Контакт

Македонија

(Видео) Зекири препозна две лица што го извадиле Села од прес-салата

Објавено пред

Пратеникот Мухамед Зекири посочи кон обвинетиот Александар Јаневски за кого тврди дека прв се обидел да го извади Села од прес-салата пред да биде претепан во Собранието. Тој посочи и кон обинетиот Сашо Сенков за кого вели дека му помагал на првиот обвинет, Јаневски. На рочиштето за нападот врз неговиот колега, во својство на сведок, Зекири тврди дека кога Села бил изваден од прес-салата, тој бил веќе удиран со тврди предмети.

„Некои од пратениците, поради ударите со тврди предмети, беа крвави. Меѓу нив беше пратеникот Села. Не можев да видам кој го удри Села. Видов како лице со црн елек и црни очила на главата го повлече Села и го изнесе надвор. Тоа лице е тука. Лице со црна фантомка помагаше и тоа беше едно од најнасилните. Лицата што го вадеа Села надвор не беа заштитнички настроени кон него“, рече Зекири.

Зекири со уште четири пратенички за време на инцидентите во Собранието бил во кабините за превод во галеријата на прес-салата.

„По изнесувањето на Села од салата, притисокот таму спласна, а се преполови со луѓе“, додаде Зекири. Пратеникот Зекири видел повеќе лица, но не сеќава на сите. Тој, по неколку минути откако Села бил извлечен од прес-салата, добил прашање од новинарка дали Села бил мртов, но не одговорил.

„Некои од колегите пратеници, кога го виделе Села, помислиле дека сум јас бидејќи исто имам долга коса“, рече Зекири.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Пендаровски телефонски разговараше со Радев

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски телефонски разговараше со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев.

Претседателот Пендаровски му честиташе на претседателот Радев за стапувањето на должноста и му посака успешен мандат.

Двајцата претседатели разговараа за најновиот развој на билатералните односи меѓу двете соседни држави во светло на неодамнешната посета на претседателот на владата на Бугарија на Скопје, како и претстојните активности во Софија.

Во тој контекст, претседателот Пендаровски го поздрави воспоставениот дијалог меѓу двете влади и ја истакна подготвеноста на Македонија за негово интензивирање во наредниот период.

Во насока на зајакнување на дијалогот меѓу двете земји, двајцата претседатели разговараа и за можноста за скорешна официјална посета на претседателот Пендаровски на Софија, како и за интензивирање на комуникацијата на највисоко ниво во претстојниот период.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ да го каже ставот за една изборна единица, порача Арсовски

Објавено пред

Се’ уште го немаме слушнато ставот на СДСМ по однос на Изборниот законик. Од една страна ги манипулираат нивните коалициони партнери и помалите партии дека се за предлогот една изборна единица, а од друга страна се согласуваат дека техничката Влада се покажа како неуспешна. Ова го истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, одговарајќи на новинарски прашања.

Тој оцени дека позициите на СДСМ по ова прашање се нејасни, а истовремено владејачката партија, како што рече, бега и од избори стравувајќи од пораз.

„Еве уште еднаш јавно прашуваме кој е ставот на СДСМ? Јасно и гласно да го кажат во однос на Изборниот законик и едната изборна единица, за конечно да прекинат да ги манипулираат нивните коалициони партнери и помали партии“, рече Арсовски.

Прашан и како ВМРО -ДПМНЕ гледа на формирањето работни групи со Бугарија, но и дали може двете држави преку економијата да ги решат отворените прашања, Арсовски рече дека не може со сигурност да се каже дека економијата ќе ги реши проблемите, но таа може навистина да ги приближи двете држави во овој сектор.

„Економијата може да ги приближи двете држави во однос на економскиот дел, во однос на соработка помеѓу компаниите, бизнис секторот, стопанството и се останато. Во однос на тоа дали ќе се решат проблемите на двете држави – не можеме да бидеме сигурни и да знаеме. Сепак, можам да бидам сигурен дека економската соработка помеѓу двете држави ќе реши проблеми на илјадници граѓани кои што се без работа, кои што немаат работа, и нормално тоа може да иницира и отварање на нови работни места, каде што ќе се решат горливи проблеми на граѓаните во однос на нивната егзистенција“, рече Арсовски.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Стоилковски: Ако во рок од 24 часа Демократскиот сојуз не одговори за бесплатниот паркинг на функционери на власта ќе објавиме списоци

Објавено пред

Oбјавуваме скандал којшто покажува зошто власта е одлепена од реалноста, но и зошто Демократскиот Сојуз е верен партнер на власта на СДСМ – ДУИ. Демократскиот Сојуз како дел од колачот на власта, на подарок од СДСМ – ДУИ долгогодишно го имаше ЈП Градски паркинг во свое владение, а за возврат обезбедувале привилегии, повластувања за функционери на власта, изјави на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„ ЈП Паркинзи било претворено во своевиден штаб на Демократскиот Сојуз, со тоа што службени возила, телефони и простории биле на дофат на партијата. Сето тоа наведува на сомнителни криминогени зделки. Директори, министри, функционери, разни раководни кадри со години паркирале бесплатно низ Скопје, користеле повластена позиција, на сметка на граѓаните, а тоа им го овозможувале директорите на паркинзи од Демократскиот Сојуз.

Обезбедувале повластувања за функционери на власта, бесплатен паркинг за нив. Секој во Скопје мора да плати паркинг, освен функционери на СДСМ, на ДУИ, на Демократскиот Сојуз, на членови на власта, ставени на посебни списоци со потпис на директорите од Демократски Сојуз.

Јавно прашувам, дали на име на Борче Јакимовски доскорешен директор на претпријатието и член на претседателството на Демократскиот Сојуз на Павле Трајанов, од плаќање паркинг ослободувал автомобили на функционери на СДСМ, од ДУИ, како и од Демократскиот Сојуз?

Дали на име на Владимир Кроневски, член на претседателството на Демократскиот Сојуз, воедно помошник директор на јавното претпријатие, од плаќања се ослободувани стотина автомобили на функционери од власта?

Дали и по кој основ од плаќање се ослободени возила да речеме на советникот и шеф на канцеларијата на Димитар Ковачевски, Мартин Попов, поранешниот директор на водовод Душко Вескоски ослободено возилото од плаќање, генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ, па и поранешниот градоначалник на Аеродром Златко Марин и неговото возило, како и други функционери од СДСМ. Дали е ослободен од плаќање и Агим, зад чиешто име стои името на Артан Груби?“ праша Стоилковски.

Тој нагласи дека остава простор од 24 часа, за одговори од Демократскиот Сојуз и од поранешното раководство на ЈП Паркинзи. Доколку молчат, Стоилковски предупреди дека ќе ги објави списоците со сите регистарски таблички за привилегираните функционери, ослободени од плаќање паркинг во Скопје, а коишто до нив ги доставил укажувач.

„ Огромен е бројот на ослободени од плаќања, а се работи за високи партиски избрани и именувани функционери. Да потсетам дека паркирањето беше поскапено, а за луксузите за бесплатен паркинг на функционерите на СДСМ, ДУИ и Демократскиот Сојуз се погрижиле токму директорите на претпријатието на Градскиот паркинг“ заклучи Стоилковски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Плевнелиев: Не сакаме да ги внесеме Тито и Сталин во ЕУ

Северна Македонија не ги спроведе потребните реформи за почеток на преговори со Европската Унија. Македонските тајни служби се огранок на...

Топ2 часа

Момчето што вчера беше прегазено на „Партизанска“ е отпуштено од болница, возачот сѐ уште е во полиција

Возачот на возраст од 22 години, кој управуваше со автомобилот „ситроен“, и натаму се наоѓа во полициска станица, каде што...

Топ3 часа

Нова трагедија кај Струма: возач загина во сообраќајна несреќа со македонски камион

Возач на автомобил загина по сообраќајна несреќа што се случила со македонски камион на патот помеѓу Благоевград и граничниот премин...

Македонија4 часа

ВМРО-ДПМНЕ и натаму инсистира на предвремени избори, од СДСМ велат дека барањето е од пуста желба за власт

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денеска порача дека е неопходно да се одржат предвремени парламентарни избори. Тие инсистираат на брзи избори, без...

Македонија4 часа

Снег и забрана за товарни возила на дел од патиштата

Утрово, поради обилни врнежи од снег, воведена е забрана за тешки товарни возила кај планинскиот премини Стража, патниот правец Деве...

Свет4 часа

Властите во Калифорнија предлагаат тинејџерите да се вакцинираат без согласност од родителите

Калифорнија треба да дозволи вакцинација на деца на возраст од 12 и повеќе години без согласност од родителите, предложи синоќа...

Македонија16 часа

Загина 24-годишна девојка – автомобил ја прегази на пешачки пред Сити мол

Загина 24-годишна девојка откако вечерва беше прегазена на пешачки премин во близина на Сити мол во Скопје. Девојката преминувала улица...

Економија17 часа

ЕСМ ќе управува со БЕГ заради континуирано обезбедување топлинска енергија

Владата донесе одлука за обезбедување дополнителни количини топлинска енергија во услови на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија. „...

Свет18 часа

Бајден со нова закана кон Путин: Русија ќе плати висока цена

Американскиот претседател Бајден рече дека јасно му кажал на рускиот претседател Владимир Путин дека секое движење на руските воени сили...

Свет19 часа

Шведска ги менува препораките – лицата со слаби симптоми на настинка не мора ни да се тестираат

Под силен притисок од ширењето на омикрон и зголемениот број на заразени и здрави, но изолирани, кои почнаа да ги...

Македонија21 час

Нови 13 починати и 1.172 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 4.021 тестови,...

Македонија22 часа

(Видео) Катица Јанева сака лично да ги следи судењата во кои Камчев ѝ бара да му врати дел од милионот

Експецијалната јавна обвинителка, Катица Јанева, има желба и самата да присуствува на судењата против неа, Бојан Јовановски-Боки 13, Зоран Милески-Кичеец,...

Македонија23 часа

Камчев не сака Кичеец да му врати дел од милионот, парите ги бара од Јанева, Боки-13 и државата

Бизнисменот Орце Камчев нема да бара од Зоран Милевски-Кичеец, осуден во случајот „Рекет“, да му врати дел од 1,5 милион...

Свет24 часа

Си-ен-ен: Папата Бенедикт XVI знаел за злоупотребата на деца во Црквата

Папата Бенедикт Шеснаесетти знаел за свештеници што злоупотребиле деца додека тој бил надбискуп во Минхен од 1977 до 1981 година,...

Македонија1 ден

Бектеши: Нема да се намалува топлината на парното

Министерот за економија, Крешник Бектеши, тврди дека нема да се скратат часовите во кои скопјани ќе добиваат топлинска енергија. Од...

Македонија1 ден

Радев: Има позитивни сигнали од посетата на Кирил Петков во Скопје, но да не ги заборавиме главните прашања

Секој чекор што ја продлабочува нашата врска мора да биде поддржан, изјави бугарскиот претседател Румен Радев, прашан за посетата на...

Свет1 ден

Москва одговори на заканите на Бајден: Санкциите повеќе ќе ја погодат Америка отколку Русија

Забраната на руските банки да користат долари повеќе ќе ѝ нанесе удар на Америка отколку на Русија бидејќи големите светски сили,...

Свет1 ден

(Видео) Еколошка катастрофа во Перу – по ерупцијата во Тонга, дошло до силно излевање нафта

Властите во Перу соопштија дека излевањето нафта кај брегот на земјата предизвикало еколошка катастрофа. Имено, од рафинеријата „Ла Пампила“ протекоа...

Спорт1 ден

Ѓоковиќ ќе ја тужи Австралија за 3.800.000 евра

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, ќе ја тужи Владата на Австралија. Ѓоковиќ. во неделата, беше депортиран од Австралија. Федералниот суд...

Европа1 ден

Британскиот министер за здравство: 20.000 луѓе годишно умираат и од грип, па не ја затвораме земјата

Британија мора да научи да живее со Ковид-19 бидејќи болеста може да остане меѓу нас засекогаш, рече британскиот министер за...

Досие