Македонија
Зоран Љутков ја презеде функцијата министер за култура и туризам од Бисера Костадиновска-Стојчевска
Денеска, во просториите на Министерството за култура и туризам, беше извршено примопредавање на должноста министер за култура помеѓу досегашната министерка Бисера Костадиновска-Стојчевска и новоименуваниот министер Зоран Љутков.
Досегашната министерка Костадиновска-Стојчевска на новоизбраниот министер му ја честита новата должност и му посака успех во совладувањето на предизвиците поврзани со реализацијата на тековните и идните проекти на Министерството за култура и туризам.
Министерот Љутков истакна дека доаѓа време на промени, а пред сите фактори од областа на културата и туризмот претстои интензивен период на макотрпна работа и инвестиции, што воедно претставува врвен приоритет на новата влада.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
