Контакт

Македонија

ЗНМ и СЕММ бараат медиумите да се држат до професионалните стандарди, а политичарите да се воздржат од тужби

Објавено пред

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) сметаат дека јавните функционери треба да се воздржат од тужби за новинари. Патот кон професионализацијата на медиумите треба да се води преку саморегулаторните тела. Во согласност со добрата практика на Европските земји, прагот на толеранција кај политичарите мора да e повисок и тие треба да постават пример за квалитетно користење на механизмите и телата за саморегулација.

Во исто време ЗНМ и СЕММ ги повикуваат медиумите да се држат до професионалните стандарди при известувањето, објавувајќи проверени и точни информации, следејќи го јавниот интерес, а не во полза на пропагандистички наративи. Апелираме до медиумите да се стремат да ги почитуваат врвните професионални и етички стандарди, бидејќи кршењето на тие стандарди не е во ничиј интерес, а најмалку во полза на довербата во медиумите.

,,Дополнително, праќаме порака до Основното јавно обвинителство дека непримерно е да дава оценка за тоа кои медиуми се (не)одговорни, потсетувајќи дека тоа е работа на еснафот и на публиката”, се вели во соопштението.

Македонија

Хелсиншки комитет: Ромите се меѓунајранливите групи во состојба на пандемија

Објавено пред

Денеска, на Меѓународниот ден на Ромите, повторно забележуваме дека Ромите и понатаму се соочуваат со континуирани тешкотии во остварувањето на правата во речиси сите области на општественото дејствување. Нема промена и подобрување ниту во имплементирање на активностите од важечката Стратегија за Ромите, затоа што државата и понатаму не успева да обезбеди целосно и ефикасно спроведување на Стратегијата, која се наоѓа во последната година од својата важност, соопшти Хелсиншкиот комитет за човекови права.

„Во изминатата година, кон Ромите беше регистрирана системска дискриминација, особено во непристапноста кон јавните услуги и добра, како што се на пример случаите на недозволување пристап на Ромите во пливачките базени. Ромите се соочуваат со нееднаков пристап и третман, а се уште постои дискриминација и во однос на здравствени услуги и здравствената заштита.
Продолжува и сегрегацијата на децата Роми во образованието. Во ноември 2019 година Хелсиншкиот комитет, заедно со уште четири организации од Мрежата за заштита на права на Ромите, достави поднесок до специјалниот известувач за малцински прашања на Обединетите нации, во кој го информираше за три клучни проблеми околу употребата на ромскиот јазик во образованието. Трите точки остануваат еднакво релевантни и во овој момент, проблемот со недоволна промоција и информираност на учениците и родителите за можноста да се избере ромскиот јазик и култура како изборен предмет во основно образование, недостатокот на учебници по предметот ромски јазик и култура за 6 – 9 одделение и недостатокот на катедри по ромски јазик и професори по ромски јазик.

Дискриминацијата врз основа на етничка припадност, боја на кожа и маргинализирана група е длабоко вкоренета во општеството и државата не успева да преземе активни мерки за нејзино спречување. Вонредната состојба во која се наоѓаме поради пандемијата на Ковид-19 дополнително ја загрозува ромската етничка заедница, чии припадници често се соочени со екстремна сиромаштија, супстандардни услови за живот и недостиг на адекватна здравствена заштита, се додава во соопштението.

Во изјавата на Комесарот за човекови права на Советот на Европа се нагласува дека Ромите се меѓу најранливите групи во состојба на пандемија во многу места низ Европа, со оглед дека многумина немаат пристап до чиста вода и санитетски материјали, што оневозможува ефективна примена на препорачаните мерки за хигиена. Исто така, еден од ефектите на карантинот и изолацијата е губењето на дневниот извор на приходи, што го отежнува остварувањето и на основните егзистенцијални потреби. Имајќи предвид дека последиците од вонредната состојба особено можат да ја погодат ромската заедница, како на социјален, така и на економски план, од институциите и Владата очекуваме специфични мерки за помош и солидарност со Ромската заедница.

Прикажи повеќе...

Македонија

МТСП: Видувањата на децата со родителите да се одржуваат во договор меѓу двајцата родители

Објавено пред

Министерството за труд и социјална политика, во врска со начинот на одржување на контактите на децата со родителите со кои не живеат, во услови на пандемија од корона вирусот, потсетува дека согласно со Законот за семејството, родителското право го вршат родителите заедно, во согласност со потребите и интересите на децата и интересите на општествената заедница.

„Во услови на пандемија на корона вирусот, кога е доведено во прашање здравјето и животот на луѓето, родителите имаат обврска да се грижат за заштита на здравјето на децата и да го прилагодат движењето на децата согласно препораките на Владата за постапување во услови на вонредна состојба и воведен полициски час. Во овие услови потребно e родителите да се договорат за начинот на одржување на контактите на децата со родителот со кого не живеат, а притоа децата да не бидат изложени на опасностите кои со себе ги носи оваа пандемија.

Во оваа насока информираме дека центрите за социјална работа како надлежни органи се отворени и се на располагање на родителите за обезбедување на неопходната стручна и советодавна поддршка при договарање на начинот на одржување на односите меѓу родителите и децата.Согласно со Законот за семејството двајцата родители се должни совесно и одговорно да ги извршуваат родителските права и обврски и да се грижат за заштита на здравјето на децата“, се вели во соопштението на МТСП.

Прикажи повеќе...

Македонија

Османи до амбасадорите од ЕУ: Вашата помош е вистински показател за европската солидарност

Објавено пред

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на Национален координатор за распределба на странска помош во земјава, одржа видео конференциски состанок со Амбасадорите на земјите членки на ЕУ во земјава, во насока на претставување на потребите, согледување на можностите и соодветна координација на донациите и директната поддршка за справување со предизвиците од пандемијата на Ковид-19.

„Благодарам за досегашната поддршка и помош во справувањето со предизвиците на пандемијата, како во рамките на институциите на ЕУ, така и за досегашната билатерална поддршка која секојдневно пристигнува. Вклучувањето на Република Северна Македонија во Европскиот солидарен фонд, во Договорот за заедничка набавка на медицински средства, во цивилната заштита на ЕУ, преставува вистински показател за интеграцијата на земјата во Европската Унија, а директната билатерална поддршка на дело ја демонстрира европската солидарност, која ќе ни помогне од оваа криза да излеземе уште посилни“, истакна Османи на почетокот од состанокот.

Во продолжение, Османи пред амбасадорите ги претстави активностите на Владата и на останатите тела за координација на активностите за справување со кризата, особено на улогата на Секретаријатот за европски прашања како институција задолжена за координација на целата странска помош во земјава, вклучувајќи ја и поддршката во справувањето со предизвиците од пандемијата.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Сопственикот на „Твитер“ издвои една милијарда долари за борба против коронавирусот

Основачот и сопственик на „Твитер“, Џек Дорси, ќе даде 1 милијарда американски долари за борба против пандемијата на коронавирус. Во...

Свет2 часа

ЕУ: Лажните вести за коронавирусот доаѓаат од Русија

Потпретседателката на Европската комисија, Вера Јурова, вели дека Европската Унија идентификувала лажни информации за пандемија на коронавирус коишто доаѓаат од...

Македонија3 часа

Скопјанец потпишал изјава за изолација, па отишол да пазари во маркет

Скопското основнo јавно обвинителство предлага казна за човек кој ја прекршил мерката за самоизолација, откако од Словенија се вратил во...

Свет3 часа

Главниот научник во ЕУ поднесе оставка

Главниот научник во Европската Унија поднесе оставка, обвинувајќи го Брисел поради одговорот на кризата со коронавирусот, нарекувајќи го „разочарувачки“, објави...

Свет3 часа

Борис Џонсон е во стабилна состојба

Британскиот премиер Борис Џонсон ја помина и втората ноќ на интензивна нега, каде прима соодветна терапија поради коронавирусот. „Господинот Џонсон...

Свет3 часа

(Видео) Вухан излезе од изолација, луѓето ја пееја химната на мостовите

По речиси 11 недели или точно 76 дена, кинескиот град Вухан, каде почна пандемијата на коронавирусот, излезе од изолација. Кинеските...

Свет4 часа

Трамп ги шокира Американците: Ќе го прекинеме финансирањето на СЗО

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа одржа ретко видена прес-конференција во Белата куќа, на која се пресмета со противниците на најлошиот...

Регион4 часа

Вучиќ: Полициски час преку цел викенд, вонредна состојба уште еден месец

Српскиот претседател Александар Вучиќ оцени дека вонредната состојба во Србија поради пандемијата на коронавирусот, би можела да биде укината во...

Македонија15 часа

Вработените во јавниот сектор, кои се ослободени од работа, нема да имаат лански одмор

На оваа седница Владата ја донесе уредбата со законска сила за примена на Законот за вработените во јавниот сектор за...

Македонија16 часа

45-годишен скопјанец почина од коронавирус на пат кон болница

Четириесет и петгодишен пациент од Скопје заболен од коронавирус починал на пат кон болницата „8 Септември“. Според информација од Институтот...

Економија16 часа

Македонската банкарска асоцијација апелира: Плаќајте преку интернет, користете картички место кеш

Македонската банкарска асоцијација информира дека банките и штедилниците интензивно преземаат активности за заштита на здравјето на клиентите. „Апелираме до граѓаните,...

Економија18 часа

ССМ: Поради солидарност, старите одмори да ги искористат сите вработени во приватниот сектор

Сојузот на синдикатите на Македонија и Државниот инспекторат за труд не ја толкуваат исто уредбата за користење на годишните одмори...

Свет18 часа

Крај на блокадата, Вухан отворен по 76 дена изолација

Кинеските власти ја укинаа блокадата на Вухан и ги одблокираа сите излези од градот кој беше жариште на епидемијата од...

Македонија18 часа

Коронавирусот и кај нас ќе се лекува со крвна плазма од оздравени пациенти

Изготвен е протоколот за лекување заболени од коронавирус со крвна плазма од излекувани пациенти, информира министерот за здравство, Венко Филипче....

Македонија19 часа

Филипче: Се влошува состојбата на родилката од Куманово

Се влошува состојбата на родилката од Куманово, која е заболена од коронавирусот, а чие бебе е негативно на Ковид-19, информира...

Македонија20 часа

Пендаровски-Столтенберг: Со здружени сили за справување со пандемијата на коронавирусот

Претседателот Стево Пендаровски оствари телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Во телефонскиот разговор претседателот Пендаровски му се...

Македонија21 час

Некои возови нема да сообраќаат, други ќе возат по нов распоред

Новонастанатата ситуација со полицискиот час, кој ќе почне од утре во 16 часот, а за време на викендот ќе трае...

Македонија21 час

Адеми: Се разгледува одложување или укинување на државната матура

Министерот за образование, Арбер Адеми, изјави дека се разгледува и дискутира за тоа дали ќе се спроведе државната матура оваа...

Македонија21 час

Интернет-картички за учениците од социјално загрозени семејства за онлајн настава

Над 18 илјади картички за мобилен интернет ќе овозможат околу 30 илјади семејства да имаат пристап до интернет за децата...

Македонија22 часа

За еден ден во земјава регистрирани пет смртни случаи од коронавирус

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести изминатите 24 часа починале четворица пациенти заболени од коронавирус. Станува...

Досие