во Македонија беа вклучени над 15 члена и волонтери на МЕД, а евидентирани се вкупно 1.765 гнезда на штркови (1.388 активни гнезда и 389 неактивни гнезда, односно гнезда во кои не се извеле млади, биле гнезда за спиење на штрковите или имало само една возрасна птица). Вкупниот број на изведени штркчиња е 3.934.

Штрковите најчесто ги населуваат рамничарските региони и повеќето од гнездата се лоцирани во населените места. Како региони со најмногу гнезда на штркови се издвојуваат Пелагонија (541 гнездо) и Овче Поле (326 гнезда). Соодветно на бројот на гнезда, Пелагонија има најголем број млади, вкупно 1.170, што претставува еден од најважните региони за штрковите во Македонија, следено од Овче Поле и Кочанско Поле со 707 млади птици, а долно Повардарие и Радовишко – Струмичката Котлина исто така имаат висока бројност на млади, со 367 и 545 соодветно. Трите села со најмногу гнезда од штркови се Стојаково – 53 гнезда, Богородица – 45 гнезда и Росоман со 41 гнездо. Најголем број гнезда се наоѓаат на бандери (околу 76 % од сите гнезда), покриви на куќи (18 %), силоси, покриви и оџаци на фабрики околу 5 %, а најмалку гнезда на штркови се лоцирани на дрвја – помалку од 0,2 %.

Во споредба со цензусот на штркови направен во 2015 година бележиме зголемување на популацијата на штркови, односно бројот на активни гнезда од 837 пораснал на 1.388, што претставува зголемување на популацијата на штркови во државата за 60 % за период од 10 години. Од друга страна, годинава се извеле 49 % повеќе млади во споредба со 2014 (1964 ). Популацијата на белите штркови расте во цела Европа. Ваквиот пораст на бројноста на белите штркови се должи на успешноста на имплементираните мерки за заштита на штрковите, намалениот притисок од земјоделството, но и климатските промени играат важна улога бидејќи сега штрковите полесно наоѓаат храна во зимски услови, па така им се намалува и миграцискиот пат.

Овие резултати укажуваат на потребата за понатамошна заштита и мониторинг на штрковите во Македонија, како и за имплементација на стратегии за заштита на нивните живеалишта.

МЕД и понатаму ќе продолжи со следење на состојбата на штрковите и информирање на јавноста за потребата од зачувување на нашата природна средина.

Податоците за дистрибуцијата на гнездата и бројот на млади се достапни на www.ptici.mk.

Македонија

Нерешено кај уставните судии за измените со кои на независните кандидати ќе им биде потешко да влезат во изборна трка

Објавено пред

Уставниот суд не донесе одлука за предметот за оспорените членови на Изборниот законик (ИЗ) со кои се штитат од конкуренција големите партии, на штета на независните граѓански организации и групи избирачи. Согласно спротивставените размислувања на судиите, кои беа изнесени и во текот на седницата, но и при гласањето дојде до изедначување на гласовите, имајќи во предвид дека денеска на седница беа присутни 8 од вкупно 9 судии, информираа од Уставен.

dobivaj vesti na viber

Ова значи дека дискусијата е исцрпена за овој предмет, но, постапката и понатаму останува отворена, по што Судот во полн состав од 9 судии ќе гласа за предметот наредната седница.

Подносители на иницијативата се Лилјана Поповска, Ѓорѓи Танушев, Костадин Ристоманов, Стојанчо Велков, Невена Георгиевска, Татјана Стојановска, Дејан Димитровски, Драгана Велковска, Горјан Јовановски, Јана Белчева-Андреевска, Јане Димески преку полномошник адвокатска канцеларија Петрушева.

Подносителите сметаат дека со оспорените членови се прави измена на членовите 61 и 62 од Изборниот законик , кои се однесуваат на условите за поднесување листи на независни кандидати за пратеници, како и за членови на совети и градоначалници. Се тврди дека е драстично подигнат прагот за поднесување на независни граѓански листи на изобри на 1 % од гласачкото тело, што според нив предизвикува нееднаква положба на граѓаните при здружување во иницијативни групи за поднесување на независни листи за учество на изборите. Се наведува дека овие измени создале нееднаквост на граѓаните и дискриминација во корист на партиите, имајќи предвид дека секоја партија која исто така претставува група граѓани, може да поднесе листи со кандидати, а е регистрирана со 1000 гласачи. Дополнително, според подносителите спорно е што измените се донесени во нетранспарентна и скратена постапка, без претходни консултации и јавна расправа.

Прикажи повеќе...

Македонија

Симулациска вежба на македонската и грчката полиција за прекугранична контролирана испорака

Објавено пред

Директорот на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи Александар Јанев денеска во Дојран присуствуваше на средбата по повод вчера одржаната симулациска вежба за прекугранична контролирана испорака, што во организација на мисијата на ОБСЕ во нашата земја беше реализирана од страна на македонските и на грчките полициски служби.

dobivaj vesti na viber

Симулациската вежба, во која што од македонска страна учествуваа полициски службеници од повеќе организациони единици при Министерството за внатрешни работи, примарно беше насочена кон надградба на оперативните механизми и протоколи за операции во рамки на граничната соработка, како и детектирање на областите за подобрување на интероперабилноста, споделувањето разузнавачки информации и друго.

Јанев го поздрави одржувањето на вежбата, констатирајќи дека меѓуграничната соработка на полициските служби на двете држави е важна како за натамошно подобрување на билатералната соработка, така и во поглед на градењето на заеднички европски систем во сферата на интегрираното гранично управување.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Цветановски: Продолжува голготата на онколошките паценти, не работи единствениот државен ПЕТ-скенер

Објавено пред

Со месеци трае хаосот во македонското здравство поради неспособноста на Таравари и ДПМНЕ. Најпогодени се онколошките пациенти, чии животи се загрозени поради катастрофалниот менаџмент, вели Симона Цветановски, членка на извршниот одбор на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Катастрофални услови, неизвесност, чекање, недостиг на кадар, голготата што ги засега пациентите од целата држава продолжува. Веќе со недели недостига биолошката терапија на Клиниката за онкологија, а сега еден месец не функционира ниту единствениот државен ПЕТ-скенер“.

Поради ова, како што наведува, пациенти од целата земја, чии терапии директно зависат од оваа дијагностичка процедура, се оставени без неопходното скенирање.

Според неа, наместо соодветен третман во јавното здравство, тие се принудени да бараат алтернативни решенија во приватните болници, каде што цените се екстремно високи, или во здравствени установи во регионот, што дополнително го зголемува нивниот финансиски и психолошки товар.

„Министерот Таравари и Владата на ДПМНЕ покажуваат целосна неспособност во управувањето со здравствениот систем, а цената за тоа ја плаќаат граѓаните и пациентите. За ова мора да има одговорност“, нагласува таа.

СДСМ бара одговорност од директорката Невена Маневска и од министерот за здравство, Арбен Таравари.

Министерството за здравство мора, додава Цветановски, веднаш да ја стави во функција дијагностичката апаратура и да обезбеди континуирано снабдување со неопходните терапии.

Граѓаните, како што оценува, не смее да бидат жртви на неспособноста и негрижата на оваа власт!

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Трамп: Зеленски е диктатор

Доналд Трамп го нарече украинскиот претседател Володимир Зеленски диктатор во жестока објава на неговата платформа Truth Social. Американскиот претседател рече...

Свет1 час

Главниот советник на Зеленски до претставникот на Трамп: Многу е важно како ќе заврши војната

Американскиот претставник Кит Келог се состана со Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател, Володимир Зеленски, кој ја истакна...

Македонија2 часа

Нерешено кај уставните судии за измените со кои на независните кандидати ќе им биде потешко да влезат во изборна трка

Уставниот суд не донесе одлука за предметот за оспорените членови на Изборниот законик (ИЗ) со кои се штитат од конкуренција...

Свет3 часа

Прва реакција на Путин по преговорите со САД: Го направивме првиот чекор, сакам да се сретнам со Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин првпат реагираше на вчерашната прва рунда преговори со Американците за Украина. Тој позитивно го оцени исходот...

Свет3 часа

Зеленски: Не можам да ја продадам Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска ги отфрли барањата на САД за 500 милијарди долари минерали од Украина со цел...

Македонија6 часа

САД внимателно ги следат случувањата во правосудниот систем, сакаме почитување на законот, порача Агелер

САД внимателно ги следат случувањата во правосудниот систем, изјави американската амбасадорка, Анџела Агелер. Таа нагласи дека она што сакаат да...

Економија7 часа

(Видео) Лукаревска: Наместо половични мерки, власта да ги прифати предлозите на СДСМ за намалување ДДВ за струјата и укинување кај храната

Економијата во земјата е во слободен пад, граѓаните имаат се помалку пари поради енормните поскапувања и потребно е итно заедничко...

Македонија8 часа

Нова кривична за Перпарим Бајрами: Закупил неадекватен деловен простор за „Лотаријата“ по цена најмалку двапати повисока од реалната

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против П.Б. во својство на директор на АД...

Македонија8 часа

Мицкоски: Чистиот воздух е наше заедничко право, ова е проблем што бара заеднички напори од целата заедница

Чистиот воздух е наше заедничко право, а загадувањето предизвик кој бара обединет одговор од сите нас. Ова е проблем што...

Македонија9 часа

„Има судии што живеат како шеици, треба да се провери имотот што го стекнале“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Деловен имот, неколку куќи, станови, градежно и земјоделско земјиште, неколку коли е дел од имотот на судиите и обвинителите во...

Македонија10 часа

Утрово најстудено на Попова Шапка

Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени -12 степени, -9 било во Маврови Анови, -8 во Крушево,...

Свет12 часа

Трамп: Да бев претседател кога избувна војната, ќе се погрижев Украина да добие сè што сака

Доналд Трамп зборуваше од Мар-а-Лаго, Флорида, за денешната средба во Саудиска Арабија меѓу САД и Русија. Тој рече дека е...

Свет12 часа

Макрон: Трамп може да го рестартира корисниот дијалог со Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека ќе биде домаќин на уште една средба за Украина по разговорите меѓу новата американска...

Европа12 часа

Порошенко: Канцеларијата на Зеленски ми кажа да го поддржам законот ако не сакам да се соочам со санкции

Поранешниот украински претседател и актуелен пратеник Петро Порошенко ја обвини канцеларијата на Володимир Зеленски за уцена. „Ми беше кажано дека...

Економија1 ден

Ограничени маржите на над 1.000 производи, одлучи Владата

Владата донесе одлука со која се ограничува маржата во трговијата на големо и трговијата на мало на 102 групи на...

Свет1 ден

Лавров: Ја обновуваме соработката со САД, приемот на Украина во НАТО е закана

Сергеј Лавров, министерoт за надворешни работи на Русија, кој беше дел од делегацијата во Ријад, на прес-конференцијата рече дека Русија...

Свет1 ден

Рубио по состанокот меѓу САД и Русија: Целта е да се обезбеди мир за Украина кој е прифатлив за сите страни

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека мирот во Украина е клучот за отворање економски можности со Русија. По...

Македонија1 ден

(Видео) Митева за разрешувањето на Коцевски: Јавниот обвинител покрај правна, подлежи и на општествена одговорност

На денешната седница беше разгледано мислењето од Министерство за правда по кое владата отвори сериозна дискусија, информира на прес-конференција Марија...

Свет1 ден

По четири и пол часа заврши состанокот помеѓу САД и Русија, стигаат првите реакции

Советникот за надворешна политика на рускиот претседател Владимир Путин изјави дека четири и пол часовните разговори меѓу Русија и САД...

Македонија1 ден

Коцевски: Ако се утврди дека се работи за тешка дисцилинска повреда јас самиот ќе се повлечам

Републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски вели дека самиот ќе се повлече доколку се утврди дека направил тешка дисцилинска постапка, но...