Македонија
Зголемен буџет на Детска болница – Козле
Детската болница Козле има згоелемен буџет од 125,9 милиони денари, што е за 10 милиони повеќе од лани, со што ќе треба да обезбеди подобри услови за малите пациенти.
Директорите на Фондот за здравствено осигурување на Македонија Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани, во четврток, ја посетија Детската болница – Козле и остварија работна средба со директорот д-р Оливер Зафировски и Ријад Алими, економскиот директор и менаџерскиот тим на болницата.
На средбата стана збор за програмата за работа на Детската болница како и за зголемениот буџет со кој оваа институција ќе располага годинава. Имено, Детската болница – Козле во 2017 година ќе располага со буџет од 125,9 милиони денари, или за 10 милиони денари повеќе од 2016 година. Зголемувањето е наменето за набавка на современи ортопедски помагала за примање на терапија кај децата со цистична фиброза, како и за нови неонатални скринизи за скриени болести кај бебињата.
Треба да се истакне и задоволството од фактот дека Детската болница – Козле функционира во еден нов современ објект, за чиja градба беа издвоени 500 милиони денари и која е опремена со нова опрема која стои на располагање на пациентите./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Стоилковиќ во официјална посета на Србија
Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, утре ќе престојува во официјална посета на Република Србија, каде што ќе учествува на конференцијата „Western Balkans 2030“, во организација на Европската инвестициска банка (ЕИБ).
Во своето обраќање на конференцијата министерот Стоилковиќ ќе истакне дека е чест и задоволство да се обрати на настан посветен на клучни теми кои ја отсликуваат реалноста и ја обликуваат иднината на регионот – регионалната интеграција, европската перспектива и економското поврзување.
Во рамки на престојот во Белград, потпретседателот и министер Стоилковиќ ќе оствари и работна средба со потпретседателката на Владата на Србија и министерка за економија Адријана Месаровиќ. На средбата ќе се разговара за потпишување на меморандум за натамошно унапредување и продлабочување на економската соработка, поттикнување на заедничките инвестициони проекти, како и заеднички настап на трети пазари, во пресрет на македонско-српскиот бизнис форум кој ќе се одржи во Македонија на 2 и 3 декември.
„Посетата претставува уште една потврда на континуираниот дијалог и партнерството меѓу двете земји, насочени кон стабилен, економски поврзан и европски ориентиран регион на Западен Балкан.
По завршувањето на средбата предвидени се изјави за медиуми“, соопштија од кабинетот на Стоилковиќ
Македонија
Делови од Центар, Зелениково и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, дел од корисниците од улиците Самоилова и Јоаким Крчовски, како и објектот на Музејот на Современа Уметност, општина Центар;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од селата Зелениково, Ново Село, Страхојадица и Смесница, општина Зелениково;
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците лоцирани околу ул. Австралиска бр. 5 во населба Даме Груев, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд
Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Утре во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на денот насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониска утринска температура.

