Македонија
Зградата на МНР осветлена во боите на НАТО

Во пресрет на Денот на НАТО, зградата на Министерството за надворешни работи заедно со други владини институциите е осветлена во боите на Алијансата, со цел одбележување на 73 годишнината од формирањето, објави на социјалните мрежи министерот, Бујар Османи.
„Заедно со останатите 29 сојузници стоиме обединети и одлучни во определбата за зачувување на европската и трансатлантска безбедност, особено во контекст на актуелните безбедносни предизвици. Како кредибилен НАТО сојузник остануваме посветени во креирањето значајни одлуки и заложбите за одбрана на мирот, безбедноста, слободата и демократскиот просперитет“, напиша Османи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Министерката за одбрана се сретна со офицери на Армијата, кои се на школување во Бугарија

При денешната посета на Бугарија, министерката за одбрана, Славјанка Петровска, оствари разговар со двајца високи офицери од Армијата на Република Северна Македонија, кои во моментот се дел од Школата за национална одбрана и Командно-штабната академија на софиската Воена академија „Генерал Ѓорѓи С. Раковски“.
„Ние остануваме силно посветени на развојот на човечкиот потенцијал во одбраната и во Армијата зашто вие сте нашиот најголем ресурс. Ќе продолжиме да инвестираме во индивидуалниот капацитет на сите армиски припадници и дома и во сојузничките земји зашто тоа е најдобриот начин за воспоставување блиски меѓусебни контакти на индивидуално ниво како офицери на сојузнички армии“, рече министерката на средбата.
Полковникот Сибиновиќ и потполковникот Стоименовски се заблагодарија за средбата и можноста да поразговараат со министерката за една од темите која е најважна во одбранбениот сектор – континуираното воено образование и усовршувањето, информираат од Министерството.
Македонија
По пресудата од 9 години затвор, Груевски ги спореди случаите на СЈО со „Процес“ на Кафка

Сличности со славното дело „Процес“ на Кафка постојат во речиси сите политички мотивирани прогони последните 5-6 години, произлезени од партиски контролираните обвинителства СЈО и ОЈО, реагира експремиерот Никола Груевски од Унгарија, откога доби девет години затвор за случајот „ТНТ“, за уривањето на „Космос“.
За случајот, Груевски вели дека станува збор за апсурден политички прогон.
Во прилог, целиот став на експремиерот објавен на социјалните мрежи.
Македонија
(Видео) Јанчева: Арсовска бега од медиумите, се плаши да не ја прашаат за бројните проблеми

Денеска е Денот на пожарникарството и ја користам можноста од мое име и од името на советничката група на СДСМ во Град Скопје да им го честитам денот на сите пожарникари. Град Скопје овој ден годинава го одбележа за првпат без присуство на медиумите и затворен за јавноста, истакна на денешната прес-конференција Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ и коалицијата во Град Скопје.
„Очигледно дека градоначалничката Данела Арсовска не сака да се соочи со новинарите, па освен што не доаѓа на седници на Совет, освен што не одговора на прашања, сега почна да одржува и настани без да ги покани медиумите. Дали овој потег на Арсовска се должи на нејзиниот страв новинарите да не постават прашање зошто шест месеци бригадата за противпожарна заштита е оставена без договор за сервисирање на противпожарните возила? Дали тие возила ќе бидат функционални и безбедни во пресрет на сезоната на пожари? Дали Арсовска се плаши од прашањето зошто два дена 100.000 граѓани од Драчево и околните места се без вода за пиење?“, запраша Јанчева.
Додаде дека освен што ништо не работи, Арсовска, како што напомена Јанчева, се крие и бега од новинарите и јавноста, а тоа според неа е недозволиво за еден градоначалник на главниот град на државата.
Шест месеци, појасни Јанчева, беа доволни да се докаже дека Арсовска е најнеуспешниот градоначалник на Град Скопје.