Контакт

Македонија

Иванов го одликува професорот Јован Павлевски со Медал за заслуги за Македонија

Објавено пред

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, го одликува Јован Павлевски со Медал за заслуги за Македонија за неговото долгогодишно промовирање на Република Македонија во Француската Република и во целиот франкофонски свет.

Медалот за заслуги му се доделува на професор Јован Павлевски за исклучителната посветеност и ангажираност во своето работење и за дејствување во Француската Република, со што даде значаен придонес за унапредување на пријателските односи и на соработката со Француската Република, како и за афирмација на Република Македонија во светот.

„Неговите заслуги не се само во областа на издаваштвото. Како ангажиран интелектуалец тој со децении се застапува и ги промовира интересите на Република Македонија во Француската Република и франкофонскиот свет. За многу франкофонски автори, творци и креатори на мислење, средбата со Павлевски е и нивна прва непосредна средба со Македонија и со македонскиот светоглед. Во него тие гледаат какви луѓе создава Македонија. И со сето тоа професорот Павлевски стана македонскиот глас во економските и политички науки во франкофонскиот свет“, истакна Иванов.

Професор Павлевски се заблагодари за доделеното признание од страна на претседателот Иванов.

„За мене овој медал е премногу важен. Како дете од Македонија, тоа е првпат, по филмот, што добивам такво признание и премногу сум благодарен. Ви благодарам од сè срце. До толку повеќе што во овие моменти Вие сте еден многу голем претседател и Вашето име, убеден сум во тоа, ќе влезе во историјата на светот. Нема да има книга по политички, социјални науки, без да го има вашето име внатре“, истакна Павлевски.

Професор Павлевски потекнува од беровското село Ратево, а во 1960 заминува во Франција, каде што докторирал на Факултетот за правни и економски науки при Универзитетот во Париз. Во својата академска кариера бил професор на универзитетите во Руен, Казабланка и Сорбона. Тој е основач на една од петте најголемите издавачки куќи за економско-политичка литература во Европа и светот, „Економика“, преку која досега публикувале над 18.000 автори. Професорот Павлевски е носител на повеќе врвни државни и академски одликувања во Француската Република.

Македонија

Сончево со температура до 37 степени

Објавено пред

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен и западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната од 30 до 37 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен североисточен ветер. Температурата ќе се движи од 15 до 34 степени.

Во наредните денови следува период на стабилно и топло време. Зголемена облачност се очекува за време на наредниот викенд.

Прикажи повеќе...

Македонија

Нов пожар кај Велеполе кон Кондово и Свиларе, гори борова шума

Објавено пред

Нов пожар избувна вечерва спроти скопското село Љубин кај местото Велеполе, меѓу селата Кондово и Свиларе. Гори борова шума.

Противпожарната единица на град Скопје интервенира со три возила и 10 пожарникари.

Пожарот избувнал на непристапен терен, се прават напори да биде ставне под контрола и да не се прошири кон куќите во Свиларе и Кондово.

Прикажи повеќе...

Македонија

Градежни работи на патот Гостивар – Тетово и Петровец – Катланово

Објавено пред

Виадукт Трејд известува дека ќе се изведуваат градежни активности при поставување на индуктивни јамки на автопат, наплатна станица Тетово, патен правец Гостивар – Тетово во времетраење од 2 дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

Виадукт Трејд започна и со изведување на градежни активности за поставување на електрично осветлување на крстосница Катланово на магистрален пат А1, делница Петровец – Катланово, во времетраење од 30 дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

Денеска започна и изведувањето на градежни активности на дел од ул. ,,Ѓорче Петров” од крстосница со бул. ,,Кузман Јосифовски Питу” до БС Макпетрол, патен правец Скопје – Тетово,во времетраење од 10 дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај (пренасочување на соседните улици, како и автобуските станици на ЈСП).

Прикажи повеќе...

Најново

Регион11 час

Според Мета, Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија

Албанскиот претседател Илир Мета вели дека „Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија“. Во изјавата што...

Свет12 часа

Литванија со јод ќе се бори против радијацијата

Литванската влада соопшти дека ќе купи повеќе од четири милиони таблети јод во вредност од 900.000 евра, бидејќи соседна Белорусија...

Регион12 часа

Меркел: Европа ќе биде целосно обединета кога Западен Балкан ќе се приклучи на ЕУ

Европа ќе биде целосно обединета кога Западен Балкан ќе влезе во Европската Унија, рече германската канцеларка Ангела Меркел. Таа ја...

Европа12 часа

Французи зеле 40 килограми песок од Сардинија, се соочуваат со казна до 6 години затвор

Туристи кои зеле како сувенир 40 килограми песок од плажа во Сардинија се соочуваат со затворска казна до 6 години....

Топ15 часа

Расправија за пасишта во Арачиново заврши со пукање, едно лице е рането

Расправија околу пасиштата во Арачиново завршила со пукање, при што едно лице е рането. Како што информира МВР, вчера во...

Топ16 часа

Полицајци фатиле струмичанец додека се обидувал да ограби куќа

Полицајци фатиле струмичанец додека се обидувал да ограби куќа. Според МВР, синоќа во 21:00 часот на улица Панче Пешев во...

Македонија17 часа

Во државата нема вештак што ќе оцени дали Исмет Гури преправал потписи

Нова пауза на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ даде судијката Марија Клетничка. Советот, по паузата, одлучи да не го...

Македонија18 часа

Катица не ги иззема Фетаи и Бубевски

  Шефицата на СЈО во оставка, Катица Јанева, не ги иззема обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од застапување во...

Македонија21 час

Адвокатот Миланов бара изземање на Јанева од „Титаник 3“ поради тензиите во СЈО

Адвокатот на обвинетиот Исмет Гури во предметот на СЈО, „Титаник 3“, Еленко Миланов, побара да бидат изземени Катица Јанева и...

Топ22 часа

Возач загина во сообраќајна несреќа кај Свети Николе

Четириесет и петгодишен возач од Куманово загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово – Свети Николе. Како што соопшти полицијата,...

Македонија22 часа

15-годишник се удави во Пчиња

Петнаесетгодишник од селото Љубодраг влегол во вода од ископ на сепарација на реката Пчиња и починал. Како што соопшти МВР, телото...

Македонија23 часа

Фетаи: Постапката за „Рекет“ ја води друго обвинителство и не сакам да се мешам

Обвинителката Фатиме Фетаи пред почетокот на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ рече дека не сака да се меша во...

Европа23 часа

Три децении од падот на Железната завеса

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и германската канцеларка Ангела Меркел денеска во пограничното место Шопрон ќе ја одбележат 30-годишнината од падот...

Свет24 часа

Трамп за купувањето на Гренланд: Не е приоритет, но стратешки е интересно

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја коментираше идејата за купување на Гренланд од Данска, наведувајќи дека тое не е приоритет,...

Македонија1 ден

(Видео) Пожар над Усје

Нов пожар над скопската населба Усје избувна вечерва, откако пожарникарите со часови се обидуваат да го локализираат огнот над населбата...

Свет2 дена

Голем пожар на Канарските острови, евакуирани над 4.000 лица

Околу 4.000 лица се евакуирани поради пожар што избувна по втор пат за една недела и уништи рурална област на...

Свет2 дена

Жителите на Нов Зеланд доброволно предале над 10 илјади парчиња оружје на полицијата

Повеќе од 10,000 парчиња огнено оружје се предадени доброволно на властите во Нов Зеланд, како дел од акцијата што беше...

Македонија2 дена

Димитров: ,,Рекет” е раскрсница – едниот пат води кон иднина, другиот кон бездна

Дискредитацијата на СЈО преку аферата ,,Рекет” е со цел да и се избега на правдата, смета министерот за надворешни работи...

Свет2 дена

1,7 милиони луѓе на протест во Хонгконг

Најмалку 1,7 милиони граѓани излегоа на улиците во Хонгконг, на уште еден од низата масовни продемократски протести, соопштија организаторите на...

Спорт2 дена

Ландстрам со гол во сите четири англиски лиги – Шефилд јунајтед со победа (видео)

Шефилд јунајтед имаат одличен старт на својата прва премиерлигашка сезона по долга пауза, откако со 1:0 ги победија Кристал палас...

Досие