Контакт

Македонија

Иванов и Буриќ разговараа за унапредување на регионалната соработка

Објавено пред

Претседателот Ѓорге Иванов денеска имаше средба со Марија Пејчиновиќ-Буриќ, заменик-претседател на владата и министер за надворешни и европски работи на Република Хрватска. Двајцата соговорници констатираа дека двете земји имаат пријателски односи со висок степен на меѓусебна доверба и заеднички заложби за унапредување на регионалната соработка, мир и стабилност во регионот. На средбата беа разменети мислења за натамошно продлабочување на билатералните односи меѓу двете земји, како и за актуелните состојби во однос на исполнување на стратешките цели на земјава за членство во ЕУ и НАТО.

Иванов се заблагодари за отворената поддршка од Хрватска за евроинтеграцискиот процес на земјава и оцени дека новата стратегија за проширување на Европската комисија е позитивен сигнал за преземање одлучувачки чекори за Република Македонија и определување датум за почеток на преговори за членство на Советот на ЕУ во јуни. Иванов се заблагодари за конструктивниот став на Хрватска дека билатералните спорови не треба да бидат пречка кон евро-атлантскиот пат.

Македонскиот претседател посочи дека двете земји треба да се фокусираат на проекти од значење за економскиот развој и изрази очекување дека успешната и континуирана соработка во одбраната, како и соработката за справување со мигрантската криза, ќе продолжат и во иднина.

Во насока на интензивирање на политичкиот дијалог на највисоко ниво претседателот Иванов изрази задоволство од претстојната официјална посета на хрватската претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ на Република Македонија и нејзиното учество на состанокот на лидерите на процесот Брдо-Бриони, што ќе се одржи на 28 април во Скопје. Процесот Брдо-Бриони, потенцира претседателот Иванов, е конкретна потврда за посветеноста на Хрватска кон јакнење на регионалната соработка и поддршката на евро-атлантските интеграции за земјите од регионот.

Македонија

(Видео) Нов протест во Кисела Вода: Шилегов и Темелковски да дојдат и да објаснат зошто ни ја затвораат улицата

Објавено пред

Од

Жителите на Кисела Вода, кај последната автобуска станица 24, денеска повторно излегоа на протест поради кружниот тек со кој е планирано да се затвори улицата која ги поврзува главната улица „Христо Татарчев“ и булеварот „Србија“ кон Ново Лисиче.

Незадоволството кај овие граѓани повторно се појави утрово откако наидоа на поставени ивичњаци што означува блокирање на улицата, иако градоначалникот Темелковски во предизборната кампања им ветуваше дека кружниот тек ќе биде изграден веднаш по неговото доаѓање на градоначалничката позиција и тоа без блокирање на ниту една улица.

Луѓето кои живеат во овој дел од општината неколку пати излегуваа на протест, но им беше ветено дека нивната улица нема да се блокира. Тие надежта ја видоа во новата локална власт која ветуваше решавање на овој проблем, но по се изгледа ветувањата останаа празни и неисполнети, а граѓаните од овој регион искористени за изборни достигнувања.

Жителите ги повикаа градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, и градоначаникот на Кисела Вода, Филип Темелковски да дојдат на лице место и да објаснат зошто покрај сите ветувања улицата повторно им се затвора.

Виктор Јованов

Прикажи повеќе...

Македонија

В четврток нова рунда преговори за името во Њујорк

Објавено пред

Од

В четврток и в петок ќе се одржи нова средба за името во Њујорк со медијаторот Метју Нимиц. Како што информира Министерството за надворешни работи, министерот Никола Димитров на 24 и 25 мај (четврток и петок) во Њујорк ќе се сретне со грчкиот колега Никос Коѕијас, во присуство на личниот пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации, Метју Нимиц.

Во саботата се одржа лидерска средба во Скопје, на која премиерот Зоран Заев информираше дека предлогот за кој разговарале со неговиот грчки колега Алексис Ципрас е Република Илинденска Македонија. Тој истакна дека името на англиски јазик би се изговарало како Republic of Ilinden Macedonia, а на албански Republika Ilinditase e Maqedonisë.

„Со ова можно решение го чуваме достоинството, го потврдуваме и го зајакнуваме нашиот македонски идентитет. Илинден е гаранција и за мултиетничка Македонија. Илинденската Македонија е држава и општество за чија благососотојба  и развој подеднакво се ангажирани и Македонците и Албанците и Турците и Србите и Власите и Ромите и Бошњаците, и сите други што се бореле и избориле за слободна и независна Македонија“, истакна Заев.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Државата оди кон банкрот, тоа мора итно да се спречи

Објавено пред

Од

Од ВМРО-ДПМНЕ го критикуваат ставот на владејачкиот СДСМ според кој покачувањето на акцизата на дизелот нема да ги погоди сиромашните граѓани бидејќи 60% од сиромашните домаќинства во Македонија немаат автомобил. Како што велат од опозициската партија, тоа е ставот врз основа на кој власта не го прифаќа нивниот предлог за укинување на акцизата на дизелот.

„Картелот на власт на чело со Зоран Заев работи директно на штета на граѓаните. Покачувањето на акцизата може не влијае врз функционерите на СДСМ, но исклучително оптоварувачки влијае врз буџетот на граѓаните. Околу 50 милиони евра годишно е директната штета за граѓаните, земјоделците и стопанството од покачувањето на акцизата на дизелот. Индиректната штета, која резултира со покачување на цените на сите продукти и услуги, е уште поголема“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму констатираат и дека граѓаните живеат полошо од пред една година.

„Цените растат, а стандардот на граѓаните паѓа. Просечната платата во февруари е за околу 900 денари пониска од платата во јануари. Во исто време цените на мало растат, а трошоците за живот се сè поголеми. Државата оди кон банкрот. Јавниот долг на државата ја надмина психолошката граница од 5 милијарди евра. Државата се задолжува по неколкупати во месецот, а граѓаните не знаат за што и како се трошат нивните пари“, стои во партиското соопштение.

На крајот, од опозициската партија нагласуваат дека Република Македонија заслужува просперитетна иднина, која ќе гарантира силна економија и институции кои ќе бидат сервис на граѓаните и ги поканува сите обесправени, сите оние разочарани граѓани на голем антивладин собир на 2 јуни во 20 часот пред зградата на Владата на Република Македонија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

В четврток нова рунда преговори за името во Њујорк

В четврток и в петок ќе се одржи нова средба за името во Њујорк со медијаторот Метју Нимиц. Како што...

Свет1 час

Победа на Мадуро на претседателските избори во Венецуела, опозицијата ги негира резултатите

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, извојува нов шестгодишен мандат, по вчерашната победа на претседателските избори во земјата. Изборите ги одбележа...

Македонија2 часа

Пресуда за Заев во случајот „Поткуп“

Кривичниот суд во Скопје денеска треба да ја објави пресудата за случајот „Поткуп“ во кој е обвинет премиерот Зоран Заев....

Македонија11 час

Планинар од Македонија почина на Хималаите

Македонскиот планинар Георги Петков (63) од Гевгелија починал денеска од срцев удар на Хималаите, додека се искачувал на највисокиот врв...

Македонија13 часа

Ротации во Владата – Дескоска оди во Правда, образованието ќе го води Арбр Адеми

Почнуваат ротациите и најавената мини-реконструција во Владата. Според последните информации, владејачките партии СДСМ и ДУИ ќе ги заменат министерствата кои...

Македонија19 часа

Поради спор со името, ПСК „Чеплес“ четири години одбиван за членство во Федерацијата на планинари

Планинарскиот спортски клуб (ПСК) „Чеплес“ од Велес четири години се обидува да стане член на Федерацијата на планинарски спортови на...

Македонија20 часа

Шекеринска: Со Илинденска Македонија покажуваме дека ниту сме имале ниту ќе имаме територијални претензии

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска смета дека предлогот Република Илинденска Македонија е решение со кое сите од процесот...

Македонија24 часа

Република Илинденска Македонија е име со временска одредница, му реплицираат од Владата на Ципрас

Република Илинденска Македонија е име со временска одредница кое се повикува на конкретни датуми од минатото и е реална можност...

Македонија1 ден

Грчките политички лидери не го прифаќаат предлогот за решавање на спорот за името

Грчката влада соопшти дека предлогот за решавање на спорот околу името на Македонија треба да содржи географскa или временска одредница....

Македонија2 дена

(Видео) Иванов: Став за новиот предлог ќе изградам откако ќе го добијам на писмено

Се додека не добијам писмена достава за она што се разговарало на средбите помеѓу Македонија и Грција во врска со...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа промена на името и Уставот

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот од минатото дека нема да поддржи промена на Уставот и промена на уставното име, рече лидерот...

Македонија2 дена

(Видео) Република Илинденска Македонија е предлогот за името

По денешната лидерска средба премиерот, Зоран Заев, во изјава за медиумите обелодени дека предлогот за кој разговарале со неговиот грчки...

Македонија2 дена

(Видео) Угриновски по трет пат избран за претседател на Федерацијата на планинари

Јовица Угриновски попладнево по трет пат е избран за претседател на Федерацијата на планинари.  Тој беше единствен кандидат за оваа...

Македонија2 дена

Мицкоски: Да се обединиме против злото, а тоа е Зоран Заев

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите алатки кои што му стојат на располагање да се бори против оваа ненародна власт и...

Македонија2 дена

Група граѓани со транспаренти и патриотски песни ги пречекуваат учесниците на лидерската средба

Група граѓани со транспаренти и пеејќи патриотски песни ги пречекуваат лидерите на партиите кои денеска попладне во Клубот на пратеници...

Свет2 дена

(Во живо) Кралската свадба на принцот Хари и Меган

Меган Маркл официјално ќе стане дел од британското кралско семејство. Церемонијата ќе се одржи напладне во Сент Џорџ капелата и...

Свет2 дена

(Видео) Сe е подготвено за спектакуларната кралска венчавка 

Камерите и фотоапаратите на светските медиуми викендов се свртени кон најголемиот настан за кралското семејство, венчавката на принцот Хари и...

Економија3 дена

(Видео) Тасева обвини дека проблемот во „Фени“ е поголем од оној во „Скопје 2014“, бара државните институции да го испитаат

Стечајната судијка на „Фени“ направила формална повреда на Законот за стечај оти не го отфрлила планот за реорганизација на комбинатот...

Култура3 дена

Петиција против пазарењето со културата – Не шуткајте нè во невидливи ќошиња

Интензивни реакции на социјалните мрежи по шпекулациите дека Владата преговара со Беса за ресорот култура. Оваа информација не ја потврдија...

Македонија3 дена

Грујевски и Бошкоски нема да бидат екстрадирани, одлучи Врховниот суд во Атина

Горан Грујевски и Никола Бошкоски нема да бидат екстрадирани во Македонија за да им се суди за децениското нелегално прислушување. Врховниот...

Досие