Контакт

Македонија

Иванов: Новите политичари треба да работат како раководствата на модерните мегалополиси

Објавено пред

За дигиталната трансформација да ја исполни својата цел, политиката треба да се приспособи на новите очекувања на луѓето, во новите глобални услови, порача претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на претседателската сесија на 21. евроазиски економски форум во Истанбул на тема: „Дилема на нашиот век: технологија наспроти политика“. Тој истакна дека луѓето сè уште имаат желба за слобода исто толку колку што имаат потреба за безбедност.

„Новите политичари треба да нудат брзи и креативни решенија. А инспирација и пример може да им бидат лидерите што управуваат со мегалополисите. Наивно е да се очекува дека дигитализацијата ќе даде одговор на сите предизвици“, посочи македонскиот претседател додавајќи дека како и секоја човекова творба, така и дигиталната трансформација подлежи на законот на непланирани последици бидејќи нештата може да тргнат наопаку.

Македонскиот претседател портенцира дека искуствата од раководењето со еден Истанбул, еден Њујорк и еден Хонг Конг во 21 и 22 век стануваат поважни за иднината на раководењето со глобализираниот диверзитет отколку искуствата со националната држава на 19 и 20 век.

„Можеби е време политиката, која се роди во полисот, сега да се врати во мегалополисот“, рече Иванов. Тој истакна дека дигиталната етеризација на нашата цивилизација доведе до детериторизација, дерегулација и десуверенизација на државите.

„Наспроти вертикалната хиерархија на државата, сè поизразено е хоризонталното вмрежување на општеството. Дигиталната трансформација им ја одзема позицијата на државите и на сцена повторно ги враќа градовите бидејќи реалниот живот е на локално ниво“, рече во обраќањето претседателот Иванов додавајќи дека денеска постојат сè повеќе нетериторијални творби кои територијалната држава, едноставно, не може да ги контролира.

Зборувајќи за потребите за адаптација на државите на новите процеси и дигитализација на административните услуги, Иванов потенцира дека со проектот „Регулаторна гилотина“ во Република Македонија се намалени бирократијата и регулаторниот товар врз фирмите, а е-катастарот на недвижности покрива 99 отсто од територијата на нашата држава.

„Некои држави одат и чекор понатаму и сакаат да се трансформираат во стартап-нација, која од универзитетите ќе очекува да создаваат кадри за потребите на стартап-економијата. Преку инкубатори и акселератори ќе се препознаваат и поддржуваат новите идеи од студентите додека студираат и со државни гаранции ќе се поттикнува приватниот капитал да ги поддржува во нивната реализација. Република Македонија има Фонд за иновации и технолошки развој, преку кој се обезбедуваат средства за поддршка на иновациската дејност“, истакна претседателот Иванов во обраќањето на самитот.

Говорејќи за дигиталната трансформација, македонскиот претседател се осврна и на предизвиците од користење на социјалните мрежи.

„Очекуваме социјалните мрежи да ни донесат поголема слобода во изразувањето. Со еден твит го споделувате вашиот став со целата планета. Но, истовремено, давајќи ни слобода на изразување, социјалните мрежи ни го одзедоа слободното време за промислување, технологијата ни донесе олеснет пристап до дигитални услуги, трансфери и преноси. Но, цената за оваа неподнослива леснотија ја плаќаме со приватноста“, подвлече Иванов.

Македонија

Утре ќе биде затворена делницата Подмоље-раскрсница Мислешево

Објавено пред

Поради изведување на градежни активности, сообраќајот на магистралниот пат А3, делница Подмоље- раскрсница Мислешево (Еуротел), утре (недела) во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе биде затворен, соопшти АМСМ.

Како што се наведува, сообраќајот ќе биде пренасочен по регионалниот пат Р1208 на делница Струга- Охрид.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Агенда Социјална заштита 20-24: Општините ги приклучуваме во системот за социјални услуги

Објавено пред

Две години интензивно се работи на промена на социјалната сфера и конечно може да се зборува за остварување на социјалните права на голем број категории на граѓани. Иако постојат предизвици со кои ќе се соочи државата во иднина, а пред се значат подобрување на социјалниот статус на сиромашните групи, сепак и тоа што до сега е направено е многу повеќе она што беше наследено од претходната Влада- се согласија учесниците на граѓанската трибина „Агенда 20-24“ во Штип.

Експертот за развој на социјални услуги, Душан Томшиќ зборуваше пред граѓаните дека бил наследен целосно уништен и нефункционален систем за социјална заштита и затоа ја нагласи неопходноста од коренити промени.

„Сите беа научени државата да им даде пари и мислеа дека тоа е социјалната заштита, никој не знаеше дека системот подразбира и услуги за подобар и поквалитетен живот. Секако дека се потребни пари и план за да се развие некоја услуга, но потоа тоа ќе значи дека градиме систем кој ќе се грижи за секоја индивидуа посебно согласно неговите потреби“- нагласи Томшиќ.

Во пракса тоа би значело дека ќе се активираат служби кои ќе помагаат на стари и болни во руралните средини, особено во оние од каде што младата популација е замината. Потоа, услуги кои на локално ниво ќе им се даваат на лицата со попреченост, што значи дека освен парите што некои категории граѓани би ги добивале, тие да имаат и бесплатна услуга од стручно лице.

„Обезбедени се пари преку проекти со Светска банка наменети за сите општини кои имаат потреба од социјални услуги. На мое изненадување дури 65 општини се пријавија да станат корисници на средствата за социјални услуги. До пред извесно време општините се занимаваа исклучиво со патиштата, водоводот, инфраструктурата… но, сега веќе се менува и тоа, локалната самоуправа пројавува интерес да го прошири делувањето и да им излезе во пресрет на социјално ранливите категории на граѓани“- заврши Томшиќ.

Професорот Бранимир Јовановиќ од Институтот за социјални и хуманистички науки потсети на сето она што е направено во изминатите две години, како решениот статус на стечајните работници, инвестициите во социјалните услуги, зголемувањето на минималната плата… со што државата оди во вистински правец во однос на социјалната сфера.

„Сепак, колку и да вложуваме секогаш ќе биде малку. Затоа е неопходно да продолжи растот на минималната плата. Социјалните мерки мора да се прошируваат, да опфатат поголем број семејства и поголем број лица на кои им е потребна помош. Паралелно мора да се донесе нов Закон за работни односи, кој знам дека не е лесно да се донесе, но подобро да го подготвуваме подолго и да имаме вистинско и спроведливо решение, отколку да избрзаме“- изјави Јовановиќ на трибината „Агенда 20-24“.

Говорниците се согласни дека е неопходно државата да продолжи да инвестира во човечки капитал затоа што е очигледен недостатокот на стручен кадар. Не може да се создаде социјален систем кој ќе значи целосна заштита на сите категории граѓани доколку нема обучени и пожртвувани социјални работници.

Прикажи повеќе...

Македонија

Општина Аеродром: Учениците од основните училишта од среда ќе добиваат топол оброк

Објавено пред

Општина Аеродром ги известува родителите на учениците од основните училишта на територијата на Општина Аеродром дека е изнајдено решение и учениците од среда ќе почнат да добиваат топол оброк.

Градоначалникот Златко Марин се сретна со директорот одговорен за спроведување на набавката за исхрана на сите училишта, кој го извести дека е избрана фирма за подготовка на топол оброк за учениците.

Инаку, претходно од Управата за јавни приходи е добиено известување дека данокот оваа година ќе изнесува 18 отсто, за разлика од минатата година, кога родителите плаќале по 5 отсто, така што цената за топол оброк ќе биде зголемена.

„Со цел да им излеземе во пресрет на родителите, донесов одлука разликата во цената да се субвенционира од општинскиот буџет за 2020 година, што значи дека и оваа година родителите ќе плаќаат иста сума како и минатата година, односно 1 500 денари месечно“, изјави градоначалникот Марин.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет10 часа

Москва: Седум кинески државјани пренесени во болница за заразни болести

Седум кинески државјани од хотел во Москва се пренесени во болница за заразни заболувања, поради сомнение дека имаат акутна вирусна...

Регион13 часа

Нов земјотрес во Турција

Не престанува да се тресе земјата во Турција. Нов земјотрес ја потресе земјата за помалку од 24 часа. Земјотрес со...

Свет15 часа

Шји Џјинпинг: Ситуацијата е сериозна, ширењето на вирусот забрзува

Ширењето на новиот корона вирус се забрзува, предупреди денеска кинескиот претседател, Шји Џјинпинг, по состанокот на Политбирото на Комунистичката партија,...

Топ16 часа

Нова жртва на иста измама – ѝ рекле да даде пари или синот ќе лежи во затвор поради сообраќајка

„Син ти направи сообраќајна несреќа во која загина дете. Да ни дадеш пари и ќе средиме тој да не лежи...

Македонија18 часа

(Видео) Мицкоски: Ќе продолжиме со разговорите за законот за Јавното обвинителство

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања денеска кажа дека ќе продолжат со разговорите за законот за Јавното...

Македонија20 часа

Дескоска: Жалам што ВМРО-ДПМНЕ избега од разговорите за законот за Јавното обвинителство

Министерката за правда, Рената Дескоска на социјалните мрежи напиша дека жали што преговарачката тројка на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јавното...

Топ21 час

Возило прегази 10-годишно дете на булевар во Скопје

Синоќа на булеварот „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ патничко моторно возило управувано од 32-годишниот Д.Д. од Скопје удри во дете пешак на...

Свет22 часа

(Видео) Вознемирувачки снимки по земјотресот во Турција, луѓето панично бегаат на улиците

Бројот на загинати во силниот земјотрес што ја погоди Турција порасна на 21 лице, а над 900 се повредени. Земјотресот...

Свет22 часа

Проширен регионот што е во карантин во Кина, пријавени нови 15 смртни случаи поради вирусот

Дополнителни 15 смртни случаи се пријавени во кинеската провинција Хубеи, со што бројот на починати од новиот коронавирус се зголеми...

Свет23 часа

Австралија и Малезија потврдија први случаи на заразени со коронавирусот

Австралија и Малезија ги потврдија првите случаи на новиот коронавирус на нивната територија, додека од Кина стигна информација дека досега...

Европа23 часа

Во Франција потврден трет случај на новиот корона вирус

Во Франција е потврден трет случај на новиот смртоносен корона вирус, што се први пријавени случаи од ова заболување на...

Македонија23 часа

Пендаровски и Спасовски со сочувство до турскиот народ поради земјотресот

Претседателот Стево Пендаровски и техничкиот премиер, Оливер Спасовски, преку социјалните мрежи изразија сочувство до турскиот народ поради силниот земјотрес во...

Свет23 часа

(Видео) Во земјотресот во Турција загинаа 20, повредени се 920 лица

Бројот на загинати од силниот земјотрес што вчера го погоди источниот дел на Турција се искачи на 20, со 920...

Македонија1 ден

(Видео) Пендаровски: Посетата на Шарл Мишел уверува дека имаме силна поддршка на европскиот пат

Претседателот Стево Пендаровски оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој престојува во работна посета на земјава. На...

Македонија2 дена

(Видео) Дескоска: ВМРО-ДПМНЕ го користи Јовески како лошо алиби за напуштање на преговорите

ВМРО-ДПМНЕ очекувано ја напушти средбата, по вчерашната изјава на Христијан Мицкоски, кој кажа дека има забелешки и од сите 9...

Македонија2 дена

Еден месец притвор за заканувачот Емил Јакимовски

Кривичниот суд му го продолжи притворот на Емил Јакимовски, поранешен вработен во Централниот регистар, за закани упатени кон новинарката Мери...

Македонија2 дена

(Видео) Милошoски: Не преговараме за законот за Јавно обвинителство без присуство на Јовески

ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија средбата на работните групи за законот за Јавно обвинителство во Собранието, откако министерката за правда, Рената Десковска,...

Македонија2 дена

(Видео) Дебата: Како во законот освен производителите, корист да имаат и консументите на канабисот

Пациентите на кои им е потребно маслото од канабис се сосема заборавени во предлог-законот за опојни дроги и психотропни супстанции,...

Македонија2 дена

Заев: ВМРО-ДПМНЕ да го прифати законот за Јавното обвинителство и да се надмине себе си

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, побара од ВМРО-ДПМНЕ да се надминат себе си и да го прифатат законското решение за...

Македонија2 дена

Поповска: Во институциите има луѓе заинтересирани за бизнис со отпад, увозот не се врши контролирано

Пратеничката од ДОМ, Лилјана Попвска, која е една од иницијаторите на законот за забрана за увоз на отпад, рече дека...

Досие