Контакт

Македонија

Земјотрес во Струмица

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 2,6 степена утринава бил почувствуван во Струмица, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот бил почувствуван во 9.48 часот со епицентар на 127 километри југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Струмица.

Македонија

Утре сончево со променлива облачност

Објавено пред

Утре претпладне времето ќе биде сончево со променлива облачност, а попладне облачноста ќе се намалува. Од изутрина од север ќе почне да дува дува умерен до засилен северен ветер (над 60 км/час), кој ќе биде најизразен по должината на Повардарието.

Овој продор на студен воздух ќе предизвика намалување на температурата, особено во северните делови и на истокот.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен северен ветер, кој на повисоките места и кон исток повремено ќе има засилен интензитет.

Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Во следните денови времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Ветерот ќе биде претежно југоисточен, а температурите ќе бидат во пораст.

Прикажи повеќе...

Македонија

По повод денот на Европа, утре планинарски марш на Водно

Објавено пред

Утре, во организација на Европското движење во Република Северна Македонија, кое дејствува во рамките на Меѓународното европско движење со седиште во Брисел, а по повод одбележувањето на Денот на европското знаме, ќе се одржи традиционалниот марш на Водно. Маршот ќе почне во 9 часот, велат од таму.

Информираат дека стартот на маршот традиционално е закажан пред Европската куќа (Europe House) со кус церемонијален дел кога претставници на Европското движење и на Делегацијата на ЕУ ќе ги разменат македонското и знамето на ЕУ, а на група планинари и други заинтересирани граѓани, како и членови на Европското движење, ќе им бидат доделени мали македонски знамиња и мали знаменца на ЕУ.

За време на маршот ќе бидат запазени сите мерки за претпазливост за движење во групи и заштита од пандемијата со Ковид-19, потенцираат организаторите.

Дообјаснуваат дека знамињата ќе се носат до врвот на Водно.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски на средба со Кундурос: Власта ја внесе Македонија во здравствена и економска катастрофа

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оствари средба со грчкиот амбасадор во Македонија, Русос Кундурос.

На средбата се разговаралo за актуелните случувања во Македонија, како и за членството на Македонија во Европската Унија, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски ги реафирмирал позициите за членство во ЕУ и истакнал дека Македонија е премногу долго надвор од европскиот пат.

Во однос на економската и здравствената состојба, Мицкоски посочи дека со оваа власт на земјата ѝ се случува катастрофа. Државата оди кон економски пропаст, граѓаните стануваат сѐ посиромашни, а помошта што ја нуди власта е недоволна и не е соодветна на потребите и проблемите што ги имаат граѓаните и бизнисите. Додаде дека многуте афери што секојдневно излегуваат докажуваат дека власта е високо корумпирана и длабоко вмешана во криминал, е напишано во соопштението.

„Мицкоски потенцира дека Владата не успеа доволно и навреме да ги заштити граѓаните за време на пандемијата и дека премногу се доцнеше со набавката на вакцини, а власта кога имаше можност да ги набави навреме, гледаше можност како да заработи од провизии, со што граѓаните останаа незаштитени, а нивните животи загрозени. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцира и дека е потребно почитување на принципиелните ставови за идентитетските обележја и придобивки што ги промовира и самата Европската Унија“, стои во писмениот допис.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Пендаровски негира дека службената белешка за Камчев излегла од неговиот кабинет

Шефот на државата, Стево Пендаровски, е загрижен што службената белешка со назнака „строго доверливо“ од Агенцијата за национална безбедност, по...

Македонија3 часа

Пендаровски: Казните за осудените за 27 април се заслужени и за тоа нема компромис

Претседателот Стево Пендаровски, по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека не заговара преотворање на процесот и ново...

Македонија4 часа

Мицкоски: Не бараме амнестија, туку правда за осудените за нападот во Собранието

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, тврди дека заедно со шефот на државата, Стево Пендаровски, постигнале договор дека осудените за настаните...

Македонија4 часа

Во Македонија 234 нови случаи на коронавирус, починаа 25 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 234 нови случаи на коронавирус, починаа 25 лица, а оздравеа 768 пациенти,...

Македонија5 часа

Министерството за здравство ќе ги објави цените на кинеските вакцини

Министерството за здравство ќе ги објави цените на кинеските вакцини и деловите од договорите за набавката за кои ќе добие...

Македонија5 часа

Филипче: Ефикасноста на вакцината на „Синовак“ е поголема од 50 проценти

Ефикасноста на кинеската вакцина „Синовак“ е многу поголема од педесет отсто, уверува министерот за здравство Венко Филипче. Во текот на...

Македонија6 часа

Во периодот што следи приоритет за вакцинирање ќе имаат хронично болните

Во периодот што следи приоритет ќе се даде на вакцинирање на возрасните гупи и хронично болните, а сосема мал дел...

Македонија7 часа

Филипче се вакцинираше: Вакцините се безбедни и сигурни

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја прими вакцината за заштита од Ковид-19 од кинеската „Синофарм“. Иако пред да стигнат...

Македонија11 час

Вчера се вакцинирале 12.606 граѓани

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Исто така се наведува дека интересот...

Свет11 час

Пентагон: САД не планираат да ја соборат кинеската ракета која неконтролирано кружи околу Земјата

САД се надеваат дека кинеската ракета, која неконтролирано кружи околу Земјата, ќе падне на безбедно место и засега не планираат...

Регион11 час

(Видео) Хаос во косовското Собрание: Пратеници се туркаа, опозицијата побара оставка од министерката

Во Собранието на Косово имаше тензии меѓу пратениците на Демократската партија на Косово и Самоопределување, при што дојде до турканици...

Македонија11 час

Вархеји: Албанија би можела да ги почне разговорите за членство во ЕУ без Северна Македонија

Доколку продолжи бугарската блокада на Македонија, Брисел би можел да ги раздвои разговорите со Скопје и Тирана за членство во...

Регион11 час

Хрватска ќе им донира вакцини од „Астразенека“ на земјите од регионот

Хрватска ќе донира 50.000 дози вакцини за земјите во регионот, и тоа 30.000 за Босна и Херцеговина и по десет...

Свет11 час

Повторно пукање во училиште во САД: Ученичка пукаше во наставничката и соучениците

Повторно пукање во училиште во САД. Ученичка од шесто одделение извадила пиштол од ранецот и пукала во соучениците и наставничката....

Македонија1 ден

Во Македонија 324 нови случаи на коронавирус, починаа 26 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 324 нови случаи на коронавирус, а пријавени се 1.178 оздравени и 26...

Македонија1 ден

Антикорупциска утврдила дека парите платени на приватна фирма за кинески вакцини се вратени

Документот кој го објави ВМРО-ДПМНЕ за исплата на пари од Министерството за здравство, со цел набавка на кинески вакцини, го...

Македонија1 ден

Заев: Само со нови докази повторно отворање на случајот за крвавиот упад во Собранието

Отворање на случајот одново само доколку има нови докази и моменти. Ова е ставот на премиерот Зоран Заев за барањето...

Европа1 ден

Фон дер Лајен: Сите земји да дозволат извоз на вакцини

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека ЕУ е подготвена да го разгледа секој предлог што...

Македонија1 ден

(Видео) Премиерот Заев се вакцинираше со кинеската вакцина на „Синофарм“

Премиерот Зоран Заев се вакцинираше против коронавирус денеска на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“. Тој се вакцинираше со првата...

Македонија1 ден

Вчера се вакцинирале 9.123 граѓани

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата и дека интересот за вакцинација секојдневно...

Досие