Контакт

Македонија

ЗНМ: Да не се исклучува јавноста од изборот на директор на Академијата за судии и обвинители

Објавено пред

Здружението на новинарите на Македонија изрази загриженост што Академијата за судии и јавни обвинители нема да дозволи присуство на новинари на следната седницата на Управниот одбор, која треба да се одржи в среда, кога се очекува да се избере новиот директор на Академијата.

„Одлуката на Академијата да ја исклучи јавноста од следната седница е во спротивност со членот 6 на Законот за Академија за судии и јавни обвинители, кој предвидува нејзината дејност да се врши јавно, транспарентно и одговорно. Спречувањето на новинарите да ја следат расправата на членовите на Управниот одбор во врска со пријавените кандидати за директор на Академијата е обид да се работи зад грбот на јавноста и фрла сенка врз процесот на изборот на новиот директор, за кој се пријавиле квалитетни кандидати“, велат од Здружението на новинарите.

ЗНМ го повикува судско-медиумскиот совет да се интересира за случајот и да побара од судските органи кои имаат делегирани членови во Управниот одбор на Академијата објаснување зошто седницата е затворена за јавноста. Оттаму апелираат министерот без ресор задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност, Роберт Поповски, да го повика членот на Управниот одбор на Академијата, предложена од Министерството за правда, Љубица Караманди-Попчевски, да побара расправата за изборот на новиот директор да биде отворена за јавноста.

„Ја потсетуваме Владата и судската власт во Македонија дека најавените реформи во судството се осудени на неуспех ако уште во раните фази процесот биде нетранспарентен“, предупредува ЗНМ.

Здружението ги повика и Делегацијата на Европската Унија, Мисијата на ОБСЕ и Амбасадата на САД во Скопје да побараат од Академијата за судии и јавни обвинители да ги почитуваат законските обврски за транспарентно работење.

Македонија

Променет сообраќајниот режим на булеварите 8 Септември, Илинден и Митрополит Теодосиј Гологанов

Објавено пред

Од „Виадукт трејд” известуваат дека од денеска се почнува со изведување геодетско снимање на дел од бул. 8  Септември од крстосницата со бул. Илинден до крстосницата со бул. Митрополит Теодосиј Гологанов, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај, во времетраење од 4 (четири) дена.

Прикажи повеќе...

Македонија

Свечена приредба за Денот на ослободување на Скопје

Објавено пред

Денеска во Музеј на град Скопје се одржа свечена приредба по повод одбележувањето на 13 Ноември, денот на ослободување на Скопје. Настанот беше во рамките на проектот „Скопје – трезор на културно наследство”, финансиран од Град Скопје, како еден од завршните настани за оваа година за оваа година.

Проектот беше составен од едукативни работилници, од кои произлезе и денешната изложба насловена „Градот убав”, во соработка со ДСУЛУД „Лазар Личеноски” и професорката Марија Рашовиќ. На приредбата учествуваа ученици од скопските училишта, ОУ „Лазо Трповски” со презентација за „Ослободување на Скопје” и пригодна музичка точка, под менторство на наставничката по историја Елена Јовановиќ, и ученици од ОУ „Гоце Делчев”, кои се претставија со свои поетски и ликовни творби.

За нив специјално беше одржана културно-музичка програма во која радост внесоа музичките настапи на детската евровизиска претставничка Марија Спасевска, познатиот скопски гитарако пејачки бенд „Бона Деа”, со рецитација настапи говорникот Емил Чинго, со поезија, познатата актерка Елизабета Клинчаревска-Младеновска и новинарката Валентина Ѓоргиевска-Парго, а уметникот Живко Поповски Цветин во оваа пригода и врачи, цртеж „Цвеќе на мирот” на организаторката на настанот и музејски едукатор Маргарита Плевнеш Петкоска, од Музеј на град Скопје. Со почит, Инфе Македонија 078815096

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Заев-Мас: Да се изнајде начин што побрзо до позитивна одлука за Северна Македонија

Објавено пред

Претседателот на Владата, Зоран Заев и министерот за надворешни работи на СР Германија, Хајко Мас изразија жалење за одлуката на Европскиот Совет предизвикана од францускиот став и се согласија дека двете земји, ќе направат сѐ што е потребно за да се донесе позитивна одлука во скорешна временска рамка, за да се овозможи земјата забрзано да продолжи напред по европскиот пат.

Премиерот Заев истакна дека Северна Македонија постигна голем напредок во последните двеипол години, како резултат на посветената работа на институциите и граѓаните, но секако и со голема поддршка и помош од Германија.

Двајцата соговорници се согласија дека сега се потребни вистински чекори од страна на ЕУ за земјата да продолжи уште побрзо на вистинскиот пат за да се обесхрабрат центрите кои се надеваат на национализам и радикализам.

Претседателот на Владата на Северна Македонија Заев нагласи дека земјата е силно посветена на Берлинскиот процес, и дека тековната иницијатива за унапредување на соработката меѓу земјите од Западен Балкан е комплементарна со целите и активностите во рамките на Берлинскиот процес.

„Од посебно значење на Северна Македонија е големото учество на СР Германија во македонската економија, преку програмите за странски директни инвестиции со што се отворени многу работни места. Вкупната трговска размена меѓу двете земји достигна близу 4 милијарди евра, а во земјата работат 200 компании со германски капитал. Од суштинско значење е и одличната соработка со германската стопанска комора во нашата земја, и нејзината поддршка на програмите за стручно образование“, рече премиерот Заев на средбата.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион38 минути

Страшна сообраќајна несреќа во Словачка, најмалку 12 загинати и 20 повредени

Најмалку 12 лица, од кои четири деца, загинаа денеска во судир на автобус и камион во западниот дел на Словачка....

Македонија2 часа

(Видео) Заев-Мас: Да се изнајде начин што побрзо до позитивна одлука за Северна Македонија

Претседателот на Владата, Зоран Заев и министерот за надворешни работи на СР Германија, Хајко Мас изразија жалење за одлуката на...

Македонија5 часа

„Никофон“ платил 1.800 место 5.000 денари за квадрат за гаражата кај „Аутомакедонија“, Центар бара раскинување на договорот

Заедно со граѓаните до крај ќе се бориме кај „Аутомакедонија“ да не се изгради катна гаража, туку парцелата да им...

Македонија7 часа

(Видео) Зеќир Рамчиловиќ изгласан за потпретседател на Собранието

Со 62 гласа „за“, 16 „против“ и без воздржани, пратеникот Зеќир Рамчиловиќ е изгласан за потпретседател на Собранието. За оваа...

Македонија9 часа

Во Швајцарија уапсени членови на „Пинк Пантер“, меѓу кои и еден Македонец, ограбиле златарница

Швајцарската полиција уапси двајца црногорски државјани, двајца германски државјани, едно лице од Босна и Херцеговина и едно од Северна Македонија...

Македонија9 часа

Груевски нема да одговара за „Траeкторија“ поради застареност на делото

Експремиерот во бегство, Никола Груевски, нема да одговара за кривичното дело во предметот „Траекторија“, кое се однесува на изградбата на...

Македонија10 часа

Закажано првото рочиште за „Рекет“

Првото рочиште за предметот „Рекет“, во кој се обвинети Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, и...

Македонија11 час

Заев: „Југохром“ ќе биде затворен додека не се стават филтрите

„Југохром,“ додека не се стават филтрите, нема да функционира, истакна премиерот Зоран Заев пред вчерашната владина седница во Тетово зборувајќи...

Европа11 час

(Видео) Венеција под вода, регистриран вториот најголем бран во историјата

Венеција е погодена од вториот најголем бран на плима во историјата, кој ја поплави историската базилика и многу од градските...

Македонија11 час

Игор Јанушев ќе биде шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница едногласно одлучи генералниот секретар Игор Јанушев да биде шеф на Републичкиот изборен штаб...

Македонија11 час

Заев: Побогатите граѓани да ги сменат системите за греење за да помогнат против загадувањето

Премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите пред почетокот на вчерашната владина седница во Тетово даде одговор на новинарски прашања...

Македонија11 час

Пендаровски во Париз предаде копија од книгата на Глигоров „Македонија е се што имаме“

Претседателот Стево Пендаровски за време на посетата во Париз, во библиотеката на Парискиот мировен форум дал копија од книгата „Македонија е...

Свет12 часа

Хилари Клинтон : Под голем притисок сум да го предизвикам Трамп на изборите

Поранешниот државен секретар на САД и кандидат на последните претседателски избори во САД, Хилари Клинтон, вели дека е „под голем...

Свет12 часа

Жанин Анес и официјално стана наследник на Моралес во Боливија

Уставниот суд го призна решението опозициската сенаторка Жанин Анес да ја преземе функцијата привремен претседател на Боливија. Таа синоќа во...

Македонија12 часа

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас во Скопје

Министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас во текот на денешната работна посета на Северна Македонија е планирано да...

Спорт13 часа

Лука Модириќ е „Golden Foot“

Капитенот на фудбалската репрезентација на Хрвтаска Лука Модриќ во Монте Карло доби уште едно големо признание во кариерата, наградата „Golden...

Македонија23 часа

Заев во Тетово: Владата заседава во 10 региони за одблиску да го слушне гласот на граѓаните

Премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите пред одржувањето на редовната 165. седница на Владата во Тетово, истакна дека организацијата...

Регион23 часа

Рама: Приштина ја загрозува надворешната политика на Албанија

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека политичарите во Приштина, спротивставувајќи се на заедничката иницијатива за создавање на балканскиот мини шенген,...

Регион1 ден

Црна Гора не го прифаќа предлогот за мини шенген

Министерката за економија на Црна Гора, Драгица Секулиќ, во понеделникот рече дека приклучувањето кон иницијативата мини шенген за балканските држави...

Европа1 ден

Зелено светло за 13 нови одбранбени проекти на ЕУ

Владите на ЕУ дадоа зелено светло за 13 нови одбранбени проекти насочени кон развој на поголема воена моќ независна од...

Досие