Контакт

Македонија

Зградата на Централна пошта во Скопје на листата на најзагрозени споменици во Европа за 2021

Објавено пред

Европскиот глас на граѓанското општество посветено на културното и природно наследство и неговата партнерска организација, Институт на Европска инвестициoна банка, денес ја објавија листата на 7-те најзагрозени споменици и локалитети со наследство во Европа за 2021, а меѓу нив е и зградата на Централна пошта во Скопје.

На листата се и железничката пумпа на пареа во Ахенси во Австрија, комплексот на гробишта во Мирогој, Хрватска, петте јужноегејски острови во Грција, градината Џусти во Верона, Италија, манастирот во Дечани, Косово и капелата Сан Хуан де Сокуева и Ермитаж, Кантабрија, Шпанија.

Објавата на 7-те најзагрозени локалитети во 2021 година беше најавена на дигитален настан.

„Целта на нашата листа на 7 -те најзагрозени за 2021 година е да алармира за сериозната закана со која се соочуваат овие локалитети. Од извонредниот средновековен манастир до прекрасната ренесансна градина, од индустриски и модерни конструкции до иконски културни пејсажи: овие локалитети се важни сведоштва за нашето заедничко минато, меморија и идентитет“, рече Гај Клаус, заменик-претседателот на Европа Ностра.

7-те најзагрозени локалитети за 2021 година беа селектирани од бордот на Европа Ностра од 12-те локалитети кои беа избрани од панел на интернационални експерти. Селекцијата беше направена врз основа на извонредното значење на наследството и културната вредност на секој локалитет, како и врз основа на сериозната опасност со која се соочуваат. Избраните 7 најзагрозени локалитети се квалификувани за ЕИБ грант за наследство до 10.000 еврапо локалитет.

Централната пошта е објект со модернистички и бруталистички архитектонски стил од повоената ера. Дизајниран е од македонскиот архитект и уметник Јанко Константинов и е финализиран во 1974 година. Исклучително моќната структура на објектот е изработена од армиран бетон, во форма на цвет од лотос. Неговата форма на лотос беше наменета да ја симболизира реконструкцијата на градот Скопје по силниот земјотрес што предизвика разурнување на градот и неговата инфраструктура во 1963г.

Зградата преживеа огромен пожар во 2013 година. Првичното застаклување на куполите и муралите на дизајнерот на ентериерот Борко Лазески, како и специјално дизајнираните мебел и осветлување, беа целосно уништени или претрпеа сериозна штета.

Објектот на Централната пошта, вклучувајќи ги нејзините главни ентериерни и ѕидни обработки, денес е уште повеќе загрозен од неупотреба и влошување, засилено со присуството на поткопување од ерозијата предизвикана од покачување на подземните води поради непосредната близина на реката Вардар. Бидејќи зградата сè уште е без покрив, таа страда од директната изложеност на атмосферски влијанија со врнежи од дожд и снег кои продираат во целата нејзина внатрешност.

Номинацијата на Централната пошта за програмата 7-те најзагрозени во 2021 година беше поднесена од Институтот за истражување на животната средина, градежништво и енергетика (ИЕГЕ) од Скопје.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Димитров ја почнува балтичката турнеја

Објавено пред

Вицепремиерот за економски прашања Никола Димитров денеска во Латвија ја почнува балтичката турнеја.

Во рамки на денешната посета на Латвија, Димитров ќе оствари средби со министерот за надворешни работи Едгарс Ринкевичс, со претставници на латвискиот парламент – Рихардс Колс, претседател на Комитетот за надворешни работи, и Анда Вита Терауда, претседателка на Комитетот за европски прашања.

„На средбите Димитров ќе ја пренесе пораката за неодложната потреба од усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција на земјата со ЕУ, како прашање од стратешки интерес за регионот и за Европа. За таа цел, ќе ги претстави и конкретните реформски чекори за исполнување на европската агенда дома“, соопштија од кабинетот на Димитров.

Прикажи повеќе...

Македонија

Променливо облачно време, од утре нов влажен бран

Објавено пред

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди почести во источните делови. Во текот на денот облачноста ќе се зголемува и кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степен.

Во Скопје, променливо облачно претпладне со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Уште утре утринските температури на места ќе се спуштат до околу нула степени, а дневните и понатаму ќе бидат во пораст. Од утре кон крајот на денот до сабота, под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат пообилни и во тој период дневните температури ќе бидат за неколку степени пониски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев од 30. роденден на СДСМ: Партијата победува, но и постојано се менува

Објавено пред

На онлајн-прославата по повод 30. роденеден на СДСМ, претседателот на партијата, Зоран Заев, истакна дека неговата партија 30 години води храбри, визионерски и државнички политики што водат напред.

Од вонвременскиот 8 септември 1991 година на плоштадот во Скопје до историскиот 30 март 2020 на платото пред седиштето на НАТО во Брисел, СДСМ е нераскинлив дел од секој успех на државата и граѓаните, рече Заев.

„Меѓународното признавање, приемот во ООН, создавањето на македонската армија, Охридскиот рамковен договор, поголемиот степен на децентрализација со територијалната поделба, градењето модерно демократско општество, па сѐ до кандидатскиот статус за ЕУ, договорот од Преспа, решавањето на отворените прашања со соседите, приемот во НАТО, создавање едно општество за сите, одлуката за почеток на преговорите со ЕУ, се трајните државотворни печати на СДСМ“, истакна Заев.

На меѓународен план, како што рече, СДСМ ја вратил државата на патот на евроинтеграциите.

„Без да калкулираме со личните и партиските рејтинзи, го решивме долгогодишниот спор со Република Грција, го заштитивме идентитетот и ги отворивме вратите на ЕУ и НАТО пред кои предолго чекавме. Пред нешто повеќе од една година, во март 2020, ја остваривме тридецениската стратешка цел – Република Северна Македонија стана 30-та земја членка на НАТО, на најсилниот и најголем воено-безбедносен сојуз во светот“, потенцира претседателот на СДСМ.

Според него, СДСМ победува, но и постојано се менува.

„Први во државата организиравме внатрепартиски непосредни избори за претседател на партијата, поставивме нов стандард во внатрепартиската демократија. Промените ќе продолжат и со конгресот, кој ќе се одржи во мај, со нова енергија, со нова политика, ќе продолжиме во реализација на зацртаните цели што носат напредок“, додаде Заев.

Тој потсети дека претстои важен период, особено во надминувањето на последиците од корона-кризата и ставање конечен крај на пандемијата, а со тоа и раст на македонската економија. Како и досега, СДСМ и во овие процеси ќе покаже одговорност, државотворност, храброст и посветеност, истакна Заев.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет24 минути

Вакцинирани лица во старски дом во Америка масовно се заразиле со нов вид на вирусот

Случаи на Ковид-19 „експлодирале“ во март во пензионерски дом во САД каде што голем дел од корисниците биле вакцинирани, откако...

Македонија17 часа

Рашковски, од куќен притвор, ќе оди во затворот во Шуто Оризари, одлучи Кривичниот совет

Кривичниот совет ја преиначи одлуката и, наместо куќен притвор, на ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, и на сопственикот на...

Македонија17 часа

Нови 627 случаи на Ковид-19, починати се 47 лицa

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа, од направени...

Македонија19 часа

Инспекторите утврдија дека немало прекршувања за гласањето во скафандери

Не се констатирани неправилности и протоколите се обезбедни од страна на Собранието, извести Државниот инспекторат за труд по направениот вонреден...

Македонија19 часа

Владата за комплексот спроти „Холидеј ин“: Ќе се гради ако е во согласност со Законот за градење

Одобрението за градба се издава доколку се исполнети сите услови пропишани во Законот за градење, изјави владиниот портпарол Душко Арсовски, прашан...

Македонија20 часа

Шилегов: Го остваруваме 40 години стариот сон на скопјани за трамвај, обезбедувајќи систем подобар од трамвајот

Со денешното потпишување на договорот за заем меѓу Град Скопје, Министерството за финансии и Европската банка за обнова и развој...

Топ21 час

(Видео) 12-годишно девојче тепа врснички во Велес, во полиција повикан и родителот

Малолетничка од Велес нападна врсничка, а настанот беше снимен со мобилен телефон и објавен на социјалните мрежи. Видеото на кое...

Македонија22 часа

Филипче: Иако бројките на заразени се намалуваат, периодов мора да бидеме претпазливи

Мерките даваат резултати, оцени министерот за здравство, Венко Филипче, по редовната утринска координација со директорите на клиниките. На состанокот се...

Македонија23 часа

Обвинeние за Вера Иванова, за аферата со дијализа

До кривичниот суд во Скопје поднесено е обвинение против Вера Иванова поради сторени кривични дела перење пари и злоупотреба на...

Македонија23 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Богдановиќ седел во кафеана додека сите се под клуч, тој демантира

Саша Богдановиќ вчера беше во кафеана, го служеа келнери, додека сите останати се под клуч и полициски час, обвини денеска...

Регион1 ден

Рама: Мини шенгенoт е можност за отстранување на границите меѓу Албанија и Косово

Албанскиот премиер Еди Рама го гледа мини шенгенoт како можност за, како што рече, отстранување на границите меѓу Албанија и...

Топ1 ден

Детали за убиството во Струга: Ја избол сопругата до смрт додека биле на гости кај пријатели

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга синоќа изврши увид во стан во Струга каде што маж си ја...

Свет1 ден

(Видео) Дерек Човин прогласен за виновен за убиството на Џорџ Флојд, ова е моментот на изрекување на пресудата

Поротата синоќа донесе пресуда во врска со убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд. Полицаецот Дерек Човин е виновен по сите точки...

Свет1 ден

Зеленски му предложи на Путин да се сретнат во Донбас

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, преку видеопорака го повика рускиот претседател Владимир Путин да се сретнат каде било во Донбас....

Топ2 дена

Стружанец си ја убил сопругата со нож и се обидел да се самоубие

Стружанец ја убил својата 34-годишна жена по расправија. Убиството се случило доцна вечерва. Според првичните информации од увидот на полицијата,...

Македонија2 дена

Продолжени мерките за ограничување на движењето до 27 април

Владата донесе одлука со која постојните мерки за ограничување на движењето и за другите рестрикции и мерки за примена на...

Македонија2 дена

Бесплатни ковид-тестови за туристи што ќе престојуваат во државата

Со мерката 7 од шестиот антиковид-пакет на Владата ќе бидат обезбедени бесплатни ковид-тестови за странски туристи што ќе престојуваат во...

Спорт2 дена

Навивачите на Челси ја добија битката – клубот подготвен да ја напушти Суперлигата?

Дел од навивачите на Челси јасно го кажаа своето мислење за новата Европска Суперлига, откако го блокираа автобусот на својот...

Македонија2 дена

Филипче: Капацитетот на производство на Институтот „Торлак“ е милион дози на месечно ниво

Министерот за здравство, Венко Филипче, во рамките на денешната посета на Белград имаше предвидено и посета на Институтот „Торлак“, каде...

Македонија2 дена

Нови 766 заболени и 31 починат од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 3.171 тестирање, а регистрирани се 766 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Досие