Контакт

Македонија

Иванов: Ме следат и прислушкуваат, УДБА си останува со удбашки методи

Објавено пред

Претседателот Ѓорге Иванов во денешното обраќање од Собранието истакна дека е сниман и прислушкуван, а следени се и неговото семејство, како и членовите на неговиот кабинет.

dobivaj vesti na viber

„Сакам да ја запознам целата македонска јавност за една многу важна работа. Постојано ми стигнуваат информации дека врз основа на усна наредба, и повторувам, усна наредба, се врши следење, снимање и прислушкување на претседателот на државата, на членовите на неговото семејство и членовите на неговиот кабинет. А тоа е само индикатор дека се менуваат системи, називи, влади, министри и директори, но, по сè изгледа, УДБА си останува УДБА со удбашки методи“, изјави претседателот Иванов.

Тој рече дека УБК е жариште на политички, институционални и безбедносни кризи. Наместо да ги спроведува законите, УБК работи надвор од својот законски мандат, порача претседателот Иванов во своето годишно обраќање пред пратениците.

Според него, ова е последица на една голема заблуда бидејќи секоја партија што доаѓала на власт мислела дека ќе може да ја контролира УБК, за на крајот да сфати дека УБК е таа што контролира.

„Како и неколкупати претходно во минатото, така и сега УБК се користи како алатка за конструирање лажни случаи со цел реваншизам, гонење и уцена. Тоа е машинерија за делегитимирање на институциите на државата, како што впрочем неодамна почувствувавме. УБК е еден од главните инструменти за вршење уцена“, рече македонскиот претседател.

Говорејќи за законските решенија од областа на безбедноста, Иванов нагласи дека со нив сега концентрацијата на моќ од МВР се сели во Владата, при што, како што рече, нелегалното се легализира, незаконското се озаконува, а вечните предизвикувачи на кризи се нудат како спасители од кризи.

Македонија

Црвениот крст од Кочани однесе помош за човекот кој на 112 пријави дека три дена е оставен без храна

Објавено пред

Службите на Црвен крст од Кочани утрово однесоа помош до Ванчо Димитров, неподвижен човек во селото Видовиште откако тој вчера самиот се пријавил на бројот за итни случаи 112 дека е во многу лоша здравствена состојба и три дена е без храна. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) го пријавија случајот, но неколку институции се прогласиле за ненадлежни да му помогнат.

dobivaj vesti na viber

Црвениот крст кај Димитров дома однесе два хуманитарни пакети со конзервирана храна.

„Дистрибуирани се два хуманитарни пакети со конзервирана храна на домашната адреса на лицето кое престојува во село Видовиште, Општина Зрновци. Општинската организација на Црвен крст Кочани ја информира јавноста дека лицето Ванчо Димитров е наш корисник и е забележано во евиденцијата на општинската организација како лице од социјален ризик. Притоа, повремено лицето се опслужува со хуманитарни пакети со храна. Последен пат лицето беше посетено на 26.11.2024 година при што му беше доставен хуманитарен пакет. Денешната дистрибуција е втора по ред во период од две седмици. Црвен крст Кочани за конкретниот случај досега неколкупати интервернираше до ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кочани за хоспитализација на пациентот во здравствената установа. Од нивна страна секогаш е одговорено позитивно и лицето неколкупати беше медицински згрижено во здравствената установа“, соопшти Црвениот крст.

Прикажи повеќе...

Македонија

Магла на патниот правец Шипковица – Попова Шапка, видливост до 40 метри

Објавено пред

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови, по претежно влажни коловози.

dobivaj vesti na viber

На патниот правец Шипковица – Попова Шапка има појава на магла со видливост до 40 метри, информира Автомотосојузот на Македонија.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

 -На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.
Прикажи повеќе...

Македонија

Петрушевски: ДУИ 20 години бира судии, точно ги знаат правните процедури, но одбраа да приредуваат политички циркус

Објавено пред

ДУИ 20 години бира судии, точно ги знаат правните процедури, и како одлучува Уставниот суд, но и покрај тоа одбраа да приредуваат политички циркус, за да го одвлечат вниманието од јавноста од тоа што 20 години ја крадеа државата, изјави на денешната прес-конференција пратеникот Бране Петрушевски.

dobivaj vesti na viber

Тој истакна дека ДУИ 20 години ги краде Албанците и Македонците, а секогаш се повикува на Албанците кога треба да краде или кога се спречени во тоа, како сега.

-Стравот на ДУИ е затоа што доаѓа време за одговорност на нивните криминални функционери, кои додека продава патриотизам дебело се нафатирале, а граѓанинот Албанец и Македонец се иселил. ДУИ се демаскирани, сите гледаат дека нивното политичко делување последните неколку месеци е само во насока на заштита на политичките криминалци кои ја ограбија државата. Наместо да седат на ладно, подобро ќе биде да се реформираат како партија, зошто бргу од денес доаѓаат локални избори, да не им се случи уште поголемо изненадување, вели пратеникот.

Петрушевски нагласува дека Владата нема да дозволи никаква опасност по мирот. Институциите се на висина на задачата и заедно со нашите меѓународни партнери разменуваат информации, ја следат состојбата и ќе делуваат според потребата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Песков: Путин лично му даде азил на Асад

Сирискиот претседател Башар ал Асад и неговото семејство добија азил во Русија, јавуваат руските државни медиуми. Портпаролот на Кремљ Дмитриј...

Топ5 часа

(Видео) Уапсен е напаѓачот кај Транспортен за кој се пишуваше на социјалните мрежи

Вчера во 06.15 часот во с.Кучевиште, скопско, полициски службеници од Единицата за интерветна полиција при СВР Скопје го лишиле од...

Регион5 часа

Успешно опериран Милорад Додик, од операционата сала е префрлен на одделението за интензивна нега

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денеска е успешно опериран во Белград, соопштија од Кабинетот на претседателот на Република Српска....

Скопје6 часа

Разбојник напаѓал жени и девојчиња во Аеродром и Центар, им одземал чанти, ранци, паричници, накит и телефони

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 26-годишник осомничен дека сторил повеќе кривични дела против имотот...

Македонија7 часа

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ и СДС имаат страв дека ќе одговараат за сите криминали, па организираат протест пред Уставен суд за да не завршат во друг суд

ДУИ со драмата што ја прават пред Уставниот суд сака да ги скрие своите криминали и на партнерите од СДС...

Свет7 часа

На претседателот на Јужна Кореја му е забрането да ја напушта земјата

На јужнокорејскиот претседател Џун Сук-јеол му е забрането да ја напушти земјата, бидејќи опозициските политичари ја обвинуваат Партијата на народна...

Свет8 часа

Уапсен патник откако се обидел да го пренасочи авионот од Мексико во САД

Мексиканските власти и авиокомпанијата „Воларис“ објавија дека 31-годишен маж е уапсен во неделата наутро за наводен обид да пренасочи комерцијален...

Свет8 часа

Земјотрес регистриран во Словенија

Во Словенија е регистриран земјотрес со јачина од 3,5 степени, со епицентар кај Шкофја Лока, соопшти локалната агенција за животна...

Свет8 часа

Во протестите во Тбилиси 150 полицајци повредени, а околу 400 демонстранти беа приведени

Над 150 полицајци се повредени за време на протестите на приврзаниците на опозицијата во Грузија, соопшти грузиското Министерство за внатрешни...

Свет8 часа

Земјотрес со јачина од 5,6 степени го погоди југозападниот дел на Ел Салвадор

Серија земјотреси ја погодија централноамериканската држава Ел Салвадор, од кои најсилниот земјотрес, со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала,...

Топ19 часа

Најдени три починати лица во куќа во Неготинско која се користела како импровизиран верски објект, меѓу нив 14-годишно дете

Четиринаесетгодишно дете и уште две возрасни лица биле најдени починати во неготинското село Црвени Брегови. Обвинител изврши увид на лице место,...

Свет21 час

Руски медиуми: Асад е во Москва, доби азил

Поранешниот сириски претседател Башар ал Асад е во Москва и доби азил во Русија, изјави извор од Кремљ за руската...

Македонија23 часа

(Видео) ДУИ пред Уставен: „Ќе останеме тука до среда за кога е закажана седницата за Законот за јазиците“

Активисти на ДУИ се собраа пред Уставниот суд и, како што најави партискиот функционер, Арбер Адеми, ќе останат таму до...

Свет1 ден

(Видео) Хаос во палатата на Башар ал-Асад: уништен дел од инвентарот, се крадат вредни предмети

Сириските бунтовници прогласија крај на владеењето на претседателот Башар ал Асад откако го освоија Дамаск. Набрзо тие упаднаа во палатата...

Македонија1 ден

Мицкоски: Група на ексфункционери од ДУИ се обидува да прави етнички поделби, стратешките партнери се запознаени

Обидите за етнички поделби ги прави изолирана група на поранешни високи владини функционери за кои постојат основани сомневања за сторен огромен...

Свет1 ден

Трамп: Зеленски сака договор со Русија и крај на лудилото

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски е заинтересиран за договор за ставање крај на...

Свет1 ден

Демократско обновување или враќање на хаосот: Што ќе се случува во Сирија по падот на претседателот

Сирија го слави падот на долгогодишното владеење на Асад додека се соочува со тешки прашања за нејзината иднина. Сирија се...

Македонија1 ден

Македонија го празнува Свети Климент Охридски

Македонија денес го празнува „Свети Климент Охридски“ во чест на основачот на Охридската архиепископија, основоположникот на охридската книжевна школа и...

Економија1 ден

Владата: Новогодишната потрошувачка кошничка опфаќа над 700 производи

Новогодишната потрошувачка кошничка со намалени цени се проширува со нови прехранбени производи. На само една недела од применување на кампањата...

Свет1 ден

(Видео) Се слави во Дамаск падот на Башар Ал-Асад, група Сиријци упадна во неговата резиденција

Сириските бунтовници го соборија претседателството на Башар ал Асад, кој во текот на ноќта побегнал со авион на непозната дестинација....